1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приказна :)

Дискусија во 'Канта' започната од Hunted.x, 29 март 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hunted.x

    Hunted.x Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    3
    Нашата приказна не почна како од бајка, немаше романтични вечери, долги разговори за запознавање и слични такви работи. Се се случи пребргу, налетавме еден на друг како да сме исфрлени од временски капсули мегу кој настанала колизија. Во сета таа збрка не успеавме ни да се запознаеме, бевме премногу непознати еден на друг, не знаевме ништо за себе. Магичноста започна во мигот кога се запознавме, беше или мислев дека беше како бајка. Но траеше премногу кратко таа лажна магија и добрина. Те сакам ? Зборови кои пребргу беа кажани, зборови за кои многупати сме се покајале, или барем јас се покајав. Веруваше некој во нас ? Дали воопшто и ние верувавме. Се што помислив беше авантура. Но не тоа не беше еден ден, се уште трае. Не можев да заборавам, затоа што премногу болеше. Не успеав да бидам силна, да не потклекнам на шармот на еден женскар. Ме изневеруваше, свесна сум. Запирав, но не ставав точка, нерешително правев чекор, по него уште еден и на крајот запирка. Мислев ке биде подобро. А дали беше? Изневерувањето велат се простува со изневерување, но не мили мои, изневерувањето можеш некому да му го простиш, но не можеш да му го заборавиш. Можеш да бидеш слепа, глува и нема, но ништо од тоа нема да ја запре твојата болка. Во секој момент кога помислив дека тој се сменил, дека од утре ќе биде подобро бев во илузија или пак во длабок сон. Но не траеше тој сон долго веќе наредниот ден како гром од ведро небо ме погодуваше суровата вистина. Не тој не се менува. Поминуваа часови, денови, минути тој на еден крај јас на другиот. Далечина. Осамена. Закрепнував, полека и предолго. Кога мислев дека сум целосна повторно му дозволував да ме скрши, и тоа се вртеше во круг. Но дојде и денот кога решив дека е доста, моите родители не ме донесоа овде да бидам предмет, играчка. Се избалансирав со него, бевме исти. Најважното, во ниту еден миг, ни кога бев на дното, не го напуштив. Но успеав да му покажам и докажам дека јас сум силна, дека неможе да биде така како тој што ќе замисли, јас сум човек имам и јас свои идеи, замисли, и дека не е тој оној на кого би му дозволила да ме уништи. Тогаш се се смени, кругот се сврте, јас бев ладнокрвна, јас бев лоша, а тој трчаше, молеше, преколнуваше и патеше. Сватете мили кога ќе си ги покажете забите, тогаш ќе можете да живеете според свои правила. Не потклекнувајте им на мажите. Никој не е вреден да ве направи да се чувствувате безвредно.
     
    На Addrianna и bubibubibubi им се допаѓа ова.
  2. bubibubibubi

    bubibubibubi Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
     
  3. Hunted.x

    Hunted.x Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    3
    :* Благодарам
     
    На bubibubibubi му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.