Не го сакам !! На моменти не сакам ни името да му го слушнам !! На моменти го мразам, а на моменти сепак се чувствувам добро таму. Си имам јас свои причини. И луѓето не ги сакам. НЕ ГЕНЕРАЛИЗИРАМ !! Има таму и некои многу фини луѓенца кои ги обожавам, но само неколку. Повторувам си имам свои причини кои не би сакала да ги наведувам. Само едно е сигурно и секогаш ќе биди-таму се чувствувам слободна кога се во прашање некои работи. Да не заборавам да напоменам дека Прилеп за време на Пивофест е нешто сосема друго.
Ај сега да си кажиме реално Прилепчани без лутиш!! За Прилеп како град од надворешниот изглед немам никаква забелешка,се среди се исчисти,со паркови,со фонтани и споменици.Марку Куле,Куршумли Ан, Участакот, Паркот на Непобедените,има што да се види,во секој случај. Чаршијата и таа ни е 5ка,ама за прилепчани како луѓе и за нашиот менталитет има многу да се зборува. За ралика од источна Македонија имаме многу по примитивни свајќања за нештата. Простаци сме си. Ноќен живот,горе долу нешто. Во сабота едниствено имаме денска кафе шема и сите излегуваат да видат кој со кого е како е облечен. А за културата и за театарот и за тоа се во право малку,немаме баш многу културни случувања. Прилеп живнува единствено за Пиво фест и 11 Октомври. А и да не заборам си го мразам градов искрено. Ме гуши. Премногу!!!
За Прилеп како град многу многу и немам што да мислам затоа што одамна не сум била таму. Десет години можеби има. Ама затоа Прилепчани.... многу арни луѓе сте. Имам од факултет неколку колеги од таму, а со една од нив сум и прееемногу блиска. Многу комуникативни луѓе сте и добронамерни (добро сега, не може човек да генерализира, ама јас ете на такви сум налетала) и кај може човек да не ве сака со тоа ваше че? Еве ви бакнежи
Хипи фала на бакнежите и ме насмеа со претпоследната реченица...инаку и јас сум од Прилеп и многу си го сакам мојот град
Сум била во Прилеп и имам позитивен впечаток од гостопримливоста на прилепчани. Добри и добронамерни луѓе сте вие прилепчаните бе, ама и доста бучни. На одмор годинава сретнавме 2 семејства од таму, бучни, галамџии (да се знае кој е од Македонија бе) и одма на припомош за патот, за патувањето почнаа да зборуваат, даваат инструкции што како, па уште како домаќини да беа таму не пречекаа(ако си одеа наредниот ден) . А вашето ЧЕ е посебна прича, ЧЕ ОМ, ЧЕ ЈАМ И ЧЕ ДОМ. Интересно за слушање се согласувам со охриѓанкава над мене .
Сега гледам дека немам пишано пост за Прилеп, е*аго Мене во последно градов многу почна да ми се бендисува, дали поради прилепчаните, или поради тоа што многу се изгради не знам, ама градот дефинитивно ми буди насмевка Сум била многу пати, таму живеат луѓе кои ми се драги и секогаш ќе имам причина да го посетувам. Е сега во септември smells like tobbacco spirit , на секое ќоше се суши тутун, ама тоа е, луѓето од тоа живеат. Ми се допаѓа и идеата за пиво фест, од таму општината црпи приходи, и пиварите секако и се промовира градот, а мора да се признае дека овој градоначалник направи многу за Прилеп ( не дека не зема и тој пари од секоја ставена плочка, ама некој ни тоа не се мачи да го направи) Интересен ми е дијалектот, ама многу- колку се имам смеено за фермеле, фланелче, дипле, каначка, ах еден куп зборови ги има, мислам во македонски народни приказни сум , а како и нема да ме потсетува кога во манастирот Архангел Михаил се снимани сцените за Крали Марко и Црна Арапина. Ми се допаѓа и прилескиот хумор http://www.youtube.com/watch?v=97gvmPTK_64
Е ЈАС не сум одПрилеП ха,ха, ама често одам таму поради семејни релации навистина многу се дотера градо во последниве 3-4 години многу често одам на 10 спрема 11 јсти ;;ЗА ПУКАЊЕТО,, Таму имаам роднини по машка страна и сите ме сакаат и ЈАС многу си ги сакам супер луге си се ведри ,насмеани , позитивни ... ПРИЛЕПЧАНИ КАКО ПОМИНА ПОСЛЕДНОТО ПУКАЊЕ ОВАА ГОДИНА НЕ ДОЈДОВ ЗА ЖАЛ ?!?!?!?
Огнометот беше феноменален, ама времето ладно..не се издржуваше и мислам дека во споредба со други години имаше помалце народ баш поради тоа. Имаше поставено и бина пред участакот, го отвораа реновираниот участак, поставен е споменик на Кузман Јосифоски-Питу, а вечерта заврши со концерт на ансамблот Танец. Се’ на се’ убаво беше, само уште времето да сакаше да ни послужи
http://www.youtube.com/watch?v=3tImvC5UmDQ http://www.youtube.com/watch?v=l8tI2ZkLKkY Еве го огнометот во Прилеп. http://www.lajkujmo.info/like/9130
Градов ме ежи, е*аго! Сериозно Многу го бендисав кога го посетив после толку многу време, се воодушевив, се ѕверев во околината мислиш сум на Хималаите. Делумно се обидував да фатам по некој стар спомен кога со татко ми сум патувала и одела во Прилеп. Прилеп е светски а наш За разлика од другите гратчиња во Македонија, многу ме бендиса. Дали дека го посетив во најубавото пролетно време и дента кога стигнав беше прекрасно сончево, народ сегде, преполно беше си велам - туууу па мислим ово нема ни у Београду, ма где! Ваква гужва ни на Ленинова не сум видела Или дали заради друштвото....сепак како што реков се чуствував преубаво во градов. А околината го одзема здивот И толку многу прикаски имам слушнато за селцата во околината на Прилеп што секогаш се ежам уште повеќе. Еден ден, се надевам ќе се качам на Трескавец и Зрзе затоа што сите ми ги фалат и наводно навистина вреди толку да се испешачи. Имам прекрасни пријатели од Прилеп и не ги давам за ништо на светов оп стоп! Ете - можеби затоа го сакам Прилеп, врти сучи секогаш е до луѓето. Ама рака на срце Прилеп ми е уникатен заради природата околу него. А Марковите кули ги има само таму и уникатни се, да си признаеме. Прилеп
Фанелче е мор, не е фланелче Фермеле ти е она бабине како што плетат, а фанелче ти е нешто зимско, не мора да биде плетено Кај и да одам, каде и да ми е моменталната локација, Прилеп секогаш си го носам со мене дефинитивно. Си го сакам градот, во него го имав најубавото детство и тинејџерство. Памтам дека најубаво си поминував во 7мо одделение, диското Медуза кога беше и прв пат почнав да излегувам. Од 7 до 10 пуштени надвор, внатре сите по чекори си игравме на песните, сите исто, шеми бевме бе, шеми Уште ги памтам чекорите, уште ми иди на Party up in here така да си заѕенѕам Прилеп е дефинитивно најубав ноќе, никој кога нема. Е тогаш е мое доба и обожавам да шетам, да одам на места кои само јас си ги знам и да си седам таму со слушалките во уши и да уживам. Често и на Марковите кули одам, посебно во Недела наутро, тогаш ми е најубаво. Се сомневам како помала дека баба ми ме носеше кај нејзините комшивки и таму се собиравме цела улица за да се ниже тутун, па ајде една игла, уште една, трета... Па собрани цела улица таму, сите зборуваат, сите се смеат, иако е тешка и макотрпна работа, сепак сите со ќеф го работат тоа. Исто од Могилата си имам преубави спомени, нешто најубаво е таму да се биде во пролет, и тоа на тие последните клупи, близу до хотелот Салида, кај што не врват многу луѓе, ем зеленило ем тишина. Паркот кај судот е нов, но исто е преубаво, макар што летно време тешко се начекува клупа за седење, врие од луѓе. Убаво рекле, родниот град секогаш ќе си го носиш во срце, каде и да си. Вистина е така. Јас ќе те носам Нека се погодат временските услови, да се начекаме и те носам таму обавезно. Тоа мораш да го видиш, дефинитивно. Еве на Феминава си кажувам, доказ да има Бај д веј, тие што не се од Прилеп, а ме имаат слушано како зборувам, најмногу се имаат смеено за оломнани. Имам една другарка кога да ме начека ме тера оломнани да речам
Како ебаго, јас чистокрвна прилепчанка, дури сега ја гледам темава? Нешто не сум во ред или Нема врска. Еве да си кажам дека си го сакам Прилеп. Па и како да не го сакам кога цели 19 години живеам тука. Што се вика веќе фаќам стаж за во пензија :geek: Сакам да шетам и дење и ноќе. Па и шубо ни го средија центарот да ти е мерак да шеташ по новине плочки. Во недела ако е убаво времето милина е да си појдиш на Марковите Кули (Маркукуле) или пак на Могила. Прилепската скара ми е незаменлива. Си порачуваш сендвич од кај Балче или Стојче и ти носат пола леб низ кој ти излегува тоа плескавицата. Мх, мх... Која еуфорија за 11ти Октомври, поточно 10ти вечерта. Дефинитивно онај огнометон допира до мене пак и пак. А не знам зошто кога секоја година истото се дешава Па сабота денски пошто нели е пазар и тогаш најпреполн е Прилеп, дремиш во Вирус и се пулиш на сите страни и само трачариш. Си пошол кафе да пијаш а ти уствари седиш и сеир фаќаш :geek: Прилеп не е Прилеп ако нема скелиња со тутун на сите страни. Најбогати сме нема што. Кај и да се свртиш злато. Жолто злато. Има многу да се пишува за Прилеп. Ама ќе биде и тоа во некоја блиска иднина. А сега, Че ом Че јам и Че дом. Че те Чекам на Чошон кај Чешмана и Че прајме Чоече. Ете така
е ПРИЛЕП од кал да е чоек одПрилеп да е ЈАС не сум од Прилеп ама одам еднаш или двапати годишнп мм имат роднини таму ! П.С: многу си ги сакам сите братучеди од мажот ми ,,МНОГУ МИ СЕ ИНТЕРЕСНИ,, ко ке одасм таму од срце се смејам и ми се чинит дека си ги полнам батериите од нивната гостољубивос и од нивната ведриа ете тоа е тоа со Прилепот !
Одев често Прилеп поради роднинските врски кои се уште ги имам таму. Сега ретко одам. Град ко град, убав си е што му фали. Посебно ми се допаѓа што има доста поефтини цени на гардероба. Така беше во времето кога одев, сега не знам, може се сменило нешто. Друг коментар за Прилеп немам.
Ахх Прилеп..Градот под Марковите кули... Што би рекле Прилепчани Спојлер Маркукуле Прилеп е прекрасен,секој каде што се родил таму сака да живее нормално,но никогаш не би заминала од овој град НИКОГАШ! Тука е моето срце,моето тело,тука е се што имам...Моите пријатели,мојот сакан,моето семејство...Никогаш нема да заминам од овој град...Што би рекол Џумерко :
Ау, градот на мајмуните (прилепчанки, не се лутете, Македонија така ве вика). Прекрасен е. И баш сега е многу добро среден. Фонтани, кафиќи, продавници, а паркот.. сон е! На Трескавец се имам качено , а веројатно и на Зрзе, само не се сеќавам. И Пирамитке, да, Прилеп е светски, а наш!
Си го сакам Прилеп исто колку и Неготино до душа имам еднаш одено али тоа што го видов ме воодушеви, Си го сакам Прилеп зашто љубовта ми е од таму
Значи дефинитивно Прилеп претставува најизградениот град во Македонија во последниве 2/3 години.Прекрасен град, прекрасни луѓе(во кои спаѓам и јас ), друго за градо нема шо да се кажува освен посетете го сите и верувам дека ќе ви се допадне