1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказната на робинката (The Handmaid's Tale) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од DzingrlakaDzikica, 9 мај 2017.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    Фред е задолжен за отворање на нов центар за хендмеидс. На денот на отворањето присуствуваат многу команданти, но и многу хендмеидс. Офглен истапува од редот, влегува во салата кај што се сите собрани, ја крева раката, прво свртена накај другите (кои стојат надвор одделени со стакло) за да им даде шанса да бегаат, потоа се врти накај салата, почнува да трча напред и ја активира бомбата. Бум!
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    не знам друга серија на која ме дрмала срце повеќе...
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    5.432
    Моментот кога Офред ја молеше Серена да си ја види ќерката, толку беше болно за гледање...Жена му на Ник ми оди на нерви, се надевам нема многу да ја има понатаму. Се прашувам ако не преживее Фред што ќе се случи понатаму со Серена и Офред?
    Серијата е стварно толку реално и со емоции направена што на некои сцени просто полна сум со гнев.
     
    На LollySky, Someonespecial, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Колку добро си ја разбрал.
    Само би додала дека, и денешните 'напредни' општествени уредувањаа не се далеку од од приказнава, не само Шеријатските земји. Голем дел од настаните се вистина во овој момент... се разбира без екстремот со униформи и полициска држава, но малите, суптилни 'пренамагања' еден куп жени и мажи ги живеат во моментов низ целиот свет.
     
    На moon1 и LollySky им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Гаддем, гаддем! :clap: :clap: :clap:
    Сцената на крај,леле кој ќејф, леле кој ќејф успореното трчање со бомбата во рака. Па и песнана па уште, ау. Up yours, indeed. :D
    Нејќете да знаете што му посакувам на Фред, каков да излезе од таму:D Умрен е.. ту изи.:x
    :devil::devil::devil:
     
    Последна измена: 24 мај 2018
    На Someonespecial и LiliBoz им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    Работата е што сега гледам е отпорот до каде е способен да оди. Ако умре некоја црвена so be it. Решени се да ги жртвуваат и нив ако веќе дојде до тоа. Како и што дојде. Интересно.
     
    На LollySky, Someonespecial и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.585
    Допаѓања:
    80.672
    Пол:
    Женски
    Интересен пресврт, ме интересира како ќе се одвиваат нештата понатаму. Мислам дека требаше нешто вака да ги раздвижи настаните малку од малку.
    Претходната, па и оваа епизода ми беа баш „садистички“, секој лик од своја перспектива...
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Па конечно една satisfying епизода, ко-неч-но! :rock:
    Освен крајот со бомбата, прајслес ми беше кога студентите ја свиркаа Серена во флешбековите :devil: Иронијата кога бараа слобода на говор... уште еден страшен и малку познат момент од реалноста.
    Помислив дека на момент омекна кога ја молеше Џун за Хана, ама не... Одвратна е, тотално исперен мозок.

    Баш ме интересира што сега после експлозијата и без Фред... кој ќе чека до среда 8-|
     
    На violetblue и LollySky им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    И колку беше морничава сцената со Ник и жена му? Дете бе, 15 години. :puke:

    Трошка емпатија немам за Серена, посакував да беше успешен обидот да ја убијат. Крајно ми е одвратна. Се е испревртено во серијава, она се бореше за слобода на говор, само за да им ја одземе истата на сите жени.
    Грозна, уффф... Ќе умре сигурно и оној на Ник што ќе му помогнеше.
     
    На Joi, LollySky и Someonespecial им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Конечно, нешто да се случи у серијава, а таман почнав да се откажувам од надежта дека вторава сезона некако ќе тргне на подобро.

    So we're cheering for suicide bombing now? Okay, that happened. :D

    Секогаш ми е интересно кога некоја серија ќе успее да ни ја измени перцепцијата за некоја ствар која претходно не (ни) била прифатлива - да навиваме за брутелен сериски убиец (Dexter), да навиваме за инцест (GoT) и сега, да навиваме за бомбаш-самоубиец.

    Знам, знам, некој ќе рече дека ова е скроз поинаку - бомбашите-самоубијци убиваат недолжни и невини луѓе, а овде беа таргетирани само команданти и високи чиновници на Гилеад. Ама, тука беа и едно чудо хендмејдс, кои се спасија поише ради среќа него ради некаков план и намера.

    У секој случај, некогаш реакциите на гледачите ми се поедеднакво интересни како и серијата. :)

    Искрено, не го сфаќам толку големиот хејт за Серена. Мислам океј, знае да се понаша како кучка и очигледно е дека е наменета да биде villain у серијава, ама мислам дека Гилеад како држава е нејзиното франкенштајново чудовиште - нешто што дефинитивно не го имала како идеја кога ги држела своите говори и јавни настапи у минатото.

    Од она што досега го видовме, Серена се залагала за све ствари.

    Прво, имајќи ја во предвид алармантно високата стапка на опаѓање на наталитетот и плодноста, дека жените мораат да го стават опстанокот на човештвото на прво место и да ја исполнат својата биолошка функција на мајки - што, барем до некаде е common sense замисла, од аспект на општеството, ако не на индивидуата (и особено, жената).

    Второ, дека неплодноста е божја казна за човековата изопаченост и дека само ако му се вратиме на Бога и богоугодниот начин на живот имаме некаква шанса за опстанок. Ова е далеку од common sense, но не е нешто невидено или нечуено - многу луѓе го трубат истото и денес.

    У секој случај, поентата ми е дека сето ова е далеку од патријархалната теократија на Гилеад - целосното потчинување на жените, хендмејднс и останатите ствари се (како што видовме во претходни епизоди) измислица на мажите у општествово, а не на Серена или било која друга жена.

    Моето мислење е дека Серена не е воопшто задоволна од Гилеад, но е делумно in denial за сите ужасни ствари кои се изродиле од нејзината првична идеја - затоа што, сепак, и таа е една од идејните творци на државава - и дека, како сопруга на командант, до некој степен не е ни свесна за све што се случува.

    Би отишол и толку далеку да речам дека не би ми било чудно ако еден ден и таа се придружи на отпорот за да помогне у уништувањето на општеството кое некогаш помогнала да се изгради.
     
    На smooch, Joi, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    Каде точно наведоа дека Серена не се залагала за сѐ ова што се случува? Зошто толку хејт би имало за неа ако не се обидела да ги ограничи слободите на жените? Мене ми е верно дека се залагала за тоа жената да се врати на својата првична улога и да остави сѐ друго. Да, работите сигурно излегле од контрола, ама нејзиното залагање и нејзината улога не може поради тоа да се минимизира.
    Инаку, има и во многу серии, книги симпатични негативци, многу често работите ги гледаме од поинаква гледна точка, па ни се менуваат гледиштата и чувствата. Јас впрочем и затоа гледам и серии и читам книги. Ниту е оваа прва, ниту последна.

    А за хендмеидс ги имаше повеќе во зградата, не беа само тие надвор. Не знаеме дали и од нив нема жртви.
     
    На smooch, Joi, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez
    Јас колку што разбрав, книгата на Серена (A woman's place) e темел на општествово какво што е Гилеад и улогата на жените во него. Е сега, барем засега не е објаснето директно и буквално што таа напишала и пропагирала, и дали и колку со целово ропство и садизам врз жениве што го гледаме се забегало од нејзините „принципи“ - ама реакцијата на студентите (кои најверојатно се запознаени со нејзините идеи) зборува многу. Се разбира, имајќи ја предвид сегашноста можеме да речеме дека се многу во право со револтот, како и Џун, Моира, Емили со загриженоста во нивните флешбекови.
    Уствари и моментално во Гилеад, сопругите и тетките на зборови се изразуваат исто како она нејзиното тогаш - Господ, опстанокот на човештвото, традиционалните вредности, па...

    Дека е незадоволна од Гилеад - се согласувам. Ама јас барем сето тоа досега ѝ го сфаќам на некој себичен начин, а не ради неправдава или уште помалку да има некаква емпатија кон хендмејдс - баш напротив, во нејзиниот однос кон Џун гледаме сè најлошо што жена може да ѝ го прави на друга жена.
     
    На smooch, Joi, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @RainBow, @Someonespecial, за мене е и повеќе од очигледно дека првичната замисла на Серена (колку и да не чинела сама по себе) ескалирала и, на некој начин, и’ се плеснала од фаца.

    Не верувам дека жена која напишала книга, била говорник и еден од идејните водачи на движење би се залагала за општество во кое нема да и’ биде дозволено ни да пишува, ни да чита, а камоли јавно да си го каже сопственото мислење.

    Мене ми изгледа како нејзината идеја да е „киднапирана“ од патријархални, традиоционалистички мажи. Па така, „враќањето кон традиционалните семејни вредности“ се претворило во тотално угнетување на жената, а „враќањето кон христијанството и Бог“ се претворило во фанатична секта која гори цркви и убива свештеници, во култ централизиран исклучиво околу приказната за Рејчел и Леа и уште неколку старозаветни небулози.

    Бесните студентски толпи на нејзините јавни настапи искрено и не ми се некое мерило за тоа колку она што таа го промовирала било „лошо“ или „добро“ - бесни толпи има и пред клиники за абортус, и пред собири на религиозни фанатици, и пред настапи на Ричард Докинс, и на Џонатан Питерсон. Генерално, луѓе не сакаат да слушнат други идеи кои се радикално поинакви од нивните сопствени ставови. :D

    Така да, ја мислам дека Серена ниту го замислувала своето идеално општество како Гилеад, ниту е среќна и задоволна со тоа како работите испаднале. Ама ќути, делумно затоа што општеството кое помогнала да се создаде не и’ дава право на збор или избор, а делумно затоа што ако признае дека Гилеад е ужасно место, тогаш би морала да ја признае и својата вина во неговото создавање.

    Да не се разбереме погрешно - ја ниту ја бранам, ниту сакам да ја оправдам - само мислам дека (ќе) има нешто повеќе у неа како лик од обичен, класичен негативец и дека Серена се’ уште ќе може да не’ изненади у иднина. :)

    Патем, интересни ми беа паралелите и спротивностите од флешбеците од минатото и сега - како Серена е силната и водачот, а Фред и’ е поддршка и почувствителниот, како се бунат зашто не им се дозволува слобода на говор за да го кажат своето мислење, а сега такво нешто не ни постои.
     
    На Joi, 1209 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Ич не го гледав како, Отпорот и го испрал мозокот и ја жртвува туку, како скроз нормална (ненормално-нормална) појава во такви ситуации. Се случувало и се случува и ден денес да, кога од сите страни ќе те притиснат, битката станува баш „слобода или смрт“. Едно е да се седи пред лаптоп и да се дискутира кој-што-како, и да се рационализира, а друго е да се живее во таков систем и да си тип на човек кој не сака и нема да дозволи тој систем така да продолжи. Крај краева, благодарение на такви бунтовни луѓе се случувале промени.
    А, во такви ситуации, психата ти е до тој степен наштимана на некој бутновен mood што, и не мора некој некому да му рече, ај ти земи ја бомбава и разнеси се. Чиста психологија е, нешто ко кога луѓето се собираат и одат на протести. Доволно е еден да земе камен и да фрли, ќе видиш како сите други ќе земат камења и ќе почнат да фрлаат и ќе им е тоа ко вау момент на ослободување, бунт против...некој си таму.
    А, ваљда оти јас не видов момент во кој Отпорот на нешто ја принудува..тој дел од приказната го немаше. Видов само девојка која ја доведоа до степен да станува се“ по радикална и порадикална, и се гледаше како и жари душата :) одеше кон ова. Тие ствари секогаш ќе ми се свиѓаат. Далеку е од навивање за бомбаши самоубијци ко шо вика Бендер. Ти еве,гледаш нешто сосема друго затоа што си веројатно поразличен тип од мене. Јас гледам притиснат човек кому до толку веќе му е преку таквото од сето ова што, дошол до момент да со онаква насмевка ја извади бомбата и да без размислување се распука и да разнесе се живо и диво. :) Не ми се рационализира сцената до степен да мислам колку невини Хендмеидс сега погинале заради оваа. Ме интересира, што ќе се менува со Гилиард по сценава :) Ќе има ли некаков поголем ефект сево? Ќе има ли и порадикализиран Отпор?
    Затоа што, во таква ситуација, не можам да речам дека јас,мојата психа ќе биде до тој степен стабилна да по се и сешто, јас рационализирам и тропкам од врата на врата на секоја Хендмеидс и им велам, ве молам, утре во 12 часот планирам да се саморазнесам и да ги разнесам тие мадафакери. Потрудете се да најдете изговор и да не бидете таму. Solder mood е. Фокусиран(а) само на целта. И е набљудувано во многу слични ситуации.
     
    На Joi, Mishela, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    Воопшто не мислев на неа што се самоуби, тоа е нејзина одлука, сама одлучила да го даде животот за каузата. Не мислам дека и е испран мозокот, зашто како би и го испрале кога самата преживува и знае за што се бори? Ама ете, не е ништо црно или бело, и отпорот нормално дека ќе делува како што делува зашто инаку ништо не би направиле. Очајни времиња... Сепак, и тие хендмеидс што ќе умрат пак се жртви на војната.

    Како гледачи го имаме луксузот да рационализираме и да мозгаме што ние демек би направиле и да теоретизираме, нели, затоа и гледаме. Не значи дека некој е во право или не е во право, зашто се надевам никогаш не би дознале што навистина би направиле.
     
    На Someonespecial, Mishela, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    Одлична епизода бр 6. Гледам сега има нова, 7мата е пуштена на замунда. Во принцип тие најрано пуштаат.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Серијава. Ме изненади колку е добра. Многу поживописно ја доживувам, за разлика од книгата. Прв пат ми се случува, книга да ставам на второ место. Ја изгледав во 2 дена. Значи буквално.

    Серена, не се однесува како кучка, туку таа е кучка. Ова е мал збор за се она кое е таа. Жена, претходно толку моќна, очигледно не и доволно паметна, да се зароби себе во таков систем. Сигурно очекувала да биде лишена од сите тие правила, зашто помогнала да се креира едно вакво екстремно традиционално општество, ако не е и самата основоположник на истото. Поддржува една ужасна идеологија, еден ужасен систем каде што е дозволено да се крадат деца од биолошките родители, да се уништуваат бракови, да се силуваат жени, да се крадат бебиња, за да потоа се ослободат од мајките, да умираат жени во колонии каде копаат токсициди, бавна и болна смрт итн... И мислам дека воопшто нема проблем со тоа. Посакувам да го доживее најлошото. Ни малку не ја жалам. Нема во неа ниту трошка каење, оти да има, нема да ја вежба новата сопруга на Ник, како да и наредува на Џун, а и самата таа претходно да ја фрла иглата намерно на под. Се чини дека ужива во улогата. Ја мразам.

    Како поминуваа епизодите и флешбековите во истите, се повеќе мислам дека Фред никогаш не ја сакал, туку ја злоупотребувал како инструмент со кој ќе се постигне целта. Се воодушевуваше на нејзиниот цврст карактер и кога се бореше за правото на глас, а сепак и самиот тој, на крајот е уште повеќе воодушевен од општество во кое жените се безгласна буква. И него го мразам.

    На Офглен и го исекоа јазикот, ама драго ми е што не ја замолчаа засекогаш. Добар крај имаше последната епизода. Не го очекував тоа. Се надевам дека Фред нема да преживее, а дека Серена ќе пати како никогаш досега. И навивам за порадикален отпор. Таков живот, не е живот. Во серијава, ако за едните важи целта ги оправдува средствата, тогаш, зошто истово не би важело и за другите?!
     
    На Joi, Someonespecial и LiliBoz им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    Хммм... Последнава епизода не ме бендиса баш.
    Прво, вратија хендмејдс од колониите? Изложени толку време на радијација и што се не и очекуваат од нив здрави бебиња? Нон сенс

    Второ, застрелаа цело семејство, комплет со командант поради Офглен. А тетка Лидија која е одговорна за сите нив помина неказнето? Зошто барем не ја сменија?

    Трето, Фред изгубен целиот, едвај жив, поверуваа дека напишал документи со нов закон? Го видоа во каква состојба е.

    Четврто, Ник и Џун ко тинејџери си се фаќаат кај стигнат. Џун трудна хендмејд, ама добро, ко слободни да се се однесуваат.

    Троа дупкички се појавија.

    Повеќе мртви хендмејдс. Греота. Не заслужија такво нешто. Не ли можеа да земат во обзир колку невини ќе умрат? За што се борат ако и невините се мртви?
     
    На Joi, Someonespecial, violetblue и 3 други им се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.890
    Допаѓања:
    223.727
    Пол:
    Женски
    зошто имам чуство дека Ник гадно ќе го јаде?
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.797
    Допаѓања:
    65.516
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме дали тој новиот ќе замине мирно во ноќта како што планираа. Се надевам Ник ќе остане, некако интересен ми стана, ептен влезе во улогата актерот.
     
    На marta993 и LiliBoz им се допаѓа ова.