Крајно си контрадикторна, прво викаш треба да се биде искрен и да се каже ако некоја не сака да држи бебе, после се чудиш како не сакале да го држат.
Ин а натшел: Сцена 1: Суди и не сака да разбере одреден поинаков став, зошто само своето си го гледа. Сцена 2: На другите им вика биле полни со осуда.
Не. Туку ако и каже ке се реши дали треба да бидат другарки или не. Дали се со ист став или не. Треба да е искрена, а дали ке и се наљути не знаеме зашто не знаеме каков е ставот на другарката со бебето. А моето мислење за тие златни 20мин си е тоа, не го менувам и јас би се наљутила ако другарка која ми доаѓа еднаш на 2 недели да не сака бебчето да ми го подржи (реков само ако не и е страв ок). И вие една емпатија па што имате. На другарките со мирни бебиња ке помагале, а на тие со немирни не Жити другарките.
Ете ти го одговорот зошто ќутат и држат бебе а не сакаат, за да сочуваат другарство кое според мене не ни треба да биде сочувано. Ако некоја заборави на се што сме поминале заедно, и сме направиле една за друга, затоа што не ми е пријатно да држам бебе, не ми ни треба во животот искрено.
Значи ако во иднина решам да имам деца, да си мочам од сега дури можам. Ух, добро што го прочитав советов на темава, инаку после ќе требаше супер мочен меур да си развијам.
Толку ви е паметот. Читате селективно, односно само она што вас ви одговара. Кога ќе имаш дете, не ти посакувам да поминеш тоа што јас сум го поминала за да не можам да мочам. Ти посакувам дете кое никогаш нема да имаш потреба да ти го придржи некој. Ај мочкајте си сега... Пардон, ако се решиш да имаш, дека сега ќе испадне не те сфаќам дека може нема да сакаш.
Нејзино право е и ако сака ќе чува ако не, не. Нема она обврска да го смирува детето и да го клацка и да пази да не ја преврти куќата или станот, ниту да ми чисти и да ми прави кафе туку нејзина слободна воља. За 20 мин скоро и никој да не прави проблем не се трескајте од земја со тие 10 минути или 20 мин. Имам комшии кои се од дом па еве четвртото им направи 6 месеци ниту еднаш не побарале помош ниту се пожалиле, сметале дека можат да се справат со тоа и многу добро се справуваат и се максимално посветени и кога ќе излезат надвор речиси никогаш не оставале други да им ги клацкаат и смируваат, кога ќе ги побараме самите тогаш ни ги давале и секогаш прашувале да не ни е тешко да ги земат, затоа што имаат осет луѓето. Ако другарка ми смета дека јас 24/7 треба да бидам слободна за децата да и ги чувам и дека тоа ми е обврска како другарка кои се патем неколку месеци и е потребно многу големо внимание како јас да немам работа, да немам потреба од постојано усовршување и да немам семејство таква другарка не ми ни треба. Кога сум слободна и кога имам воља тука сум и на другарки и на роднини и на сите да им ги причувам, но со усул. После да не треба и домашни да пишувам, да учам и да ги воспитувам јас ако се немирни само затоа што сум другарка? Го претеравте.
Е таков одговор сакав. Не сме сите исти и си имаме различни мислења. Па затоа треба членката да си реши со другарката и да и каже дека не сака да го држи. Може има причина што така често ја вика и и го дава без да праша, а може и нема. Битно да разговараат за тоа, па ако се искараат чао, пријатно. И не е ок да се споредува минатото со сегашноста. Животот денес е со побрзо темпо и никој на никој не помага, секој си гледа да себе. А порано не било така, имале повеќе помош искрено. Не сте свесни колку мајки во поспородилни депресии има што сакаат животот да си го одземат или што не можат да го поднесат во моменти своето бебе (не е ова дека е лоша мајка, ова е депресија), а за депресија никој не се отвара да зборува туку така.
Да, освен што немаме емпатија за вас мајките и глупи сме дополнително. Па што ќе ви е некоја глупа бе да ви придржи дете макар и на 10 минути? Тоа што ти си го поминала не е правило дека на секоја мајка ќе и се случуваат такви екстремни ситуации. Жал ми е за тоа што си минала, ама тоа не ти дава за право да генерализираш дека за сите мајки е исто. Секоја со својата приказна. Исто и за другарките немајки.
Не туку вие ја претерувате со тоа "чување", а е држење во скут на бебето. Свесни ли сте што е чување? Па ако неможе да е на располагање 24/7 зар ке оди кај неа на секое викање? Што сте вие, слуга на повик? Реално тоа го нема. Тоа само тука на фемина во муабет може да го има за да се омаловажи мајката, а чија страна на приказната не ја знаеме.
Ама јас за себе зборам. Кажувам мое мислење. Ама кој да разбере.. 100 пати кажав... мајчинството нема врска со темата. Шо сака нека е и како сака не е... Ако јас ти тупнам дете, ти ќутиш, џабе ме оговараш по форум. Ако ми кажеш а јас се правам наудрена, каква другарка сум ти? И какво е тоа другарство ако ти е страв да ми кажеш?? Ама мојот став дека 10-20 минути држење(своеволно) не е чување си стои и е сосем друга тема. Се фативте за мајчинството ко само кај мајките да има вина.
Како сте можеле да направите деца така ќе си ги чувате ,никој не ви е должен да ви мисли за децата ,треба предвремено да се размисли а не напрај дете па другарка ми е должна да ми мие садови и да ми го чува додека се бањам , а мажот каде е или он само за да го направи детето и после снаоѓате се како знаете
Кажа свое мислење од сопствено искуство за да докажеш колку им е тешко на мајките. Сите знаеме дека родителството е напорно, нема потреба да се повторува по милион пати. За кажување на другарката директно дека не сакам да држам бебе, пишав и претходно дека сметам дека треба искреност. И се' додека гледате само од позиција на захтевноста на улогата мајка, нема да можете да разберете дека има девојки кои не сакаат/не можат да придржат бебе ниту 10 минути. И се' додека викаш дека не ги осудуваш тие девојки, а од друга страна пишуваш реферати за тежината на мајчинството, носиш во себе нијанса осуда за сите кои не се пронаоѓаат во улогата на дечари.
Па што е должна другарка која нема деца да чува немирни туѓи деца со саати? Ако индиректно пишуваш за мојот пост јас зборуваат за чување со саати, а не за придржување некоја минута. За две минути или пет минути или пола саат би причувала немирно дете, ама со саати пискање, дерење и пишење не сум должна да слушам пошто и ја си имам свои обврски и проблеми. Здравје во иднина кога би имала мои деца ќе се справувам некако, а сега колку имам време помагам пошто кажав не ми е проблем да земам бебе во раце. Или треба и ручек да и правам? Да се мочам место неа? Да му мењам пелени на бебето? Емпатија може од сопругот да се бара и од блиските домашни, а не од секоја другарка пошто секој си има живот.
Сериозно сè уште не сфаќате зошто може другарките да не се искрени со вас, зошто девојката од првиот пост преќутела и дошла на форум да се искаже? Аман, сопствените мислења препрочитајте си ги. Замисли имаш долги години блиска другарка (од деца, основно, средно), раѓа кога тебе уште не ти паѓа на памет бебе и немаш допирна точка со мајчинство, и ја осеќаш дека е фокусирана скроз на мајчинството и целосно сменета ко личност, со толку различни видувања на нешта и намалена толеранција... (И тука се осеќа, ко на пример една членка што порано со години уживав да ја читам, а сега откако е мајка ја приметувам само со огорчени rants кон лошите прогресивни бездетни млади во вакви теми и не ми се верува што читам ) Не е толку лесно, ама на крај ќе пукне и тоа трпение, затоа и згаснуваат толку пријателства после мажење и раѓање.
А зошто ти не ја разбереш неа дека би и било криво тоа што сте толку блиски а што не сакаш да и го придржиш/поиграш детето? Или само таа треба тебе да те разбере во спротивно ќе ја отпишеш од животот.... кога веќе сме кој колку разбирање треба да има?!
Многу се развила темава. Се зачудив кога прочитав дека ве фаќа страв од деца. Не е страшно дотолку. Тешко е многу,искрено се дешава да не можеш да појдеш да мочаш, али јас оставам макар и да поплаче на под,ама ќе одам.Три деца имам, мора на секое да му се посветиш, ама не и да му се тресеш дотолку. Јас немам скоро никаква помош освен од мм и.чат пат ама ретко од бабите. Искрено и мене ме нервираат мајки кои премногу се тресат над децата. Ама ве молам,прашајте ги другарките кои станале тазе мајки,дали се добро,не мора да им држите деца и чистите по дома. Таа другарка која ве вика упорно и ви дава бебе да подржите, може минува низ тежок.период. Ако сте доволно блиски прашајте ја како и е, како е. Тешкиот период е до една година искрено. После стивнува бурата.Не бидете толку себични, толку без чувства дека никој не е должен никому. Да, не е, но човечки е да се праша. За блиско другарство зборам.