Абе нека не држат!!!! Ама тоа нема врска со тоа која каква мајка е, кој каков татко е. Има врска само и исклучиво со другарството. Ако ти тупне дете, и кажеш не сакам, не е битно зошто, и не те сфати, не ти е другарка. Ама ако ќутиш, значи и правиш лице, па после ја оговараш по форуми. Значи не си и другарка.
Апсолутно, ако не си спремен за родител ич не ни покушавај да го имаш. Никој не треба да трпи и ќути, ни другарка ти што немала помош од мажот ни девојчево што ја користат ко бејбиситерка.
И јас тоа ти зборувам де, упорно ја кривиш жената оти мажот "не помагал". Ако неговите не го воспитале дека треба да завршува обрски по дома И ТОЈ, ти како негова жена толкаво мажиште на 30-40 години ќе воспитуваш? Ако има раце, нозе, здрав памет и е стабилен за работа, свесен треба да си е дека постојат обрвски во домот кои треба да се поделат и завршат. Ниту треба да го сфаќаш ти и тој тоа како помош, ниту треба да изиграваш надзор родител и да задаваш задачи.
Така. Ако еднаш се преќути, секој пат ке биде исто, па и бетер. Ако си кажеш јасно што ти сакаш, наредниот пат нема да е така.
Ама не е само тоа дека недечарката треба да каже.И мајката треба да има свест да не тупнува дете на другарки без да ги праша.
Ама и да немала мајката свест, недечарката ке и кажела дека не сака да го држи, аман. Особено ете чим се познанички кои не си се познаваат толку добро и не знаат која што сака. Ке ја користи ако она не збори. И не е во ред и тоа, сфативме. Еве дојдовме и на вашата страна и пак не се ок нашите мислења.
Ќе има ако некогаш таа се изјаснила дека не е дечарка. Во другараството има неисрцпни муабети и теми. Јас знам секоја што сака а што не. И не, нема да и тупнам. Ама знам на која можам. На онаа што не знам што мисли нема да и тупнам. Ама таа вероватно не ми е толку блиска, чим ништо не знам за неа. Јас лично, такви работи не сакам. Не сакам да се тресам што ќе се каже, како ќе се каже, сакам сите да сме реални. Ама не сме. Затоа пак ќе кажам. Мене не ми е јасно како се другарки, а оваа не знаела дека не е дечар и и тупнала дете.
Другарка е за мене онаа со која со поглед се разбираме,не мора ништо да кажеме. Си го знаеме секој израз на лицето и мимика. Незамисливо ми е вакво тупнување од мајката и не сакање држење дете меѓу другарки. Тоа не е другарство. Затоа е темава утната.
А,бе,треба да сфатите дека е небитно дали е кратко познанство или долготрајно пријателство. Од човек кој не е должен не можеш да очекуваш да ти држи или чува дете. Секој си има свои приоритети. И да иако не ви се верува на некој му е непријатно да држи дете или му е страв,или му е незамисливо. Но,тоа не значи дека нема да ви помогне на друг начин.
Seriously? Познанички? Другарки за кафе? Луѓе читате вие што се пишува или коментирате колку да се бројат мислења? Патетично е веќе. Кажав дека зборувам за другарка која ја имам 18 плус години и која одамна веќе не се интересира за мој живот, меѓутоа упорно се трудев да задржам пријтелство и мислев дека ќе бидам сфатена погрешно, као не го сакам нејзиното дете ако кажам. Има различни карактери на луѓе, кои различно реагираат на ситуации. Еве повлечете пример од самите себе, очи ќе ископате на темава само затоа што нешто не ви одговара. Епа исто е и во реалниот живот. Култура нула имате, навистина не мислам да паѓам на ваше ниво и да навредувам кој ќе стигнам само затоа што не ми одговара нечие мислење. Добар пример ќе бидете во иднина за вашите деца. Кутрите сакале помош од другарка оти нели убаво е нозете у вис а друг да ти држи дете, инаку немале време за во тоалет ахам, а изнапишале 30+ страни на фемина. Ама што да правите и вие досадата ве тепа. Нема да се самоцитирам ама ниту една од вас не одговори на прашањата зошто на вашите другарки не помагате со проекти за факултет, работа или било што друго, кога веќе толку знаете што е вистинско пријателство? Или пријателство е само кога добивате помош, а не кога давате? Интересно. Туку да, заборавив дека само вие имате обврски бидејќи нели имате дете, ние останато се сме џаболебари, така ни врви животот, не дека имаме обврски или правиме нешто со себе. Трагикомично. И јас мислам дека најдобро е темата да се стави под клуч, излишно е било што плус да се каже кога и онака целата поента е промашена.
Епа извини ама ни таа не ти е другарка тогаш чим тебе не те сфатила и не ја интересираш повеќе за ништо друго, тоа е поентата на муабетов А тоа што ти ќутиш е веќе друго. И ти не се објаснувај повеќе туку реши си која ти е другарка, а која не. И немаш право за мојата култура да зборуваш, а нит ме знаеш и познаваш. Која некултура? Јас што искрено си кажувам или ти што ја оговараш другарка ти на Фемина форум? Јас на тоа ниво не паѓам и никогаш нема никаков совет тука да барам ако сакам некоја да ми остане другарка, ке решам со неа.
Ми беше и тоа доста добра, затоа давав шанси и имав разбирање. Се трудев да учевствувам во се што се случува во нејзиниот живот бидејќи нели тоа е дефиниција за вистинско пријателство. Не поминуваше ден да не прашам како е, како се прилагодува, дали и треба помош. И таквите шанси траат одредено време. Не се откажуваш одма бидејќи ти е криво и даваш време за прилагодување на нова ситуација, се ставаш во заден план и токму затоа толерираш и си ќутиш одредено време. После тоа сфаќаш дека залудно е. Се надевам дека сега сум доволно јасна што точно се случуваше. Патем сеуште ќе ги одбегнуваш моите прашања? Со редактирањето веќе не може човек да ве прати. Реши се еднаш што сакаш да кажеш. Која некултура, нели е очигледно? Не паѓаш на мое ниво, туку на многу пониско, со навреди и препукувања. Што е тоа зрела дебата?
Па знаеш, ниедна жена не вреди ништо дур не роди. Дипломирала, магистирала? Пих, големото чудо, за тоа ќе им помагаат они. Оди роди дете да видиш што е мака.
Епа извини ама јас имав другарка обратно од твојот случај. Тотално незаинтересирана за мене беше, нит ме викаше на кафе (од кога забременив), сама со други колешки од факс знаеше да седне, па јас да ја видам и да ми е криво. А јас бев трудна и имав тешка бременост и неможев 5мин да постојам на нозе. А она не се јави да праша ни како сум. Ретко одев на факс, а она почна од нигде никаде да ме одбегнува. И ми беше другарка со која учев основно, средно и на факултет заедно, од тие другарки што сме спиеле една кај друга. Шанса давав се додека не се породив, пак ме избегнуваше и не ме праша како сум. После тоа ставив крај и веќе она не постои во мојот живот. Нема зашто да тинтраш луѓе во животот кои не ти одговараат.
Џабе докажуваш. Додека не се осети на своја кожа џабе. Еве на другарка ми сега што има бебче кога и кажував станувам во 7 и највеќе што спијам е 4,5 саати (ретко, малата уште и мене ми станува 2,3 пати ноќе) и викаше лелеееее како така... а сега бебето и станува на 15мин и вика среќна ке биде и 3ч да спие Патем јас дипломска спремам и со 2 и 4г деца сум
Јас кога спиев 3 саати непрекинато мислев дека сум умрела А јас имам дете и сум на втори магистерски и одам редовно на факултет у странство и полагам испити. Ама овие уште мајка им ги пере, а тешко им било... Ќе си осетат.