Сума сумарум: 1. Многу другарки имаш а уствари ги немаш толку многу 2. Многу култура имаш и стрес си праиш Најдобро за сите е да бидете искрени и да зборувате гласно, кога нешто ви пречи. И што по ѓаволите е другарка за вас, некоја што сте ја сретнале во трафика или сте ја аднале на фејс? Да не имате погрешна идеја за другарка уствари? Ај сега, едно писание за другарките, за аматери. Нормално е сите да растеме и да се развиваме. Некои да станат мајки порано, некои подоцна, некои да бркаат кариера, задоволства, ватевр. Со некои другарки ќе останете другарки/ или другари/ цел живот, без оглед на животните ситации. Со некои ќе се разидете, оти се развивате во различна насока, добивате различни идеи за животот, светот,итн. Мајку му стара, во нормален свет и сопружници се разидуваат заради различни светогледи, просто не се истите луѓе од пред 10 или 20 години. И животот продолжува. Секој со своето што го прави среќен, никој жртва на лажна љубезност.
Не ве исчитав сите. Нешто околу мочањето и држење во бешика. Јас немам таква мака, сите идат со мене. Е кога ќе се закараат кој да ме брише е малку поинтензивна атмосферата.
Мислењата во темава се олицетворение на цел форум. Опстојуваат само теми за мајчинство, а ние „мразачките на деца“ не можеме мислење да дадеме или тема да отвориме, бидејќи се знае судбината - или темата ќе е на игнор или ќе бидат напаѓани тие со спротивни мислења од мајките. Целта на темава, сигурно ќе се сложи креаторката со мене, не е да ги напаѓаме мајките и нивното мајчинство. Темата е: зошто принудно другарка ми сака да ми го тупне детето на чување?! Од контекст вадите муабети цело време. Никој не рече дека нема да и помогнеме на другарката ако не викне и не замоли за помош. Муабетот е: ме вика на кафе демек да се видиме, а јас да треба да изигравам бејбиситер. И кој е дволичен овде? Јас што кажувам дека не сакам да чувам дете или некоја што ќе ме викне на кафе као демек да се види со мене, а уствари потсвесно си вели „конечно ќе го дадам детево на чување кај некој“. И не, не ми е проблем 20 минути да и помогнам за детето! Проблем ми е да сум изманипулирана тоа да го правам принудно од некоја лицемерка. Подобро нека ми се јави и директно нека ми каже што и треба и јас ќе и помогнам - не само на другарка, туку и на познаничка, на непозната, на некоја од форумов... на било која личност. Не е фер да се „дружиме“ од корист со некого. На крај краева, и јас си имам мој живот, мои проблеми и обврски. Не значи дека само ако си мајка ти треба помош. Не гледам зошто некој би очекувал јас да го моделирам мојот ден според неговите обврски, како јас да немам друга работа.
А колку пати се гледате со добрите другарки на кои им би држеле децата со задоволство, а колку пати се гледате со овие помалку другарките чии деца мислите дека ви ги тупнуваат?
Ако имаш некој валиден аргумент повели, а гледам немаш ни одговор на прашањата кои ги поставив. Во спротивно не планирам да продолжам дискусија со тебе базирана на "ќе видиш", кога голем број на мајки НЕ се сложуваат со твоите мислења, иако замисли се мајки. Другарка со која си растел заедно, 18+ години, тоа е другарка. Ајде ти се молам, да се бројат мислења?
Не бе, oнaa штo сo крв се пoврзaвме кaкo пoмaли, сечење пa зближувaње нa рaкa, пoп викнaвме зa aкo е мaлку крвтa и oн aмин дa дaде Штo е битнo, другaркa, пријaтелкa, бебе си е бебе, мoже oд другaркa aкo е oдмa ќе ти се рoди желбa зa држење и гугaње.Тaкoв чoвек си или не си. Зa пoблискa другaркa мoже мaлку пoвеќе ќе се пoтрудиш aли глaвнo е декa немa некoјa битнa рaзликa.
Ниедна таква немам, што сум растела заедно. Тие што ги имам од после полнолетсво ми се, и ми траат 20+, стил каунтинг. И на ниедна бебиња не сум држела.
Ама денеска во модерно време постоеле другарки и само за кафе И тие се во категорија тупнувачи на бебиња, додека добрите другарки се за се, па нивните бебиња нема проблем да се држат, чуваат, пресоблекуваат, ранат, итн
Да така е ,не сфаќам што е смешно? Ајде кажи да се насмееме сите . Само на една другарка која ми е најдобра би и помагала со дете и секакви ствари не би ми било проблем а за другите не ми се блиски и нема што да се потресувсм ,нивен проблем како знаат нека си се снаоѓаат.На факултет една колешка пробуваше да ми го тупне детето ама и кажав директно па нека се налути ако сака нејзин проблем.
Страв и е да фати дете, ама и страв и да и каже дека и е страв... После ние мајцицките лоши... И @Biljarkata проба да ви каже, па и на неа маана и најдовте.
Бриџо, знаеш дека знам дека си умна. Не зборев за држење дете, зборев за искрен однос. Кога моите пријатели имале мали деца, ич посебно не сум се ангажирала околу тоа, дружбите ни биле без деца. Не сум одела по дома, никој не ми раскинал другарство. Ама факт- не сум имал 28 другарки, особено не од забавиште. Е ич не сте другарки, оти не кажувате такви трендови. Да знам да си најдам и јас некоја таква. Иако овде кај шо сум, бејбиситерки ги викаат. Шо ќе пијам безвезе кафе, ко можам да си ја платам слободата
Алелујаааааааа Значи тие не ти се другарки! Тие се познанички, колешки итн. И официјално нека се промени насловот на темата: принудно чување дете на познаничка Се испокарав мислејки за вашите вистински другарки зборите