Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудно чување дете на другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annora, 12 ноември 2019.

  1. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Ама сега ем не знаат да чуваат, ем сте за да го поддржеле. Не иде така другарчиња :)
    А вашата емпатија?
     
    На Harper, Purplelilac, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.323
    Допаѓања:
    126.068
    Пол:
    Женски
    Ниту една не би одела кај другарка која е мајка освен ако таа другарка реши да ја викне.
     
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Не е тоа чување и точка :)
     
  4. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    За какво чување на дете зборуваш?!(facepalm)
     
  5. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    ОК нема да ти ги чуваат, ни да ти ги држат тогаш ;) Со ваков став со точки, не знам и на кафе дали ќе ти идат :) Ама ти си знаеш не се мешам :)
     
    На Harper, Purplelilac, sj *O* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    А што заклучивме од обратната страна???
    Мајката мора љубезно да ја замоли својата пријателка - Те молам ако сакаш, ако не си изморена, придржи го малку бебево раце ми отпаднаа! И притоа треба 100 пати да и се извини зошто ја става во толку незгодна ситуација и на испраќање задолжително да и се заблагодари за големата помош.
    Оти ако те викне на кафе еднаш во месецот и притоа ти побара да го придржиш детето те искористува на подмукол и безобразен начин, хах!
     
    На kukla21, supergirlmb и mariz им се допаѓа ова.
  7. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Ама ти да си и упорно да ти дава "со сила" бебе во раце, пак на секое нејзино викање ке одиш кај неа? Ако стварно е тоа толку присилно, тешко, мачно итн. Ако толку мислиш дека те користи за и држиш дете, се жалиш, зашто пак ке одиш?
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.323
    Допаѓања:
    126.068
    Пол:
    Женски
    Не сум лоша.И да го сфатам тоа како користење,ако стварно некој пат има итен случај и нема друг на помош,ќе отидам.
     
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    И уште нешто, јас не зборувам од аспект на мајка која е ненаспана и на која и треба помош оти гледам дека Бриџит на тоа алудира. Имам помош и повеќе од доволна и знам да ја ценам и затоа ви посочувам и вам дека понекогаш не е лошо да и се најдете на пријателка на тој начин. :)
     
    На supergirlmb, Annath, BabyT* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.898
    Допаѓања:
    177.130
    Пол:
    Женски
    Ох прогресивци напатени. Почувале дете замислете!! :!: Мака им било...

    Во ситуацијата со принтерот од пред неколку страници веќе беше и претходно кажано нема другарство. Корист е и злоупотреба и нема потреба да се вложува во пријателство со човек кој ве гледа само од интерес. Ама таквите луѓе и за се останато се такви, не само за децата.


    Ниту дечар сум, ниту сум чувала дете пред моето, нит сакам да чувам туѓо. Ама, за најдобри другарки нема нешто што не би напраила.
    Да, под знак прашалник е пријателство ако меѓу себе сме толку “отворени” да праиме само селективни работи едни за други. Еве не знам и не сакам да бидам дел од такво другарство, без разлика за што и да се работи.
    Зарем никогаш за никого не сте напраиле нешто што не ви се допаѓа, ама сте знаеле дека на тој другиот многу значи? Нат најс дечки, нат најс!
    И не. Никој не очекува другарка да им изгледа дете, побогу! Се расфрлувате со зборови ко да ќе нема утре. Ете и јас се прашувам каква другарка ќе сум јас, ако со другарката со која се дружиме од пелени, сме поминале се и сешто заедно, да не и пофатам дете макар кловн изигрувала, само ради некои мои принципи? :^)
    Ќе пишев ај на некоја што и не ми е блиска, ете не сум дечар па ќе и кажам, ама па сигурно жал ќе ми биде оти и ги знам предизвиците во денот, и ги живеам истите. Што знам.. емпатијата не е ли модерна? Оти нон стоп иначе ја бутате и кај треба и не треба.. па се прашував кога стана аут? :?:

    Ах, да! За душебрижниците, мм топтан со мене споделува обврски, освен што не знае да ја смири кога ептен вреска и не дои. И едвај чека да пркне, за сам да ја носи на лулашки и на кафе со него, оти и сите другари негови често ги земаат и децата со нив.
     
    На SexiLy, duffi, supergirlmb и 5 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    А такаааа. Сепак тука сте за придржување на бебче кога треба. Само како ке знаете дали треба? Со тоа што често ве вика, значи и треба помош. А вие како искрена другарка доколку не можете да одите и да помагате ќе и кажете и нема на секое да одите. А не ако ве вика на два дена и да сакате и да не сакате и да можете и да не можете да трчате кај неа, да подржите дете и после да ви текне чекај да се пожалам. Се си направила членката сама. Со сила не ја киднапира другарка и и и вика со нож под грло држи го бебето. Свесно оди кај неа и знае дека кога ке стигне ке држи бебе и упорно оди? Нека не оди ако неможе и не сака.

    Јас сум викала пријателки, ама еднаш на 2,3 недели. Ама помош дома имав, и многу мирни бебиња. Можев да ги однесам било каде надвор, спиеја без гајле. Машкото фати шише и за надвор молзев млеко, а женското пиеше и ад. Не сум имала потреба да ги дадам да ги држат зашто толку беа умни што седеа кај што ке ги оставам :)
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Оооох... ок. Не го давај на други луѓе те молам, не се способни.

    Јас кажав дека немам проблем да помогнам. Немам ништо против мајки и сфаќам дека е тешко. Ама наместо да дискутирате си играте игри на зборови во недостаток на аргументи зошто некој не би сакал. Пробајте и вие да ја видите другата страна.
     
    На Purplelilac, Nausicaa и nextredstyle им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.752
    Допаѓања:
    169.008
    Пол:
    Женски
    Не знам какви другарки имате шо чекате индиректно да ви кажат шо ги мачи место директно помош да побараат ама моја другарка ќе ми јави и ќе ми кажи шо мака има и јас ќе одам да поможам. Толку едноставно. За да спие, не за нешто друго, за спиење ќе одам и ако има уште некој ќе зачистам во рамки на можност со дете в раце.

    Мислам дека скроз промаршвате поента на то шо збораме. Мене страв ми е да држам деца, немам гадење, немам ништо, осеќам одговорност дека ако згрешам - ќе страда бебе. Ама ако е за помош ќе се снајдам некако, како не знам, ама некако.
     
    На Harper, slobodka, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.323
    Допаѓања:
    126.068
    Пол:
    Женски
    Постои разлика помеѓу принудно држење/чување и договорено.
    Темава е за изненадно тупосување на дете.Тоа не е во ред.
    И баш не е сигурно на човек кој нејќе деца,да му се даде да држи дете,па ни 1 минута.
     
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Lolipop23, абе батали ја :) Јас не сакав другарки кои оговараат и веќе не ми се дел од животот. Не беше лесна одлуката ама беше неопходна. Па така и ти. Или ќе ја прифатиш како таква другарка ти, или стави крај на пријателството. Леле Аман. Светот е преполн со луѓе, ќе преживеете и ти и таа. Мораш да се дружиш со неа? Не :)

    Не знам од каде толкава потреба за драма.
     
    На nightingale му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Јас неможам да ја видам другата страна зашто мене никој ништо неможе да ме натера со сила. Ако нешто не ми е убаво и не ми одговара нема упорно да го правам, а после да се жалам. Газда да ме тера да работам и работа плус која неморам, а да ми зависи работата од тоа и да се жалам ајде де, дури и тогаш неморам, ке најдеш друга работа кај што никој не те сили. Ама другарката да ме сили бебето да го држам? Како е тоа можно?
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ама еве и да сакам да го подржам или почувам - ако не знам? Ќе ми се тресат раце дур го држам и може секој момент да ми падне само зашто мајката е уморна? Значи за ваква работа треба и да сакаш и да можеш, не само едното.
     
    На sj *O* и nextredstyle им се допаѓа ова.
  18. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Каде е коментарот на членката дека сме раѓале за на другарките да му го тупнуваме детето 2 пати неделно по 20 мин?
    Shame on you!
    Не сваќате дека не е проблемот во тоа некој ако не сака да го подржи детето туку дека не сте искрени и не кажувате директно.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.267
    Допаѓања:
    76.319
    Пол:
    Женски
    Ке кажеш де и ке и го вратиш :)
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    Штом не можеш да ја видиш другата страна и тебе ти фали таа емпатија која ја бараше некоја членка погоре. Зошто емпатијата не е сожалување на некого, туку да се ставиш во туѓата кожа.
     
    На Harper, Purplelilac, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.