1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказната на робинката (The Handmaid's Tale) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 9 мај 2017.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Уште една епизода остана, а? :( си ги голтнав сите плуканици за момено..што ги кажав пар денови пред епизодава. :(
     
  2. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.383
    Jas sa pustiv 6ta epizoda 2ra sezona
    Utre planiram sa ja zavrsam
    Serijata e prekrasna koj ne ja gledal neka pocnuva
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ке ги видиш и тие делови од приказната, Алис :) ке има моменти. Сега веке имам заборавено детали ама, прва сезона е прекрасна. Не дека вторава е лоша ама, првата по ми се свигаше.
    Не можам споjлер да уклучам од моб па ко грев кружам и се трудам да не се изнапишам за 12та :))))))
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.383
    исто и јас сеа си мислев дека 1ва сезона повеке ме бендиса од веке виденото во втора сезона
     
    На Bender Rodriguez и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ке речев кога ja гледаше втора коа те прочитав за прва муабетот. Ти последно за втора си пишала. :) ама фина занимациja, само што малку повеке си игра со емоциите. Две сезони чекам револуциja :))
     
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.639
    Допаѓања:
    152.383
    ке има и трета сезона нели?
     
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не сум читала по саjтовите. Се надевам. :)
     
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Ова веќе стана жива глупост.
    Ај што добива шамар и враќа а жена му прсти и сечат и ќути. Хендмејдс повеќе м.да демек.. ај тоа на страна. Ама со кој ум го даде детето и се врати назад?? Мисли ќе и простат??? Нормално дека ќе и простат ама веќе апла е исфилувано. Демек строго вакво онакво а оваа растур прави што сака. Не е интересно. Уплескаа. Сфаќам не може другата ќерка да ја остави но малце да не се правеше бетмен арно ќе беше. Имам чуство дека нема да ја гледам следната сезона.
     
    На Joi и HoneyBun им се допаѓа ова.
  9. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.359
    Пол:
    Женски
    Прекинав да ја гледам серијава ми изгуби смисла вејќе.Мислам дека застанав на седма епизода од вторава сезона,некој накратко да објасни побитни работи што сум испуштила немам намера да гледам вејќе.
    А ке има и трета сезона? 8-|
     
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Значи,вторава сезона 13 епизоди ? Сигурно? :)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    На ИМДБ пишува дека 2ра сезона има 13 еп. И дека ќе има и трета сезона 2019 год.
    еве линк https://www.imdb.com/title/tt5834204/?ref_=nv_sr_1
     
    На renata77, ALISA0000 и zhap4e им се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    LONG LIVE MARTHAS! :clap:
    and badass June :D
     
    На WildMk, Joi, ALISA0000 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.818
    Допаѓања:
    38.321
    Пол:
    Женски
    Мене финалето многу ми се допадна, за разлика од целата сезона која беше каде каде подосадна од првата, финалето убаво ја заукружи и даде простор за нова приказна.
    Срцето ми се наполни кога Фред доби шамар и Лидија ќотек. Го заслужија и тоа како.
    Серена не можам да ја дефинирам како лик, еден момент ми е жал за неа, друг не ми е...сепак мислам дека сета нејзина злоба доаѓа од фактот дека не може да има деца, толку е огорчена што целиот карактер и се има изопачено. Џун ja oправдувам што се врати и ја би, вака знае дека едното дете е во добри раце, другото мора да го спаси, а и плус Ник, јас би умрела да не знам што ќе се случи со нив, да сум на нејзино место. Не знам само како ќе се одвиваат работите сега откако бебето го нема, што ќе и направат.
    Сепак во Гилијард постојат и луѓе кои уште имаат совест, јас мислам дека дури и повеќето се такви ама се плашат да дејствуваат. Мене едно не ми е јасно, сите оние мажи кои се војници, командири дрн мрн, зар сите биле толку злобни луѓе, зар немале сестри, мајки, зар не им е криво и тешко за начинот на кој се третира жената, толку не можат да се дигнат на бунт и да се спротистават...од тој аспект ми е многу нереална серијава, оти не може сите мажи да се такви губриња во цела поранешна Америка
     
    На staycalm, smooch, Joi и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Мене па баш ми е реално. Имало (и има) општества каде што женските биле третирани како граѓани од втор ред, не смееле ништо да прават без машки старател, мораат да се покриваат, да бидат кастрирани, да се мажат мали и да бидат продавани како стока и слично. И тие мажи што го правеле тоа имале ќерки сестри мајки ама пак продолжувале бидејќи сметале дека така треба. Во оваа серија знаеме дека имало епидемија на неплодност, луѓето биле во криза, а народ во криза лесно се манипулира и може да дојде да поддржува вакви опресивни системи(така и дошол Хитлер на власт). А тие што не биле океј со ритуално силување жени имале избор да ќутат или да висат покрај реката.
    Мене оваа сезона не ми беше реално што:
    Отакако се случи терористичкиот напад, беа убивани Марти на сите страни, без разлика дали се виновни или не. Зошто тогаш сега би се решиле да помогнат на рандом хендмејд со бебе, кога знаат колку лесно можат да ги казнат?

    Нема смисла ни што ја убија Еден. Да, направи прељуба, ама исто така е потенцијална раѓачка на бебе. Во општество каде што има малце жени што можат да раѓаат, каде што Емили остана жива откако се плеткаше со Марта, проба да убие телохранител и ја вратија од колониите, нема смисла Еден што ја убија а не ја направија хендмејд.

    Цела сезона ми беше некако тапкање во место, Серена ќе почне да биде нормално човечко суштество, па пак ќе и се испонаша на Офред, Џун стопати избега и се врати, нема смисла во општество како Гилеад стопати да и простуваат бидејќи е главен лик, а Еден биде отепана поради прељуба и бидејќи ликот Серена конечно треба се промени. Со тоа што Џун не се качи во комбето остави две деца без мајка наместо едно, бидејќи по трет пат реално нема шанси преживее. Ама сепак е главен лик и во првата епизода од третата сезона ќе се врати кај Ватерфордс како ништо да не било.
     
    На LollySky, zhap4e, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не го размислив ова :bug: good one.
     
    На smooch, Someonespecial, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Сакав да промрчам и за последнава епизода, ама гледам дека @Joi ги кажала повеќето работи кои и на мене ми сметаа.

    Апсолутно се слагам дека дистопија како Гилеад, правењето на Тошо на мажите и пасивноста на жените во општествово е дефинитивно не е нереално – можда е и најреалното нешто у цела серија. :D

    Едноставно, кога една држава е структуирана да функционира на принцип на кодошење и истото да го наградува, кога има огромен државен апарат како The Eyesи кога секој обичен граѓанин е охрабруван да го цинкари комшијата за личен бенефит, плус драконските казни за каков било прекршок, резултатот е баш она што го гледаме – на многумина не им е океј, ама ќутат, затоа што не сакаат да завршат како жалосни врби покрај реката или во колониите.

    Уствари, Гилеад на многу начини е сличен со СФРЈ – само сменете искривоколчена старозаветна религија со социјал-атеизам, The Commanders со високи функционери на КПЈ,The Eyes со УДБА, Колониите со Голи Оток и – ете – ќе ви стане јасно како може да функционира вакво општество. :D

    Смртната казна на Еден донекаде и можам да ја рационализирам – конечно, на Вотерфордови им се простени толку глупоштии и толку пати им е прогледано низ прсти ради Офред, што сега, кога некоја друга личност поврзана со нив направила беља, барем неа ќе се потрудат да ја казнат максимално – ради некаков баланс, да не испадне дека ептен се попустливи и дека Фред е слабак. Ама сепак, претерано беше и не баш логично.

    Што се однесува до (повторното!) бегство на Џун, goddamn! – нелогичности колку душа ти сака. Прво, дали стварно мисли дека тоа што ѝ го даде бебето на Емили у рандом камион значи дека по дифолт бегството ќе биде успешно? Зарем заборавила какво беше нејзиното бегство, кога со месеци се ашкаше низ разно-разни места, за да на крај го убијат пилотот на авионот и ја фатат? Дали мисли дека детето ќе ѝ биде сигурно на тоа патешествие? Доволно е еднаш да заплаче у погрешен момент и целата работа отиде јабана. Башка што уште ја доеше – што ќе јаде тоа дете додека да стигнат до Канада? И по која несфатлива логика мисли дека кога ќе се врати кај Вотерфордови, и тоа без бебето, ќе остане жива? На Серена, која е сопруга на командант, ѝ исекоа прст за читање на Библијата. Што мисли дека ќе ѝ се случи на неа, обична хендмејд, која украла дете и го пратила во Канада? Дека све ќе биде простено и дека плус тоа ќе има и прилика да ја спаси Хана? Зошто? Затоа што е главен лик у серијава? :D

    А да не ја спомнувам нелогичноста на тоа зошто мартите би си ги ризикувале сопствените животи за да помагаат на рандом хендмејдс, наместо да го ризикуваат животот за самите да се спасат.

    Сѐ на сѐ, сезонава ми беше како placeholder измеѓу прва и трета, затоа што очигледно се знаело дека ќе има и трета (и се надевам, последна) сезона, па сите битни разврски и дешавки ги оставиле за тогаш, а оваа беше, онака, колку да се попуни време до тогаш.

    И така, сценаристите у желба за бомбастичен крај со cliffhanger и со демек моќна порака „Џун го спаси едното дете од канџите на Гилеад, сега ќе се врати по второто“ (#еднаемајка), нас гледачите кои actually обрнуваме внимание на содржината и развојот на настаните, нѐ оставија со еден куп недоквакани идеи и нелогичности.
     
    На Ginger^, RainBow, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Има смисла што ја убија. И рекоа да се покае-не сакаше. Сами одбраа фактички.
     
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    И јас очекував дека Идн ќе стане робинка.
    Требаше да ја завршат серијата. Многу е очигледно дека ја тегнат со нелогични случувања само за да извлечат повеќе епизоди.
     
    На Joi, Bender Rodriguez и Someonespecial им се допаѓа ова.
  19. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Навистина не се покаја ама имаат потреба од хендмејдс, по терористичкот напад дури и од колониите враќаа. И да не ја ставеа хендмејд, можеа во колониите да ја пратат, не им е исплатливо за секакви ситници да убиваат луѓе. Првично во центарот за хендмејдс никоја не личеше ко да се покајала за ,,гревовите'' па пак сите станаа хендмејдс. Емили изврши прељуба со жена, па немаше избор да се покае, ја кастрираа и ја пратија кај друг командант.
    Жената кај што беше сместена Џун беше поштедена, иако криеше бремена хендмејд од власта.
    Можеа и на Еден така да и направат, да и исечат некој дел од телото, да и го исперат мозокот и да ја пратат да биде машина за деца.
     
    На Bender Rodriguez, LiliBoz и 1209 им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Сега е мајка, кога можеби стварно ќе успееше да избега, а не беше мајка минатите пати кога пробуваше да избега, тогаш се опрости од Хана и чао.
    Пффф... Го даде бебето без ништо, како очекува да го нахрани жената? Облека, нешто? Не?
    Не би требало да се врати кај вотерфордови, или ќе се крие и ќе кова нешто или ќе оди по хана. Зашто би се враќала?
    Ама, ќе видиме. Секогаш може нешто глупаво да се очекува од неа.
     
    На WildMk, LiliBoz, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.