Јас никаде не реков држење во скут дека е чување ниту 10-20 мин дека е чување. И не ме генерализирај ако јас немам такво мислење. Ти на другарките твои кога им се јавуваш да ги викнеш на кафе уствари тие треба да ти читаа преку редови дека треба да ти ги чуват децата? Па кој те тера да ги викаш? Слуга ни мајка ти не може да ти биде, а не па другарка ти. Ама очигледно чим така ословуваш некој очигледно тоа бараш ете мене не ми текнало дека ако викнам некок дома да ми дое треба мои обврски да завршува. Кој ја омаловажува мајката? Како ја омаловажува? Срам да ви е. Луѓе низ пекол поминуваат за деца да имаат, а јас да се жалам по форуми другарката не сакала да ми го поддржи 10 мин. Срамота.
Да, не сме сите исти и не сите можеме да помогнеме на ист начин. Можеби некоја другарка не знае да држи дете или пак не и е пријатно да го прави тоа, ама затоа ќе ти помогне на друг начин, ќе ти помогне да најдеш добро работно место, или во недај боже ситуација ќе се потруди да ти обезбеди најдобра медицинска нега, друга може е поситуирана па ќе ти помогне финансиски... Од друга страна пак таа што ете сака да држи бебе и да му гуга 20 минути може ќе те изневери во многу побитна ситуација...не се работите црно-бели и не сите што сакаат бебиња се добри луѓе и добри другарки, ниту пак сите што не сакаат се лоши луѓе и недругарки. Што се однесува до постпородилна депресија, да тоа е сериозна работа, но и тука има различни начини да се помогне. Ете некоја сака бебиња и има слободно време, па ќе ти го причувува по неколку саати, друга може нема време или желба ама е ситуирана па ќе ти помогне да платиш жена да ти помага со бебето за да можеш да одмориш, трета познава добар психијатар па ќе ти помогне со тоа, четврта може не знае да чува бебе ама е позитивна и весела особа па ќе ти помогне да се издигнеш психички. Не треба од луѓето да се очекува невозможното, не можеш од некоја што не знае ни јајца да испржи да очекуваш дека ќе ти помогне со готвење, ниту од другар што хауба не отворил во животот да ти ја поправи колата, но сигурно тие луѓе имаат други добри страна и би ти се нашле на друг начин, во спротивно не би ни биле другари.
Не носам осуда зошто не сакаат. Туку зошто викаат дека им наметнуваме, а не се побуниле. Ете вас ви е тешко да разберете дека не се сите и сечии другарки такви, дека не функционираме така. Ме заболе дали ме сфаќа или не, ама најисрено, се додека не е слободна да ми каже како се осеќа не е другарка. Моите ми укажале на грешките и уште сме другарки. И пак ќе кажам, мајчинството не е тема ич... Тоа што го умешавме е зошто некои се дрзнуваат да кажат зошто сме родиле... и као испаѓа, другарките ни исчувале деца. Јас никаде не кажав дека мора да држи и чува.. прашував и не добивав одговор. Ама пак ќе кажам, јас и моите другатки различно функционираме од вас, па можда затоа не се разбираме. Јас одговорив се што беше прашање, и испадна се жалам... сериозно???
Е да ми извиниш ама еве јас за моите другарки ке кажам. Едвај чекале да дојдат и да го држат бебето. И не со сила не сум им го давала. Беа мирни бебиња во релаксатор седеа без глас да пуштат и другаркиве на секое викаа: Може да го земам? Ама тоа се моите другарки кои се радуваа и сеуште се радуваат на моите дечиња и ги играат и ги дружат и шеткаат. @Mrs. L
Па знам дека не се зборува за чување со саати затоа прво пишав дека не ми е проблем да причувам бебе во раце дур сум на гости. Сакам деца и баш ми е мерак да ги задевам, да поиграм со нив и да ги чувам со раце. Затоа на крај додадов дека помирно детенце (ако имам време) можам со саати да го чувам, а немирно не би се нафатила на подолго. Во очи ми падна тоа со емпатијата... Затоа те цитирав
Ама не доаѓа ни обврски да ти заврши. Доаѓа да ве види и зашто да и е мака да го држи бебчето? Е тука ни една мајка не се пожали дека тоа и се случило, ама затоа куп се јавија и ја подржуваат членката која не сака да држи, а не знаеме што е со мајката на тоа бебче. Еве една најди што се пожали дека не сакала другарка да и држи бебе.
Или не читаш или читаш како ти одговара. Ај прочитај го воведниот пост у темава онака внимателно и спореди го со твоиве реплики што ги даваш 30тина страни.
Ама зашто се случува тоа? Јас тоа сакам да докажам цело време. Зашто не ја праша? Зашто не и каже дека не сака ако упорно тоа тутнување е толку нападно и без осет.
Затоа што може и мајката прво да праша дали другарката сака да го држи бебето пред да и го даде во раце. Тој дел е наметнување.
4 страни прочитав и ми се смачи оти добив впечаток дека не смее некој (у случајов жена) да не сака да се замара со бебиња. Ми изгледа дека подруго е кога женско не сака и машко не сака да чува бебе. Ја пример сум машко и едноставно не сакам бебиња и мали деца. Сум придржувал на 2 минути ама тоа е тоа, ништо повеќе од тоа не сакам. Независно дали машко или женско, ако некој не сака нешто, разберете дека не сака за да не бара изговори и не туку принудувајте или осудувајте некого оти тоа што вас ви е убаво не значи дека секому е. Така да тоа форсирање девојката да ги чува децата на другарките од нивна страна не е ок. Од друга страна, треба да им каже директно.
Прочитав. Зашто е толку наивна? Што ќути? Онака си седи и оп секоја мајка баш неа со сила и тупнува бебе во раце. Свашта.
Еве ти викам и мене ми е криво, имам еден другар, многу сме блиски и еднаш кога дојде ја му давам клешти да ми ја поправи чешмата и он ми вика не знам?! Како може маж да не знае/ сака да поправа, па тоа им е во природата, сите мажи поправаат, сигурно изводеше нешто...мислам доаѓа еднаш во месецот и толку му е тешко една гумица да смени???
Ама јас си ја знам која треба а која не треба да ја прашам. Мада на сите им викам прво, ќе можеш ли или ќе сакаш ли? Ама пак ќе кажам, ние заеднички сме одлучиле така да функционираме. За се, не само за децата. Ако има некоја што не сака да ја држи, треба да ја познавам доволно дека неќе и нема ни да ја прашам, а не па на сила да и тупнам. Значи до искреното другарство е.
Мариз, контрадикторна си. Од една страна велиш да биде искрена и да не ќути, а од друга страна, како може да не го подржи бепчето ни 15 минути.
Зошто? Па еве врати се неколку страни назад, каква е таа другарка што не сака да го почува детето, не била права другарка итн. Девојчето мора да трпи за да ги одржи другарските односи, еве јас се кладам дека ако еднаш одбие да го придржи бебето веќе нема да ја викне. Али ако тоа се деси уште подобро, од такви другари/ки подалеку.
Озбилно гумичка на чешма спореди со бебче? @Black girl Не сум. Битно е да признае дека и смета, а после е веќе до ставот на мајката.