Значи мајките имаат време да пишуваат на форум како немаат време да одат во вц, но не и actually да отидат.
Па е невозможно некогаш, зашто на крај памет ке ти дојде да мочаш кога ке биде неколку минутки мирно. Дали да каснеш нешто, дали да се напиеш нешто, дали да подраскренеш и исчистиш, дали да се исчупаш, дали да се средиш малку себе си, дали да одмориш. И го дадоа така за пример тоа за да видат дали тие толку добри другарки и тогаш ке го подржат бебето. Ама ете морало и тоа да се праша. И да, не се на иста бранова должина и не треба да се другарки ако една со друга не се сфаќаат и по форуми се оговараат. @Asparagus па со бебе во рака и со бебе на цице најлесно е да пишат на форум, што е тешко моб да држиш во рака?
@mariz а каде е мажот у приказнава? Додека е сама дома жената нека јаде и нека иде у веце. Барем мене потреба за у веце и за храна ми се на прво место, не заборавам ниту да мочам, ниту да јадам. Сите останати активности може да ги заврши кога ке си дојде дома и другиот родител. Ете, едноставно е. Не го вртете муабетот на милион други страни. Добра другарка ке го земе бебето своеволно, а мајка која исто така е добра другарка нема да очекува некој да и го држи бебето јер 'така треба'.
Тоа дека стално се жени оние што не помагаат на други непознати жени во вакви ситуации е само колку да се најдеме на муабет и зависи на кого како се погодило. Еве јас така модерна и прогресивна што не припаѓа во несвест по деца и не сака свои, во автобус на пензионери не станувам освен ако се стварно изнемоштени, а на трудници и мајки со бебиња/мали деца - да. И после ако е некое мило и весело детето и се закачка, му се смешкам и го зазборувам - ама толку, нормално дека непозната жена нема ни да очекува нешто повеќе. Вакви бонтон ситуации немаат врска со тоа го тупнеш на другарка неискусна со деца да ти го држи и ниша бебето. Не знам како да ви објасни човек дека некои девојки и жени не можат да се снајдат со деца, значи не ги бива едноставно, немаат сенс и фат што се вели. И за луѓе без деца после 18 години стално има цела палета можни проблеми кои им се круцијални моментално во животот, ама никој не очекува за потешкотија на работа или факултет на пример, која причинува и умор и стрес - да помогне нешто конкретно пријателка (и тоа стриктно жена) што врска си нема со вашата струка. Темата и тоа дека некои би откачиле пријателка исклучиво пошто не ви се нуди за помош со бебе или дете (а притоа може во многу други нешта да сте компатибилни, да ви се најде со совети во други сфери и да ви помогне), зборува само за тоа колку сте премногу сензитивни околу мајчинството и занемарувате сè друго околу вас освен истото.
Само жени приметуваат дека не помагале или не давале предност оти од мажи тоа и не го очекуваат. 90 посто жени биле што не кочеле на пешачки да помине мајка со бебе, мажите гледам излегуваат и рака ти подаваат да поминеш, ахам. Само во жените очите ви се, свекрвата не помагала, другарката не држела дете, жена не те пуштила на каса...секако. Ако се толку без осет жените, давајте им ги бебињата на мажите што ви идат на гости ама некако ги нема на темава.
Еве мојата беше и уште е будна и по повеќе од 12 саати. Некогаш и ноќе спиела само по 2 часа. Не секое дете е по тој пропис дека се бебињата и спијат. Ноќеска вриштеше точно 4 саати. Ете ти ги 4 саати не идење во вц. Уште еден саат предходно да ја успиеш-5. На моето вдишување и издишување се сецкаше и вриснуваше.
Јас дека поише другари имам неголи другарки па да се изјаснам. Ептен го играат. Секако, не ги викам за да мочам или да ми го чуваат. Најчесто они си кажуваат коа ќе поминат. Малиот ги обожава.
12 саати без око да склопи? Јас реков колку и да не спие, бебе е, ке дремне неколку пати по барем 15 минутки. Маж ти спиеше тие 4 саати додека ќерка му врискала? А 4 и 9 часа не се исто, ич да не се објаснуваме.
Епа мајка кога ке станеш на прво место ке ти се многу други работи. И веќе животот е со многу побрзо темпо и никогаш веќе нема да постигнеш се што сакаш (особено ако не ти се погоди бебе мирно). Сега фино ти е, спиеш спокојно цела ноќ, стануваш кафенце смути, па кафе бр 2, па работа, па ручек раат, па можело да шетнеш кога сакаш, па шопинг, па може да се средиш коса, нокти. И после ке отидеш кај другаркава што главата не знае кај и е од неспиење и мака ке ти биде ДВАЕСЕТ МИНУТИ бебето да и го подржиш и мажот ке го кривиш за овие 20мин. Па научна фантастика ги направивте 20мин и како тие 20мин придржување на бебето на најдобрата другарка е чување на бебето. И да лоши сте што не сакате да го подржите 20мин, освен ако не ви е страв. Среќа што немам такви другарки и со вакво мислење. Дај боже чим ти одговара да спиеш на рати по 15мин, да спиеш еден ден така. Па да споделиш колку е супер и убаво да се спие така и дека одлично функционираш цел ден со такво спиење.
Да без да склопи око. Маж ми не спиеше ни сега, ни ниедна ноќ предходно кога да не спие. А бебе и цица, мојата цицаше на 2 саати, а од тие 2 саати цицаше мин 45 мин. 5 саати само со неа, плус израчунај цицање, пресоблакање миење... Ама ко шо викаш,, џабе е објаснување. Ако нечие бебе е бубалче, не значи дека секое е.
Во ред е тоа што викаш дека немаш време, ама верувај и ние што немаме деца имаме периоди каде немаме време за ништо, ни за смути, ни за нокти, ни за фризер и јадеме пред биро. Се си има своја тежина.
@mariz ама скроз ги измешавте работите. Прво, 2 сата и 20 минути не се исто. Второ, нема да очекувам другарка ми да дојде и да ми помага. Ако сака - супер, ама нема да и замерам ако не сака, посебнo ако е немирно бебето. Доволно ке ми е муабет да ми прави. Трето, само и само од маж очекувам да ме замени. Никој друг.
Епа нема да одиш кај другарката и ке и објасниш дека немаш енергија да го држиш бебето. Зашто поуморна од мајка со бебе од 2,3,4 месеци, нема. Тука се напори за цицање, цицање по 40мин, грчеви, хормони полудени, поспородилни депресии. Кога веќе не се сфаќаш со другарката и отворено не и кажеш туку тука се жалиш, таа не ти е другарка, ни ти на неа.
А ти зборуваш тоа ти што го гледаш т.е. твојата розева страна. Јас си кажав за мене како ми се чини, од другата страна. И кажав 90%, значи ти може си во оние 10.
Точно, но тоа се твои приоритети. Другарката што е сингл или без деца си има други приоритети. Ти зошто не излезеш еден саат со неа низ дискотеки ако си права другарка? Немаш време? Ќе го оставиш бебето на маж ти. Не си веќе во тој филм? Не е и таа во филм на кашички, подригнување, нишање и гугање. Почитувај.
Не ми беше поентата дека сум преуморна. Ни па се пожалив негде низ темава. Ама не е во ред тоа што и ти го гледаш само своето, па после се жалиш зашто не можеле да ти придржат дете. Едит: Не се согласувам дека нема поуморен човек од мајка на дете 2-4 месеци. И детето зависи какво ти е. И тебе лично што те уморува. Се е индивидуално. Други луѓе со години се депресивни и анксиозни, нив секој ден со години им е борба.
А чекај зашто она кога гледа дека бебето е нервозно плаче, кенка, сака во раце, седи кај неа 2 саати?