1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказната на робинката (The Handmaid's Tale) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 9 мај 2017.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    И јас ја почнав серијава и ме воодушевува :bow: Обожавам дистопии, моментално и серијава ја гледам и друг познат роман од истиов жанр читам :lol: Делото од Атвуд според кое е снимана серијава го немам читано, сега ми е во план.
    Глумата на главната актерка (со емоции, говор на тело) ми се допаѓа ептен, а серијата е прејака, со многу длабока поента и феминистичка критика пренесена на доста крипи начин.
    Моментално сум до трета епизода и таа сега ми беше доста шокантна, посебно сето она што се случуваше со Офглен :x
     
    На Versace Btch 24 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    :clap: овој пат очекував дека ќе е ваква епизодата, оти читав некои литературни критики за книгата:doh:(се зезнав со сето тоа чепкање по нетот) и плус, во тоа фб групите се имаа доста избрборено, пак и она, видеото со компилација од фотографии од сцените од оваа (последна за сезонава:doh:) епизода, беше доволно да се разбере што следи.:doh: Curiosity killed the cat.

    Претходната епизода ми беше многу поооо-добра. Главно заради интензитетот на настаните. Пре-емотивно и фино склопено беше.:)
    Во оваа ми имаше предобри сцени, ама и некои што ич не беа разработени и ме разочараа. Пример, кога Џун влегува во канцеларијата на Фред. Муабетот за Серена и за бременоста... можеле да го засилат малку. :)Ептем млако беше до степен да ми се чинеше непотребна сцената.
    Мерак ми беше за муабетот на Џун кон Серена: „мислиш дека јас се молев за ова?“ после ќотекот... и тука ми фалеше плус дијалог,плус интензитет. Ко недоискажани беа.
    Ептем се израдував кога the handmaids ги фрлија камењата и и' се спротиставија на тетка Лидија.]:) Ме изненади што прва што истапи и се спротистави беше новата Офглен(?), шопинг-партнерката на Џун која, нон-стоп се караше со Џун да не и ја наруши идилата,да не биде казнета ради неа... оти, нејзе и е подобро како handmaid, одошто и бил животот пред Gilied. :) Ми се допадна ептем спонтаната, човечка реакција.
    Леле сцената со ќерката на Џун. Леле, Серена,леле. :| Очај.
    Интересен беше и муабетот на Фред, кога се обиде да се изм'кне заради фустанот и Џун..демек, Серена е виновна што му донела во куќата искушение:^).
    Крајот... :clap: со Ник, двајцата а ла The Eye батки, Марта со писмата... и Џун како влегува во комбето. Чекам да видам што ќе се случува со тие писма и каде ќе ја однесат Џун. За веѓата изгледа сте во право, дека од можеби сам почеток е во Мејдеј. Мада, гледам дека има луѓе кои уште не му веруваат:rofl: ко и јас што не му верував.
    Ми се плачеше на сцената со Моира:) кога стигна во Канада. И кога се однесуваа со неа како кон бегалец, :) како спласна, се изгуби, згужва ко малечко безпомошно детенце,без надеж. :) И уште кога го виде Лук:clap: ....била на неговата family листа ;(;(;(
     
    На JuLleE, 1209, Versace Btch 24 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    И јас се сложувам преизбрзани беа некои сцени, можеле да ги продолжат и да направат 2 епизоди таман поише да се израдуваме. Како ми се пунеше душата коа Џун ја изнавреѓа Серена во колата, богами после оној испад на Серена со ќерката на Џун заслужуваше и вратчето да и го скрцка, монструм незаситен. Малце ми беше чудно што веѓата и рече на Џун демек believe me иди со нив, како да знаеше нешто поише ама ќе си чекаме и ќе видиме. Моира срцка коа ја виде таблицата Онтарио и дојде срце на место. Барав коа ќе почне 2 сезона и не се знае уште само викаат 2018 ќе биде. И нешто што прочитав е дека во книгите мајка и на Џун игра голема улога па се шушка дека во втора сезона ќе ја има. Не ми се чека една година ;(;(;(
     
    На Someonespecial, 1209, DzingrlakaDzikica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Серијава не разочара до самиот крај. Предобра, одлична, една од најмоќните серии годинава.
    Солзи ми течеа додека ја гледаше ќерка и, а не можеше да се стрча и да ја грабне да ја изгушка, избацува, срце ме болеше. Каков монструм Серена испадна, одвратна, не смее жена да се нарече. Да измислиш и направиш толку гнасни работи. Убаво и рече Фред, против правилата е да играш скребл, нели, па ти ги напиша. Глупача. И Фред увиде кај кого е сепак моќта. Серена да го пријави отиде во неповрат. Доволен доказ беше жената на Спатнам која побара најстрога казна. Инаку и тој е поминеше со ударче по рачето, а не двете раце отсечени. Затоа ајде извинувај се кај жената. Лигле и тој.

    Сцената со Џанин, и мене не ми се веруваше дека ќе фрлат по неа со камењата. Баш беше сцената кој ќе го фрли првиот камен... И јас не очекував Офглен да истапи прва, ама како да се разбуди од некое бунило, залажување дека и е добро, кога ете што се прави, може и неа да ја дочека.

    Веѓата изгледа има удел во киднапирањево, затоа и рече trust me. Сега и дете чекаат, па еееј татко ќе стане, нема да ја остави да и прават којзнае што како казна за бунтот.

    Моира душа, што се не помина, не и се веруваше дека е безбедна и дека има сопствена волја и може да прави што сака.

    Кој ќе чека втора сезона, не е фер ако е толку далеку.

    Читав вест дека жени како handamaids протестираат против закон за абортус. Инспирација е серијава.
     
    На Someonespecial, 1209, DzingrlakaDzikica и 2 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    наводно, според книгата, Веѓата е со Мејдеј и он го организира ова со комбето. Џун мисли дека е он Окото во куќата се до последно. Што и како се случува ама, не знам. Ама, она неговоно: верувај ми е баш затоа...да и помогне,можеби. Плус, готвачката, виде..ги бараше писмата од пакетот што и го дадоа на Џун и се израдува кога ги најде. И таа е со Мејдеј. Кој ли е па Окото, во куќата вака. Нема друг...Фред и Серена уште :D Немам поима. Иначе и мене ми беше ќејф за сето што и го изнакажа во колата. Ептем. Гнаса жена.
     
    На teressa и Versace Btch 24 им се допаѓа ова.
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Почнав да ја гледам серијава откако ја видов дискусијата тука. Без проблем ги изголтав буквално сите епизоди. Колку и да бев на моменти уморна, ми се случуваше во еден по полноќ да седнам да ја гледам. И немам соодветни зборови сега. Моќно, прекрасно, воодушевувачки. На моменти морбидно, се фаќав како се држам за уста и се нервирам. И не е фер ако треба да чекаме до 2018 нова епизода.
    Уф, на многу делови од епизодава ме лазеа морници. Останаа многу неискажани работи. Посебно емотивен ми беше делот со ќерката на Џун и вреѓањето на Серена потоа. Онака, пцуење што ти дојде на јазик, затоа што си немоќен за нешто друго. Ме разочара Серена искрено, знаев дека е идиот, ама некако мислев дека ќе почне да се освестува. Жена е бре сепак, а и погледот некако и беше разочаран во последните епизоди од целиот циркуз што го направиле.
    Моира ми беше срцка. Кога го виде Онтарио на таблицата и мене ми олесни жими се.
    Едвај чекам нова сезона. Ме интересира што ќе биде со Ник и Џун, Лук и Џун, бебето, ќерката. Зарем Џун се испозаљуби во Ник дефинитивно? А маж и? Иако не можам да го разберам како три години си седел на слобода и буквално уживал без да проба барем да дознае што се случува со жена му и ќерка му.
     
  7. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Добредојде во темава @thinkerbell! :hai:
    Колку што успеав да разберам, тој се обидува да ги најде меѓутоа сè е во рацете на амбасадата. Реално, не може да се врати назад и да ги бара од град во град освен ако не сака да заврши мртов. Да не ја заборавиме сцената кога одбиваше да се качи на бродот до последен момент. Не ми остави впечаток дека се има помирено со ситуацијата и дека си живее нов живот, напротив. Кога се прегрнаа со Моира во последната епизода како во воздухот да висеше „let's save our girls“.
    За момент помислив дека ќе се сплеткаат со плавушата што замина со него, имаше таму некаква хемија.

    Инаку, малку да се разведриме. Доколку некогаш сте се прашувале како би изгледала машката верзија на Handmaid's, случајно го видов ова на јутјуб.

    :rofl::rofl:

    Да бараме нова серија, м? Добра екипа сме. Јас си најдов нешто ново. Повторно главниот лик е жена. Ја изгледав првата епизода и одлучив да ја следам, солидна е.

    Ако ве бендисува, ќе отвориме нова тема. :)
     
    Последна измена: 18 јуни 2017
    На Someonespecial, zhap4e и Versace Btch 24 им се допаѓа ова.
  8. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Ѕирнав трејлер, ме бендисува. Глумците се исто така добри, утре после испит ја гледам и споделувам мислење :):)
    Хахахах сум се пресмеала на ова со машката верзија ( Don't let the bitches grind you down) :D:D:D:rofl::rofl:
     
    На zhap4e и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    :D Леле,машката верзија на handmaids :D Јас одмарам од серии. До Game of Thrones, нејќу да знам за друга серија. ]:):D Ако ја гледате... се читаме таму,следен месец.
    Штета што треба долго да чекаме до следна сезона на оваа.:)
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ја избегнувам темава намерно оти бегам од тешки драми во последно, ама на толку фалење почнав да чувствувам ко да пропуштам нешто битно. Па решив да почнам да ја гледам, на нет колку што прочиав досега 10 епизоди има излезено, така? Барајќи ја, наидов на еден филм од поодамна со исто име, го имам гледано и е со слична содржина. Поврзаност некаква или не?
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Handman:D
    Ја прочитав книгата. Ама ај не пишувам за крајот, може нема да излезе така во серијата, а веројатно и нема ако има друга сезона.
    Има многу разлики, ама и многу сличности, дијалозите во некои сцени се сосема исти.
    За друга серија не почнувам, ќе ми почнат некои летни што ги гледам.
    И да, игра на тронови.^_^
     
    На 1209, zhap4e и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  12. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Иста приказна, различна адаптација. :)
     
    На Someonespecial, Bridget и zhap4e им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Да, филмот е направен според книгата, ко што и серијава. Само има некои разлики. Кои...не знам. Го немам гледано филмот, а и книгата богами освен делови што имам прочитано и литературни критики ...не ја имам прочитано. Гледај Бриџит.
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  14. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Стигнав до пола, имам читано неколку дистописки книги и гледано многу филмови и серии и можам да речам дека е добра. Има тензија, сцените се многу добро изведени а и глумците не се лоши (малку поубава да беше главниот лик не ќе беше лошо:)). Иако ме нервира што Hulu 100% ја објавува од политички причини (мириса на либерална/феминистичка пропаганда) и дека приказната е тенденциозна бидејќи реално има многу други наративи погодни за дистописки приказни а оваа е далеку од реалноста. Како и да е, со оглед на тоа дека има многу малку сериозни Sci-Fi проекти ја има мојата поддршка:)
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Лесно е кога си маж да речеш дека е далеку од реалноста. Кога си жена секое влакно ти се накострешува, ужас те мава како струја. Денес еден закон за абортус, утре друг закон за раѓање, задутре ќе му текне на некој маж дека жените е најдобро да седат дома и да си ја исполнат биолошката судбина.
     
    На teressa, smooch, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Да, очигледно дека на таа карта играат авторите :) Ама тој страв не е базиран на реални нешта. Погледнете ги законите, погледнете ги истражувањата и ќе видите дека жените во 2017 насекаде низ светот имаат највисоко ниво на еманципација. Тогаш зошто има потреба од вакви предвидувања?
    На пример пореално е да се направи книга или серија во која приказната ќе се одвива некаде во 2050 или 2100 година во која мажите и жените се целосно посветени на работа а нивните деца ги одгледуваат специјални центри (родителите немаат контакт со своите деца туку ги прават затоа што така налага законот:)) А уште пореално ми е дека луѓето за неколку декади ќе престанат да прават деца и ќе се прејде на клонирање. Којзнае може треба да напишам сценарио :) Енихау, само сакав да предупредам дека полека полека сериите и филмовите од Америка се претвараат во најобична алатка за креирање на мислење, за жал.
     
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Не би се согласила баш :) Па Андреј, дистопиите буквално гледано од аспект на нивното дејство секако се за среќа далеку од реалноста, ама битна е поентата, суштината и пораката што ја испраќаат... со цел таквите општества да не се приближат до реалноста :)
    А не би рекла баш дека е исфорсирана и нереална суштината, посебно со политиката на Трамп. Можеби и има во некоја мера врска со политика во овој контекст, но е тотално на место :) И... не мислам дека креира мислење, туку гледачите ја избираме и ја гледаме оти се пронаоѓаме во тие ставови :D

    Anyway, јас каснам :lol: заглавив до 7ма епизода, после три дена пц-то го оправив па сега ја симнувам 8мата (онлајн ја гледам иначе, ама баш оваа епизода секаде по онлајн сајтовите е утната :?:). Ќе пишам впечатоци за некој ден ^_^
     
    На edenandrej и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    ти си првото машко што го читам со коментар за серијава :) и баш очекував такво мислење и за главната глумица и за „феминистичката/либерална пропаганда“. Мене баш затоа што е преобична и несовршена, бидејќи изгледа како добар дел од нас, обичните луѓе...ми се свиѓа. :) Плус и добро глуми. :)
    Либерална, феминистичка пропаганда.. хм. Книгата според која е приказната е од 80те. Одговара на многу од приликите во тие години и ставовите,трендовите од тогаш или т.н. втор бран феминизам. :)
    Инаку, Боко Харем, ИСИЛ... напливот на радикални десници низ Западна Европа... :) враќање на рестриктивните закони за абортус, форсирање на кампањи за повеќедетни семејства заради демографски пад на нацијата и сл. :) не би рекла дека е нереално и неоправдано што некој се сетил на оваа книга и решил да направи серија баш за тие теми...кога, раѓањето на деца станува прашање од приоритетна национална политика, а не право на избор. :) Да не зборуваме за мали сектички (САД; Русија)во кои, животот на жените и луѓето,генерално, можеби не е баш ваков, ама.. наликува во некои аспекти. :) Со оглед на тоа што не има заинтересирано... полн погодок им е серијата. Ама, не е проблем и да има и некоја серија за 2222 година де. и новите технологии :D Ама пак, нека да има и вакви. Зашто да не. :)
     
    На Versace Btch 24, 1209, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Којзнае дали не е базиран стравот на реални нешта. Реалноста е дека жените се бореле и со борба ги стекнале овие права кои ги уживаме денес. А што е така стекнато, може и да се изгуби. Серијава е базирана на книгата која е напишана во 1985, едно друго време.
    Јас на ваквите дистописки книги гледам како на едно предупредување, што се може да се случи и како може да се извитопери едно општество. А никој не е компетентен да каже што е поблислку до реалноста, зашто никој не ја знае иднината.

    За ова, не е ова од вчера, ниту од блиско минато. Ама ние како гледачи сепак избираме што сакаме да гледаме, што значи пак одлучуваме за сопственото мислење.
     
    На Someonespecial и zhap4e им се допаѓа ова.
  20. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Баш би сакал да дебатирам ама ќе го уништиме thread-ов кој што е за серијата. Затоа само ќе кажам не се согласувам :) За мене се е тоа претерано.
    Не е баш така, затоа што секоја година квалитетни нови серии зборувам со голем буџет кои се визуелно добри со добри глумци и тн. (да е вложено во нив доста пари) има 5-10. Да, можам и да не ги гледам и ќе преживеам ама муабетот е дека нема некој којзнае каков избор. Еве јас сум љубител на филмови и серии како уметност ама немам избор да гледам серии и филмови кои барем од далеку се поклопуваат со моите ставови (кои веројатно некој би ги опишал како конзервативни). За мене е нереално во секој филм во секоја серија конзервативците (или кој и да е лик кој не се согласува со новие трендови) да е претставен како затуцан човек од планина. Порано имаше такви дискретни шали по филмовите ама сега е апла видливо на која страна ја тера водата Холивуд. @zhap4e сепак не додржав па тука горе доле ги кажав ставовите :)
    Инаку што се однесува до оваа серија, јас сум до 5та епизода, и се надевам дека во следните епизоди малку ќе видиме повеќе за општеството како целина. Сега сосема малку се прикажани некои делови а главниот фокус е на тоа како се чувствува главниот лик. Дорбо, сепак тоа е нејзина ПРИКАЗНА/TALE:)