1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказната на робинката (The Handmaid's Tale) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 9 мај 2017.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    јас искрено и не знам какви се/какви би биле тие конзервативни серии кои би ги задоволиле твоите интереси и би биле интересни за пошироката јавност. :) Нормално е да се прават серии кои ќе бидат гледани. Ако се гледани..се вади втора сезона,ако не..пропаѓаат. Па,ништо чудно што гледаат да се in со темите. Од толку многу интересни серии ... сериозно ли немаш серија што ти е интересна?
    Ова е повеќе за во општо за сериите. :)
     
  2. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Серија во која жените го доминираат светот а мажите се во подредена положба:) Па после ние мажите да викаме еве на каде тера светот:)
    Инаку не си ме разбрала, интересни се ама многу од нив според мене мора да изгураат некоја агенда од време на време. На пример, денес скоро да нема серија во која нема хомосексуалец лик. И да нема мора барем две три епизоди за тоа прашање да се одвојат. Зошто? Modern Family на пример. Ај прејдов преку тоа дека има фамилија хомосексуалци (иако тешко ми беше:)) ама веќе после 2-3 сезони почнаа со псовојување деца па нивните проблеми па дрн дрн. Или пак Orange is the New Black. Ај првата сезона беше интересна, после тоа се сведе на некои феминистички бесмислици и испадна дека уствари сите жени што се во затвор се таму пошто ете немале друго решение, жртви на системот. Единствената која беше против тие работи како лезбејство и не знам што беше претставена како redneck со расипани заби (колку очекувано од Нетфликс:)).
     
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Нели можеш да ја гледаш Игра на тронови и да го викаш истото, заради Серсеи, пример. Или едноставно да превртуваш очи на Санса и да викаш нешто како: ете ти... жени и политика и лидерство. Аман! :)

    За добар дел од овие работи, виновна е публиката... претставниците/застапниците на конкретните групи кои, кога форсираат некаква агенда, ја форсираат до степен што ги гушат режисерите и сета креативност/уметност и спонтаност, оти се' веќе станува според некакви правила за тоа дека мора да има различни раси, мора да има силна жена, мора да има... Еве, за конкретнава серија. Според книгата, Моира е caucasen не е црнкиња. Заради една епизода и еден муабет каде Џун, белата жена, и држи лекција на Моира за тоа во каков слабак се претворила... се испонапишаа статии и статии со критики од црнечката заедница на УСА, кои ги критикуваа главните на серијава што не најмиле црнци да ги пишуваат тие конкретни дијалози на Моира. :) Смачено им било да гледаат во филмовите и во сериите, како некоја си белкиња, која нема поима што е дискриминација, која прв пат во животот се наоѓа во таква ситуација во каква се наоѓа, додека црнците живеат со тоа, секој ден... да и држи лекција за сила, за don't let the bastards grind you down. Зошто белкињи да се тие кои ги мотивираат, им даваат сила на црнкињите/црнците. :) Па се надоврзуваат за слична сцена во истава серија ти што ја спомнуваш, Orange is the New Black итн. итн. Да не збориме ете, за Игра на тронови исто, каде групи се изнадрндаа за сцените со Санса и силувањето.
    Еве, јас не сум конзервативна. Ама, не сум и човек кој сака да гледа шаблони некакви и се припотресува на ваквите работи. Според мене, проблемот е повеќе во шизофрената публика. :) Денеска, секој има став за се, секој е борец за некакви права и не се срами да го каже својот став... па колку сака да е тоа глупост. Он има право да биде глуп. :) И ќе си најде група која ќе го разбира и бодри во тоа. Јас сум за женски права, ама... феминистки од типот на жените кои плукаа пред некоја година по кампањата на Викторија сикрет The Perfect Body for Everybody...оти со тоа пропагирале дека сите жени требало да изгледаат така и бла бла.... кои пишуваа за Санса и сцените со силувањето и слични такви будалаштини... за мене се будалаштини и ме плашат што некој ги слуша сите овие и ги поддржува. Не сум чак толкав либерал, you see. :)
    Со серијава..јас не гледам никаков проблем. Не гледам причина заради која ти како конзервативен лик треба да се идентификуваш со некаква радикална, милитантна десница. Исто ко што јас не се идентификувам со некоја радикална, милитантна левица. :)

    едит: во мојата младост памтам имаше можда повеќе серии кои, што знам,можда беа по така... конзервативни,зборуваа за традиционалното семејство, обработуваа секојдневни проблеми..без многу контраверзии :D ко онаа серијата со пастирот и неговото многудетно семејство, ко онаа Патот до Аволни итн. :D
     
    Последна измена: 23 јуни 2017
    На x.Daisy.x, Victorian и edenandrej им се допаѓа ова.
  4. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Мило ми е што се разбравме - ќе пробам да ја догледам неделава серијата па да дадам дополнителен коментар:)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав првата епизода.
    може некој да ми каже зошто богаташките не раѓаат?
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Бидејќи според приказната, дејствово се случува после некоја голема еколошка катастрофа , бројот на плодни луѓе заради тоа е опаднат и бројот на здрави живородени деца исто. Плодните жени се направени робинки. Еден друг дел,кои изгледаат ок, ќе ги видиш понатака во друга форма ги користат. Останатите ринат нуклеарен отпад во колониите. :)
     
    На LBC му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Фала ти што несебично ми објасни. сега се смеев на втората епизода како газдарицата глуми дека раѓа позади неа (facepalm)
     
    На Victorian и zhap4e им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    Го изгледав денеска и финалето, па да шкртнам нешто :)
    Последните две епизоди посебно ми беа полни со чувства, да се наежиш едноставно и уште повеќе да се соживееш со ликовите, а од некои коса да ти се крене :x
    Најемотивна дефинитивно беше сцената кога Џун ја одведоа на местото кадешто е ќерка ѝ. Серена антипатична беше од почеток ама не до толку, колку бесчувствително и одвратно суштество испадна со ова :@ Да не ти се верува една жена дека може тоа да ѝ го направи на друга, така ладнокрвно да реагира на одделувањето на една мајка од сопствената ќерка.
    Кутрата Џун немаше доволно погрдни зборови да го искаже својот гнев и бес, и многу повеќе заслужи.

    Она со Џанин исто многу ми беше потресно, не знам дали сум единствена ама многу емпатија ми предизвика нејзиниот лик... Голем дел од суровоста на функционирањето на ова ужасно општество и казните како да го прикажаа преку нејзината судбина - прво со окото, па пораѓањето, залажувањето од страна на Warren, како oткако не е веќе потребна да се грижи за бебето ја праќаат како предмет кај друг командант и добива друго име, и на крај ова со обидот за самоубиство и казната. И конечно време беше за отпор кога ги натераа да ја каменуваат, знаев дека ќе направат нешто, а ме изненади што прва одби новата Офглен која беше толку скептик околу Mayday. Многу моќно беше прикажано како ѝ се спротиставија на тетката Лидија, која во цела серија ми беше најодвратен лик што не може да не те изреволтира :envy:

    Конечно во последните 3 епизоди открија и за Моира што се случува со неа, низ флешбековите (и од нивниот поранешен живот, и во Гилеад со обидите за отпор) ми стана омилен лик заедно со Џун и едвај чекав да се појави некако :D Па кога се сретнаа вториот пат во борделот и исплашена ја одби, а потоа сепак ѝ го прати пакетот со написoт "praised be, bitch" :D и ептен ми беше мило што успеа да побегне. Средбата со Лук беше touching ептен, души бе :( :l:

    Во врска со крајот сум оптимист и мислам дека е масло на овие од Mayday, за Ник ми беше цело време поделено мислењето ама со секоја наредна епизода сè повеќе ми се чинеше дека е дел од нив и дека на крај навистина ќе направи нешто да ѝ помогне на Џун.
     
    На Victorian, zhap4e, LBC и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.941
    Допаѓања:
    14.002
    Пол:
    Женски
    Книгата завршува овде, баш ме интересира како ке ja тераат приказната во втората сезона :)
     
    На Victorian, zhap4e и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.312
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене пред финале да ви пишам. Ја спуштам последната. Во еден ден сите ги изгледав...во право бевте за серијава.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    Добро филмче. Препорака за групата. Сврзано со темата, не од родов аспект, ама.. демографскиот пад.

    [​IMG]

    http://www.imdb.com/title/tt0206634/
     
    На LiliBoz и edenandrej им се допаѓа ова.
  12. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Изгледана. Добра е само можеше повеќе детали да дадат вака ми се чини дека може 10 сезони да тераат :) Има еден зезнат дел во целата приказна што овие што ги тераат со сила да го прават тоа што го прават секогаш може да ги уценуваат. Овие на власт што се требале да смислат нешто подобро вака немаат контрола.
     
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.088
    Допаѓања:
    163.456
    Пол:
    Женски
    На Mishela, zhap4e, Bezzimena и 4 други им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.121
    Пол:
    Женски
    The infertility crisis is beyond doubt. Now scientists must find the cause
    News last week that sperm counts in western men have halved confirmed what experts already knew. The real problem is that no one knows why

    Малку наука и малку пропаганда.
    Praised be bitches. :D
    Во UK се изгледа доста назад со епизодите и ги читам чат-пат коментарите:D и такви се, оваа серија била за во жанр „хорор“. :D Deeply disturbed биле дамите од островото, заради бруталноста на сцените. :D
     
    На Victorian и Versace Btch 24 им се допаѓа ова.
  15. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.310
    Книгата нема почеток, а уште помалку крај.

    Напротив, се сведува на тоа дека цивилизацијата после ова бреме, не е сигурна што всушност се случувало во овој период, само поради тоа што има само неколку видео записи од главната хероина, која не се ни именува самата себе ..

    Не се дознава ништо за мажот на хероината, а пак уште помалку за ќерка и за мајка и, кои никогаш не ги ни виде во периодот опишан во книгата.
    Ниту пак некогаш се спротистави на некого...
    Најдобрата пријателка стана проститутка, пријателката за до гранап и се самоуби...
    На крајот ја собраа со црно комбе, и никој не знае дали истите ја ослободија...
    Не беа опишани никакви силувања, освен бесења и тепање на наводен силувач од слугинките...

    Книгава била контроверзна поради тематиката, а не поради бруталност и насилие ко во серијата, кои скоро и да не постојат во книгата...

    Мој совет ви е да не очекувате многу од книгата, ако прво сте ја гледале серијата... Ќе се разочарате.

    И ќе видите всушност премногу дупки, немање почеток и крај, совршени услови за создавање на серија по терк на режисерите, гладни за пари...
    Ма да во случајов, и треба детално да се објасни што се случувало, а не површински и без емоција и емпатија да се раскажува таква тешка приказна.

    За разлика од ГОТ, каде на толку бруталности, убиства и силувања, режисерите и нови си измислуваат...
    Пример, Дрого не ја силуваше Дени на првата брачна ноќ, али тоа ти е...
     
    На MayDiamonds, Victorian, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  16. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    421
    Допаѓања:
    510
    Пол:
    Женски
    дали искочена е втората сезона?
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Мислам дека за 1 месец треба да почнат со емитување.
     
    На teressa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.487
    Допаѓања:
    26.127
    Пол:
    Женски
    Некој да ми каже од кај да ја симнам првата сезона?:
    Ме заинтересира серијава сакам да ја гледам.
     
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.549
    Допаѓања:
    80.602
    Пол:
    Женски
    Можеш да ја симнеш од линков.
    Одлична е серијата, многу ме интересира како ќе се одвиваат дејствијата во втората сезона, со душа ја чекам.
     
    На k.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.719
    Пол:
    Женски
    А кога ќе има втора?