Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудно чување дете на другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annora, 12 ноември 2019.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.069
    Допаѓања:
    21.724
    Пол:
    Женски
    Со тоа што искрено ќе ја праша што да ти помогнам освен да го држам и играм детето, зошто тоа не сакам.
     
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.248
    Допаѓања:
    125.712
    Пол:
    Женски
    Постојат релаксатор и количка,во едно од тие може да го стави бебето,а ако е поголемо детето,тогаш треба да си се снајде дали со бејбиситерка,дали со градинка...
    Кога нема опции,да треба да замоли затоа што не е во ред да ѝ го тупне детето на другарка недечарка.
    И некои луѓе те ставаат пред свршен чин,не можеш ни да објасниш ни дека нејќеш ни дека и да сакаш не можеш оти времето ти е испланирано.
     
  3. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Душо бе каква бејбиситерка за 20 мин? Мојата ни во релакс седи ни во количка ако не ја возиш, лази и секаде се качува па морам да ја надгледувам и во моментот мирна е само ако ја држиш во раце, и пак ќе се навратиме на истото...
    За каков свршен чин зборуваш ти?
     
    На supergirlmb и mariz им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.248
    Допаѓања:
    125.712
    Пол:
    Женски
    Секакви луѓе има.Некоја која е свесна нема да ѝ го тупне детето на недечарка,ама има и несвесна.
     
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Читајќи ја темава заклучив многу ладен народ сме станале. Ако е ептен тупосување на детето да го држиш во раце некоја минута, едноставно е, не оди кај таа другарка или кажи и дека не сакаш да го држиш. Пишал некој погоре демек за друго да помогнеле. Замислете другарка и вели на другарка, ела да ми поминиш со правосмукалка. Па тек тогаш какви мислења ќе има, оти нел, нека си плати жена. Ни другарство цените, ни роднински врски, а тек за мајчинство да не прајме муабет. Оти нели, кој те терашебда раѓаш дете(facepalm)
     
    На SexiLy, joy1, Spidy и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Абе реални сте со муабетиве? Се е ова прашање на добра воља. Може и таа другарка е преморена ама дошла на кратко да си ја зирне другарката и бебулето. Никој на никого не му должи работна сила, ниту пак чување дете.
    Ако ти треба помош, ќе се јавиш и ќе замолиш. Не да очекуваш дека тој што дошол на гости, ќе ти чисти и чува дете.
     
    На Harper, Purplelilac, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  7. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Ама ако и кажеш ти дека не сакаш да го држиш со сила ли ќе ти го ставе во раце? Ете незнам како изгледа ова..
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.148
    Не е колку ладен народ сме станале, туку дека секој почна повеќе да си го цени времето, па макар и во таван зјапал за тоа време.
    Јас обично одам реципрочно со секој, како тој мене, така јас него, и искрено од никого немам големи очекувања. Ако вие имате огромни и јаки пријателства, супер за вас. Јас некогаш чекам по ден да ми вратат на порака или на повик, рецимо, од многу зафатеност, или пак кога ќе се видиш упорно во тој телефонот зјапаат, а не пак да очекувам некоја да се откаже од спиење за да дојде мене во иднина дете да ми гледа.
    Може постариве генерации дали од срам, дали од што се така научени, повеќе се ценат и почитуваат меѓу нив, али помладиве е секој за себе прв. Што мислам дека не е погрешен мајндсет, преку такво ми е од објаснување некогаш пред луѓево зашто викам НЕ и да пробувам сопствените одлуки да си ги оправдам.
    Ако дошле да ви помогнат или имате луѓе да ви се најдат или вие сте се нашле треба секако да се возврати или да се очекува истото во возврат. Ако гледате дека не ве рецнале многу претходно, нема ни вие што да ги рецкате.
    И она што најмногу боде очи во темава, мажите никогаш не би го правеле овој муабет.
     
    На Purplelilac, slobodka, mime87 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Па и јас истото го зборам бе мила. За другарка ако треба се ќе направам и нешто во што не умеам ќе се снајдам и ќе и помогнам.
    По стоти пат: јас го немам овој проблем. Знам колку значи зошто биле тука и ми помогнале (мајка, свекрва, сестра, пријателка...), но некоја ја нема таа среќа, па ако и таа што и се декларира како најдобра пријателка не и се најде (читај не да го чува, туку за време на кафевидување да го подржи барем малку), тогаш немам зборови за пријателството.
     
  10. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Toлкава драма на темата, а сешто е битно е да се знае дека и сопрузите треба да научат да бидат татковци, да ви помагаат и олеснат обврските. Патем зошто само другарки ви доаѓаат дома, а не и другари? Зошто некогаш и на другар да не се остави бебето во раце?
    Одговорот сите го знаеме, ама ајде да ревидираме. :D

    Или на другарката не може да и се прости, роспијата нема мајчински инстикт, а на другарот ,,па добро машко е, нема везе". Двојни аршини проткајани со патријархат. Хорор.

    Едит: Пошо прашавте, ќе одговорам. Мене цицки не ми пречат. Ниту доење ми пречи. Ама воопшто. Но, затоа ми пречи традицијата, погледот кон традиционалните вредности, перцепцијата, третманот на жената кога ја добива улогата мајка. Не ми пречите вие мајки, ми пречи општеството како ве третира и пречи фактот што вие немајќи избор ги прифаќате тие вредности кои не чинат.
     
    Последна измена: 16 ноември 2019
    На Harper, Purplelilac, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.672
    Допаѓања:
    168.019
    Пол:
    Женски
    Ама, ако ми речи ај кафе да пиеме, шансите се дека детето нема да го држам. Јас играм со деца ама не ги кревам ако не морам. Поентата ми е, да има договор и да знам со какви очекувања да одам.
     
    На sj *O*, Nausicaa, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.248
    Допаѓања:
    125.712
    Пол:
    Женски
    Исто! (highfive)
     
  13. nightingale

    nightingale Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    350
    Допаѓања:
    2.774
    Пол:
    Женски
    А да прашам нешто, вие што велите дека морало да се помогне на мајките инаку не било искрено пријателството, на другарката кариеристка ќе и помогнете по дома кога работи прекувремено? Зошто и тоа и тоа е избор. А и оваа вторава е уморна и ненеспана.
     
    На Harper, Purplelilac, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.090
    Допаѓања:
    66.944
    Пол:
    Женски
    За ова морам да се сложам. На пример собрано друштво, парови со деца, претежно мајките се тие што си ги подаваат децата, цупкаат со нив, мажите не стануваат. Исто како кога се оди негде на гости поблиски и жените си помагаат, местат маса, принесуваат, мажите гајле немаат.
    И за мажите не е проблем, зашто се мажи.
    А за жените... Одма е недомаќинка ако не помогне, ако не сака да земе дете е ладна некоја и чудак.
     
    На Harper, smooch, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Oкеј, сфативме, пак на крај другарките криви зашто од култура во лице не ви кажуваат дека не ги бива за мајки и не сакаат да им тупнувате дете во раце. Мислам се гледа зашто не ви кажуваат и мора на форум вака анонимно да се жалат.
     
    На sj *O*, nextredstyle, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.069
    Допаѓања:
    21.724
    Пол:
    Женски
    Ти праша со што да ми помогне другарка околу бебето која не фатила дете, јас ти одговорив, ама ти пак не разбираш.
    Ако дојде до тоа, да треба и те замоли да и помогнеш, ќе си кажеш, како да ти помогнам, освен да е поврзано дирекно со детето.
    И зошто бараш ондак одговор ако ниеден не ти одговара.
    Не мораш да помогнеш, кој те тера, ама ти сама праша како да помогнеш.
     
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Lolipop23, ако збориме за вистински другарки, мајката веќе одамна одлично го знае ставот на својата другарка и не би требало да има никакви куршлуси во нивната блискост. Уште пред да остане бремена, знае на што е, и знае на кого за што може да смета. Е сега, ако мајката и покрај што добро го знае ставот на другарка си, реши да бара од неа работи за кои знае дека се проблем- да, не чини тоа пријателство.
     
    На Purplelilac, sj *O*, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.069
    Допаѓања:
    21.724
    Пол:
    Женски
    Значи секоја што ќе посака некој да го придржи 2 минути детето, не другарка, туку било кој, мајка, татко, свекрва, комшија.. за да моча е немајка????
     
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.069
    Допаѓања:
    21.724
    Пол:
    Женски
    Јас сум оставала и на другар, не мо рекол не, не ми рекол дека сум немајка, или дека маж ми е нететко оти сме го оставиле некому детето за да се измочаме.
     
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    3.148
    Најлошо е што вакви коментари секогаш идат од жени за жени. Еве, мажите да, си кулираат и немаат гајле за многу работи, али јас ретко имам слушнато коментар од маж ова да го спомне за жена.
    Ќе тргнам и од себе, од баба ми и мајка ми се имам изнаслушано цел живот глупости и коментари за како треба женско да се однесува, а од татко ми напротив, тој бил оној што ми кажува како ти одговара, така прави. Ако земам да размислам, татко ми е поголем феминист од денешниве хардкор феминистки.

    Што значи, од самите нас тргнува како се етикетираме претежно, а после од мажите. Ако сакате општо да ве гледаат рамноправно во домаќинството, треба да се почне тоа од дома, а не машко било, не знаел кревет или јадење да си намести, трча мајката по него цел ден, а тоа магаре од 20 години. Епа затоа ништо нема да бидува од мажите и ќе дремат со пивото и фудбалот нараат секоја недела дур жените смукаат, бришат прозори, пуштаат машина, мијат садови итн. И никој нема да им верува дека се преморени после.
     
    На Purplelilac, sj *O*, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.