И мајката ќе го сфати тоа ко да не и' го сакам детето и тогаш е*ате другарката. Мислам по мислењава јасно се гледа како би реагирале најголем дел од мајките.
Од темава мислам дека треба да го заклучиме баш обратното, да бидеме директни и отворени. Јас секогаш сум кажувала дека не сакам и зошто, ама секогаш. Ако за нејзе тоа е причина веќе да не се дружиме... Ок. И тука зборувам не за директно барање на помош. Иако моите ме знаат каква сум, барем оние најблиските, од мене би побарале помош ако се нема каде. Ама ќе ја добијат тогаш секако, зашто и јас ќе знам во каква ситуација се. За подалечни, пријатели на маж ми на пример, воопшто не земам бебе, пет мин може колку да се рече и назад. Ич не го гледам ова како причина за растурање на пријателство, камо ли па долгогодишно. По себе си знам дека сите си имаат цврст став и мислење кога станува збор за деца и веќе сум ги прифатила како такви. И тие мене.
Ако детето има 2 родители,тогаш кога не може мајката да го чува,таткото е должен да го чува. Па,не работат сите 24/7. Еве,татко ми често работеше трета смена,па сепак после работа ме занимаваше и ме заспиваше.Знаел дека мајка ми била уморна и ги споделувале обврските околу мене колку што можеле. Кога не можеле тие да ме пазат,ме пазеле бабите,вујко ми или браќата. Мајка ми не ги терала нејзините другарки да ме држат/чуваат,туку самите тие се нуделе да ѝ помогнат. И ако некоја не знае како да држи и да занимава дете,подобро е да не го фаќа.
Тебе те чувале, тоа е сосема друго, овде е проблемот за држење 20,30мин. И јас не би го дала да го чува другарка ако не е сигурна
Тоа е проблемот? Темава кажува нешто друго. По сите што кажаа искрено дека не се дечари и дека не сакаат и/или не знаат со деца се фрла со дрва и камења. Себични биле, немале емпатија, како можеле да не сакаат да држат или чуваат бебе на другарка. Верувам дека најголем дел од мајките истото го мислат или би го мислеле за таквата другарка недечарка (ако ја имаат). Не може да очекуваш од некого да ти помага со нешто што не го бива. Може да ти помогне за чистење, пазарење, варење кафе ама ете за бебе не сака и не ја бива. Различни другарки ќе се најдат за различни работи кога ти се потребни. Како и ти нив. Темава каша попара се направи, а воведниот пост беше за друго.
Така е. Ако не сака да го почува, ќе стави другарката кафе, нема лутиш. Јас не напишав никаде дека нема да ми биде веќе другарка ако не сака да го држи бебето ама и другите претераа како сме раѓале деца за да ги тупнуваме на другарки да ги чуваат. Муабетот е дека членката не е дека не сакала туку и било тешко да го подржи 15мин во денот и наместо да и кажи на другарката директно, го зима, молчи и се нервира.
Целиот муабет е и за тоа дека некој/а нејќе да држи дете ни минута и тоа е во ред,но некои апла нападнаа членки со такво мислење.
Еве си во ситуација одиш кај другарка, она во едната рака држи дете, со другата става кафе, нема да се понудиш барем со едно нешто да помогниш? Или ако детето сака да стои /шета во раце и мајката така да го пие кафето од нога, нема ли да се понудиш додека да го испие кафето?
Во тој случај ќе ѝ помогнам,или јас ќе го сварам и ставам кафето во шолја или ќе го придржам детето 20-30 минути,што го имам направено за брат ми и братучеди,па нема да ми биде проблем ни за другарка.
Да ама сега да треба да пишете причина зашто не би држеле бебе на сите ке биде истата: од страв и несигурност. Никоја нема да рече дека не ги сака бебињата на другарките или дека нема да ги сака (доколку нема другарка со бебе) или дека и е мачно да ги држи. Ако станува па работа за другарка сите одма имате најблиски другарки и нивните секако дека ке ги придржите, па како што кажаа некои дури и ке помогнеле и низ дома. Епа сега чиво бебе не би држеле?
Ама ако ти го тупнат а ти го држиш и ќутиш, не го кажуваш своето мислење зошто мајката е тогаш лоша и себична? А ако и кажеш, а таа се напраи наудрена и не те сфаќа, тогаш тоа не е другарство. Додека ќутиш, нема што да окривуваш друг. Ова е хипотетички пишано, не за тебе. Исто е и за таткото, ако не го чува, не помага а жената ќути и не се буни, до жената е, односно мајката е, што трпи и ќути нешто што и пречи.
И ова го замислувам како ти го дава у раце, а ти не не не го враќаш и пак ти го бута и ти викаш не не сакам, не можам. И ти се дере ЗЕМИ ГО! И ти сирота со сила го држиш. А ако ти го подаде првиот пат и речеш не сакам... ако ти рече те молам земи го, ке го земеш без проблем Оф мори мајко...
Незнам какви ви се односите со другарките ама за таква работа јас не ги молам другарките. Ај подржи ја да сварам кафе или слично. Мислам дека стварно е безвеза Ај те молам ако сакаш земи ја да ставам кафе на моја блиска другарка да и речам. Ама може немаме ист однос и тоа е ок. Како и да е и ти би помогнала как
Епа нели се разбравме дека 5 минути причувување не е проблем, дури и за недечарите? Тоа е генералниот заклучок, или грешам. Патетиките почнаа кога се пиша дека другарките МОРА да сакаат со саати да чуваат дете, за мајката да спие. Во спротивно, не се другарки, не чинат и се себични Јас веќе неколку пати прашувам со што конкретно околу бебето ќе може помогне другарката која во живот не фатила дете, ама конкретен одговор не добив.
Ама затоа викам не е другарство ако немаш слобода да си кажеш отворено. Јас на другарка и викав: ај госпожа прибери си го малиов, и и го враќав. Ниедна од нас не се навреди, ниту она шо и кажав така, ниту јас што го држев. Оти сме блиски се да си кажеме.