Приказната на робинката (The Handmaid's Tale) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 9 мај 2017.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Не знам се збунив. Мислев однос имаат ...
    Местенка беше апла , ја очекуваа. Дури мислам затоа и беше планот кажан како ќе тече понатаму и каде ќе оди додека претходно нели и велеа не знаат. Сега малтретирање до бесвест. Имам чуство дека Ник ќе го убијат и скроз ќе остане сама...
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Аааа :D со рака ја работеше, затоа се миеше после. :D
    Многу елаборирано за местенка, да беше тоа ќе ја однесеше овој директно, ќе ја фатеа и готово. Вака од кај да знаат кај ќе избега.
     
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Хахахаха. Јас триста филмови си направив во глава хермафродит си велам. Но потоа не сакаше да и возврати. Да не е и таа сечена ко една друга што беше којзнае... Нели тие што беа хомо ги сечеа... За Џун во право си. Ќе да не знаеја... ама дека олку глупава ќе ја направат не очекував. И вели не збори таа збори . И вели да седи мирна таа ѕирка од прозор.. Сфаќам очај ама баш од траума треба да е претпазлива. Кој ќе и ги гледа маките сега...
     
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    п.с. блесд бе фруит лупс!!! :rofl:
     
    На smooch, Someonespecial и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Не, не, не ја сечеа Руби, нели во бордел беше, таму таква немаше да може да работи.
    Не беше во расположение поради настаните.
    А Џун... Не знае накај тера веќе. Мислеше дека овие ќе ја предадат, па избега, ама ете, на полошо. Ќе видиме ник сега што ќе прави.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Raise your daughter to be a feminist, she spends all her time waiting to be rescued by men:clap::clap:
    I forgive her;(
     
    На smooch, Bender Rodriguez, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.142
    Допаѓања:
    81.644
    Пол:
    Женски
    Најсмешка од целата епизода. :lol:

    Инаку немам коментар, јако и' скеле на Џун.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Тажна епизода. Сочуствував со неа дур беше бејби шаверот но кога го видов тој обесен ми помина тагата за неа. Немаше да ми е криво да седеше мирно на газот и да ја фатеа случајно. Ама не седеше!!! Се покажа на прозор и излезе. Сега детето ем без татко ем без мајка ем во друга фамилија. За што? За кого??? Бесна сум. Нека си седи мирна на газот дур маж и не пронајде начин да ја спаси. А реално тој некако воопшто потресен не ми делуваше минатата епизода..
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Приказната можеше да е и поинаку. Можеше да успее и никогаш да не откриеја кој и помогнал. Семејството што се уништи заради неа, кобајаги, да си продолжеше со животот како и претходно. Всушност, како уопште и открија? Мене би ми било потажно ако човек не се бунтува и си седи на газот во таква ситуација. Тажно ќе е ако се претвори во испран мозок.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Стигнав конечно со епизодиве :D Општо за сите 4 излезени досега:
    Сѐ потешко за Џун станува, дополнително и со грижата на совест за жртвите околу неа додека е „заштитена“ поради бременоста. Прво измачувањата на другите handmaids, сега и ова со семејствово... Ептен непромислено постапи со бегството, онака ко на хорор филм кога ти иде да му викаш на некој лик да не оди некаде :D ама па кога ѝ го пере мозокот тетка Лидија дека е за сѐ виновна, ми иде да ја гушнам и да ѝ кажам дека за сѐ е криво само психопатсково општество :punch: (...уф, серијава :bandit: :bug: :D)
    Актеркава што ја игра тетка Лидија читнав дека за улогава добила награда на Emmy за споредна улога, и со право - не е лесно да се долови таква изопаченост 8-|

    За Ник, и јас како Лили осеќам дека ќе заврши лошо нивново со Џун, во првата сезона мислев во секој момент дека ќе ја предаде, сега дека ќе го убијат... А не сакам, баш ми се добар пар.

    Во вторава сезона, која содржински излегува од рамките на книгата, ја разработиле и хомофобијата како дел од порастот на Гилеад. Емили ми беше впечатлив лик уште од почеток кога се појави како Офглен, а со нејзината приказна опфатена во втората епизода - уште повеќе. Се надевам дека некако ќе се извлече читава од Колониите (кои патем како само се прикажани, бррррр :x) и пак да се сретнат со Џун...
     
    На 1209, Bender Rodriguez, k.frosina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    нели тој маж и на Џун изгледа скроз индиферентен или само мене така ми се чини ?
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.765
    Пол:
    Женски
    Не ти се чини, токму така е. Затоа и реков со Ник се добар пар, и баш како лик он ми прирасна за срце, а верувам и на повеќето фанови...
    Screenshot_2018-05-13-20-08-09.png
     
    На k.frosina и LiliBoz им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.782
    Пол:
    Машки
    Искрено, сакав да почекам да излезе цела втора сезона па да си ја изгледам одеднаш, ама мојата лепша половина имаше други планови, па така и ја стигнав до 4-тата епизода. :D

    И додека сите ја чекаме наредната епизода, да ги споделам моите досегашни впечатоци за вторава сезона.

    Да бидам искрен, првата сезона ми се свиѓаше прилично многу и од повеќе аспекти беше верна на оригиналниот материјал на Атвуд – кој исто така ми се свиѓа. Особено ми се допаѓаше недоречениот крај (на книгата и на првата сезона) и, според мене, фалеше уште епилогот од книгата за серијава да биде совршенство од една сезона.

    Затоа и бев по малце скептичен кога дознав дека ќе има и втора сезона – затоа што тоа ќе значи тотално раскрстување со изворниот материјал и целосно препуштање на стварите во рацете на сценаристите. Ама во секој случај, бев љубопитен да видам што ќе се случи.

    Нема да лажам – првите четири нови епизоди ми беа прилично млаки и разочарувачки, особено ако ги споредувам со првата сезона. Прекрасно снимени, но им недостасуваше суштина, а недостатокот од суштина се обидоа да го надокнадат со непотребно долги сцени со суровост и измачувања, со цел да поттикнат емоции кај публиката со тоа што ќе ја шокираат или ужаснат. Од овој аспект ме потсети по малце на последната сезона на Ханибал, па донекаде и на Панишер.

    Носење на сите хендмејднс на бесилка (патем, штом ја видов сцената од претходната сезона у која тета Лидија им вика „there will be consequences“ одма знаев дека бесењето ќе биде лажно и дека е нејзино масло, не требало да ја стават таа сцена у потсетувањето на претходната сезона), горење на раце, сечење на прсти и јазици, она што го снајде еконосемејството – сето ова, во претерано издраматизиран и избрутализиран облик беше вметнато со цел да се оттргне вниманието на гледачите дека практично ништо не се случува цели четири епизоди. Немам ништо против суровост и насилство сѐ додека има поента и е релевантно за приказната, но истите не можат во никој случај да бидат замена за самата приказна.

    Искрено се надевам дека грешам и дека серијава ќе добие некаква поента и суштина понатака у сезонава, затоа што стварно не би сакал да се претвори у R-rated теленовела со наслов Desperate Handmaids, која ќе штанца епизоди и сезони за пари и гледаност.
     
    На 1209 и Mishela им се допаѓа ова.
  14. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Blessed be the fruit 8)
    Се изнервирав од последната епизода...
    Веќе губи смисла серијата, се се врти во круг. Очекував пресврт ама тоа е.
    Инаку само мене ли Џун ми е антипатична :wasntme:
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    Зашто касни епизодата?
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Утре ќе ја има на торент, денес се емитува, не касни.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    ЛеЛе.
    Гледавте ли?
    Ако не сте побрзо да гледате. 8-|
     
    На marta993 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.529
    Допаѓања:
    28.642
    Пол:
    Женски
    Серијава почнува да ми станува досадна 8-|
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Па, можеби, премногу бавно се движи. Нешто треба да се убрза. Ама последната сцена вредеше за чекањето.
     
    На k.frosina му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.270
    Допаѓања:
    226.739
    Пол:
    Женски
    спојлер плс. нестрплива сум а знаеш немам нет овде.