Па како да рече дека не сака или не може кога такви како тебе стопати напишаа како е можно на некоја да и е проблем да држи дете на другарка? Може ја знае каква е па за мир во куќа држи. И не е веќе за тоа зошто не кажала, туку зошто воопшто не сака, нели?
А што ако плаче зајдува додека другарката го држи? Јас ќе седам раат? Затоа нема да ми биде од помош тогаш.
Некогаш за драгите личности правиме работи што не ги сакаме. Дури и кога се работи за мене некоја работа не би ја направила ако не сакам, ама ако се работи за блиска личност истата работа ќе ја завршам со задоволство. Ако плаче нормално ќе си го земам. Со сила работите не можеш да ги тераш.
Ај сега не оди во крајности. Сигурно ако плаче и заоѓа мајката не седи и чека другарка и да се справи. @Bridget да мене не ми јасно како да не сака да држи бебе 20мин, кое патем го држела веќе неколку пати. Ти не би сакала да држиш бебе 20мин? Зашто? Што тебе ке ти променат тие 20мин држење? @Tan4ence и таткото го држи, го чува кога не е на раб. Што и е мака на другарката да подржи бебе 20мин? Ако веќе сака да ја изнесе другарка и на кафе како кога биле и двете без деца, нека ја викне сама чим толку не и го сака бебето.
Лол темава Не знам што да кажам, освен што мислам дека дел од мислењава се намерно нереално пишани очекувајќи дека ние „немајќите“ бебе немаме видено, освен на слика. На едната другарка бебето не прифати цуцла, се смируваше само на града па другарка ми првата година од животот на детето го помина со цицките извадени надвор. Јас што порано бев за „дискретно доење надвор од домот“ сега голи цицки и брадавици од кои тече млеко ми се ко добар ден. Еве, да приумира другарка ми од умор, како точно можам јас да и помогнам? Она да спие, јас да му ја бутам мојата цицка во устата на нејзиното дете, за да не плаче? Цепки. Милион пеленки се сменија пред мене, ама јас никогаш сама немам сменето ни една. Сум одела да ја фрлам ама толку било моето. Ако има потреба, ќе научам, ама ете, сега не знам. Сите деца околу мене апсолутно мразат да се пресоблекуваат. Плачат и се обидуваат да се тргнат. Не планирам да се борам со туѓо дете за да му натнам маица. Или да го оставам валкано додека мајка му да се наспие? Туѓо бебе ни на крај на памет не ми е да бањам, ниту пак сама да го шетам надвор. А и да бидат искрена, ако мајката не е до мене, не би се нафатила да чувам бебе. Освен ако навистина не е е нешто крајно итно и нема кој друг. На другарка ми, до неа седнато малото, главеечки и се превртило и треснало на под, Среќа, ништо не му било. Дека и моите деца ќе ми паѓаат, ќе ми паѓаат, дел од растење е тоа. Ама не сакам да ризикувам со туѓи деца. Да падне и глава да скрши? А не, на таква одговорност не се нафаќам. Јас сум другарка и јас сум таму да го забавувам детето, да го поиграм и да го причувам на пократко. За повеќе, ќе си се снајдат мајката и таткото И? Од каква помош точно јас ќе и бидам на мајката што сака да спие и и треба некој да и го чува детето? Ем тоа јас, колку-толку што знам како со мали бебиња, и немам страв да ги држам. Живо ме интересира што помош се очекува од девојка која во живот нема пипнато бебе. Претерувате страшно, дури и смешно е да ве читам
Да ама во темава не се зборува за таквото чување. Тоа е веќе друго и секако дека не мора другарка да го прави тоа и мајка да го очекува тоа од другарка. Тука работата е дека го држела само во скут 20мин,30мин и зборуваме дека тоа не е чување на бебето. Еве нека ја преименат темава: Принудно придржување на бебе, за да е повеќе јасно.
Ако е мирно би држела. Се тегне ли, кенка, плаче...се знае дека си бара или храна или познато лице или некој да го забавува. Родителите си знаат што најмногу ги смирува или ги интересира нивните деца. Може да пробам да го смирам ако сум расположена за тоа, ако не, го подавам на мајката и ич око не ми трепнува колку е спиена. И јас не сум спиела, ни прва ни последна. И ако и фали сон зошто на кафе би ме викнала?
Ако не е спиена 4 месеци (има такви тешки бебиња што не спијат плачат, имаат јаки грчеви долго време, не сакаат во количка, релаксатор, никаде, туку им е убаво во раце само), нема да и одиш на гости на другарката? Како ке ти направи кафе со бебето во раце? Што мајка бараш кај неа на кафе тогаш ако знаеш дека е такво тешко бебето и како очекуваш кафе да си пиеш ти на раат?
@mariz, не е битно. Ако сака ќе држи. Ако не сака, што? Палење на клада? Прогласување за нечовек, отпадок, психопат, чудовиште? Прогонување во шума, со волците да живее? Напнавте и претеравте. И пола саат да држиш туѓо дете не е воопшто лесно. Напротив, страшно е одговорно и бара максимална концентрација. Лесно е кога спијат, предизвик е кога се будни и спремни за игра. Реков веќе, имам деца во близина, многу добро знам како е.
Оти си и другарка и смета дека може со тебе да се чувствува слободно. Првиот пост никаде не пише дека бебето се тегне и плаче да е така сигурно мајката нема да гледа и да се смее додека си пие кафе. Се може да се реши со 'Не сакам да го држам' ете толку едноставно.
Значи не го читате воведниот пост у темава па измешавте баби и жаби, курци и палци. Девојката збори за констатно бутање у раце на бебето чим отиде кај другарката, и јас би помислил дека ме вика да играм бејбиситер а не ради кафето. Сите сме биле кај пријатели со бебиња и ќе го земеш малку да го поиграш фала богу ама чим го вратиш не ти го бутаат пак назад. И уште нешто сакам да кажам, сите кога станувавте родители бевте свесни дека веќе ништо нема да биде исто, од каде потребата за патетика. Па ненаспани биле, уморни биле бла бла
Па другарката може да рече Не сакам да го држам, не дека не. Ама голем дел од мајките знаеме како би реагирале. Така да од некаква си култура мораш да ќутиш.
Темата не е одделена, туку е отворена од членката со наслов по нејзин избор. За мене лично не станува збор дека раце ќе ме болат или ми е мачно, туку едноставно не ми е згодно, не знам како да објаснам. Дури и покрај тоа што имам дете, сум имала бебе малечко, пак ми е страв туѓо да држам. Можеби и повеќе зашто сум свесна колку се малечки и некако... Не можам. Патем, која мајка цела неспиена и преморена со цицките постојано надвор извадени би викала другарки да им вари кафе? Јас не сум викала, ниту сум очекувала да дојдат и да ми го држат бебето, не знам, може затоа ми е чудна целава ситуација, А и се расплина темава, на некоја да и треба помош би отишла на саат-два, ама цел ден нема шанси да чувам туѓо дете, ни за пари ни инаку. Преголема одговорност ми е тоа. Ниту па некоја моја другарка ми го чувала детето, за тоа сме тука јас и татко и, ако ептен има огромна потреба и баба и дедо може да се вклучат. Од другарки не сум очекувала такво нешто. Сега се договараме и пиеме кафе без деца, или одиме во игротека ако сме со деца.
Сум се нудела јас да направам кафе, не ми се случило мајка да ми подаде расплакано и кенкаво дете за да она стои над шпорет.
Па може не сака да држи ни 10 минути. Не гледам проблем тука. Јас сум мајка, па други бебиња не сум држела. Гледам мајката си го нишка и не сум се ни понудила. Плус гледам дека се кенкави и не се ни нудам. И сега сум идиот? Никаква?Себична? Нека не се претерува.
Да дадам бебе, а поготово новороденче, на другарка која знам дека не сака/не знае/се плаши/нема осет, за да имам оддишка, треба да сум луда. Еден погрешен потег и може да заврши фатално. Оти ја фрлаат главата како фудбалска топка. Па уште и да се лутам ако некој се плаши од истово. Абе мене баби ме имаат одбиено за децата, па одлично стојам со нив и не сум се налутила. Тапа сте. Тешко е за мајка која е сама, точно. Ама тешко е и за оние кои не се мајки, оти и они имаат тешки денови. А тешко е побогу и за оние кои немаат "осет" за деца. Ова не е мерило за другарство. Иначе ја следам темава откако се отвори, ама никако не успевам да пишам. И побогу, никако да се сетам да викнам некоја од другарките на гости, па да можам да пишам мислење на раат. Еве денес маж ми е дома и не е со пивото во рака, па одмарам и го користам денот како сакам.
Еве и нека не е баш бебе, нека е дете од година и пол - две, веќе проодено или и малце поголемо. Тука не мораш да се грижиш за држењето на главчето, ама дете од таа возраст треба да го занимаваш, да не дозволиш да му е досадно макар што дете на таа возраст тешко седи во едно место. Така да исто и дете од над година не би чувала, едноставно сама признавам дека не знам како да се однесувам со деца и очекувам разбирање од оној што ќе го побара тоа од мене.
Не се чувствувам компетентна да пишувам на темава. Не сум мајка, деца сакам. Е сега дека осеќам одбивност да држам дете во раце - не осеќам. Ако моја другарка не осети потреба да држи дете, не мора. Не се лутам право на избор е. Инаку, немам другарки со бебе, ама ќе имам и сметам дека треба да и помогнам околу обврските доколку ме повика на кафе. Ете да го почувам, да измијам нешто, да средиме нешто па без оглед и злобна намера. Не очекувам дека и таа треба да возврати, сметам дека секој треба да прави така како што се чувствува. И се слагам со @Cka за вистинска другарка, меѓутоа дека членката треба да ја смета за поблиска личност. И драго ми е што уште постојат такви луѓе.
Па ако и е страшно нека си каже. Утре и она ке е мајка и неа ке и дојде другарката на кафе, сок било што. Како ке и направи кафе? Како ке го испијат и двете на раат? @Bridget ама тоа се искрени и вистински другарки. Ти правиш кафе, сепак и помагаш и искрено и кажуваш дека неможеш да се справиш со расплаканото бебе. Ама има и такви што ке седнат, нит ете бебе не сакаат да подржат, нит кафе да направат. А знаат дека веќе не е исто со бебе и без бебе. Неможе да очекува да биде исто како кога биле без бебе до нив. Мора искрено да се каже, а не верувам дека мајката ке се наљути. Јас би сфатила ако рече дека неможе поради страв, поради несигурност, дури веќе не би сакала ни сама да и го давам да го држи... Ама да не сака да го држи дека демек многу она уморна и раце ке ја заболат од 20мин не ми е ок. Тогаш ни она уморна не требала да доаѓа кај другарка и со поплачливо бебе кога викаш зашто ја викнала мајкава ако не била спиена. Јас имав среќа со мирни бебиња, другарки по 3,4 доаѓаа, а бебе во релаксатор си уживаше по 2ч. Го зимаа од кеиф и ги држеа, ама премирни бебиња имав.
Де бре Лиана фатално ќе било, ако така секоја девојка пред да стане мајка треба на курс да оди за да научи како се држи дете оти може фатално да заврши. Едно држење во раце направивте ко научна фантастика да е, а сачуј Боже некоја мајка да се пожали дека и е тешко со детето, одма светот околу нив се вртел.