Ќути оти ќе ја направат изрод, како можи женско да не сака да држи или чува бебе. Како овде што пишувате како било можно да не сака каква другарка била таа. Ете не сака и точка, тоа не ја прави лоша другарка. Што е толку тешко да се поверува? Од прееска се врти прашањево, сами си го давате одговорот цело време. Дека ви било незамисливо. Па и кога ќе размислам ништо чудно што немате другарки недечарки, да имавте ќе прекиневте другарство одамна оти не сакала и не знаела како да ви го занимава бебето.
Поентата е - ако нешто не знаеш како да го направиш, поарно не го прави отколку да зезнеш работа и не си должен да извршуваш туѓи обврски.
Не, не споредувам бебе со чешма, само ви доловувам како би изгледале во машка верзија тие родови стереотипи дека секоја жена сака и знае да се занимава со бебиња. Но веќе почнува да ми станува јасен твојот ментален склоп и мислам дека муабетот со тебе ми е залудно изгубено време.
Баш така. И темата колку што се сеќавам беше дека девојката го враќала детето и мајкава упорно пак и го давала. Значи ако еднаш некоја го врати детето колку треба да си без осет за да не разбереш, зошто инаку би го вратила? Од кеиф да си го подава детето? Па зошто не кажала? Да не треба да нацрта зошто го враќа? Свашта.
Јас искрено не гледам како е ова проблем. Се уште немам другарки со бебиња, ама за некоја година, едвај ќе чекам да им ги чувам децата, премногу сакам бебиња, сама ќе ги терам да ги носат со нас на кафе/парк, за да можам да поиграм со нив. Чим дошла другарка на кафе со бебе, сама би го земала да го чувам саат време, секако освен ако не е некое што плаче по мајката или евентуално од оние мајки што не дозволуваат никој да им го пипне бебето . Е, сега како што има вакви мајки има и такви другарки што не знаат како со деца или евентуално нејќат деца. Искрено не разбирам како може некој невини суштества да нејќе, па такви како се слатки, ти доаѓа да си ги земеш за дома , не па да ги нејќеш ама сите сме различни, некој сака кучиња, ја еве па нив ги нејќам, не дека ги нејќам, страв ми е и не се припотресувам нешо за нив, не дека може животно и бебе да споредам ама еве во обид да ги разберам правам некоја паралела. Веројатно, осет фали во ситуацијава. Чим се дружиш со таа личност, веројатно знаеш дека не е по деца многу, па ете би требало да има осет дека не би требало да ја тера со сила да и го чува детето... Не е нешто нерешливо, не е ни проблем, едноставно, доволно е да се каже “не знам како со деца, нареден пат може да пиеме кафе без бебето или да го чуваш ти, зошто вака ми е непријатно“. Искрено и толку. Ако се налути некој за ова, па не е ни другарка.
Поентата е дека другар ти ти кажал дека не знае и не може Да ви дадат дрога добри другари, вие дека ептен добри другари сте и да не расипете другарство ке се издрогирате? И така секој пат и да не сакате вие покрај него ке се дрогирате или ке кажете не сакам? @Asparagus како и да е држење на бебе и поправање на чешма се две сосема различни работи кои никако неможе да се споредат. Има такви споредби куп, еве како ова со дрогата.
Уживај ти ја сфативме поентата. Ако некој сака да ти се фати за нешо ќе мешаат баби и жаби. Не знам дали е до ментален склоп или гледаат да си се снајдат па некој роб ќе им биде, контрадикторни се.
Поентата е дека постојат жени што не ги бива со бебиња, исто како што постојат мажи што не ги бива за поправање, иако општеството го очекува тоа од нив, затоа што нели тоа е природата на мажите/жените. Жив доказ си ти, за другар ти ти беше смешно што не го држел бебето, ама на другарка би и се налутила.
Нема да се наљутам и на другарка ако и е страв и ако не фатила бебе во рака никогаш во животот. Кое небивање бе? Ако имаш кеиф и го сакаш бебчето ке го земеш и ке го држиш. На 10г сум зимала бебе во раце, научната фантастика, не ги бивало да ги подржат во раце, во скут. Повеќето мои другарки прв пат фатија бебе во рака, кога го земаа моето бебе, зашто прва бев во друштво со бебе.
Мариз, ама пак велиш како не можат некои да подржат бебе. Повторно осуда кон оние недечарки, така? Небитно, се едно исто се врти 30 страници.
Сум фатила мало бебенце, со страв, не знам како да го држам и не се чувствувам пријатно. На дм, брат му има 2 мали, ги обожавам, кеиф ми е да ги земам и да си играм со нив, ама не можам, едноставно не ме бива за тоа. Не ми се налутиле што не им ги држам децата ни 10 мин.
Кај машките баш обратно функционира и да не се вешти во нешто и да не умеат сепак за другар ќе се обидат да помогнат. Барем во моја околина, се прави гроздобер сите одат да помогнат дури и такви кои за себе никогаш не би работиле земјоделие, се врши селидба сите помагаат, се става плоча на куќа пак сите помагаат..... Затоа и машките пријателства се подолготрајни. Жените за разлика еве гледаме не би го подржале ни бепчето на другарката што ТОЛКУУУ многу ја сакаат за таа на раат да си го испие кафето.
Би се запрашала со каква личност се дружам и делам моменти, ако таа кога ми е најтешко, не одвојува ни 15минути да ми помогни. Еве, да зборувам за мене. Не сум дечарка ама ич. Не знам да занимавам деца, а искрено не ни имам желба. Ама, да се работи за другарка радо би преминала и преку намењето желба и стравот за да и се најдам кога сум и потребна. Стварно и мене не ми е јасно како станавме толку ладни и саможивни.
Ама не може секоја да премине преку стравот или друго чувство. Еве,јас ги држев во раце децата на брат ми кога беа бебиња,ги занимавав и ги чував,но со нив ми беше комотно оти сите живееме заедно.Знаев како да ги смирам,да ги заиграм.И до ден денес ги занимавам и им помогнам со учењето на странски јазици. Но,други деца не би можела да ги држам или чувам повеќе од 15-30 минути,освен во итен случај. Ако другарка ме замоли да ѝ го причувам детето оти нема кој друг,ќе се нафатам. Но,да ме викне на кафе и без прашање проба да ми го тупне во раце или оти ѝ се спиело,нема.Ќе си отидам. Зошто? Затоа што не сакам да ме користат и затоа што не сум должна. Се фатија некои членки да ги бранат мажите. Но,не работат сите мажи 24/7,исто е и за жените. Ако мајката е уморна,ќе му рече на мажот да земе слободен ден за да може она да поспие. Ако нема ни мајка,ни свекрва на помош,може да си плати бејбиситерка или кога ќе порасне малку детето,да го запише во градинка. Не смее да ѝ го тупосува на другарката без да ја праша. Па и немајките,недечарките имаат обврски,еве факултет или работа или двете,или обврска за некој нивен. Уште да ѝ дадеш да држи дете на некоја несмасна недечарка,ако го испушти... Пу,пу,не дај Боже! Не е ладно да нејќеш дете,ладно е да не го пазиш кога ти е доверено.
Е ајде де и на толку посветени мајки и толку лупање во гради дека се ненаспани што уште не и која е најмајка ме чуди што има толку невоспитани деца. И не ми реплицирајте ако не се пронаоѓате не ви се обраќам на вас лично затоа и не реплицирам на некој за ова затоа што не знам кои сте, зборувам за тие што се во мојата средина.
Сфаќам дека кога децата им се болни немаат многу време за до веце,но кога се здрави,можат,па 1-2 минути работа е. Братучетка ми со две деца,вработена,а и маж ѝ вработен,секогаш сè стигнува и кога нема помош.И тоа едното дете немирно,па се нема пожалено. И кога ѝ требаше помош,прашуваше,не ги тупосуваше на никого.Ни на другарки,ни на роднини,а дури ни на мајка ѝ. Еве,сега го поучила постарото дете(тинејџер) како да пази на помалото.
Секоја мајка е најдобра за своето дете. Добро еве ќе тргниме настрана држење на дете, зарем за ништо не си помагате со другарките? Не ви е должност, ок сватив тоа. Сум и помагала на другарка 1г како продавачка без денар да и побарам , сме си помагале дома за средување, сме трошеле заедно мои или нејзини пари небитно. И не мешајте дечар не дечар, како што викате дека мајчинството не е научна фантастика, така ни држењето на дете не е. Јас вака го сваќам другарството затоа не сме на иста бранова должина.