Па да де за членката не ми е јасно. Да кажеше страв ми е да го држам ке ми беше. Ама она пиша дека не сака да го држи 20мин дека раце ја болеле, жити се?! А страв за фаќање бебе сфаќам, зашто и маж ми првата недела за првото се плашеше да го крене, додека за второто немаше гајле.
Можеби таа реченица не е баш во ред, ама никаде не кажа дека така мора, туку дека смета дека тоа е право другарство, осносно да знаете кога треба да искочите во пресрет.
Тоа за мене не е така. Јас за туѓи деца не преземам одговорност. И пак сметам дека сум најдобра другарка.
И тоа е во ред, кога така ќе го кажеш, за тоа и зборам бар јас цело време. Ама ако и ќутиш пред неа, а на форуми збориш е друго. Тоа со одговорност е па сосем друго.
А,бе,не мешајте,темава е за принудно чување или држење на дете,не е за доброволно. Не е исто другарка ти да ти рече еве ти го,земи го,онака неочекувано да ти го тупне,и онака фино да те замоли да го придржиш или почуваш пола саат или нешто повеќе. И нормално е и тоа што некој нејќе деца. Другарот/другарката не е должен/должна да го држи или чува детето.Во ред е само кога е фино замолен/а и тој/таа го прифаќа тоа или кога сам/а се нуди.
Јас си кажувам експлицитно дека не сакам и не можам да држам/чувам/анимирам/занимавам деца. Луѓе што ми се поблиски знаат дека не сакам деца, ни свои не сакам да имам а не сакам ни со туѓи да се занимавам, така што не ми ни бараат вакви "услуги". А со некој што не сум баш блиска не верувам ни дека ќе ме праша да му придржам или да му почувам дете. Во секој случај, и да ме праша некој ќе си кажам дека не сакам и крај на приказната. И не гледам тука ништо спорно или навредливо ако си каже човек искрено.
Што сè нема да се изначиташ во мамички-centered тема, какви извртени гледишта за пријателство и дефиниции за топлина и емоции, па срцепарателни приказни, лекции, ова она... Среќа па немам во живо одблиску сретнато такви луѓе што мислат дека цел свет се врти околу нивните бебиња, а се надевам и нема да се претворат во такви поблиските другарки кога ќе родат. Во различни етапи од досегашниов краток живот, во семејства каде што сум влегла на гости додека биле моментално со мали деца, мајките дури и со премногу учтивост (а воедно и милост кон детето) настапувале во стил „немој да ѝ досадуваш многу на дада ти“. Јас не сум категорично „недечарка“, иако во самата себеси не гледам ни трошка желба за бременост и свое дете - многу од туѓите ми се скроз мили, знам да ги помилувам, закачкам и заиграм... ама бебе, со целата кревкост и нежност, едноставно преодговорно и страв би ми било да држам на пример. Не знам што entitlement ќе беше да очекуваш од секоја другарка без разлика на карактер (што ѝ го знаеш од претходно), сама да ти се нуди да ти помага со бебе при дружба, и да се лутите во спротивно. Мислам, секоја чест за оние што ви пружиле помош што вклучува и чување бебе во сериозни ситуации што сте ги раскажале, нема збор... ама не можете тоа да го очекувате од секаков тип личности. Некои едноставно не знаат, немаат искуство, ниту сенс за со деца, баш од одговорност им е страв да не оплескаат нешто... ама општествените норми ако не дотогаш, кога сте родиле дефинитивно толку навлегле во вас што ви е незамислив тој концепт во однос на жени и девојки. Али океј, „е*ате пријателството“ нека е, со овој мајндсет и така не ги ни заслужувате тие личности ако надвор од ситуацииве се навистина добри пријателки.
Не. За пари работам само работи кои знам дека можам да ги прам. Деца не спаѓаат во таа категорија. Назад сум со читање, четврта страна ама си реков да си пишам шо имам мислење пред многу работи да читам и да ме мрзи да го напишам. Јас сакам деца, не сум дечарка како поќето но да речиме дека имам слаба точка за нив, ама ... бебиња не држам. Деликатни се. Како мое дете ќе држам некогаш - не знам, ама знам дека туѓо бебе не држам. Има неколку исклучителни ситуации каде што имам држено дете - крштевка, седната на столица и такви ситници ама во глобала избегнувам. И се случвале моменти каде ми го подаваат и им кажвам: „не“. Тие кои не ми се блиски нека сфатат како сакаат, тие кои ми се блиски знат како се осеќам на темава и реално само нивното мислење ми значи. Дете кога ми идат на гости го заигрувам 30тина минути, толку ми држи мене внимание, а во тие 30 минути го „обучвам“ за активност само, со мала моја асистенција. Немам другарки со деца, и сите пати каде сум се нашла во туѓа куќа со дете било со другарки на мајка ми, каде мајка ми ме влечкала да не оди сама. Таму не осеќам никаква одговорност сем чит-чет муабет. Ама мислам дека дете на другарка ми би ми било мило да го галкам, да го играм, да го учам работи шо впрочем го прам во слободно време со комшивчето мало пошто ептен ми е при срце. Но не и да држам. В раце не држам мало дете. Кога би имала другарка ми дете и ми јави дека итно му треба некој да го причува, ќе одам. Итно е јбг, ама да одам на гости и да очекува јас да го чувам детето - не. Би го чувала дур и да ми јави да одам за да поспие. Без мајтап. Ама нели, да знам во шо се впуштам.
Ај не треси зелени, молим те Еве баш дека ти рече, ќе земам ќе одбијам дете за да бидам рамноправна со мажот и да можам да пијам кафе со другарки... Се гледа дека појма немате за мајчинството. Инаку маж ми редовно ја носеше / носи малата на кафиња со другари и ниеден од нив не мрчеле како жениве што знаат да мрчат
Не можам да разберам зошто не сфаќате дека минутажата не е битна, туку се работи дали таа САКА да го држи/чува детето. Како што некои гости не сакаат да го погалат кучето кога ќе дојдат на гости, така некои не сакаат да го држат детето. Ај да почнам на сите гости да им викам ај погали го кутрево 10 минути, гледаш ти се радува... затоа и дете не подавам на никој во раце, ако сака некој да ја земе, сам ќе си ја земе, небитно дали на 5 минути или 2 саата.
Во секој случај е подобро да не го земи и никому ништо отколку да драми дека И ГО ТУПНАЛЕ да го ЧУВА. Знаеш и сама дека чување дете и држење во раце не е воопшто исто.
Да се работи за нешто итно,јас би држела дете во раце или би го чувала и цел ден. Но,тоа е друго,итно е и ако нема кој друг да помогне,јас ќе помогнам. Но,не можам да држам дете во раце или да го занимавам ако ми е така тупнато без прашање. @fana Но,ти кажаа веќе,за некој кој не е дечар и 5 минутно држење во скут и неколкучасовно чување е исто. Сите сме различни.
Не е. Чување е да стануваш ноќе, да менуваш пелени, да те повраќа... и нормално дека тие работи не даваш гости да ги прават. Ама луѓе кои воопшто немаат деца, и не сакаат да држат 7-10 кила во раце за разонода, не мораат, и не гледам причина зошто тоа треба да се очекува од нив.
Па ке речам дека не сакам да го галам, а не со сила ке го галам и после ке се жалам дека ме силеле кучето да им го галам . Никој со сила неможе ништо да ве натера. Тоа она си е крива што кога ке и го подаде го зима, а треба кога ке и го подаде да рече извини ама неможам да го држам поради тие и тие причини.
Милион деца низ светот пораснале со алтернативни решенија за млеко, без доење. Иако не е најдобра опција прашокот, не е единствена за прехрана кај бебе. Како и да е, никаде не беше напишано дека мајките не треба да дојат. Поентата беше дека во ситуации кога мајката чувствува потреба дека не и до доење или не може да дои, сопственото млеко може да го замени со она во прав. На пример во ситуации кога доаѓа другарка/другар на гости, наместо по природен пат да го дои бебето со извадена града, може да направи исклучок, доколку бебето прифаќа. Впрочем, не е мит дека повеќето од бебињата се растени со млеко во прав, и се живи и здрави без здраствени консеквенции, и ова нема никаква врска со идеологија за рамноправност. Мајчинството правите да изгледа како нуклеарна физика, претставувајќи се себе како експерти, додека во суштина повеќето не сте ништо повеќе од себични суштества во чиј свет постоите само вие и вашите деца. Секоја критика ја прифаќате револтирано, реплицирајќи со доза бес (како ти во случајот кога ми се обрати со ,,не треси зелени" на пример, иако на ниту еден начин лично не те испровоцирав). Last but not least, задржете ја субјективноста за себе. Ако твојот сопруг го носи детето на кафе со другари, не значи дека сечии сопрузи ги носат децата со себе при друштвени седенки. Напротив, реалната слика е дека повеќето сопрузи свесно одбегнуваат да носат деца/бебиња на друштвени седенки, секако со чест на исклучоци. Тоа дека е така, сме сведоци во моментов со самото постоење на темата. Да беше поинаку во насловот ќе стоеше ,,принудно чување на дете на другар/ка" но, наместо тоа, полот овде е точно специфициран.
Не може тебе ништо повеќе да ти се докажува зашто стварно поима немаш што зборуваш, само ке те чекаме за некоја година со бебе низ темиве. Тогаш магично се менува мислењето и за мајчинство и за се И не е тоа себичност кај мајките, реалност е тоа, мајчинството е повеќе и од нуклеарна физика. На оние кои им е лесно имаат екстра помош, но немаат сите и тоа не е дека некој не сака да им помага, туку едноставно не може. Само мајки ке ти се изнасмеат на мислењево дека може туку така млеко да му дадеш на бебенце кое само цица. Браво решение за сите мајки најдe Една од старт не го доеше (намерно), туку ад млеко даваше за да може да е слободна да го остави на свекрва, маж и да може да искача. За вас ако ова е океј... нема што повеќе да се дискутира.
Не верувам дека постои мајка која дои и сака да дои, дека ќе воведе адаптирано, само за да пие раат кафе со другарките. Ниту шише, ниту града т.е ниту едното ниту другото се гаранција за обезбедување мир, за време на кафе. Давање млеко со шише, ги зголемува шансите да се одбие бебето од цицање. Секое воведување адаптирано, ја намалува продукцијата на мајчино. Која мајка за кафе, би го ризикувала ова? Причините за воведување ад, се/треба да се други. Ова не е соодветен аргумент на темава, @Nigredo Odor.
Повторувам дека никаде во постот не споменав комплетно откажување од доење. Додека на млеко во прав нај одговорно тврдам и лично и статистички дека се пораснати многу бебиња кои навистина немаат здраствени последици во иднина. Како што пишав - не е идеално решение, туку алтернативно и привремено. Секако ако не постои друго во ред е.