Селективно читате и мора на сите засебно да кажаме дека ако некој побара помош гризиме стравот и фаќаме деца пошто сакаме да поможиме и дека шо уствари не сакаме е кога држење на дете не е во план, ама упорно и упорно се враќа во раце на некој кој уствари неќи да го држи?
Ама кој рече дека за ништо не се помага на другарка? Би помогнала за се' што можам, ама за помош околу детето нека бара друга другарка што ја бива со деца. Зошто ова се сфаќа како изневерување во другарството не знам. И пак ќе кажам дека детето е обврска само на вас и на сопругот, друг никој не е должен околу него.
Никој не ја оправда мајката што праве така ама па да си ти нема ли да кажиш директно, нели ти е другарка блиска.
Ако сум јас, пишав неколку пати. Оти ако сум јас, другарка ми знај дека нема да го држам детето до одредена возраст. Ама исто така знај дека ако побара помош од мене ќе ја добие. Значи пак јас едно зборам, не само јас, остај ме мене, сите тука, ама вие пак „па нели ви е другарка“. Џизс.
Таа која не може да помогне околу детето,може на друг начин,дали финансиски,дали кафе да свари или за другарката да купи намирници.Има начини на кои и ние недечарките помагаме. И секоја не може директно да каже ако ѝ е незгодно.
Прочитајте ги моите мислења, пишав веќе ако не го држите детето, ќе ставите кафе, битно ќе помогните нешто. Не сте дужни само сте другарки.
Има членки кои во постовите напишаа небаре е должна.Испаѓа ако другарката нејќе да им држи дете,не им е другарка.
Абе леле. Каков тригер е темава. Јас веќе се изгубив и не знам што е тема овде, мајчинството ли, другарство ли. Поентата е воведниот пост и ништо повеќе од тоа, @BabyT*. Не станува збор за држење додека мајката е во вц или кафе да свари. И не е мајчинството научна фантастика, како што некои членки го направија. Па почнаа да се објаснуваат колку е тешко, како е кога дете ќе се разболи, како е за мочање, како за јадење. Па ќе видиш ти кога ќе родиш муабети. Што ќе видат? Ако сакаат да се остварат како мајки, како што се снаоѓаме ние и нашите порано, така и они. И ќе мочаат. Нема потреба од беспотребни стравови. Држењето дете, исто не е научна фантастика, ама е огромна одговорност, макар и 1 минута да се подржи. Не секој се чувствува способен за тоа. И не е причина да се лути мајката на другарката. Единствената особа која е должна и одговорна да помогне и да има улога во се, е таткото. Нему треба да му се налути, со потполно право.
Во време кога работното време е најчесто од 9 до 5, 10 до 6 или има семејства каде што одат во две смени или три смени, каде што се очекува постојано да се надоградуваш, каде што работодавците бараат и плус да се остане каде што маж и жена не можат да се погодат со смени и да се видат и да се грижат за своето семејство некои од вас очекуваат дека другарката е должна да и го чува детето или да и помага. Дајте бе зошто зборите за научна фантастика. Може другарките ви биле без работа или немале свое семејство тогаш па успевале да ви се најдат. А сега нормално кога е слободна или јас кога сум слободна ќе помогнам но тоа да ми биде без обврска. И пак ќе кажам другарки што сакаат да го чуваат и видат детето сами кажуваат ќе дојдеме да го видиме или да ве видиме и пак тоа треба да е со усул, а не јас да им го оставам на нив за кафето да си го пијам нека вришти тоа или да се фрлаат по подови, да лазат и што уште не само затоа што моето дете сакало друштво и му било досадно уште помалку ако некоја ми го враќа да и го тупнувам пак. Не се лутам ако се изморени, ако не се слободни за на кафе или ако се излезени. Нивни живот нивна ствар. Исто како мој живот моја работа. Знаеме сите во какво време живееме денес.
Ама ако е поентата само воведниот пост тогаш членката не се ни изјаснила дека не сака, ќути и го зима детето, тука е проблемот, ништо друго. Инаку животот драстично се менува со дете, барем ти знаеш може сега си многу поискусна со три и се ти е како од песна, мене не ми баш така а може и ќе се навикнам. Така да за секој индивидуално е мајчинството,како што и секое дете е различно. Таткото има одговорност точно ама во ситуацијата не е спомнат така да не би да го коментирам.
Леле па сега едно било тешко, три ќе се навикнеш, ко од песна... Ама стварно подалеку од носот не си гледате. Ни за мајки, ни за други. Само за вас лично гледате. Бог да чува.
Зборам од аспект на тоа дека има поголемо искуство, многу работи и се познати и веќе видени. Инаку си гледам јас за мои блиски и тоа многу, вас не ве познавам па да гледам за вас
30 страни за каква глупост човече толку е едноставно бе не ти се држи бебе врати го аман научни фантастики направивте, многу ме занима дали во реален живот некој волку политики разглаба А јас па немам видено до сега човек да не сака бебе да подржи, како да не го земам од милост, не ме тера со сила некој ни па би го гледала тоа ко обврска.
Леле кои срцепарателни приказни ги прочитав, ситуации што немаа врска со мојот вовед на темата, па напаѓања, па навреди, па не сме биле прогресивни, па не сме знаеле што се вистински пријателки како вас нели, па браво бе мамички на културата што ја покажавте на темата. Од каде да почнам. Темата ама допирна точка нема со се што изнапишавте страници уназад. Не биле наспани, не биле искапени, па како ќе направеле кафе Се фативте за зборот "чување". Променете го ако ви боде очи. Напишав ако имате подобра идеја за наслов да предложите нели? А видете што е крајно разочарувачки: Доколку вашата најдобра пријателка не сака да ви помогне со детето, без разлика од која било причина, истата повеќе не ви треба. Ама мерило за пријателство ... Зошто тогаш вие не и помогните со проект за на факултет, работа, спремање на нов стан/куќа, чистење, чување домашен миленик или било што друго? Само вие имате обврски бидејќи имате деца? Патем имам пријателки со деца на кои радо им помагам иако сум под стрес правејќи го тоа, бидејќи како што кажав не знам како со деца, не знам да ги занимавам, не знам што да му зборувам и ми е крајно многу страф да не им се случи нешто. Ама тие се едни, а други оние кои ми тупкаат дете во раце и постојано ми го враќаат бидејќи сакале кафе да испијат на раат. Многу повеќе ќе почитувам и ќе им се најдам ако се искрени за нивната намера, отколку да ме викнат на кафе за да одморат. Од култура не им враќам дете назад, а упорно одам бидејќи давам шанса на другарства кои веројатно се веќе изгубени. И секоја чест за напишаното: Не сакав многу да навлегувам ама буквално истото се случува. Веќе ништо не ги интересира за тебе, бидејќи твојот живот е многу небитен во споредба со нивното дете, иако минуваш низ секакви подеми и падови кои сакаш да ги споделиш со најблиските. И после тебе ќе те стават на клада. Секогаш работите се гледаат само од едната страна, од таа која нам ни одговара. Искрено се прашував дали грешам за тие мисли, ама колку повеќе ве читам, толку посигурна сум во своето мислење, иако не успеав ни да ве дочитам до крај.
Членката која ја создаде темата, за оние кои НЕ разбираат сеуште, многу јасно напиша дека ја интересираат мислења на истата и дека ќе сподели лично искуство за да се долови поента а не за да бара решение или бидејќи има вишок слободно време. И ајде ти се молам веќе 50ти пат ме прозиваш, не те прави зрела тоа што си мајка.
@Annora На кого се објаснуваш, они за другите мајки немаат разбирање, па не за некој друг. Тотално без поента е. Битно да се цитираат сите мислења по ред и да се осуди се што шета на планетава, а не мисли исто.
Се прашувам со кое лице ќе се погледнете во огледало кога еден ден ќе станете мајки, а со тоа и за вас ќе важат епитетите кои им ги доделивте на мајкиве тука?