Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудно чување дете на другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annora, 12 ноември 2019.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Ама и ти Мариз не треба да очекуваш од другарките да бидат бејбиситерки. Океј да се поиграат со него гугу гага бубу и ќе се усере и си го зимаш да му смениш пелена и не го тупнуваш пак назад без да го побара она така? Тука е целата поента на темава, само многу се развлекоа муабетите.
     
    На Harper, sj *O*, smooch и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А ако го земе во раце и недајбоже и' падне зашто не го фатила убаво?
     
    На sj *O*, Nigredo Odor и nextredstyle им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    А не смее другарката уморна да е и раце да ја болат? Зошто тогаш дошла на кафе? Па на кафе се оди да седиш и кафе да пиеш, да знаела дека ќе молерисува или бебе ќе думка веројатно немало да отиде.
    Добра поента има @Lianna Anna. Една тема фали на која се разврзува дискусија и ќе видиш уморни ненаспани мајки што немаат време 5 минути кафе да испијат како пишуваат цел ден :D Ама дојде ли другарка на кафе и цел умор се собира тој пола саат.
     
    На Harper, Purplelilac, Annora и 7 други им се допаѓа ова.
  4. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.263
    Пол:
    Женски
    Имаш блиска другарка? Еве имаш пример и одиш кај неа на кафе, има бебе 3,4м кое е доста кенкаво и сака само во раце. Мајкава те викнала на кафе, а неможе да ти направи кафе од бебчето. Како ке пиете кафе? Ке седиш и ке чекаш кафе по секоја цена? Па после и ке се наљутиш, оваа на кафе ме викна, а не ми направи? Што ке направиш?

    Очигледно немате пријателки.
     
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.263
    Пол:
    Женски
    Абе која бебиситерка од 20мин придржување бебе :rofl:
     
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    13.448
    Мариз, ај не претерувај. Ти сега ќе ми кажуваш дали имам или немам пријателки. Ко да јас не знам дали ги имам или немам. Еве ти мој одговор: имам другарка што ми доаѓала и доаѓа, она е уште девојка, јас детето го ставав во релаксатор (ова кога беше мала) и ставам кафето набрзина и тоа е тоа. Не и го тупнувам да го земе ако она не сака. И пак сме пријателки замисли. Не ја оговарам околу.
     
    На Harper, Purplelilac, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.263
    Пол:
    Женски
    Епа ако не ги викне после се жалат: Оваа бебе роди и никаде ја нема. Мора да има за се да се пожалат.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Тоа и на Лиана и го реков еве пак и тебе, ако паѓаа така деца од раце ќе имаше задолжителен курс за мајки на прво дете, оти прво на неа може да и падне штом и е прво и нема искуство со држење.
     
    На kukla21 и mariz им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.263
    Пол:
    Женски
    А ако не сакало бебето во релаксатор? Еве со комшикава нонстоп се дружиме. Второто и беше бебе кое не сакаше никаде да седи и нормално дека го придржував ако требаше нешто да направи.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    Па на секое одење бебето ако се дава ко штафета што е. И пак ќе речам, да го причуваш док она прави кафе или слично нема врска со темава. Тука се збори за постојано очекување да се занимаваш со бебето док мајката си пие кафица
     
    На slobodka и nextredstyle им се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @mariz, да, да, после темава, секако ќе каже отворено дека не сака да држи дете. Ама прво да си избере кој епитет највеќе и се допаѓа - модерна девојка, е*ате пријателка, или адио другарка. Убаво си пишавте како ги гледате немајките што не сакаат да чуваат деца, така да, будала ќе биде некоја отворено и искрено да каже.
    Верувам дека после прочитани мислења од тука, „недечарките“ ќе бидат поитри и попаметни, па ќе си смислат со време оправдувања од типот на „Чистев по дома многу, грбот ме искина“, „Месев зелник, рацете ми отидоа“ блабблабла.

    Искреноста би требало да е најдоброто решение, ама после овие мислења? Баш од страна на мајки кои знаат која одговорност е грижата околу мало дете. „Лелелелеле колку највеќе свет би сакала да го држам во раце твоето сонце, ама ете, знаеш, вчера морав прозорците...“ Ниту егото на мајката ќе биде повредено (зошто друго оправдување не најдов за небулозите кои ги изнапишавте на темава), ниту пак другарката ќе биде сметана за ѓубре.

    Ама не, навистина, дајте мало бебе на другарка што не знае дека главичката треба да биде исправена. Видете што ќе се случи :) Битно, вие наспијте си се.
     
    На Harper, Purplelilac, Annora и 7 други им се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.263
    Пол:
    Женски
    Епа кај бебе мало не се оди секој ден :)
     
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Епа има луѓе што не знаат бебе да држат. Ако не грешам има тема на форумот Дали ви паднало детето така нешто. Еднаш онака отворив и имаше постови каде ова се случило, без разлика невнимание или неубаво држење. Може да се случи, колку и да негираш. Некои се повнимателни, некои не се и може од раце да им се лизне.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Многу лошо ова што се пишува дека ако ти била искрена другарка ќе ти го причувала детето. Тоа само е мерило? Пред детето се што сте поминале во животот не важи. Ако не сака жената деца и не сака да занимава туѓи деца, јас не гледам никаков проблем.

    Мојот став е дека ако ти треба помош, треба јасно да го кажеш тоа. Не да викаш другарки на кафе и да очекуваш да ти го занимаваат детето. Не се сите ист калап и не им е на сите најзабавно занимавањето на твоето дете. Мене искрено би ме навредило ако ме викнеш на кафе, а после испадне треба дете да чувам. Многу лицемерно, зошто сум дошла да поминеме време заедно пред се со тебе, па пропратно и со детето. Ако ми кажеш од напред ми треба помош, ќе помогнам колку можам, зошто немам проблем со играње со деца и сакам деца. Или ќе ти испеглам/здиплам ако веќе детето сака со мајка му. Немам никаков проблем со помагање на мајките, сфаќам дека е тешко на почеток. Ама и мајките да сфатат дека не е секој таков и да си ги намалат очекувањата од другите луѓе. Твое дете, твоја обврска. Другите ако сакаат ќе ти помагаат, ако не не, и нема лутење за тоа.
     
    На Harper, Purplelilac, Annora и 9 други им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Па и од превнимателност може да падне.
    Еве прост пример: Сте легнале да спиете, си му стаила перниче и оп ете се превртело бебево.
    Абе сте ги гледале видеата за децата што прават навечер кога ќе ги ставите да спијат на креветчињата?
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.025
    Пол:
    Женски
    Не треба курс, факултет најмалку. Треба осет, треба желба. Мајката знае, има мајчински инстинкт со самото раѓање. Та има дури и такви што од старт се плашат оти нема да можат правилно. Даваат на баби да ги бањаат рецимо, ради тие ствари.

    Сите знаеме колку е критично ова со вратчето.

    И зошто воопшто упорно да го бутам на другарка која не сака? За да се одморам?

    И јас сум се пожалила дека ми е тешко со децата, исто како што се жалат луѓе од обичен работен ден. Жив човек, нормална ствар. Ама уморот нема да ми го реши другарка што ја викам на гости, а ја користам да ми чува дете. Свашта.
     
    На Harper, Purplelilac, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.243
    Допаѓања:
    125.698
    Пол:
    Женски
    Браво,Џони! (y)
    Ова ни е поентата!
    За итен случај скоро секој би се нафатил да чува дете,па и сам/а да се понуди.
    Но,не за ај дојди на кафе,па фуп,на ти го детево,држи го во раце.
    И ние кои не сме родители,сме уморни и ненаспани,ете некој студира,а некој работи,така што мајчинството не е оправдание за да се тупне дете на човек кој не е должен да го чува и занимава.
    Има професионални бејбиситери ако е за тоа друг да го причува.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  18. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Извини,ама тебе споредбава ти е многу глупа. Затоа што не е исто да чистиш ѓубре, да бидеш келнер и да чуваш ДЕТЕ за ПАРИ. Ѓубрето ни ти плаче,ни ти моча, ни ти кака ,ни треба да го занимаваш.Па,после фрчат видеа со луди дадилки кои малтретираат деца.Секоја чест на оние кои си одговорија искрено. Когавеќе треба да бираш. работа која не ја сакаш, а ти требаат пари,подобро е келнер или ѓубреџија,тогаш не зависи од тебе ничиј живот и ментално здравје. Со длабока почит и кон двете професии.
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.244
    Допаѓања:
    76.263
    Пол:
    Женски
    А која е поентата ако на девојкава еве упорно и се случува тоа и упорно оди кај другарката со бебе?
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Темава само потврдува колку се нема емпатија меѓу жените.
    На пешачки кога кола нема да застане на мајка со количка - 90% од времето, жена. На ред на каса, жена не пушта жена со дете. И да не редам. Јас патев, успеав, ништо не ми беше, пати и ти.

    Раце да не ми паднат 20 мин да го подржам детето. Па уште и чување дете. Да се чуваше така дете.
     
    На wannaBeMomma, jacqueline.s, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.