Јас дете не ни давав коа беше мало. А и он не сакаше кај други да иде. Пак ќе кажам, сепак мојот беше бубалче. А да помогнам со туѓа раб, ехее... Сме кречеле дипломска сме спремале сме готвеле.. Таман раб. На кого ако не на другар/ка
Разликата во години помеѓу мене и внуците не е голема. А,и иако сите сме во иста куќа,посебно јадеме. Сепак,овие години помагам на друг начин.
Леле бе ајде, не комплицирајте толку. Чиниш у друга држава се оди, па ќе трпиме цел ден. Аман, тоа "не можам у вц да идам" е оти идеш со "приколка" или чекаш да заспие или го оставаш на кратко, на безбедно. Па во логор да сме, ќе идеш. Што направивте вие бе, чиниш мајките никаков живот немаат. Ок е, никој не рече дека не ни е тешко. Не прочитав се од прееска кај шо застанав. Ама ова, леле бе.
Епа јас сум тој тип ако на другарката и треба помош за било што, ако можам одма ке помогнам. Ако неможам ке и речам искрено дека неможам. Имате ли бе луѓе другарки? Многу сте ми чудни во размислувањава. @Asparagus да. Си ги викав другарките и со задоволство доаѓаа. Ги викав на 2,3 недели, не на 2 дена. Ако сум родила не значи да не се видам со нив 5 месеци додека не ми пркне бебето. Една блиска најчесто ми доаѓаше и викната и невикната, нит ми сметаше, нит моето бебе и сметаше неа. Ама бебе супер мирно беше и си седеше во релаксатор. Ама да е плачливо бебе кое сака само во раце, да не се гледаме ли 6,7,8 месеци? Додека не пркне за да седи, игра, за во дубак, џампер и сл.
Јас сето тоа го разбирам. Не велам дека не е тешко, вие сте тие што не разбирате дека може и на други да им биде тешко, и други се често психички уморни.
Ама ако си психички уморен нема да одиш кај другарката со плачливо бебе. Ке си одиш дома и ке си пуштиш филмче и ке си одмараш мозок.
Епа и другарката ако е до толку уморна нема да вика на кафе. Или всушност индиректно вика за да и помогнат
Ама,ако другарката со дете ја викне на кафе другарката немајка/недечарка,оваа вторава веројатно ќе отиде ако не се виделе неколку дена или месец-два.Можеби муабетот со другарката повеќе ќе ја опушти.
Многу еднострано ги гледаш работите и многу генерализираш. Вака како што пишувате одредени членки, се надевам децата нема да ве читаат еден ден. Како да нема убавина ич во биднувањето родител, како само терет да ви е. Има родители на форумов, да ти е мерак да ги читаш за децата кога пишуваат, зрачат. И они имаат слични проблеми, па дури и за проблеми кога зборат, не е само колку нив им е најтешко на светот. Ама се е до мајндсетот.
Колки години имаш, бар полнолетна си? Да знам дали да ја продолжам дебатава, или џабе ке ти зборувам. @nightingale мене ми е супер. Супер ми беше и кога беа бебиња, немав потреба ни јас, ни друг да ги држи во раце. Сами заспиваа, нит клацкање, нит ништо. Дури јас ги будев да цицаат зашто многу спиеја. Надвор за мерак беа, во количка глас не им се слушаше. Но ете ја нема секоја мајка оваа среќа. Еве ја нема другарка ми чие бебе е со јаки грчеви, спие по 10,15мин, плаче многу, 2 месеци до сега вака. Терет ли и е неа детето? Она нешто погрешно прави? Она е крива што тоа и се случува? Па и ако се пожали уште крива е. Дај не збори глупости.
Здраво. Јас сум Лили. Моето дете има 3 год и синоќа спиеше едвај 4 часа во кои едно 5 пати ме разбуди со идеја да си играл. Сиот ред за спиење и јадење го има изгубено. Стана во 5 сабајле, вриштеше цело вр зашто ете денес решил дека со вриштење треба да бара цуцла, вода, перница, кебе. Отидов на предавање во 10 а во 9 носев кола за атест. 6 часа требаше да иам концентрација а сум болна еден куп од вчера па главата ми тежи ко буре да носам. Дојдов дома напраив ручек го нахранив и сфатив дека на вриштењето не му дошло крај. Моментално ми седи во раце и не сака ништо да прајме само така да седи, очигледно сум му фалела. И не. Да ми се јави другарка нема да и кажам дека денес денов ми е усран Ќе сакам да чујам било што поврзано сос е друго освен со тантрумите на син ми. И да споделам голем ташак не може да се наспие за мене. Едноставно период е. Тоа е. Ништо не можеме.
Не воопшто. Не е крива ни нешто погрешно прави. Ама и тоа е дел од животот. Таа се справува со тоа. Друг се справува со егзистенцијални проблеми. Трет со болест. Четврт со четврто. Затоа пробајте да ја видите и другата страна. Константно жалење на ниту еден од овие нема да направи подобро. Не зборам воопшто глупости. Познавам мајка на аутистично дете што еднаш ми рече многу е тешка ситуацијата, секој ден е борба, ама не е само тешко, туку има и многу убавина. Затоа велам до мајндсетот е.
Ама затоа како прави другарки ке си знаете за состојбите во кои сте моментално. Па нема тука на Фемина да се жалите и да барате решение, туку ке си решите сами.
Не зборам за тебе дека се жалиш, туку за членката која ја создаде темата. За да има разбирачка треба и мајкава што и тупнува бебе на членката да дојде тука и да разрешиме како тоа она и тупнува бебе и кои се причините за тоа.
Поминав на темава да видам како се развила дискусијата, нормално прво се снабдив со пуканки зашто се знаеше некако дека ќе се развие жестока расправа. Да додадам нешто, ништо чудно што за т. н. мамички се зборува со толку иронија па дури и потсмевање. Ете зошто. Зашто заборавате на се' друго освен на вашите улоги на мајки. Разбираме сите колку ви е тешко, колку сте ненаспани, колку немате време за себе (а за чудо цел ден го поминувате расправјќи се на форум итн.) И сето тоа немаше да е толку лошо ако не ги потценувавте луѓето што немаат деца. Прво, како ние глумиме модерни и колку сме себични што сме избрале друг животен пат наместо целодневно нишкање бебиња. И ние сме уморни, и ние сме полни со обврски, и ние имаме наши грижи што не се поврзани со деца, но тоа не ги прави помалку релевантни. Јас сум искрена со моите другарки (и тие со деца, и тие без), се знаеме многу добро, па нема ни да отидам на кафе ако знам каква и' е ситуацијата во моментот, ако е таков хаос искрено јас не им фалам по дома. А ако отидам, знаат дека не сакам деца и дека не се справувам со деца... Тоа е. Кој не може/не сака да разбере, нема ни потреба да се дружам со него/неа. Не е комплицирано толку. Не е тешко и срамно да се биде искрен.
Токму тоа го кажувам... Зар е толку тешко ова што го кажуваш, да се биде искрен. Ама зборењето, јас не сакав она ми го тупна, а да си ќутам и не и кажам ништо па после да се жалам на форум како мене мајките не ме сфаќале ми нема смисла. И таа ако толку добро ја познавала својата другарка ќе знаела дека не е дечар. Сите мои другарки поблиски, ми се дечарки, без проблем ми зимаат дете во раце, не морам да молам и да очекувам дека ќе дојдат и јас ќе одмарам. Такви се самите. Мада гледам секогаш да не ги замарам со моето дете... Ама, не ме навредува кога ќе кажат сакам да се видиме без дете. Ќе ме навреди ако речат добро ај дојди со неа, или ако преќутат а после ме оговараат како сум им се тупнала со дете. Ама пак испаѓам мајка шо е себична и мисли само на себе. Ете не знам, колку е правилно, ама ние така функционираме. Се кажуваме директно.