Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудно чување дете на другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annora, 12 ноември 2019.

  1. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Се има десено да не се видам сп другарката дури цел месец и ме бара на телефон и ми вели дека утрето е на работа и нема кој да ги причува децата цели 8 саати, без проблем сама се понудив иако знаев дека за тоа ме бара. Ги чував и наредната цела недела додека да најдат соодветна градинка мислам дека малата имаше една годинка а големкото 4. Цела недела ги чував и накрајот ме праша колку пари да ми платела не личело така цела недела да ги чувам децата безпари јас не прифатив ништо туку и се заблагодарив што има доверба во мене да ги остави дечињата и реков кога и да треба да ме бараат. Потоа секогаш кога одев на гости исто си играв со нив се додека не си отидам дома. Еве ѓи дечињата полека растат ама ме сакаат премногу и тоа ме исполнува.
    Воопшто не ѓи беше криво што другарката после еден месец и текна на мене и тоа за да и ги чувам децата. Мило ми беше што и помогнав.
    Понекогаш треба да се ставиме во нивна кожа за да видиме зошто е тоа така. Јас да сум на твое место би и понудила и да ми ги даде да ги причувам мислам дека ќе и олесниш ептен.
    Не секој родител одеднаш се навикнува на непреспиени ноќи на искубана коса на несредена куќа од играчките. Така да ти си и другарка и мислам дека колку и да ти е мачно треба да и помагаш. Можеби само се срами да ти каже па така ти го тупнува во скут.
    Воопшто не те осудувам немој да ме сфатиш погрешно но само давам мое мислење бидејќи имаѓ такво искуство со другарка ми.
     
    На Heidi, mssuniquee, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Леле сеа пак ќе го тупиме со патетични причи и тажни приказни, па ќе вртиме селски муабети срамота било, шо ќе речат комшиите.

    Муабетот беше те вика некоја на кафе, а уствари ти го тупнуе детето 2 саати да и го чуваш.
    Никој не е должен дете туѓо да чува. News flash, дури па ни на свекрва ни на мајка не чини така да им го тупнете.
    Ако веќе викаш некој на кафе, ок да го видам детето, да се поиграм, или па ЈА ако сакам и ако мајката дозволи, цело време да ми е у раце.

    Ако детето не може само у креветче да лежи и плаче, тогаш тоа на мајката работа е да си го држи у раце, а не на гостите.
    Може некој да и го придржи да свари кафе или у ВЦ да оди, и ништо поеќе.
     
    Последна измена: 13 ноември 2019
    На Harper, Glasna, WildMk и 30 други им се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.673
    Пол:
    Женски
    А јас пак мислам дека ептен станавте модерни, со тоа не сакам деца, не сакам ова, не сакам она.
    Кога идеш кај таа другарка, знаеш дека има дете.
    Може само ќе сака да си игра со вас. Некое нема ни да ве погледне.
    Ама без драма не може.
    Кажи и бе... го гушнав, видов земи си го сега.
    Тука сте силни на зборови а таму ќе ќутите.
    Инаку да, не е во ред да се очекува дека некој кој дошол на гости да се видиме треба да ми го чува детето.
     
    На Glasna, eli25, fana и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто не сум дечарка, не сакам да држам бебиња ниту знам да занимавам и да играм мали деца. Досега никој не се обидел да ми го тупни бебето, ама и да се случи тоа некогаш фино ќе одбијам. Освен ако е за неколку минути кога нема кој друг во моментот да го направи тоа.

    Една другарка од старото друштво има бебе, и кога ќе се видевме некои сами си бараа да ја подржат малата, и ја занимаваа. Јас ја гледав од страна само, а и другите знаат дека не сум по деца па не ме форсираа да ја држам или занимавам.

    Секој различно, некои сакаат да занимаваат и да си играат со деца, некои не (толку), ама ако упорно им тупнуваш дете на вторите многу е невкусно. :)
     
    На WildMk, prominent, Someonespecial и 7 други им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Не знам како е ова проблем. Ако не сакаш да го држиш дури и да ти го тупнат само го подаваш на мајката. Нема некоја филозофија. И јас не сум сакала никогаш да држам бебиња, страв ми било кога биле ептен мали, ама не сум ни дечарка. И да ме прашале сум си кажувала дека не знам, не сакам... И толку.
    И сега не сакам да држам туѓи бебиња. Го враќам кај мајка му по некоја минутка.
    Моето не ни одеше кај други, плачеше кај сите, па само јас си ја држев или татко и. Сега кога доаѓаат гости си се занимава она, некој ако сака да ја игра океј, ако не сака не мора.
     
    На WildMk, Lilit, Purplelilac и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Девојки нагласив дека не барам совет. Темата ја отворив чисто да споделиме искуства и мислења на истата. Моето искуство беше само пример да се долови поента. Јас знам кое е решението ако не сакам да чувам туѓо дете. Коментирав само за фактот дека според мене не е во ред некој да те викни на кафе за всушност да му го чуваш детето.
    Јас лично повеќе ќе почитувам да ме викни конкретно за чување. И не, не е модерно тоа "не сакам деца". Има луѓе навистина не сакаат деца и многу ми е барем мене безвеза од нив да очекуваш да ти излезат во пресрет за чување на дете.
    Јас ги сакам и баш секогаш ги земам кога сум кај другарка со деца, ама не сакам да се чувствувам лошо ако му го вратам по пола саат.
    Мислам дека се претерува со очекувањата од другите луѓе. Јас ни на сопствена мајка не би и тупнала дете без претходно да прашам дали може да го чува, а не па на другарка која сум ја викнала за кафе да се видиме.
     
    На Harper, WildMk, nightingale и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.673
    Пол:
    Женски
    И сеа шо? Ќе си збориме само да, не е во ред да се тупне дете на сила и?
    Мора темата да има дебата, критики и совети. Споделување мислење. Зошто инаку би ја отворила темава? За само некој да ти каже, да бе у право си?
     
    На eli25 и candy.cane им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Annora, подла е постапката.

    Уште пред да дојдеш, треба да праша дали се нафаќаш да се грижиш за дете, а не да те става на лице место пред свршен чин. И нема врска дали збориме за бебе или за превод од странски јазик, како што мене ми се има случено. Одиш со мисла дека ќе седиш и релаксирано ќе пиеш кафе и муабетиш, одеднаш ти натураат одговорна обврска (мало дете, превод, сеедно) која ти во тој момент едноставно не сакаш да ја правиш.

    Според мене, во reddit стил, nta :)
     
    На Harper, WildMk, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Да не се повторувам по милион пати, темата ја отворив баш за тоа, дебатирање, разменување мислења и искуства, не за мој личен проблем. Никаде не кажав дека треба да се сложиш со моето мислење, ниту очекувам некој да ми каже-да, во право си. Не разбирам кој ти е проблемот?
     
    Последна измена: 13 ноември 2019
    На Harper, WildMk, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.673
    Пол:
    Женски
    Ама ние ти кажуваме како би постапиле, и кажуваме како треба секој а не само ти, да постапи во таква ситуација.
    Ти доаѓаш и викаш фала не ми треба совет...
    Тоа е нашето мислење и искуство.
    Ете сега појасно е?

    Уште нешто..
    Што подразбираш под чување дете?
    Пола саат држење у раце не е чување...
    Чување е 8 саати додека рпдители се на работа.
    Тоа пола саат е занимавање.
    И кажав не е културно да дојдеш и да ти тупне некој дете, ама ти свесно одиш таму кај што има дете.
    Секој различно гледа на тоа.
     
    На fana и candy.cane им се допаѓа ова.
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Некој погоре напиша дека не знае како е ова проблем и повеќето ме советуваат како да постапам, затоа напоменав дека не барам совет туку сакав да отвориме дискусија на тема која ја нема на форумот и споделив лично искуство.
    Очигледно тебе нешто не ти е јасно, така да, не би да се повторувам повторно, ако досега не сфати, нема ни допрва.
     
    На Harper, WildMk, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.673
    Пол:
    Женски
    Значи повеќето... значи не е до мене, толку.. не ме цитирај,, не ти држи вода.
    Извини ни што ти дадовме совет. Еве јас и од нивно име се извинувам.
    Детски работи бе...
     
  13. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Секако дека е до тебе, не гледам некој друг да ме цитира и напаѓа.
    Во секој случај, не паѓам на твое ниво. Поздрав.
     
    На Harper, Someonespecial, moonlight-girl.55 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.673
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20191113-183159_Chrome.jpg
    Овде не си цитирана
    И не знам зошто мислиш дека некој те нападнал.
     
  15. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Што е сега ќе се докажуваме?
    Ајде ти се молам, постот ти вришти од осуда.
     
  16. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    927
    Допаѓања:
    5.028
    Јас имав колешка на факултет која остана бремена во последната година и буквално не ни се појави на факултет после тоа (срам и било, што ќе речеле колегите и професорите кои ќе ја виделе (facepalm)). Од тогаш јас се нафатив да и помагам буквално за се околу факултетот - и давав материјали, книги, и запишував семестри, пријавував испити итн. Во тоа време знаеше да ми ѕвони на телефон и по неколку часа во денот да ми одзема. Јас иако не сфаќав зошто би и било срам од бременоста, сепак и излегов во пресрет и и помагав за се што требаше, бидејќи тоа би го направила и за секој друг.
    Кога се регистрираа со сопругот, не ни ми кажа, ниту пак ме покани на прославата. Прво си мислев ајде, сигурно се имаат собрано само домашните најблиски, но кога видов слики на Facebook од широкото славење, искрено ми падна неубаво.
    Помина и нејзиниот пораѓај за кој исто дознав преку социјалните мрежи, не ни ме викна на мекици.
    После тоа повторно почна да ме бара, бидејќи сеуште немаше дипломирано и јас нормално, повторно и помагав за се што и требаше. Не ни успеав да одам кај неа со поклон за бебето, бидејќи таа секогаш избегнуваше да се видиме со изговори: „не е вакцинирано сеуште, сезона на грип е, има инфекција“ итн.
    Еднаш се сретнавме низ град и седнавме на кафе сите заедно (јас, дечко ми, таа со сопругот и бебето). Буквално се препираа на кој од нас попрво да го дадат за тие да пијат кафе на раат. Јас не сум дечарка воопшто, не се имам досега нафатено ни внучиња да чувам, не пак туѓи деца. Дечко ми од што му беше незгодно ќе го земеше детето ама и тој после тоа ми искоментира околу тоа. Од тогаш се видовме неколку пати низ град и секогаш ми го даваше бебето да го носам в раце, а си имаа количка. Јас ненавикната, буквално 3 дена после тоа рацеве не си ги осеќав :rofl:
    Последно, во тек на општ разговор ми спомна дека имале закажано да прават свадба за скоро, а ни барем се потруди да ме покани.
    Очигледно и бев ОК додека и требав - за да и го завршам факултетот и бебето да и го придржам за да си седи на раат, ама недоволно блиска за на свадба да ме викне.

    Не го пишувам постов дека ми е криво, туку мене лично би ми било незгодно на некој вака да му направам.
     
    На Harper, WildMk, Martka и 17 други им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Па кажете си дека не сакате да држите деца во раце. Иако,искрено не сфаќам што е толку тешко да почуваш мало бебе 15минути во раце. Повеќе не верувам дека седи некое кај непознат. А и такви мајки, кои викаат луѓе за да им ги држат децата.Разбирам многу добро како е тешко, имам три деца ама никогаш не сум тупнувала деца во раце. Дури обратно, не сум сакала да ги зема никој.Од мали се оставени на под, лазат,се заигруват. Ако сакам помош јасно и гласно ќе кажам,дојдете ми треба помош. Ако може арно некој,ако не здравје. Принудно чување , чување значи да го чуваш целден, да го храниш,пресоблакаш,заспиеш а не да го поиграш два сата. Се согласувам со @Цвет88 ,модерно стана да не се сакаат деца. Ама секој си има право.
     
    На Цвет88 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    8.328
    Јас имам друг проблем со другарка и децата нејзини, мали се двете не одат на училиште, мислам дека се околу 5 и 3... Блиску ептен живееме и скоро секој ден или одам јас или доаѓаат тие.
    Ситни некои работи не сакам да именувам, небитно е, ама за ова да речам се мачам себеси.

    Пред некој месец си купив принтер. И од љубов, од милост, од лична воља неколку дена им печатев бетмени и супермени на децата, ги сечевме, ги боевме, ги лепевме. Едното оди во едно како дневен престој и таму му рекле да направи книга за мојот град, со негови цртежи и извадоци од весници, од нет... И другаркава ми вика те молам немам време ако сакаш да му помогнеш. Самохрана мајка е и не требаше да ми каже ќе направев и сама. Направив и тоа со таков ќеф, книгата што ја направив јас уште седи на табло закачена таму, Заедно со детево цртавме праевме, јас испринтав цитати, слики и супер дојде.

    Друг ден доаѓа ми вика дај жити се испринтај му пак такви суперхерои некои ме пукнаа нека седат мирни.
    Принтам јас две папки со јунаци им носам, пиев кафе и си одам, по 2 саати ми ѕвони големиот на врата мама ми рече да ми направиш повеќе за боење дека не сум мирен. И му викам дојди поседи, барам принтам му давам, вечерта си легнав и сабајле гледам порака во 1, а јас легнувам рано зошто во 6 станувам за на раб, во 1 ми пишала ај жити мене напрај му еден супермен зошто не сака да спие малиот плаче. Ама нека биде во боја. И сабајле одам на раб, чекам да станат значи знам дека спијат до 12, и во 12 и се јавив викам извини ама знаеш дека сум на раб и рано легнувам и башка не е принтерот мој во боја и трето ако најдам време и кога ќе најдам ќе направам, вака се осеќам како да ми е обврска секој ден да принтам и се осеќам како да не можам да дојдам или да те викнам на кафе ако немам ништо за децата. Зошто реално почнаа и тие така да се понашаат. Ако немам ништо да им однесам а одам кај нив, се лутат, бегаат во спална, плачат... И таа не сака да ги гледа такви и ај јас оди принтај. Башка е тоа што тонерот е скап и јас немам толку пари за фрлање, ама тоа не го спомнав нема смисла. И некое време не ме бараше си викам е па кога еден ебан принтер ти е побитен од другарството на крај кој те тркала.

    И вчера после недела дена и повеќе, ми пиша и тоа пак во 11 вечер еј женска утре му е на поголемиот име, ми имаш ти кажувано дека правиш такви за мафини додатоци, ај те молам направи 16 такви со бетмен знаеш колку ги сака и колку ќе го израдуваш, јас му кажав едвај чека и ве чекам во 5.

    Значи јас во 11 спиев. Од 7 до 4 сум на работа. Од 4 до 5 јас треба да правам такви за мафини, да купам хартија во боја, стапчиња, соодветен лепак, да направам 16 такви и да стигнам во 5 да и ги дадам за таа да не го разочара детето зошто веќе му рекла дека ќе добие. Не е ни логично, ни нормално ни возможно такво нешто, а сепак бараш и даваш ветувања дека ќе се исполни. И сега јас се мачам цел ден, покрај се да имав време озбилно ќе направев ете име му е греота е, не замерувам јас толку заборавам брзо и не сум злопамтило, ама ајде сега што да правам....
     
    На Harper и Purplelilac им се допаѓа ова.
  19. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Да нагласам, не го пишувам ова за да се карам или контрам, зошто знам како знаат да експлодираат вакви теми. Мајки наспроти немајки.

    Прашањето ми е-мора ли една девојка по дифолт да сака (туѓи) деца? Само зошто е женско? Да беше @Annora машко (другар, братучед, колега), дали ќе се бараше од него да изиграва дадилка? Или женско си, МОРАШ да сакаш да се занимаваш со деца. Во спротивно, нешто не е во ред со тебе.

    Другарка ми првото бебе што го фати во раце беше нејзиното. Не мразеше деца, не ја нервираа ама и не ја интересираа. Ниту е мрдната, ниту чудовиште. Ни мене не ме интересираа деца порано. Сега, кога едвај чекам да имам мое, како сунѓер го упивам сите информации поврзани со бременост и деца. Порано? Од едно уво влегло, од друго излегло.


    Затоа, зошто се очекува од девојките дека мора да сакаат да чуваат/ играат/ занимаваат деца? Во, спротивно ете, „модерни“ биле, како да е тоа некоја навреда.
     
    На Harper, WildMk, Purplelilac и 21 други им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Децата не се криви за ништо,разбирам зошто ти е мачно што не можеш да ги израдуваш. Ама другарка ти те користи до максимум, ако до сега не си сфатила, баш од оваа ситуација треба да ти е јасно. Ти со љубов им тераш кејфови на децата, она злоупотребува, ти и кажуваш дека претерува, она се лути цела недела, и после пак те бара од корист... Пак ќе речам, децата не се криви ништо, ама таква другарка не ти треба.

    Супер пример. Баш тоа е поентата. Нема зошто да се очекува од некого тоа. Може другарка да ми се радува што имам бебе, што сум се остварила како мајка, да дојде да пиеме кафе за друштво, ама ако јас сакам да думкам дете, таа апсолутно не мора да сака.
     
    На Harper, Purplelilac, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.