1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказната на робинката (The Handmaid's Tale) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 9 мај 2017.

  1. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.364
    Пол:
    Женски
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    2.627
    Пол:
    Женски
    Кога ја изгледав првата епизода не бев нешто воодушевена. Значи, јас разбирам да се одржува некаква мистериозност, да се држи гледачот во незнаење за некои нешта, ама ова беше како одломки од настани кои не можеш да ги поврзеш. Не можев да разберам што се случува и зошто се случува. Ама ме фати инает и продолжив да ја гледам и после третата епизода почна да ми се допаѓа, најверојатно затоа што ги поврзав некои настани и затоа што ми се споија некои делови од сложувалката. Исто ми се случи и со Game of thrones, се до смртта на Нед Старк ми беше глупава серијата и како ништо да не се случува, многу споро и монотоно, за после да ја засакам и да ми е ептен интересна и јака.
    Глумицата глуми значи предобро, мислам браво за неа:clap:
    За Серена сметам дека таа е главата што го смисли цело тоа општество, со тоа и самата себе се потцена и се дискриминира во моментите кога не можеше самата да присуствува во донесувањето на одлуките во парламентот затоа што е жена, па мораше да оди Фред сам и да ги застапува нејзините идеи. Според мене Фред не е никаков Командир иако го носи тој назив. Тој е само фигура, марионета на Серена преку кој ги остварува своите идеали. Фред е слабак, напален манијак воден од ниските страсти, нема свое мислење за светот околу себе, за него мисли жена му, тој единствено што може да смисли е со долната глава: како да ја легне рает слугинката. Осамен, без љубов оти жена му е преокупирана со идеите за ново општество и не му посветува внимание на мажот. Дури мислам дека не го ни сака, туку го гледа како своја сопственост. Ни тој неа не ја сака ама покрај неа се чувствува моќен и почитуван. Дури и Џун го примети тоа и не случајно кога Фред ја праша зошто сака да одат повторно во барот таа му одговоти: затоа што го обожавам начинот на кој луѓето те почитуваат и ти се потчинуваат. Го прочитала таа него убаво и му го кажува она што сака да го слушне. Фред се плаши од жена му. На Џун и кажа дека љубов не постои и не верува во љувов, што го потврдува фактот дека не ја сака Серена и дека со неа е од корист. Дури мислам дека не му е битно ни тоа да има дете.
    За тоа што на сите ви е шок бруталното и безосетно однесување на Серена, конкретно мислам на сцената со ќерката на Џун, мене тоа воопшто не ми беше чудно, дури ми беше очекувано нешто слично, затоа што уште во првата епизода Серена и се закани на Џун дека не смее ни да помисли на нешто со Фред, и дека ако направи нешто ќе и врати. Па така јас очекував да и направи нешто, само незнаев што. И се разочарав со нејзината одмазда затоа што таа не направи ништо, само се закани дека ќе ја убие ќерка и и изведуваше некоја представа пред неа како мило си разговара со девојчето. Искрено очекував казна а не закана. Пример да и отсече рака, око да му изади на девојчето и после да му се закани дека ако не роди ќе го убие девојчето. Не не сум псохопат и садист што имав такви очекувања, не се плашете, но текот на претходните настани, пример настаните со Џенин, ми беа премногу сурови и брутални казни, за ова неверство да помине само со закана. Режисерот некако ја поштедил главната хероина.
    За тетка Лидија мислам дека не е сурова како што самата се прикажува. Имам чувство дека е присилена да го прави сето тоа. Во многу наврати со болка во срцето и солзи во очите ги спроведуваше своите казни. Сметам дека многу ја засака Џенин и дека и беше тешко што нареди да ја каменуваат. Дури и како да се радуваше што девојките се спротивставија, па на крај нешто како божем изглуми во смисла: одете си дома и немојте да помислите дека ќе поминете неказнето. Кај го имаше на почетокот тоа одете си дома? Се знаеше одма во истиот момент казна: сакатење, ќотек и бесење, кастрирање... мислам дека и Лидија е дел од Мејдеј затоа што во последните епизоди не е истата како во првите.
    Лук некако ми е многу нежен, воопшто не е мажествен и некако претставен како во сенка. Ќе видиме што ќе биде со него во втората сезона, дали ќе излезе од сенката. Мене ми изгледа дека ќе го фрлат во уште поголема сенка, барем таков впечаток ми остави трејлерот за втората сезона, многу ги имаше Џун и Ник и прашањето за нив двајца и нивното бебе.
    Ник ми е најмистериозен лик. Ме нервираат неговите веѓи и има изглед на тинејџер. Сметам дека утнале со физичкиот изглед на глумецот. Некако како глумецот да не може да го носи ликот на Ник. Не ми се вклопуваат сликата со карактерот.
    Ми се допаѓа тоа што Џун не е претставена како совршена жена ниту физички ни карактерно, што има мани, има морален недостаток (пред да се омажи со Лук беше негова швалерка) и што како главен лил не е најубава во филмот (Џенин, Серена и лезбејката се далеку поубави од неа) и што со тоа се руши оној концепт, шема што ја среќаваме толку често каде што главниот лик е најубав, без мани и без гревови. Значи, да се разбереме, јас не го поздравувам нејзиното швалерисување или било какво (по)грешно однесување, да не ме сфати некој погрешно. Туку ми се допаѓа тоа што е реално прикажана како човек, затоа што човекот има мани и грешки, а совршениот човек кој го прикажуваат мнозинството на филмпви и серии - не постои во реалноста не постои.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ја изгледав серијава уште пред некое време, ама никако да стигнам да напишам нешто за неа. Интересна, иако на моменти тешка за гледање, фино снимена и убава за око, со солидни актери.

    Интересна, затоа што у денешно време немаме многу серии и филмови со алтернативни истории и „што би било кога би било“ наративи, со исклучок на The Man in the High Castle. Тешка за гледање, затоа што иако фикција, Handmaid’s Tale успева да биде многу, многу блиску до реалноста и човек не може да ја гледа без барем еднаш да си помисли „Еј, па ова стварно би можело да се случи“ и „Еј, да се стигне до ваков екстрем е многу полесно отколку што мислев“.

    Нормално, не мислам да се случи истото на буквално истиот начин како што се случува у серијата – со старовремски облеки, смешни капчиња и коитални церемонии – едноставно, човек сфаќа колку одредени права и слободи денес си ги земаме здраво за готово и колку лесно истите можат да ни бидат одземени.

    Она што ја прави приказнава језиво веројатна е што она што се случува во Гилеад веќе се има случено на многу места низ светот – само во поблаг или поинаков облик. Бројни држави од Блискиот исток од современи држави се претворија во традиционалистички, патријархални, религиозни земји, во кои жената е обесправена. Да беше постабилна и да опстоеше подолго, прилично сум сигурен дека Исламска држава и немаше да се разликува премногу од Гилеад од аспект на правата на жените. Ако на ова се придодаде човечката ирационалност кога е во прашање потомството (т.е. недостатокот од него, како во фикционалната иднина со мнозинство стерилни луѓе), Handmaid’s Tale се чини уште помалку неверојатна.

    Патем, на Handmaid’s Tale не мора да се гледа како на исклучиво феминистичка приказна – истата поента може да се прошири на општеството во генерала – колку е лесно да се промени мајндсетот на луѓето за одредена работа. И тоа со сила.

    И ние како држава, во склоп на бившите социјалистички републики, не сме биле имуни на тоа – под влијание на оние на власт, од силно традиционален и религиозен народ сме станале изразито атеистички народ, за да потоа повторно станеме длабоко религиозни и традиционални. И сето ова во период од некои 60-ина години – колку еден човечки живот! Колку само грешиме кога мислиме дека некои права никогаш нема да може да ни бидат одземени, дека некои ствари никогаш нема да станат радикално поинакви.

    Да се навратам на жените – она што ми остави особен впечаток во Handmaid’s Tale е перверзната иронија на стварите во Гилеад – мажите, иако токму тие се одговорни за одземањето на сите права на жените, сепак се the good guys! Генерално, почнувајќи од командантот Фред, преку Ник, до практично сите останати мажи кои ги среќаваме во серијава, све тоа се љубезни, фини и добри дечки – прави џентлмени.

    Од друга страна, баш жените се тие кои се ужасни кон други жени – Серена е ужасна со Офред и со слугинката, тета Лидија е ужасна со сите хендмејдс, и така натаму. Во општество во кое жените се репресирани од мажите на секој можен начин, во кое The Eyes би требало да бидат страв и трепет за сите, токму жените се најголемиот непријател на женскиот род.

    На крај, да кажам нешто и за Елизабет Мос – на почеток ми беше ужасно антипатична и иритантна. Но потоа сфатив дека е таман за улогата на Офред. Офред треба да е скроз обична, на секој можен начин – таа не е ниту особено убава, ниту особено храбра, ниту особено принципиелна – не е херој во ниту еден поглед. А Handmaid’s Tale треба да биде токму тоа – приказна за едно дистописко општество раскажана преку очите на една сосема обична жена која живее во него. Нешто налик на дневникот на Ана Франк.

    Патем, приказната од книгата завршува заклучно со првава сезона. Баш ме интересира за што ли ќе биде втората.
     
    На tirkenbal, WildMk, 1209 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.364
    Пол:
    Женски
    За една недела нова сезона :party:
    8-|
     
    На LiliBoz и Mishela им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.523
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека човештвото е цело ужасно. Мажите да беа добрите немаше да направат вакво нешто, никогаш.
    Ама секогаш имало свои против свои што работат, и во втората светска војна евреи работеле против евреи.
    Такви луѓе има небитно од полот, колку можеш ќе се спасиш. Расипани јаболка има сегде.

    Две нови епизоди, ја пуштив првата.
    Почетокот... Брррр.
     
    На LiliBoz и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  6. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.491
    Допаѓања:
    26.364
    Пол:
    Женски
    Има нови епизоди?
     
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Да, има две епизоди од втората сезона.
    Јас ги симнав, со душа чекам да ги изгледам.
     
    На k.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.523
    Пол:
    Женски
    Има, да, јас ги изгледав.
    Не разочарува почетокот, толку ќе ви кажам.
     
    На LiliBoz, zhap4e, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Леле викендовв :clap: со душа чекам.
     
  10. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
  11. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Од тука, повели линкови.
    Е01, Е02.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Ти благодарам! :l:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Успеав да ја погледнам само првата епизода - воодушевена сум. Мислам дека ќе развијат одлична приказна.
    Многу, многу потресна и емотивна епизода, особено почетокот - морници ми минаа низ телото непрекинато дури траеше. :sweat:
     
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    успивам дете и седнувам. конечно нови !!
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Страв, ужас, паника :clap: и на сета мака, сето играње со емоциите, ме смеат машкарските нозе на Џун, наденати на штикли и во какво год кусо фустанче:D Ја обожавам бе:D
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Кога следна епизода?
     
  17. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Секоја среда ќе излегува по една епизода. Hulu се грижат за нашето ментално здравје. :D

    [​IMG]

    "When it hasn't been your week, your month, or even your year...."
     

    Прикачени фајлови:

    На Nigredo Odor, smooch, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    И трета сезона најавиле, а :smirk:
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Се изнервирав од третава епизода !!!

    И што сега, назад ли пак ќе ја вратат??? Па пак муките да и ги гледаме. Осеќам дека ќе се откажам од серијава, тортура на долги стази не можам да гледам.
    Патем Руби машко ли е, женско ли е, хермафродит ли е??
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.523
    Пол:
    Женски
    Жена е, зошто?
    Ја фатија. Сега пекол. Можеби не додека го роди детето, ама после... Ќе мора да спасува жива глава и да остави две деца.

    Не можам да разберам зашто отиде кај авионот. But whyyy?
    Нели штом беше загрозена безбедната куќа логично беше дека и следниот чекор не е безбеден? Јас не ни помислив дека натаму ќе оди, зашто мислев не е глупава.
    Ама ете... Тетка лидија ќе има field day сега.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.