1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Приклучување на USB во ТВ

Дискусија во 'Дом' започната од Hotty125, 10 март 2012.

  1. Hotty125

    Hotty125 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    25
    Има некој што се разбира во техника?:D
    Значи кај мене во соба имам ТВ -LG Full HD и сеа сакам со преку USB да гледам филм на ТВто..ама има место за USB ставање али пишува USB is for service only.И сега мислам би требало барем некако да се заработи и да можам да гледам филм на USBто што го имам симнато.Како да направам да ми се укл? И дали воопшто е возможно?
    Фала ,однапред:)
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Може некој ќе му затреба ова, па да појаснам.
    Некои приклучоци за УСБ на ТВ се исклучиво за да се направи само апдејт. Обавезно проверувајте си го УСБ-то да не е заразено со вируси. Инаку, нема некоја посебна филозофија, ставаш филм на флешот, го боцкаш во ТВ, селектираш на ТВ да го прочита УСБ-то и толку е.

    Јас немам никаков проблем со приклучување на УСБ-то во ТВ. Само имам проблем кога на ДВД го ставам УСБ-то, фонтот е многу мал, а никако не се менува (баш никако).
     
  3. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.073
    Допаѓања:
    17.216
    Пол:
    Женски
    а дали знае некој како да го укл усб на макств ресиверот има приклучок?
     
  4. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас имам Сони телевизор, без проблем гледам филмови, само УСБ-то го приклучувам на телевизорот. Само не знам зошто не ми се појавува преводот на екранот на ТВ-то?!? :?:
    А ако го гледам филмот на лаптоп-има превод. Може некој да ми помогне?
    BTW, кога гледам од УСБ преку ДВД, имам превод но не ги препознава буквите ч,ќ,ж,ѓ....ќе да е до телевизорот?!?
     
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    ^^ Јас кога гледам преку усб на тв, преводот ми е со бели букви и некако мали па мака си мачам кога читам, плус јас со наочари гледам тв, а не можат да се сменат, додека на двд можам да менувам и големина и боја на преводот. А за буквите ч. ќ, и, ж итн... некогаш ми ги чита некогаш не, затоа откако ќе го симнам преводот, прво ги менувам тие проблематични букви на компјутер, го зачувувам документот, му ставам име како од видео фајлот и ми ги чита и преку тв и преку двд.
    Миа, пробај најди го копчето-subtitle на далечинскиот и види дали ти е уклучен преводот, провери дали видео фајлот и фајлот кај преводот имаат ист назив (ако немаат, копирај го името од видеото и залепи го на местото кај преводот)
     
  6. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Ако сакаш и на ТВ да ти дава превод, мора да има исто име со филмот. Бирај превод што горе доле е сличен според името како насловот кај филмот и потоа ископирај го името на филмот и паст-ирај го на преводот.
    Значи rename -copy на филмот, па rename -paste на преводот, со тоа што преводот си останува со завршеток .srt.
    Јас така правам и 100% успева. Во случај да оди побрзо или побавно преводот, значи не е адекватен со симната верзија на филмот, па симнувам нов превод, му го менувам името да биде исто како на филмот и се надевам дека ќе биде ок :)
     
  7. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    ВероникаВероника, така и правам. Немам проблем со преводите, секогаш насловот на филмот ми е ист со насловот на преводот, кога гледам на лаптоп или со УСБ преку ДВД се е ОК, има превод. Проблемот е кога УСБ-то го ставам директно во телевизорот, тогаш немам превод. Претпоставувам дека нешто треба на телевизорот на кликнам, барав, ама не можам да најдам како да ги активирам subtitles на телевизорот. :worried:
    ФАЛА за одговорот!
    Знам дека треба нешто на телевизорот да кликнам, но не можам да најдам како да ги активирам subtitles на телевизорот.
     
  8. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Женски
    Јас имам филипс тв и го ставам усбто во приклучокот за усб и кога ќе треба да се отвори филмот вика нема фајлови за репродукција и што треба да направам за да може да го чита филмот мислам со повеќе филмови ми прави така не само со еден :( ве молам за помош.
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Провери го типот на видеото ( дали е avi, mp4 ..) да видиш дали го подржува тој тип на видео телевизорот.

    УСБ на Макств рисиверот не функционира.
     
  10. zaj4ee

    zaj4ee Активен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Јас имам Boom TV па на него може да се приклучи и USB, пробав го ставив уесбето ама незнам како да го отворам... Дали некој знае...?
     
  11. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Тие што имате ЛЕД телевизори, немора значи да бидат смарт фул ХД и незнам штосамо да ја имаат опцијата или приклучокот незнам како да го наречам ХДМИ. Можете да си купите ХДМИ кабел околу 200 денари е и го вклучувате едната страна во лап топ другата во ТВ и си имате на телевизИја тоа што е пуштено на лап топ. Не ви треба значи ни копи ни пејст ни ринејм.
     
  12. Anita Nikoloska

    Anita Nikoloska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2021
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Јас уесбе стик користам само за во автомобил
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Е да ама женава прашува за во тв.. а едното со другото си нема врска
    Или само нешто да се пише?!
    Те гледам и во други теми спамаш на велико.. плус и на секое прашање за правосмукалки и теписи одговорот ти е шарк на топ шоп и персеполис.. како потајно да ги рекламкраш по форумов...

    Немаше да пишам вака ама ептен веќе бодеш очи..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.