1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказната на робинката (The Handmaid's Tale) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 9 мај 2017.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ич нема потреба од четврта сезона. Оваа е толку досадна, толку се без поима што прават. Не знам зошто луѓево немаат некој кој ќе им каже, не, идеиве ти се заникаде, не ја уништувај приказната, да завршиме со една-две сезони.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    Уште ја немам почнато третава, симнати ми се 4 епизоди ама никако да се наканам а и немам време .. според вашиве коментари ич да не ми е криво што е така ... а толку убаво почна, бизарно серииште ама in a good way, ја глеав ко прав ужитак...тоа е, не е ни прва ни последна шо ја зае*але..:((wtf):swear::fubar::headbang::tmi:
     
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Полоша епизода од последнава не сум видела до сега. Од толку многу љубов за серијава, ми одмили
     
  4. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Стварно, зошто луѓево не запрат по првата или втората сезона. Во тие две сезони раскажи се и ај чао. Тотално непотребни заврзлами се случуваат и еден супер лик го направија патетичен до степен..и треба психијатриска помош. Под итно. И да има нова сезона јас не гледам.
     
    На RainBow му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    3.086
    Блесд би д фајт, мај ес (wtf)

    После 5 години, и текна на госпожата Џун, дека деца ќе спасувала. Она нејзиното не може да го спаси цели 3 сезони, па тука организации, комбиња, чуда, ќе спасувала и други(facepalm) Мразам кога сакајќи да направат профит, уништуваат добри серии :puke:
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.637
    Допаѓања:
    152.357
    Третава сезона К А Т А С Т Р О Ф А
     
  7. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    8.146
    Пол:
    Женски
    Ќе има и четврта сезона.:D
    Мене и третава ми се смачи,ама ај уште неколку останаа па ќе ја догледам.Најмногу поради тоа што немам најдено некоја поинтересна серија.Сакам некоја нова...
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Го гледавте ли финалето? Конечно малку размрдување.
    Да бидам искрена, кога видов дека сака да спаси толку деца мислев дека полудела конечно. Ништо не направи во толку сезони, па сега демек ќе успее. Ама ете.
    Моментот кога ги видоа децата беше ежење.
    Она што ми беше неверојатно е дека баш Лук и Мојра ќе се таму, ама ај.
    Плус, децата веќе колку години се во Гилеад, зарем немале некаква врска оформено со родителите? Некои од нив и биле мали кога бил создаден Гилеад. Како би тргнале туку така негде?
    И покрај ова беше динамична епизодата, сосема во контраст со текот на цела сезона. Бев малку подзината и во тензија чекувајќи како ќе се разрешат работите.
    Не знам четвртата сезона како би течела. Дали би имало шанса да мислат дека Канада го организирала некако ова со децата, па да направат овие мрежа за ослободување луѓе?
    И за Винслоу ама ми беше мило така што заврши.
    Да не кажувам пак за Серена, колку ќе беше нефер она да е слободна и со дете во раце кое воопшто не беше ни нејзино. Одвратна. Сосема заслужено за неа и Фред.
     
    На GoodGirl45 и sweet.november им се допаѓа ова.
  9. sweet.november

    sweet.november Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    3.086
    Сосема се слагам со тебе.
    Колку и да велев дека цела сезона е досадна и никаков фајт не видовме, последната епизода беше ежење. Ми дојдоа солзи во очите кога децата излегоа од авионот, и кога таткото си ја позна ќеричката. Се надевам не чека добра 4та сезона.

    Praised be :bow:
     
    На candy.cane и RainBow им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ми се свиѓаше последната епизода. Целата збрка и неизвесност околу акцијата, премислувањета на Лоренс, мартата, лудоста на Џун... Без двајца од најбитните командири, кои се и најстрогите ем и најгрешни цц не знам кој од Гилијард ќе ја преземе улогата да го продолжи системот на репресија и особено да возврати на спасувачката мисија.Браво за Серена пошто, таа е организаторот на апсењето на Фред. Без никому да остави ни малку сомнеж...дури и на Џун. Прв пат помислив дека планира нешто дур Џун беше во болница и оваа ја збрца со нож...муабетот на Серена кон Џун дека од Џун не се очекува да полуди, пошто е една од посилните, поиздржливите. Следна сезона...здравје. се изморив од Џун.
     
    На candy.cane, 1209 и sweet.november им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    Одамна сакав да почнам да ја гледам, кога почна да се емитува не бев у психичка состојба да гледам вакво нешто. Вчера ја догледав прва сезона и ми се збоктиса животот искрено.

    Гледав една епизода на ден, повеќe не ни можев, душата ме болеше со секоја ебена сцена. Во продолжение ќе пишам моја гледна точка на серијата, не ставам спојлер пошо е од прва сезона, али тие што не гледале а планираат нека не ми го читаат мислењето, ќе повторам има спојлери за првата сезона.

    Не знам за која од "робинките" ми беше најмногу жал. Секоја од нив со рани од различен тип, буквално во нив е сумирана сета опресија што може да и се направи на жена. За Џун срце ми се искина, како глуми она и каков е нејзиниот лик сте се изназбореле, нема да се повторувам.

    За Џенин мислам оти ми беше најмногу жал, затоа што претставува невина девојка која Гилеад ја сомле и ја распарчи. Искористена од секој можен тиранин во серијата, си остана детенце во душата, дете кое никому зло не направи. Најмоќни ми се сцените со неа, особено таа кога ја однесоа во новиот дом и кога репетитивно требаше да и се повтори судбината. Не и дадоа време ни малку да закрепне, одма фрлена во нов дом како вреќа за носење дете. Сцената со самоубиството и со каменувањето според мене се најмоќните точки во серијава.

    Од Емили сцените со едно око ги гледав. Нажалост тоа што во серијава е дистопија, го има уште во закоравени земји. Сечење на клиторисите на жените за да не уживаат никако во секс, грев се смета женскиот оргазам :x Не е дистопија ни смртната казна за лгбт лица, од зграда ги фрлаат во муслиманските земји. Сцената коа ја осудија "Мartha" на смрт пред неа мислам дека кошмари ми нанесе. Одвратна сцена, али толку моќна, врел шамар за сите хомофоби.

    Гледав некој поназад ја имаше споменето епизодата со борделот како лоша. Според мене една од подобрите, лика и прилика на типичен хардкор христијанин. Смртна казна за неверство судат, а тие партал се прават по бордели. Смртна казна за геј лица, а си уживаат у тројки со две жени. Абортус забранет и смртна казна за жените кои ќе абортираат, ама тие швалерките ако си ги затруднат, одма да идат под нож. И на фемина ги имаме вакви, може не се за смртна казна, ама за вафли јадење први се.

    Ја обожавам серијава, посебно затоа што дава едно вистинско и реално светло за тоа каква е религијата, какви се психопатски работи можат да излезат од неа (она со сексот на робинката легната у скут е од таму превземено, Рејчел кога не можела да му роди дете на Јаков, па го натерала да ја ебе слугинката и и го украла детето на крај).

    И она кое јас го дробам од кога сум зачленета, дека нема полош непријател на жената од друга, злобна жена. Ликот на Серена е тоа, типична цепеница која за да удоволи на мажето себеси се множи со 0. Згодна, паметна, начитана, визионер, џабе кога самата си пукна у колено и си се намести да е слугинка. Џабе носи син фустан, подеднакво е потчинета, а од џин жена, сама си станала обичен, малечок пион на "елитата". Ивон толку добро ја глуми, секоја чест. Глумицата ја сакам од други проекти, али овде едвај ја гледам човече, до толку ми е одвратна.

    За крај рецензијава (свака ви част ако ја дочитавте) ќе ја завршам со една реченица што ја најдов на интернет кога читав и јас самата рецензии - It's not a TV show, it's a movement. Потполно се согласувам.
     
    Последна измена: 30 август 2019
    На simonka93, candy.cane, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.185
    Допаѓања:
    57.732
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    3тата сезона беше лоша реално, ако направат уно со четвртава и се вратат ќе им ја простам и ужасната претходна сезона. Првите 2... Ме ебаа у гз, серијава ми е во топ 5 фаворити of all time.

    И све со мака и тешкотија ја гледам, затоа што кај нас е филм, кај жени од други држави е реалност нажалост. Ниедна серија ме нема болено олку колку оваа.
     
    На ALISA0000, staycalm и WildMk им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Многу елементи од серијата и кај нас се реалност...
     
    На BlackNight, teressa и KateKane им се допаѓа ова.
  15. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Hello, osven na kupikniga(out of stock) e, dali znaete kade mozam da ja najdam knigata da ja poracham? :wasntme:
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Let freedom reign. The Handmaid's Tale returns for Season 4 on April 28, only on
    Hulu. Конечно.
    Има и teaser на фб страницата на серијата. Делува интересно. Можеби, се надевам, ќе се искупат.
     
    На teressa, MeowMeow, AriLangdon и 2 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Никој не се најде јунак да ги изгледа епизодите?
     
  18. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.999
    Допаѓања:
    22.513
    Пол:
    Машки
    Јас ги изгледав уште истиот ден кога излегоа. Првите две ми се допаднаа. Третата беше одлична се до самиот крај, некако укакана ми беше на крајот. Глумата на Џун ми беше предобра во третата епизода.
    Ме разочара крајот на третата оти ептен е очигледно дека нонстоп ќе убиваат ликови околу Џун а неа демек никој ништо не и може... Плус, не знам што очекуваа дека ќе се деси откако пробаа да избегаат на крајот...
     
  19. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Не ја ни гледам веќе серијава, требаше да заврши со прва сезона.
     
  20. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав книгата и импресионирана сум,но не сум ја гледала серијата. Колку се слични разликуваат, би можел ли некој да направи паралела?