И упорно не сфаќате дека не сака секој дете да има. И пред да почнете да ми реплицирате, сакам да имам дете. Ама потполно сфаќам декс некој не би сакал. Кај живеете бе луѓе, не сте сретнале човек што од одредени причини не сака дете? Треба секој да има дете и ако не сака за да ги задоволи вашите стандарди?
А каде виде дека не сваќам? Членката што и го пишав тоа не рекла дека не сака деца, не си вртите зборови. Знам луѓе што не сакаат деца и ги почитувам во одлуката, не вртите муабети како вас ви одговара. Да сме си земеле дадилка да го држи детето 20мин.Аха да.
Ама пак сте буквалисти. Не мора никој нешто што не сака. Ако некој ви каже дај боже да си дочекаш, дете, куќа, работа, што и да е.. ако не сакаш ќе кажеш фала ти.. секој да си дочека тоа што сака. И готово... нема шо да се објаснуваш дали и што сакаш. Биди помудра, попаметна, покултурна... Со расправање само обратен ефект ќе има.
Да така стварно... За 20те мин придржување еднаш на една/две недели на бебето на другарката се разви дискусија дека они ги чувале, па татковците кај биле тие 20мин, па какви мајки биле други да им ги чуваат бебињата 20мин во раце од 720мин дневно. Да беше за стварно чување присилно (да менува пелена, да и чисти, да и мие, да го рани, да го заспива), додека мајката ужива со нозе во вис со саати па да збориш лошо за таа мајка, а вака најлоша мајка на светот ја направија дека другарка и сирота го држела бебето во раце малку само. И крај краева рековме доколку нешто на некој му смета нема упорно тоа со ќутење да го прави, нема да се жали на фемина ако и се стварно другарки, туку ке си разговара со другарките. Па и да не се другарки блиски ке ОДБИЕШ да држиш бебе, а не 2ч со сила го држела. Мене искрено веќе и смешно ми е. Неможам да замислам каков човек треба да си за да ќутиш, траеш и трпиш нешто што не сакаш. Поради што ќутите?
Ни јас никаде дадилки не спомнав. Ти праша што имало лошо да посакаш дете некому. А ти што не си така попаметна и помудра од мене па ми реплицираш на пост кој никако не беше наменет на тебе? Шо не си поќутиш? Инаку мене ни тука ни во живо не ми е важно да испаднам попаметната. Знам која сум и не ми треба да ме тапшаат по рамо и да ми кажат браво.
Ама мариз и упорно никој ништо не пиша конкретно за тоа кажување не сакам, сите го прескокнуваат тоа, сакаат без мака, без да се потрудат некој да им прочита мисли, без да бидат слушнати да бидат сфатени. Не сака дете, и очекува некој рандом лик на улица кога ќе ја сретне на графчиња нжда гледа дека она не сака. Ако и каже да ти даде Господ дете, ќе се налути, место како паметен човек да каже, фала нека дава ккај што треба Ама за расправање сите се први. Сакам да кажам секогаш има начин.
И најде нешто што е лошо во тоа јас што го пишав? Каде во таа реченица прочита ЗАКАНА како што пишала членката ?
Абе дете.... каде викам ќути? Каде???? 100 пати кажав... за да избегнеш драми кажи фала нека дава кај што треба!!!! Знаеш што значи тоа???? Ако неќеш да држиш кажи не сакам и крај... Кажувам дека нема потреба да се објаснуваш и да се браниш зошто не сакаш, ама мораш да кажеш.
Леле дете ахахахаха, фала шо ме подмлади, убаво ми дојде. Него во ред е... Нека ти биде, ме мрзи веќе да пишам
Џабе е бе, не сакаат да се потрудат да го разберат другиот што сака да каже, а сакаат они да се на поглед само разбрани. Ете читај ги новиве коментари... пак се прескока суштината на она што сакам да го кажам.
За да бидат помудри, покултурни и попристојни и да не прават драми. Си ќутат, така беа посоветувани на форумов
Абе една драма што ке се направи ако кажеш дека не сакаш. Ако е поради тоа растурање на другарство, тогаш нит она ти е другарка што не те сфатила до сега дека не сакаш да држиш бебе, нит ти на неа што не си искрена и што кога ти го дава го држиш, а не сакаш.