Мислам дека е добро да има една ваква тема, па се надевам ќе се развие дискусија. Ако имате подобра идеја за наслов предложете, ќе го смениме. Зошто другарките со деца очекуваат да им ги чуваме децата кога ќе не викнат на кафе ? Ќе посочам личен пример. Конкретно се работи за тоа што кога мене ќе ме викнат на кафе за да се видиме, наеднаш ми тупкаат дете во раце и не го земаат назад доколку сама не им речам. Знам дека им е смачено и дека едвај чекаат некој барем на кратко да ги замени, ама мене лично ова не ми е океј. Има луѓе кои воопшто немаат ќеф да занимаваат туѓо дете. Има луѓе како мене, кои сакаат да го видат и да си поиграат со него, ама не за целото време додека се таму. Ми се случило раце да ме болат, а ми било непријатно да им речам. Се случило да им го вратам и за помалку од 5 мин да ми го дадат повторно. Имам размислувано повеќе пати на темата. Би сакала да слушнам ваши мислења.
Јас ќе пишам малку спротивно ама како е кај мене. Влеваат другарките ја зимаат беба и си играат 1,2ч и си одат Јасно кажуваат идиме да ја видиме. Јас ги оставам не ги прашувам на секој 2 мин дали им пречи, блиски сме и отворени, ако нешто им смета одма ми кажуваат и јас исто. Е сега со познанички, обавезно прашувам дали им смета, дури сум некогаш напорна или им велам 'Кога ќе ти смета, донеси ја, да не те прашувам на секое'. Незнам каков ви е односот, но ако сте ептен блиски очекуваат да му кажеш директно.
Јас сама не ја држев малата во раце, а не па да ја тупнувам на тие што дошле. Си лежеше на кревет или во релаксатор, сега си е на земја си игра. Нема зошто да биде во нечии раце. Е сега кога одиш на кафе кај некој со мало дете, нормално дека ќе го причуваш додека домакинката ти даде кафе и те послужи, па и во раце да е тоа, кратко е, 5 минути максимум. Ако не сакаш да го држиш, слободно врати и го. Јас лично гости викав за да јас се дружам, а не детето да ми го придржат. А обично си играат со детето, па многу и муабет нема да направиме. Од друга страна, тоа бебе е дел од секојдневието на твојата другарка, па кога одиш на кафе не можеш да очекуваш дека ќе го стави во друга соба додека си ти таму. Значи, би се согласила со членката погоре. Треба да имаш отворен однос, ако не сакаш да држиш туѓи деца да си кажеш и готово. Сигурно и таа мајка нема да сака да и седи детето со некој што не сака да го има во раце. На крај, можете да се договарате за време на дремките на детето или да излезете кога има кој да го причува, или воопшто да не се дружите.
@BabyT* Кај мене друга е ситуацијата, што буквално ми велат земи го, не можам повеќе. И нормално го земаш, го чуваш. @Spidy Воопшто не очекувам детето да е во друга соба или да немам контакт со него. Баш напротив, јас сакам деца, ако не ми го даде сама ќе го земам, имам другарки на кои сама им го земам и со ќеф го занимавам итн. Ама имам другарки кои буквално едвај чекаат да отидам за да им го чувам и тоа е тоа што сметам дека не е во ред. Се знае како е со мало дете, јас знам кај одам, ама мислам дека не е океј што се осеќам дека сум викната за чување не за кафе. Темата всушност не ја отворив лично за мене бидејќи јас знам кое е решението. Споделив чисто за пример. Ме интересираат повеќе мислења, па ете можеби некој и ќе се препознае.
@Annora сигурно им е напорно на другарките кои чуваат деца, посебно ако немаат помош од страна. Мислам дека тоа што одиш кај нив им е малку олеснување, зошто тие по цел ден се со детето. Колку и да негираат мајките тука, мислам дека има премногу моменти кога ти се здосадува да чуваш дете. Сум била во ваква ситуација, ама од култура не сум рекла еј не можам јас да ти го чувам детето. Час и пол, два максимум сум издржала. Ако не сакаш веќе да си во вакви ситуации иницирај средба со другарката во кафич, по можност кога ќе има кој да го чува детето. Не сакам ако имам нешто да и кажам таа да е на нозе и да се притресува дали треба да смени пелена или дали е гладно или дали свекрва нема да ја најде дома.
@Annora таквите мајки, што едвај чекаат да се "спасат" од детето, со тек на време ќе изгубат контакт со пријателките. Тие што немаат деца како тебе нормално дека нема долго да се дружат со нив (не си должна да чуваш туѓи деца), а тие што имаат ќе си се гружат за своето дете и нема да можат да се грижат за нејзиното. Така да, нејзина загуба што така се поставува со тебе, и греота за детето што има таква мајка. @Chopard колку и да ми е напорен денот, на сите кои ми биле на гости сум им рекла дај ми ја, седи пиј си кафе. Без разлика дали биле другарки, свекрва, тетка, сеедно. Најчесто луѓето сакаат да си поиграат со бебето, и супер што може да ти се најдат на еден саат, ама јас како мајка треба да знам дека тоа бебе тежи во раце подолго време, или може да гребе и скубе, а не се сите луѓе дечари и не се должни да се интересираат за моето дете. Сум била во ситуација каде пријатели на маж ми ми оставија две мали деца додека они пушеа цигари на тераса (читај:си муабетеа пола саат) а јас со бебе во раце ги пазам да не се качуваат врз трпезариската маса. Затоа тие не се веќе добредојдени, ниту сакам да им одам на гости. Тоа за мене е неодговорност
Не е некултура да кажеш не можам да ти го чувам, некултура е да го тупнеш детето без да прашаш дали сака некој да ти го чува.
@Mantub Па како така да кажеш не можеш да го чуваш, а си во нејзиниот дом ? Тоа испаѓа дека јас не сакам да го држам во раце бебето и дека сум љубоморна што немам мое. После ќе биде беше оваа кај мене не го зеде во раце, па ми вика не можела да го игра. @Spidy знам како си се почувствувала. Испаѓа тие се дружат и си прават муабет, а ти чуваш деца. Воопшто не сакам непријатни ситуации како овие, па затоа се трудам да ги избегнам. Пак ќе кажам ако навистина сака да се дружи со мене и да слушне што сакам да кажам ќе најде време без бебето, но прашањето е дали навистина е спремна другарка со дете да го направи тоа ? Би рекла не.
Ахахахах, ти кога одиш на гости може тебе ти е во ред и да позачистиш може и ручек им правиш, намини и кај мене ако е така
Јас имам другарка која не може да држи бебиња. 10 пати била на гости со сестра и кога бебево беше помало, сестра и ја зема и и вика сакаш ли ти да ја поддржиш, и она си кажува дека не сака да ја држи, мала била, страв и е, едноставно си кажува не сакам, ќе си ја гледам од страна. Сега кога малово веќе скоро и оди, ја зема ја игра ја шета. Не и се налутив јас тогаш, баш напротив изненадена сум сега колку ја занимава зошто знам дека воопшто не е дечар. Ти со другарката која ја даваш за пример најверојатно не си толку блиска, или она е лош карактер па знаеш дека ќе ти се налути или ќе ти замери. Мене еве ми рекле дека не сакаат да го земат детето од Х причини, па никому ништо.
Ако е бебето многу мало, да речеме уште нема три месеци и мене малку паника ме фаќа ако треба да го држам. Дали му е добро главчето наместено, па дали добро го држам, да не ме гледаат другите женски па да речат оваа не го држи добро, па да не ми падне. Мислам тоа е причината, некој неоснован страв и секако да не почне да плаче ако е кај мене
Океј, легитимни причини си се тоа, ама може и едноставно да не сакаш да го држиш. Не ти треба оправдување зашто не сакаш. И ако не сакаш нема зошто некој да се навреди.
Јас пак се нервирав што сакаа да ја земаат во раце. Другарка со мало дете кога се породив кога идеше се сакаше да ми ја земе за да здивнам, а ја уште да избегам со неа од страв од вируси и бактерии. Искрено па зошто сте другарки, не само за кафе муабет, ете она имала потреба од одмена, не е толку тешко еден саат да помогнеш на другарка која само што станала мајка и веројатно има превише обврски, хормони и све по ред... Ако веќе сметаш дека те злоупотребува можеш едноставно да се одалечиш од неа.
мене па ич не ми е јасно оти да не го причуваат. Дури и глупаво е. Дете на другарка да не го пофатам или поиграм кога ќе се видиме. ама да секакви има.
Не оди... додека не прооди детето У ствари.. тогаш може ќе очекува да трчаш по него Речи и' бе, како што нам ни рече: Сакам да си поиграм и да го оставам, не идам дете да чувам, туку муабет да си попраам со тебе. Ама нагласи дека разбираш оти и' е тешко.
Кога немав дете имав другарки кои имаа .Секогаш кога ќе сум отишле на гости или на кафе јас бев самоиницијативно со детето ангажирана.Обожавав деца и толку бев исполнета и задоволна после средбата што ги зборев на сите колку се слатки, цел месец. Обично така оди ти помагаш па ти помагаат.Ама за жал јас сум во странство па кога моето беше бебе само на мене ми паѓаа раците. Сега моето како поголемко дете 3 год кога сме со друштво пак е околу мама никогаш не оди кај непознати и не си игра со нив.Па никој не може да се пожали -ми го тупна детето. Сега од кога имам дете пак си играм со децата ама не како порано си ја штедам силата оти дома ќе треба пак некој моето да го чува , а тоа ќе бидам јас
Ок те разбирам дека мислиш некој вака ќе изреагира ама ќе ти кажам дека тоа не е нормално од негова страна. Јас додека немав бебе, ниту задевав друго(незнаев како), ниту пак држев. Едноставно незнаев како со бебе, но никој не ми замерил. Еве и сега кога имам, има луѓе што може не знаат, има и такви што не сакаат, да држат или занимаваат. Не им замерувам ни најмалку, ниту го коментирам тоа. Те молам немој да мислиш ако те поканам во мојот дом дека си обврзана дете да ми чуваш, се е сопствена желба. На жалост има секакви ама ако некој ти замери за вакво нешто, избегавај средба и готово.
Многу сум приврзана за внуците и многу ги чував, играв и кога беа помали, а и сега. Луѓето го знаат тоа и мислат дека многу сакам деца, дека сум трпелива со нив и сакам да ги занимавам, ама вистината е (колку и да звучам грубо) дека јас само едноставно ги обожавам МОИТЕ ВНУЦИ, а не сите деца генерално. Затоа стално сум се наоѓала во ситуација да ми тупнат деца во раце (и другарки, а особено роднини) демек искусна тетка ќе се справи со нив. Па морам заинтересирано да гледам “смешни” и “слатки” видеа и слики кои траат бесконечно, па да пеам песнички... и така Затоа си се држам малку на дистанца, знам да си поиграм 5-10 мин и тоа е тоа. Не думкам, не пресоблекувам, не ранам, не паткам повеќе туѓи бебиња.
Јас обожавам бебиња и мали дечиња и мене ми се лутат кога ќе ме викнат другарки и дремат додека си играм јас со детето нивно. Секогаш кога имам слободно време им правам боенки, им цртам работи што сакаат, им копирам стикери, ликови од цртани и секогаш кога ќе одам кај другарка со деца, децата се оние кои едвај ме чекаат да дојдам. Немам проблем и седум дена да не си го земе детето од кај мене, едноставно многу ги обожавам.