Прилеп.. Моментално мојот 2 дом, а и ќе биди овие 4 години со ред сигурна сум, имам многу блиску роднини таму и одев поќе пати дури бев мала, памтам дека Долгоочекуваниот Тротинет ми е купен оттаму.. Сепак ми се допаѓа Прилеп, ми се допаѓаат луѓето, имам причина да ги сакам, досега сите колеги, колешки на факулетот ми се супер, искрено не сум сретнала лоши луѓе сега засега, гостопримливи пред се, се ќе напрат да те угостат, за да осеќаш супер. Градот ми е супер, среден, ме бендисва то шо има корпи насекаде низ крадот , а тутун можиш да видиш насекаде низ градот. Луѓе многу има нонстоп кога и да одам во центарот, искрено имате многу убави машки(еден веќе ме бендиса) , не ги давам за ништо другарките од таму за ништо. Дијалектот ви е пред се, ама стварно пред Се, вашето ЧЕ е незаменливо, денес баш со еден колега се инаетевме со ЌЕ и ЧЕ, ама никој не си можи со вас реално гледано Марковите Кули, Могилата, уникатни Ваганиве, се прснав од смеа ко слушнав. Море Чоек, едни и единствени сте ! Ептен ви го сакам градот
^^ Ади малце е оф топик,али мило ми е што ти се допаднал градот. И да има некој што употрепува вагани али мислам дека почесто употребуваме тањир И вашите пајнци звучат смешно
Прилеп...,градче во кое често одам на натпревари и искрено морам да речам браво затоа што се гледа дека се работи и вложува во него. п.с. ама тоа фонтаната што кај е градската библиотека мислам беше тука...ич не ми се свиѓа, како подземна вода да избива.Ни вдлабнатина, ништо нема.
Оваа година бев на едно шетање низ Македонија со моите искрено кога се вратив во Прилеп помислив Бооже колку чист град имаме улициве светат не можев да им се изначудам за разлика од другите градови од нечисти понечисти.. Рака на срце среден е премногу паркови на секој чош споменици тинтири минтири Луѓето не се лоши викаат кај прилепчанец да појдиш нема шанси да излезеш ненајаден и ненапиен..
Ps:Немој ни случајно да се омажите за прилепчанец оти големи се шансите да садите тутун,па да ви се е*е летото
Ајде прилепчанки ми треба малку помош. Дали знаете некое место се преноќевање во Прилеп, хотел, мотел со нормална, не астрономска цена? Или евентуално на крај краева некој ако издава соби.
Па нема лошо ништо во тоа , замислете саканиот и ти на нива си копате тутун, си берете, си нижете Ти му додаваш врвци тој ги беси Романтики
Нема да имате гајле сега, тие што садат тутун го работат со работници, па се тие им работат вие само ќе уживате. И да напоменам, како рекле стари, од работа нема срамота. Никој не го сака, ама баш тоа е резултат на сегашнава ситуација, кога ниту една фабрика не работи, луѓето мора да вадат за леб.
Од Прилеп сум, и едноставно го мразам градов. Јесда дека е среден, чист, убав, НО пробајте да живеете тука. Секоја ваша грешка се озборува цеееел месец. Како којзнае што да е. Менталитет катастрофа. Ако немаш маса во кафиќ, нема шанси да се излези. Ако не носиш марка на патики те гледаат . Да сум од друг град би дошла тука на некое време, али не сакам и не сакам да живеам тука. Ме гуши. НЕ ЧИНИ!!!!
^^^ немој да мислите дека само во ПП е така,во сите градови во Македонијава е така,и не бидете такви сами да си го кудите градот,ако ние сами не си го сакаме,како да очекуваме другите да не сакаат јас се гордеам што сум Прилепчанка и не тутун ако треба и макарони че садам
Колку само се согласувам со тебе. Значи јесте дека озборуваат, ама немојте да си мислите дека само кај нас е така, насекаде е така, а некаде дури и полошо . Инаку мислам дека имам пишано, премногу се гордеам што сум Прилепчанка, исто ПП е најубав и најизграден град во Македонија, и како што има пишано форумџиката над мене, не тутун ако треба и макарони че садам
Секој има право на свое мислење нели Јас кажав како гледам јас. А и да. По другите градови не е така. За пример го земам Скопје, сите си фураат свој филм, и никој не зборува за тоа кој како бил облечен, или зошто не носел најк или адидас и дали бил облечен во бојата што е во тренд. Така да ... едвај чекам да му кажам чао на Прилепов наш напатен
За тие што немаат можност еве да видите како изгледа Прилеп новогодишно украсен http://www.youtube.com/watch?v=tWTxXs2HTWo
пре убаво изгледа,а верувам во живо е уште по убаво.а ме интересира од другата страна кај комерцијална банка кај фонтаната тој дел дали е украсен?? или на други места таму кај сатот или пред М.Цепенков дали е украсено?? колку само ми недостасува градов мој 9 години во зима си го немам видено не знам сега како е ама јас кога излегував во мое време овој беше нај лудиот период од годината,прекрасно и лудо и незаборавно беше