Ќе те видам кога ноќе ќе плаче и гледа како вампир, кога ќе има фебрилни конвулзии не дај боже, кога ќе трчаш ноќе по дежурни. Кога ќе се секираш за секој лек и намирница што ќе го дадеш дали ќе јави алергија. Кога за еден месец место да качи на килажа ќе падне цело кило. Да да, мајчинството е себичност. Сосем небитно е во темава мајчинството.
Адаптирано, се воведува ако има несоодветно напредување во тежина, недоволно млеко, здравствени проблеми на мајката итн. И не на своја рака, ами исклучиво по препорака на педијатар. Во спротивно, нема никаква потреба, особено не за кафе. Шо ќе му кажат на педијатарот? Јас сакам кафе да пијам, затоа барам ад. Бебиња што се на ад, се од старт така и тоа од причините кои ги наведов. И точно ништо не им е. Ниту имам нешто против ад, напротив. Но мајка која дои, ја зголемува шансата за намалена продукција на мајчино, со секое воведување ад. Макар и еднаш дневно. Тогаш се рипа подој, (а во таков случај мора одмолзување) ќе нема ниту продукција, а со тоа ни доволно млеко за бебето. Што значи дека постепено, ќе се случи и комплетно одбивање, за едно кафе. А да не ги пишувам воопшто разликите меѓу мајчино и ад. Не е место тука. Ниту адаптирано е решение за мајката да ужива.
Значи пак ќе ве прашам вие што не сакате да држите деца и ќе ве молам за конкретен одговор. Одиш кај другарка тазе мајка, сама е, маж и на работа, нема помош од никого, бебе сака нон-стоп во раце, ти се жали дека цела ноќ е неспиена и дека до вц не е појдена... Што ќе направиш? Ќе ја ислушаш и ќе ја потапшаш по рамо како многу ја разбираш, ќе си го испиеш кафето и ќе си отидеш.... ???
и јас тоа сакав да го прашам. Еве одиш кај другарка таа ај што сирота не може кафе да испие па уште и не може да седне муабет со другарката да направи. Па за така ич боље не оди на гости
Па на таа ако и смета 20мин бебе да подржи мислиш и е гајле дека другарка и не е спиена ич... И околу нив светот се врти, како на другаркава со бебе дома и е тешко, а она се утепала од раб и уште да и држи 20 МИНУТИ бебе? Немој раце ке и паднат Вчера бев кај другарка и бебето е 2м и станува на 10,20мин и ден и ноќ, од кога е родено не е асално спиена, има јаки грчеви и е нонстоп на цице, кенка, плаче. Само никој не сфаќа колку тој сон од бар 6ч е корисен за нормално функционирање, она вика среќна ке сум 3ч да поспијам без станување. И што треба маж и кој треба да стане во 6 за на работа да дежура и ад млеко да му дава за да се наспие она? И нормално дека со кеиф го држев и повеќе од 20мин иако и јас сум утепана со две мали деца дома, ама бар спијам повеќе од неа.
Ако ме замоли да го држам или причувам нејзиното дете оти ѝ се оди до веце или ако има итна обврска,а нема кој да го чува,тогаш ќе се нафатам да го чувам,па ако треба и 8-10 часа,но ако ме викне без да ми каже за што ме вика и само проба да ми го тупне во раце,нема. Ако само ѝ се спие,ќе треба да си најде друг.Ако нема,тогаш треба да проба да го заспие,па она да си легне.Или да му рече на сопругот да земе еден слободен ден за да може она да поспие. Другарката не е должна. Клучот е во учтива молба.
Тој маж не е 24 часа на работа туку 8 или 9. Му останува доста време да се наспие и да причува бебе за да може мајката да се наспие. Твоите 20 минути држење во раце ќе ја спасат мајката од колапс, нема грешка.
Нема да ја спасат ама нема зашто да ми смета. Епа извини ама бебето и цица на 1,2ч. Помагаат и маж и свекрва ама бебе кога ке зине да плаче за цице нема маж и да му даде.
Аман ама ако тоа не е помош, зашто темава е ЧУВАЊЕ НА БЕБЕТО НА ДРУГАРКАТА? Требала да пише наслов: Не сакам да држам бебе.
И другарката нема млеко за доење, збориме за чување кога не се дои, за доење се знае кој и тука ни татко ни свекрва ни другарка можат да помогнат. Нема спиење и тоа е тоа. Не врти на друга тема, за чување збориме не за доење. Може да надои па да продолжи да спие додека сопругот го чува.
Лошо е поставен насловот... воведниот пост збори за држење на бебето во раце од страна на другарката кога се излезени на кафе. А не за чување. Значи, ако сакате раат кафе без да мора да придржувате бебе/дете или да го анимирате за кратко пет минути додека мајката го шмркне кафето, тогаш излегувањата и кафињата планирајте ги без деца.
Колку што јас ја прочитав, не знаеше каков наслов да стави, само ситуацијата ја опиша и побара тема да се отвори. Насловот е веројатно смислен од кративниот дел на фемина форумот.
Некогаш е потребно да се делува. Некогаш зборови не помагаат. Ама ете нема да ти рече бидејќи те познава дека не си дечарка. Ти нема ли сама да се понудиш? И какви учтиви молби од другарка, зар за било што да и помогнеш треба учтиво да те замоли? Извини молим те! Мене ми е доволно другарка да си го сподели проблемот за да се понудам за помош, не треба да ме моли.
Епа еве и јас ја советував тоа, ама хормони, не и даваат око да склопи. Го слуша плаче башка (доста е гласен)... и викам спиј и преку ден кога спие, вика неможам. Па и тоа ја сфаќам зашто ни јас не сум можела да спијам преку ден колку и да сум уморна. Плус незнам колку знаете ама бебе осеќа нервоза и стрес од мајката, па кога го земав јас беше мирен, ми се насмеа, ми гугна. Додека мајката за тие 20,30мин (кои колку и да викате не значеле, значат), си испи сок на раат. 20мин со деца поминуваат како 5 и јас неможам да сфатам сеуште како на некој му е мака и го нарекува тоа 20мин, принудно чување на бебето.
Мене многу ми значи тој пола саат кога свекрва ми ќе ја земе од сабајле додека мм е на работа. Не да легнам да спијам, ама барем кафето на раат да си го испијам. Непроценливо ми е.
За него сфатив зашто немаше никогаш во живот фатено бебе, па кога рече страв ми е и мене веќе страв ми беше да му го дадам. А девојкава, женава што и да е, рече многу пати го размислувала ова. Тоа значи дека многу пати другаркава со сила и го дава да го држи? Има ли таа уста, глас за да и рече искрено дека неможе и не сака да го држи воопшто?
А каква е па таа другарка ако не ве разбере дека не можете да и помогнете со детето. Какво е тоа "принудно". Не сте мутави да кажете не можам. Свесно сте го земале детето в раце. Незгодно ви е да одбиете, па после другиот е крив. Инаку држење бебе в раце додека другарката е присутна ја не го сметам за чување. Чување е на пример да ме остави 2 сати насамо со него, па ова плаче, па треба пелена да му сменам. Еднаш имавме гости со бебе кое уште немаше три месеци. Мајкава ме праша дали сакам да го подржам, онака дали би ми било ќејф не за да го чувам, фино лепо ја одбив оти ми беше страв, бебата уште не можеше главчето да го држи. Поголемко бебе со задоволство би зела в раце.
Лично не ми е проблем да подржам бебе ако треба, ама кратко. А да го пресоблекувам, хранам или слични работи не. Ниту пак би се нафатила да чувам деца на неколку саати. Викате оти другарката не и каже на мајката дека не сака да го чува или држи. Епа баш ради такви мајки што ќе ја гледаат другарката ко човек да убила оти леле и' го мрази она на неа детето дека не сака да го држи и одма ќе прекине пријателство. И еве да го земе да го држи. Ако плаче и е немирно? Џабе ќе е. Да речете на другарка која воопшто не се разбира од деца да го чува детето е исто како на другарка која абер нема од електрика да и' речете да дојде да ви го поправи шпоретот јер ви е другарка. Ќе речете глупа споредба ама поентата е таа - ако нешто не знаеш како да го направиш- не го прави воопшто, а оној кој бара услуга бара соодветна личност за услугата, без разлика другар, роднина. Дури испаднаа недечарите дека не сакаат да држат дете јер не би им дал никој пари за тоа....Океј сериозно? Ако таткото е на работа до 4, после е дома. Ако поентата е доењето, не го дои ни другарката. Па и смешно било маж од 2 метри да му е страв да држи бебе. До која висина е прифатливо да ти е страв да држиш бебе може да знам? А ако другарката која нема деца ама е хирург ја замоли мајката да дојде да и усиса зашто таа била дежурна и имала тешка операција и не е воопшто спиена или било каква обрска и причина кои не се поврзани со дете, не верувам дека мајката ќе се нафати