Знам прашањево не ми е за тука Ако може некој низ Прилеп да ми каже кај има сребрари ?? Стрикно ке имат за во сребрара по прстен, во мојов град нема , па затоа прашувам за таму, да не ми биде залудно мафтањето до таму
Еден од поубавите градови иако цела Македонија ни е убава. На посебен начин си го сакам Прилеп, можеби поради потеклото на мајка ми
Искрено, во Прилеп не верувам дека ќе најдеш некој што работи со сребро, уствари има една ама го купува само за ситни пари, за некои 300-400 денари ќе ти речат да им дадеш цел копец Ама, во Крушево има едно чиче со стара златара, баш в центар, кај црквата, работи со сребро, преправа, купува и навистина добро го преценува, баш пред некој месец другарка моја си замена две сребрени стари пари и си зеде убав прстен и обетки Така да, ако си во можност да одиш Крушево,Прилеп лажат и со златото па не со сребро
Јас бев во Прилеп т.е бев на поминување и ништо не видов освен тутн Се надевам ќе успеам да отидам пак натаму да видам и нешто друго
^Ако дојдеш сега сигурна сум дека ни т нема да ја видеш од тутун Во летен период нормално е да се види тутун затоа што нели на повеќето прилепчани тоа им е работа за егзистенција.
Темава И јас сум од Прилеп и си го сакам градов. Можеби нема се и сешто и не е најубав, но си го сакам, посебен е
Многу е разубавен градот,а и луѓето се добри,барем оние коишто ги познавам.Исто така има многу манифастации,ете за Прочка треба да има карневал колку што знам.За Пивофестот немам зборови,преубо нешто(шо би рекле прилепчани).Баш ме интересира кои пејачи ќе настапуваат оваа година.
Некој од Прилеп да ми предложи бутик со свечени фустани. Инаку бев во Прилеп саботата, но касно веќе баш тие со свечени фустани беа затворени. Одамна немав појдено и многу убаво го средиле.
Прилеп супер се прољепшал, ептен го дурдисале градот. Ми се допаѓа храната во Прилеп, и имаат морам да забележам громен избор на гардероба, која патем и не е толку скапа.
сум била како мала во прилеп, но не се сеќавам баш најдобро... ама за пиво фестот ви бев, иако не видов ништо од градот, можам да кажам дека организацијата ви е супер, со оглед на нашиот опен фест вашиот е измислен... свака ви част, не зборувам за музиката ( за вкусови не се дискутира ) зборувам за тоа како ви беше организирано со штандовите за пиво, бината, озвучувањето беше добро итн итн
Во Прилеп студирав,таму стекнав мн.добри пријатели со кои и денес сум во контакт,таму имав подолга врска излегував на студенски одев на викенди на шопинг со другарките мн. ми беше убави пријатно и опуштено имам поминато мн убави денови и времиња ,иако сега одам мн ретко но секогаш ќе има посебен дел во срцето за мене овај град...
I jas sum od prilep Koga ke napravam sporedba megju skopje i prilep mislam deka vo prilep e poubavo pomirno ....malku povekje se ozboruva ama aj se na se ubavo e.....i sekako polesno e da se snajdis tuka otkolku vo skopje