Добро ајде да ги оставиме пријателките настрана, еве тие што сте тетки, што имате внучиња од брат/сестра и нив ли не ги држите/играте???
Ајде и јас да споделам мислење на темава. Најпрво ќе кажам дека се измешале многу работи кои се надвор од она на кое се мислело со воведот. Значи, кога станува збор конкретно за другарка која те вика на кафе и додека си зборувате ти го дава бебето во раце без претходно да те праша дали сакаш да го подржиш, тука дефинитивно неосетливоста е од страна на другарката мајка. Но, секако и вие можете да кажете „извини ама јас не можам да го држам бебето во раце“ и крај на приказната. Ако се налути затоа што искрено си кажувате, тогаш веројатно другарството и не ви е нешто најсјајно. Зборувајќи за себе, јас сакам да држам бебиња но само и единствено откако ќе нагласам дека ми е малку страв, за да си знае мајката дека може таа да одлучи да не ми го даде бебето. Ова е така од причина што ако случајно се деси да го гребнам не сакајќи, да го притиснам или допрам лошо, да не биде после да зажалам што сум се родила. Има мајки кои ќе те отераат кај што не треба, иако си се обидела да помогнеш. Токму затоа и сметам дека не треба да се очекува помош во поглед на живо битие, затоа што има родители со претерани реакции дури и за најмали „повреди“. И тоа не ги прави лоши другарки оние кои не ја нудат својата помош во поглед на бебето на другарката. Е сега, гледам дека сте споделувале тука какви големи нешта правеле другарките за вас или вие за нив. Секоја чест за таквите. И јас би помогнала ако ја гледам другарка ми со бебе и изнемоштена, ненаспана, во хаос. Но, не ги осудувам тие кои не би се понудиле. Пак ќе речам, тоа не е дефиниција за другарство. Сигурна сум дека да станува збор за да ви купат нешто или да ви завршат некоја слична обврска (ако партнерот во моментот не е во можност), секако би ви ја завршиле. Ама не можете истото да го очекувате и за човечко суштество. Не е иста одговорноста и стравот ако згрешат нешто за првиот и за вториот тип на помош. И за крај, една од подобрите опции за другарско кафе заедно со бебе, е во парк. Со бебето во количка. Секако ова е опција за нормални и пријатни временски услови. Се зема coffee to go и се шета низ парк и се муабети на раат. Во тој случај веројатно и секоја другарка би се нафатила да турка количка. Ем вие одморени, ем кафе испиено, ем муабет направен.
Јас спомнав веќе,сум ги држела и чувала децата на брат ми.Ме замолил,сум му помогнала. Принудното држење/чување на нечие дете не е во ред,а кога е прашано/замолено,е во ред.
Вие што пишувате во темава ги напаѓате "немајките" , сакам да прашам каде ви се мажите? Или другарка ако не помогне не е другарка а мажот ако не помага океј е?
Да, да тебе те прочитав. За другите ме интересира што воопшто не сакаат дете во раце да држат, дали и сопственото внуче немаат желба да го држат?
Јас сум мајка, на факс, на работа и плус се друго што ги пиша ти. Мама не ми чисти, готви и пере. Спијам на рати. Само не ми е тешко оти немам другарки ко ти. А сите се без деца. И сите биле тука кога ми требале.
Имам внуци од братучеди. Се случувало да ми седи бебето во скут и да го држам додека мајка му средува нешто. Дури и сама сум барала ако може. ама се работело за бебе од 8-9 месеци. Ама ко што реков и претходно, да ми рече нарани го или пресоблечи го или на подолго почувај го, ќе одбијам само зошто не се разбирам и не знам како.
Ама аман, ако жената ќути оти маж и не и помага, таа е крива не е тој. Му се може така, оти жена му му дозволила.
Аман остајте ги мажите на страна. Нивната помош ке ја споредувате со држење 20мин бебе во раце? На работа се. Доаѓаат после помагаат, бањаат бебе заедно, мајката се тушира, он го чува мајката вечера он го чува, мајката си фенира коса он го чува и го држат и двајцата во раце повеќе од 20мин. Работава е на другарката дека и е многу тешко еднаш на две недели да го подржи и тоа никако не се споредува со мажот.
Нa некoи луѓе пoвеќе им се пoмaгa oти се нa тaквa пoзицијa дa ти се нaјдaт утре зaутре зa нештo. If u know what I mean...
Ај следен пат кога ќе ви тупнат бебе, ве молам прашајте ја другарката мајка, како е таа, дали е добро. Знаете постои и постпородилна депресиј,можеби едноставно сака да прозбори за тоа но не се осудува. И не, не се правиме најмајки, ама навистина не може да споредувате работа и студирање со чување дете. Значи во сите три ситуации сум била. Во третава нечиј живот зависи од тебе. А тој живот се создал во тебе. Секој период во животот си има тежина и убавина. Лош е што секогаш се доаѓа до тој заклучок дека додека не осетиш не знаеш. Навистина, најискрено е така. Нема зошто лутење.
Има факултети на кои предавањата и вежбите траат скоро цел ден.Некои студенти живеат во Битола или Тетово или Гостивар,а студираат во Скопје,а мораат така оти немаат пари за кирија. Има луѓе кои работат цел ден. Па,секој е уморен.
Точно. Но кога тие луѓе навечер ќе легнат спијат без прекин најмалку 4 5часа. А мајките на бебиња дојат на 2,3сата. Има мајки кои работат цел ден па дома ги.чека дете. И татковци исто, кога веќе се прашувате кај се.Значи нема споредба.Не велам.дека не им е тешко на другите,ама кога знаеш дека на едни очи си им цел свет, друго е, верувајте.
Не можам да верувам дека е испишана 21 страна на оваа тема. Формулацијата "принудно "уште во старт е погрешна посебно ако своеволно си го зел бебето во раце,макар и на 5 мин. Правење драми без потреба.
Дежурен хирург не спие.И сестрите исто. Сите сме уморни поради нешто. Родителството не е оправдан изговор за да му се тупне дете на недечар.
Тоа е дискутабилно и за по други теми, ама другарката што не сака да ѝ го држи бебето па во секој случај ни најмалку нема вина.