1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прилеп

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од crazylady, 31 мај 2011.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Јас сум од Прилеп и ме интересира што мислите за Прилеп !
     
    На barbie-hilton му/ѝ се допаѓа ова.
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Имам многу да коментирам за овој убав град.

    Прво имам и јас некоја прилепска жичка, од баба ми односно од мајка ми и сум горда на тоа.
    Предходната година прв пат го посетива(срам да им е на моите) и се воодушевив, затоа што ми се допаѓа и затоа што се чувствувам како дома, бар еден дел од мене така го чувствува.

    + тоа имаме и ќуќа на сред чаршија која за жал сега ке ја продаваме ради Х-причини, а што убаво си доаѓавме кога ке си посакавме и си седевме колку што сакаме. :worried:

    Срцето ми остана таму, Прилеп чекај ме, те посетувам летово барем на два дена.
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. barbie-hilton

    barbie-hilton Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    82
    Пол:
    Женски
    Љубовта ми е од Прилеп :inlove: град во кој би живеела после Битола дефинитвно е Прилеп... Го сакам и градот и луѓето. Навитина сте посебни :*
     
    На CarrieBradshow и eutixismena им се допаѓа ова.
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Мојот роден град! Најубавиот во целата Македонија!
     
    На CarrieBradshow и firequeenn им се допаѓа ова.
  5. avriill

    avriill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Нема што да се каже, Прилеп си е Прилеп. Најдобар! Си има и мани, али многи си го сакам мојот роден град:)
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Прилеп е убав за гледање... Има доста историски места, модерни паркови, еден куп фонатни и убави улици... Но има многу пропусти во културен поглед(мислам на театри, кина, претстави, концерти и слично), ми се допаѓа што има Пиво фест, што има влезено во Гинис, што за 20тина дена таму ќе дојде Чола... :)

    Сепак јас се навикнав на живот во Битола, всрце ми е! :inlove:
     
    На CarrieBradshow и loly89 им се допаѓа ова.
  7. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Не знам од каде си го донела овој заклучок, но Прилеп е еден од градовите на културата во Македонија. Барем 3-4 пати во месецот има претстави во Војдан, кино си немаме, но се прикажуваат филмови во домот на културата, концерти во Прилеп нема затоа што нема место каде би не’ собрало сите :)
    Како и да е, многу си го сакам Прилеп. Не знам како ќе издржам кога ќе заминам на факс надвор од него :(
     
    На CarrieBradshow му/ѝ се допаѓа ова.
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Тоа е затоа што не си била во Битола да видиш како работи театарот... Знам затоа што често одам...Можеби грешам но такво мислење имам за тоа.
     
  9. avriill

    avriill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Да, Прилеп е град на културата, и театарот добро работи, а тоа што нема кино не прави да има „пропусти“ во културата:)
     
    На ane.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.595
    Пол:
    Женски
    moжи кино нема ама има премногу други случувајна во Прилеп,да не ги набројувам сега,оти на сите му се познати.Прилеп пре убав град и пре добар народ живее во него :inlove:
     
    На loly89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Баталете го киното,што ќе ни е, и онака наскоро наближува Пиво фест ,ќе се изнагледаме трагикомедии и без киното :lol:
     
    На LittlePinky, ane.bella, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Во последните неколку години Прилеп е доста среден, мислам на паркови, фонтани, катната гаража и слично. За културни настани незнам колку често ги има пошто не сум од Прилеп, одам можеби два до три пати годишно. А и луѓето ми се допаѓаат, гостопримливи се.
     
    На eutixismena и crazylady им се допаѓа ова.
  13. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Ќе си земам за право да зборувам за Прилеп како мој роден град каде ги поминав најубавите години од мојот живот. Секогаш постои возбуда при одење таму. Да убав е , мене ми е, но дали градот или луѓето кои се тамуми го прават да ми е убав е тоа навистина е прашање.Кога дојдов во Скопје да студирам (каде што и останав) многу ми недостасуваше Прилеп. Мислев дека луѓето во Скопје се без душа без чувства. Ама сега од оваа дистанца не мислам така. Не ми се допаѓа што во Прилеп се провлекуваат навиките со години, ништо не се менува. Го поднаправија градот, нови паркови, улици, ( па добро тоа е политиката на владата не само во Прилеп туку секаде). Луѓето се поинакви, имаат навики кои никогаш нема да ги искоренат. На пример едни исти луѓе држат кафичи и сите како некои овци (извинене сограѓани и јас своевремено бев дел од вас) одат таму. Ама тоа биле само два кафчи...ако таму треба да се иде, и имате се на купче, и триесет и кусур годишни и некои по 15 кои родителите ги пуштиле до покасно. Дискотека??? Е нема дискотека, има нешто како ноќен клуб ( не знам исто ли е или јас поимиве ги испомешав)... Да ноќен клуб итоа еден не може да има два, сите одиме во еден и таму пак сите на купче, ама не не собира сите ако колку мозе толку па не бадијала има вработено вратари. Е вратар ти е најјаката професија во Прилеп, вратар си, фраер си. ( Е сега може ни средно не поминал ама.... 8) ) Нешто што со години се провлекува е излегувањето во сабота денски во град на кафе. Невидена шема е тоа, и обавезно треба да е тренерка шема, друго не се признава. ( ако некоја се прошета по штикли ќе јаде коцкасти погледи) .Многу го искритикував мојот град, знам. Ама има некои работи кои навистина ме вадат од котакт и кои никако не се променуваат. Го сакам искрено многу, таму се сите што ги сакам, ама мислам дека ако сега треба да живеам таму ќе ми треба време да се навикам.
     
    На GirlLove, crazylady и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  14. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
    Денес започнува пивофест повелете сите во Прилеп - најубав е!!!
     
    На loly89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Конечно настанот на годината во Прилеп- Пивофест јас мислам дека ќе се сруши минатогодишниот рекорд на испиено пиво и изедена скара на пивофест, а исто така и посетеност <3 ПРИЛЕП
     
    На ane.bella, crazylady и eutixismena им се допаѓа ова.
  16. eutixismena

    eutixismena Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    1.414
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Мене баш ми е симпатичен Прилеп. Имам роднини таму и како мала стално идев, имам мал милион слики кај тоа едно бело лавче. :D

    После, обавези едно друго и лани, конечно го посетив пак после долги 2-3 години. Еднаш по грешка стасавме со другарка ми во Прилеп, па бевме и на Пивофестот - вери, вери амјузинг. 8) Седевме три дена, преку целиот ден гужви, музики, пијанчишта... богами циркузи да гледаш. Избегавме за Цеца, сепак тоа е премногу за моите уши. :D

    Добри се и луѓето. Нешто што јас приметив, не знам дали е точно, но машките се многу позрели и подотерани од девојчињата. :lol: Малку звучи глупаво, секаде има нели средени, несредени, зрели и незрели, но од тоа што јас го видов... Не знам, можда и грешам. :emo:

    Инаку утре ви идам пак на Пивофест и едвај чекам да испијам пивце за живце и да каснам едно сендвиче со лесковачка, од тие малите. :D
     
    На crazylady и eutixismena им се допаѓа ова.
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
  19. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Суровата вистина за Прилеп.
     

    Прикачени фајлови:

    На senza.parole и glosipgirl им се допаѓа ова.
  20. MimSs

    MimSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Градот си е најкул али менталитетот шо е за никаде,за никаде е ... и при една најмала грешка шо можи да ти се деси че бидиш тема на разговор сигурно еден месец :D
    Инаку убав,среден,чист ... тој шо бил знај :D