Нека трепка мислењево во темава. Од ова треба да научите што е другарство и што значи тоа. За другар/ка боли до срж. И се радуваш и плачеш правиш се што треба и нетреба за да помогнеш. И тоа не оти љубезно те замолила туку зошто од внатре ти иде тој нарав дека треба да помогнеш. Колку само себичност прочитав темава. Тоа никако не можам да го ставам во поимот другарство. Другарка ми ми чисти по дома кога ми доаѓа, а не да чека од мене кафе да и варам, сум и чистела и јас, и сум готвела и сум го чувала малиот и ми ги чувала децата и за тоа ми е другарка. И кога ми е убаво и кога не ми е. На друга другарка малата ми спиела кај мене кога било ситуација дека треба, кога немав кој да ми ги чува моите ги носев кај нејзе без грижа на совест дека таму ќе се 8 саати, а не 20 мин. И она не ми враќа со тоа туку ги чува зошто ги сака.
А ти знаеш дека бебе цица на 1,2ч, по 20-40мин? И дека замисли за тоа време може мајката мобилен на држи?
Ама тоа е друга тема, и јас ако сум нормална секако ќе превземам нешто. Нели? Ама дека има икс случаи каде што се десило да не можеме да напраиме нешто што сакаме и имаме потреба, се дешава на секој. Нека не е чување дете. Како човек сум направила се за тоа да се смени, ама ете се има случено и се шо? Јас се правам дека ми е најтешко? Не, апсолутно не ми е. Ама ако кажам дека детето ми е се, пак ќе згрешам. Секој си знае што и како чувствува, и секогаш треба да си го почитува своето. И ако некој проба да му го смени тоа, да си каже.
Оти? Денес бешиките се поголеми и бебињата се Тарзан? О.о Или е трауматично искуство да турниш количката до тоалет, за бебето?
@Цвет88 ама не забориме за исклучително стресни ситуации, збориме за еден просечен ден на мајка со бебе од неколку месеци. Ти првин напиша дека не мочаш додека не дојде сопругот дома, а сега се обидуваш да протнеш ситуации каде адреналинот е на макс. Баш и не треба да се споредува. Мајка ми за мене користела пелени, значи пери, постелај на жица (немало сушари), пеглај, дипли. Памперс немало. Влажни исто немало. Немало ни релаксатори. А замисли, редовно мочала. Ме занима како би се снашле вие да сте чувале деца пред 30 години?
Ти сметаш дека е во ред да му светиш со телефон на бебе дури цица? Дека, кај сите сме изложени на зрачења од све и свашта и тоа допрва ќе биде, ти свесно му стоиш со телефон над глава за да читаш мислења на ебан форум на бебе??
Да, и за сестра ти/брат ти да се работи треба да ги прашаш прво, а не да им тупнеш бебе на пола саат без да знаеш дали сакаат/можат...исто како што треба да им се јавиш пред да одиш кај нив. Тоа што си мајка не значи дека сите останати ти се на распологање 24/7. И да не треба да се споредува сегашноста со пред 20/30 години пошо тогашните мамички не припаѓале во трансови како денешните.
Не ребека, пишав СУМ МОЧАЛА пред да оди па коа ќе си дојде тек. Минато време. Не дека е секој ден. Инаку да, плус еден куп така стресни ситуации кои не сакам ни на душман да му се десат. Никој не знаеме на некој како му е дома. Ок е да ми кажеш, мајка грешиш, не си во право, мораш да најдеш време да се измочаш, да ми дадеш совет како, ама да ми кажеш дека не веруваш, дека преувеличувам или измислувам не смееш. Како ни јас на сила да ти тупнам дете. Е сеа ако ја почнам да ти се вадам, вака така онака, освен горе наведенит екстремни ситуации, тогаш е до мене. Ама дека може некад некому да се деси може. Јас искрено имав проблем тоест си напраив проблем, па не можев да излезам по надвор кој знае колку дена. И се потрудив да го решам, ама ако кажев епа јбг тоа е, тешко е и не пробав да го решам, вината е во мене. Џабе тогаш и маж 24 саати да ми ја држи во раце.
Да ја зачиташ темава ќе помислиш само 5 жени во цел свет се мамички, а другите појма немаат од животот. Некои многу си придаваат непотребно значење, плус само се кука колку се изморени, а воопшто не е за тоа темава. Се забегало. Секоја втора жена што ќе ја сретнеш по улица е мајка. Секоја родила и сите ние сме родени од некоја. Ако си сама со детето сфаќам дека не можеш да се бањаш или серии да гледаш, ама да не мочам, да не јадам или скроз ќе се запоставам...Стварно? А што и да поплаче две минути легнто во креветче? Ако треба у скут ќе го чувам со мене и ќе мочам, ама нема да трпам 10 саати. Живи глупости ова со мочањеве Ти се чини робови се мајките. Баба ми кога останала водвица имала бебиња, па сигурно за прв пат се мочала кога се омажиле децата. И останатите што не се родители имаат обврски. Не се врти се околу тоа да станеш родител, туку сите имаат некакви обврски и проблеми, а некои воопшто и не поднесуваат деца. Така да, доста со патетиките и непотребното величење на животот откако ќе станеш мајка. Освен на форумов што читам, во реалноста не сум сретнала некоја толку да му придава значење на мајчинството Најсериозно смешно и патетично е за читање. Во врска со темата да кажам дека не ми е проблем да причувам бебе. Сама не сум побарала да чувам пошто не сакам да се мешам, ама ако ми рече да го причувам тогаш ок. Сум им кажала на поблсиките дека ако некоја сака да го почувам бебето слободно нека праша. Сакам деца и не ми е проблем и неколку саати сама да го чувам. Само ако е помирно, инаку фала.
Полни се само со осуда, а нив никој не смее ни да помисли да им каже нешто. Па после ние нив сме ги осудувале. На се имаат капаче.
Ако е нејзино нека си го чува сама, не да го тупнува по другарки. И нека не се жали колку е тешко да си мајка. Ако не си спремна, не раѓај!
Да бе да, секој втор коментар ви е како ние "немајките" немаме емпатија, ние не сме никакви другарки, како не ни е срам да не им помагаме на другарките. Ама не, вие не навредувате, тоа не е осуда, чекате некој да каже нешто за вас да се нафрлите како ве осудува и не ве разбира.
Јас од темава уште едно нешто заклучив што никој не го спомна. Испаѓа дека некои мајки што имаат две деца кои се разлика да речеме 2 години се толку зафатени со помалото што поголемото останува ненајадено, неизбањато итн. Зашто ако едно бебе толку многу одзема време што мајката нема две миути за мочање, нема време ни на другото дете да му даде да јаде. А сум сигурна дека не е така и дека има мајки кои ем со две мали деца одлично се справуваат ем имаат по некој час во денот за себе.
Ја читам темава одамна, и конечно да си кажам мислење Мене не ми смета, што се 2 саати да си поиграш со детенце на твој близок кој го сакаш. Мои блиски другарки имаат деца околу 1,5 годинки. Абе злато се за играње Јас ги сфаќам и другарките, сами по цел ден и веќе збудалуваш како човек. Секогаш јас одам на гости кога можам, можеби сум и малку досадна но сакам да им помагам Ама тоа сум јас
Ама како тоа не ти смета, мора да ти смета, не смееш да го чуваш мора да ти даде молба. Не ме сваќај погрешно, се шалам. Оти не почитуваат туѓо мислење и како некој друг функционира со своите другарки.
Те сфаќам, ама за мене не си права другарка ако те нервира кога ќе те замоли да и помогнеш кога и е тешко (Не зборувам за тебе, него општо) Големината на пријателството се гледа во тоа кога ќе спуштиш слушалка, ке се качиш во кола и ќе отидеш да и помогнеш, без она да те замоли
Не ти се на располагање 24/7. Туку доаѓаат еднаш во недела, две и да им е мака да го подржат 20мин? Ако одат секој ден кај другарката со бебе, тогаш тие се без осет.