Ама јас ти верувам дека ти било напорно, не спорам дека си преморена. Разбирам да кажеш дека не се бањаш на раат а камо ли да се издепилираш, дека дома ти е хаос, дека сакаш кафе раат да испиеш. Ама дека не можеш да мочаш 1 минутка, епа не верувам.
И ти ваљда одиш кај неа за да се видите ама не ја дружиш во излегувања и пијанки. Средина некоја барате во тој период.
Не е дека немаш време, немаш памет! Не ти текнува да мочаш од што си преуморна, дехидрирана (бебе цица и треба на секое да пиеш многу течности), а кога ке ти текне е моментот кога ке ти пукне бешика, а тој момент бебе е во најлошата фаза.
Ама чоек, секако тоа не е секојдневно де. Но имало и таков ден.. грчеви, заби, температура. Се може да се очекува со деца. Ете моето дете е такво, сврте преку ноќ, и одеднаш не сакаше никој да ја држи. Ни татко и, кој од прв ден се праше со неа само не ја доеше. Ми било тешко. Не викам не.. друга димензија ти е мозокот во тие моменти.
Абе ајде, ние што не сме мајки, немаме никакви обврски, се ни е вака фино лепо средено. Тоа што има личности што спијат по 4 часа, се спремат набрзина, па трчат на фак/раб без да се напијат кафе, работат напорна работа, и не , ручеток не им е раат, имаат 10 мин колку да стават нешто во уста. После раб/фак ги чека уште обврски, па дома уште толку. Е тоа не се важи, на мајките им е најтешко, само што ние не знаеме, ете оти не сме мајки. Еве не гледам некоја да се лути на другарка и што не и помага.
Не женче не бараш средина. Туку ја сфаќаш како новопечена изгубена и преуморна мајка. Да и се љутиш кога е веќе поголемо и може секој да го причува ајде де. Ама да и се љутиш на другарка со новороденче или мало бебе доенче, не иде. Неможе она да излезе така лесно тие први месеци, а тоа само жена мајка ке го сфати, вас џабе ви се збори.
Бебето може да лежи во кревет додека мајката моча.Ако креветот е ограден,нема кај да бега. Снаа ми со 2 деца успеваше и да оди во веце или маса да постави или да раскрене. Без помош! Тоа што тие плачеа не ја спречуваше да моча.
Тебе како мајка сите те разбираат и секако дека никој не те вика на журки и не ти се лути заради тоа. Ама вие од друга страна осет за останатиот свет, слабо.
Да плаче дете за да местам маса... Сериозно!? А не може секој да си земе од ручекот и да си јаде ко ќе дое!? Или вечни слуги глумиме па после се жалиме..
Еее па сеа и ти.. Да кажеше ти дека мораш за маж да сервираш, ќе те ставеа на клада као кај е маж ти, шо не може ли сам и слично. Ама вака, коа треба за дете.. одма има таму некоја шо е супер домакинка.... И да, еве мојава плаче до помодрување и гушење, па повраќање и некогаш ни секунда не се осудувам да ја оставам.
Да де. Коа нема. Ќе оставам ли деца да вриштат за да местам маса? Ретардирани се тие шо треба да јадат или шо!? Сум местела, да. Ама јас имав бебе за какво секоја мајка сонува. А сеа на 3 год шанса нема да наместам така да секој, ќе си земе шо му треба коа дете ме бара. Не ми е јасен моментот ставање на пиедестал други пред свое дете..
Па затоа и се распаѓаат другарства. Затоа што за еден дел мамички веќе ништо не е важно, не можеш муабет никаков да направиш, сите твои проблеми, обврски или планови се небитни, за било што да се пофалиш или пожалиш те пресекува со зборовите "ехх ништо не е тоа, да видиш дете коа ќе родиш како е" и губиш желба веќе за комуникација. И не зборувам за "проблеми" од типот немам вечер што да облечам, туку за вистински проблеми, дали здравствени, дали финансиски, дали семејни..не бе братко само она има ексклузивно право и на фалби и за жалби.
А,бе,добро,кога детето е болно,нормално дека не би го оставиле само ни секунда оти ви е страв,но кога е здраво,немате пречка за до веце.
Абе 80% до сега што не биле мајки, кога станале мајки сфатиле што сум зборувала цело време. И да нема потешко од првите месеци со бебе, никоја работа не е потешка од тоа. Доле сеуште те наболува матката, не смееш тешко да креваш, а сепак бебето го креваш, градите те болат и ти тежат. Не спиеш како што треба, хормоните не ти се на место па и често плачеш. Бебе нонстоп бљуцка, па на секое и переш и пеглаш. Па плаче, а не знаеш зашто плаче и не се смирува никако, па си плачеш и ти со него. И да сакаш да излезеш повеќе од 2ч неможеш, зашто градите у прслук ти претекуваат веќе. Ај и да не доиш пак поради хормоните сакаш дома со бебето да си бидеш и да знаеш дека не плаче и е океј. Ама џабе зборувам кога пак вас ова ви изгледа многу лесно. Она можеби физички не е толку уморна, ама психички и тоа како е. Па не ни помислува дека вас проблем ке ви е да и го држите бебето. Ама и да сте вие преуморни толку... речете и, уморна сум и јас извини неможам да го држам повеќе од 10мин.
Епа зашто ти не си ја наместила масата или не си го земала расплаченото бебе? Ова мислев да го цитирам.
А на пример ние шо немаме деца ама имаме работа преку глава, да им тупнеме на другарките кои ни дошле на кафе еден дел од работата да ни сработат ок е? Не е. Сега ќе почнете со напаѓања од типот “нашата работа е наша, ако не можеш сам вработи човек, од кај знае другарката да сработи” итн. Е така, и бебето е ваше, ако не можете сами земете дадилка, од кај знае другарка да го чува како вие како мајка што си го познавате. И да, досадно е некој нонстоп да ти го тупнува бебето в раце, а те гледа дека не ти е ќејф. Зашто се познава дека не ти е ќејф само некои мамички се прават на триипол пошо полесно им е така.