Приказната на робинката (The Handmaid's Tale) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 9 мај 2017.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Многу ми се свиѓаше почетокот од една статија на Гардијан, мислам, за епизодата од пред-прошлата недела... беше нешто во стил: Сега е Оффред, сега е Џун, сега е Оффред, па е Џун... >) ептем ги опишува сите состојби низ кои мина во оваа сезона :) а,кои, почнаа и по малку и да ме нервираат. Се дур не го прочитав ова, простово објаснување на "Steps taken forwards but sleepwalking back again". И оваа епизода па истото, ама толку добар момент беше крајот :D
    Серијава ја обожавам и чекам да дојде до крајот на епизодата, само заради тие финиширања што ги имаат со фаците на Џун, со песните, со се'.
    Одлична беше цела каша попара со Моира, со Лук (кој викаше дека на Лук не му е гајле :P ), со Оффред, со Серена, ау, Серена. Она виде дека тоа е мажот на Џун :) Со душа чекам во следнава епизода дал ќе продолжи и, како ќе продолжи приказната со неа и Џун, а треба..иначе оти би трошеле момент на тоа како она го запазува постерот од фотографијата на Лук, Џун и Хана. :)
    И Моира си имаше тренутак со Фред. Малку се испопотресе. Богами, ако тоа (Џезабел) излезе во јавност во Гилијард...замислите ги сите женички кои толку мирно го трпат тој систем. Па и оној главниот, поглавниот од Фред..мислам во прошла сезона го имаше и беше во добри релации со Ник веѓата :) или многу се филмам и премногу чекам и се надевам на бунт, револуција:talk::D
    И моментот Серена со новинарот, и девојчето и мајката...не и беше баш сеедно. :)
    Како уживаше дур гледаше по улиците од автомобилот у слободна Канада :)
    А, бе, што да речам, ми се свиѓаат филмчиња у кои има клише моменти како, оној што го издига системот на крај го руши:D gimme,gimme!
     
    На Joi, 1209, teressa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Лелеее епизодава...;(;(;(
    Ме средија прво со бруталното силување, па ме дотепаа со сцената со Хана. Се утепав од плачење. Како е жива женава еве не знам. Срцето ми се откорна, која страшна болка е тоа, кога и рече зошто не ме најде, те чекав, уффф... ;(

    И на крајот уште едно изненадување, каде сега?

    Ме нервираше само што два пати демек решена беше нешто да направи, немало тука да расне детето, ама пак ништо на крајот. Ајде ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

    Од минатата епизода најдобра реченица, We believe the women!
     
    На 1209, LollySky, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.272
    Допаѓања:
    226.751
    Пол:
    Женски
    Ова веќе ги пројде сите граници.
    На моменти ми одеше да изгасам и да не ја гледам веќе. Мене ме боли само што гледам ..! Па барем осет Фред да имаше тој буквално ја силуваше .. мислев ќе искрвари жими се. Страшно! Сериозно почнувам да мислам дека со продуцентите нешто не е у ред. И да е живо детето што дете ќе роди Џун на олку стрес!?! И сега што ? Каде го однесоа ник? ? ќе раѓа сама???
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    И јас прв пат сакав да ја исклучам. И Серена добра била? Не сакала она вака да биде? Епа ете колку не сакала, одвратна, на друга жена така да и прави, бремена жена, гнасно и одвратно!
     
    На 1209, mimiiiii, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.272
    Допаѓања:
    226.751
    Пол:
    Женски
    природниот начин бил најдобар... знаев дека на тоа мисли . одвратна една. жива да изгори.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    И јас знаев. Мислев дека Џун ќе се бори повеќе, ќе се фрла, ќе се заканува, ама како ја фатија и немаше некоја шанса. Премногу ми беше жал. Чудовишта.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Не издржав и ги прочитав спојлерите :doh:
    Утре или у недела ќе ја гледам.:sweat:
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.017
    Пол:
    Женски
    И јас секогаш читам спојлери, дури читам и целосни reviews и recaps :D
    Како и да е, пак ме фаќаат неспремна некои сцени. Крајот на епизодава отвара многу прашања (кој, како, зошто, што сега?). Едвај ја чекам следната.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Последнава епизода... :x :x :x
    Никад не сум ваква али ќе речам Фред заслужуваше срце да го удри како оној командантот на Емили на почеток на епизодата :@ Читав едно review во кое обрнале внимание на тоа дека за време на силувањево Фред и Серена за првпат досега си дозволиле да уживаат во „чинот“, се гледаа во очи и за малку ќе се бакнеа на крај, и навистина беше така :puke: Монструми се и двајцата, ништо човечко нема во нив.
    Сценаристиве навистина претераа со бруталноста...
     
    На Joi, 1209 и teressa им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Дури и уживанjeто во краjот ми го одземаа :) маjку им.
     
  11. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Значи крај повеќе не ја гледам серијава :@:@
    Значи имаше перфектна шанса да избега еднаш засекогаш, дури и кола најде и си остана да си слуша радио и да си се спакува женичката :D:D Многу се изнервирав. Можеше да избега ама од глава си пати, а и можеше да ги убие и Серена и маж и. На крај си се породи и очигледно пак ќе ја вратат од кај дошла. Глупа овца :@ Повеќе не гледам па што сака нека биде.
     
  12. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Последнава епизода совршено го отсликува она што според мене не е у ред со целава втора сезона.

    Пишував и претходно за ова – едноставно, не можеш да базираш цела серија, епизода по епизода, врз основа на шокирање на гледачите. Имаше шоканти моменти и сцени тешки за варење и во првата сезона, но не ми сметаа затоа што беа само мал дел од добро склопена приказна, чиј развој со интерес го следев.

    Од друга страна, во вторава сезона, како сценаристите да рекле заеби, нема да се замараме со пишување на некаква си таму приказна, него дај, да ги шокираме луѓево што поише. Несомнено, самата серија и Гилеад како општество се така осмислени што сакале или не, ќе предизвикаат емотивна реакција кај гледачите. Но имам впечаток како вторава сезона намерно да ги провоцира емоциите кај женската публика, со тоа што ни ги претставува најголемите стравови на секоја жена (и тоа ужасно детално) – како несакана бременост, можност за губење на бебето, тепање и семејно насилство, силување (како самата Церемонија да не е силување сама по себе), пораѓање во несоодветни услови и без ничија помош – токму со цел да предизвика шок.

    Ова би можело да се окарактеризира и како злоупотреба на гледачите, но јас во најмала рака би го нарекол lazy screenwriting. Да, шокантни сцени ќе генерираат реакција кај публиката, ќе предизвикаат да се зборува за неа и ќе направат публицитет, но за жал, ништо од ова не е еднакво на добра серија по автоматизам.

    Затоа и приказната на секоја епизода може да се сумира во една-две реченици, а остатокот е емотивна тортура, трауматизирање и изживување врз гледачите. Мислам, видете ја само последнава епизода – имаше можеби 5 минути дијалог/монолог и уште 50 во целосна тишина, во кои ја гледаме Џун како се мачи да избега, како се мачи да ја отвори гаражата и после како се мачи да се породи.

    Да се разбереме, немам ништо против тоа серија да предизвика емотивна реакција кај гледачите – тоа е и поентата на добра тв програма – но истото да биде во склоп и во служба на фабулата, а не за свој сопствен атер.

    Вака се осеќам како затвореник во Гвантанамо кој е приморан да гледа грозоморни и потресни слики за да го натераат да соработува.
     
    На Joi, gothchick, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Се трудев да не пишам и да не мислам на тоа дека сум разочарана од оваа сезона. Дур трепнеш сакаат да ми прикажат сто психички состојби на една личност, а се друго се развива така бавно -почнат и остават. Е, па, не иде. :envy:
     
    На 1209 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.227
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе. Мислев и дека на крај ќе дојдат и ќе и го откорнат штотуку роденото бебе од прегратки. Немаше да можам да го гледам тоа дефинитивно. Ама може следната епизода така ќе почне. :worried:
    Ми се допаѓаше сепак пораѓајот како беше изведен, беше морничаво, но некако одлично изведено.

    Тие сцените со колата беа излишни зашто секако знаеме дека немаше среќно да се одвози кон зајдисонцето. Ми се допадна расправијата помеѓу Фред и Серена, кажаа многу работи што требаше да бидат на глас кажани.

    Како ќе има десет сезони ако одма избега, е пааа и виеее. :D
     
    На Joi, marta993, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Колку сезони има серијава и уште колку епизоди има до крајот на втората сезона?
     
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    5.607
    2 сезони. Сега излезе 12ата епизода од 2рата сезона уште една епизода остана од оваа сезона.

    Идит ми беше ептен жална, не требаше да бегаат со Исак да си останеа тука ке си имаа врска како Ник и Џун, ама сепак се спортивстави на Гилиатот макар со живот. Дури малку комочно ми беше кога му кажа на Ник не сакам бебе од тебе :D Серена не знае на каде тера веќе, ама претпоставувам следната епизода ке ја избрка Џун од дома , освен ако не направат некои пресврти.
    Овој физичарот ми е мистериозен и разговорот со Eмили, знаеше се за неа и нејзиниот живот пред Гилиат.
     
  17. Vennera.aa

    Vennera.aa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    7.590
    Пол:
    Женски
    Значи 13тата која излегува сега на 11.07 е последната од серијата?
     
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.848
    Допаѓања:
    5.607
    Da, od 2ra sezona
     
    На Vennera.aa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.181
    Допаѓања:
    178.265
    Почнав да ја гледам серијава
    Моментално сум на 7ма епизода од прва сезона
    не читав спојлери од другите серии не сакам унапред да дознаам што ек биде
    ја почнав вчера ам аза два три дена ке ја изгледам до крај до кај шо има испаднато епизоди
    Ме воодушеви сега за сега
    само почетокот не ми ејасен како настанало сето ова?кој го почнал
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Ја гледавте 12-та епизода?:) Не сакам ниту да читам,ниту да прераскажувам во спојлери.

    Мене ме интересира колку епизоди ќе има вторава сезона.:^)