1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказна од мојот живот што ми остана врежана засекогаш

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од forever.young1, 29 март 2013.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Мај 2001-вата .. Никогаш нема да го заборавам тој Мај .. Бевме кај баба и дедо во дриг град поради немирите овде . Мајка ми не остави бидејќи беше итно повикана на работа , татко ми го земаа во касарна , дедо ми остана сам да го чува доботокот дома а баба ми беше со мене и сестра ми , бидејќи како деца бевме многу палави и немирни .. Тој Мај беше последен кога го видов дедо ми жив . На заминување многу плачев , сакав да останеме уште малку , но и се радував дека ќе го видам татко ми после неколку месеци поминати без да го видам и слушнам .. Дедо ми почина кратко по нашето заминување од таму . Жалам што не го изнагушкав доволно . Жалам што почина толку млад .. Жалам што не му бев на погребот да го испратам за последен пат .. Жалам што не бев таму кога во 2007-та почина и баба ми .. Поради училиштето ме пратоја дома .. Секогаш кога одам кај вујко ми , одам до кај нив , да знаат дека не сум им лута што ме напуштија толку рано ..

    И за другиот дедо ми е жал . За него веќе убаво помнам се . Вечерта си дојдов од школо , и право кај него во соба . Беше во лоша состојба и го чекавме моментот кога ќе го изгубиме . Сите бевме свесни дека не можеме да го задржиме веќе . Беше парализиран на 100% од телото . Можеше само да не гледа и слуша . Кога влегов во собата , ја затекнав мајка ми како со лажичка му става сок во устата . Седнав до неа на столче и немо гледав . Ги бришев и капките сок што му паѓаа од уста .. Тогаш сфатив колку ќе ми недостига .. Свесна бев дека нема да издржи . Знаев дека ја губи борбата .. И тој знаеше , и жално ме гледаше .. Ми поминаа сите спомени во 1 секунда . Почнав да плачам тивко , но не доволно тивко . И тој плачеше . Му се лееа солзи од неговите сини очи .. Мајка ми ме искара да не плачам дека дедо ми ме слуша .. Ќе го растажиш ми рече .. Тогаш веќе убаво се расплакав , реков дека не можам да го гледам како се мачи .. Реков дека ми е тешко , а сум свесна дека .. Ме прекина . Ми рече да погледнам во него . Го погледнав и видов како му течат солзи една по друга .. Ме слушна . Знаеше дека ќе ми недостига . Беше свесен дека умира . За 24 часа го изгубив .. Најтешкото збогум што сум го доживеала дотогаш .. Како да изгубив родител .. Всушност , и родител ми беше . Тој ме порасна . Ме научи на многу работи . Кога бев болна тој беше до мене . Ме носеше на доктор , на училиште .. Играше мајтап со мене , ме праќаше по цигари .. Каде и да одевме бевме заедно како двајца мускетари .
    Го сонував само еднаш . Не ми зборуваше ... Можеби ми беше лут што му немав запалено свеќа 1 година .. затоа кога бев по еден месец од сонот , му запалив можеби 10 свеќи . Да знае дека сеуште има место за него во моето срце , иако веќе не е меѓу нас ..
     
    На Rama, 1209, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.