Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудно чување дете на другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annora, 12 ноември 2019.

  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Не можеш да знаеш кој што прави и на кој колку му е тешко, па за да тврдиш дека вас со деца ви е најтешко. Некој работи тешка физичка работа, некој работи повеќе часа, некој и работи и студира, некој и работи и студира и деца има, некој само деца чува и не работи, значи се тоа се различни ситуации. Секој за себе си знае како му е и не е целта да се споредуваме на кој му е потешко, туку да се даде значење на сечија ситуација бидејќи никоја не е помалку вредна од другата.
     
    На Harper, sj *O*, Purplelilac и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.003
    Допаѓања:
    133.914
    немој жити се.

    Давидам другарка камен да држи од 7 кила у раце ќе речам дај да ти помогнам, не па дете од 7 кила да и го придржам 20 минути. Себични сте, не сте добри другарки и си барате оправдување за да си олесните.
     
    На SexiLy, oblace1, TutiFuti и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.022
    Пол:
    Женски
    А добро, вие се натпреварувате со младиве на кого му е потешко? Кај се зима Нобелова за ова, дај кажете. Оти едно ко ниедно, две ко 100, со 3 излудуваш. :rofl: Да се собереме ние со 3 во посебна група. Партал ќе направиме. :muscle:

    Изгледа е малку натпреварот меѓу мајки, на која и е потешко, која е подобра па почнавме сега и со цуриве од 20+.

    Секој период има своја тежина. Не гледам потреба да се објаснуваме.

    Да, со дете е тешко, еве кажувам по не знам кој пат. Ама немам орден да доделам за тежинава.

    Не се цуриве мајки, ама се нечии деца. Не мора да ги просветлуваме.
     
    На Ruzica00, kalinaka, Harper и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе, се надевам дека му помагаш на истите тие другарки кои ги потценуваш само бидејќи немале деца.
     
    На sj *O*, VoodooGirl и nextredstyle им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.003
    Допаѓања:
    133.914
    Нормално дека им помагам кога се вистински другарки и вредат.
    И затоа се тука да ми помогнат, оти и јас им помагам.
    Не би да кажувам што им помагам, ама самиот факт дека се тука за мене, кажува доволно за мене.

    Вас не ви помагаат, оти не помагате. Simple as that.
     
    На Feminka22 и mariz им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Баш и не сакам да имам деца коа ве читам.
     
    На Harper, sj *O*, Кена Рис и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.531
    Допаѓања:
    20.022
    Пол:
    Женски
    А шо ќе сакаш, темава е секоја желба за дете да ти ја уништат. Уместо светлата страна, најлошата е прикажана.
     
    На Harper, candy.cane, sj *O* и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    Да секако, успат и ги потценуваш. Приказни за мали деца.
    Јас имам многу добри другарки за кои секогаш ќе бидам тука како и тие за мене. Зборував за конкретен случај ако не си сфатила досега. Интересно е како сами си носите заклучоци и ставате зборови во уста.
     
    На sj *O*, VoodooGirl, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Баш, ама не дека е тешко, кажав и претходно. Туку се плашам дека ќе станам таква личност до краен степен изменета на полошо.
     
    На Harper, sj *O*, Кена Рис и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.003
    Допаѓања:
    133.914
    Каде виде такво нешто? Моите другарки се топ, секогаш тука за мене, без разлика на се. Ти така се осеќаш.

    Иначе, ако не ти е другарка, смени налсов на тема, принудно чување на дете на познаничка.
     
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.242
    Допаѓања:
    76.256
    Пол:
    Женски
    Е така е :clap:
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.800
    Пол:
    Женски
    - Ние правиме се што правите вие, плус имаме дете.
    -Види, јас дипломирав, магистрирав, и имам дете.
    Се друго е мачкина кашлица у споредба со дете.
    -Јас кога спиев 3 саати непрекинато мислев дека сум умрела :)
    А јас имам дете и сум на втори магистерски и одам редовно на факултет у странство и полагам испити.
    Ама овие уште мајка им ги пере, а тешко им било...
    Ќе си осетат.

    Еве каде. А каде јас реков дека мене другарките не ми помагаат и дека не помагам на ниту една со дете? Баш спротивното го кажав, ама кој да чита. Битно нешто да се коментира.:yawn:
    Познаничка again. Во ред е.
     
    На sj *O*, Purplelilac, Alisa22 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Си помагате ама си ги мерите маките чива е поголема.
    И кичма да скрши другарката и да лежи прикована за кревет со месеци ќе ѝ речете: Лесно ти е на тебе, немаш дете
     
    На candy.cane, sj *O*, Purplelilac и 11 други им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.242
    Допаѓања:
    76.256
    Пол:
    Женски
    Глупости. Јас за другарка со се бебе 6м сум трчала.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    А шо не си оставите вие со 5 факултети, 2 деца, 1 саат спиење и 0 минути мочање по една биографија овде на Феминава да трепка за да не се објаснувате на секое што се' сте изминале до сега?!

    Единствено нешто што ми е потешко да разберам од недогледното објаснување колку некоја била лоша другарка, е како бројот на факултети се доведе како поддточка на дискусија во ваква тема.
    Невозможни сте навистина.
     
    На Ruzica00, Harper, moonlight-girl.55 и 14 други им се допаѓа ова.
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.152
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    Абе како така другарката ти го тупнала да го чуваш 20 минути.
    Па без осет да се било!

    Кај е тој мажот и, само за правење ли е? Наместо да дојде од работа да земе слободни саати и да го придржи 20минути за да може да посегне по кафето за да си го испие и уште 5 минути додека да отиде да се измоча!
    Стварно кога веќе решиле дете да имаат требло да си ги дефинираат и овие работи! Како се решиле на дете, а планираат друг да им го чуваа 20минути!

    Дома исто на кафе кога ќе те викне или нека дојде мажот да го почува додека она принесе нешто грицки, блакце и додека свари кафе, ако не нејзин проблем што може да го изгори додека го припреми кафето и нека се снаоѓа да принесуваа со една рака, па што мислела кога раѓала?!
    Сакала дете да има, нека си сноси последици!

    П. С. Сериозно споредувате факултет со живо суштество кое зависи од тебе и не дај Боже да се случи нешто од невнимание може да одговараш за тоа или цел живот да си го уништиш?
     
    Последна измена: 19 ноември 2019
    На elenaxbbg, supergirlmb, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Значи прво немале време за мочање, а после и со бебе им помагале на другарките да не испаднат лоши другарки.
    Сега се има време или не, јас пак не сфатив.
     
    На Harper, candy.cane, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Едноставно ако ти смета тоа што ти го остава детето додека си таму не оди повеќе, ако сакате да се видите договорете кафе во кафиќ без дете и толку, или прекинете го контактот.
    Другарка ти може смета дека сте блиски, може си мисли дека си отишла да го видиш бебето па ти го остава, а може и така да е, напорно и е со бебе постојано, ми звучиш по постовите дека си релативно млада, па така и таа, верувам и другарката е твоја возраст, млада мајка, која едвај издржува но мора, можеби нема помош од никој, можеби бебето плаче постојано и навечер и цело време е в раце, мајката е преморена и секое друштво го користи како припомош.
    Можеби не е ни свесна дека така ти го оставила, но си мисли ок е, другарка ми дојде сигурно сака да го види бебето, јас ке ја послужам без брзање додека таа е со бебето, она сигурно мн сака да си поигра оти нели мајкиното е најслатко и најубаво од сите, а и јас ќе одморам раце после цела ноќ неспиење, пеење и нишкање, сакало да цица не сакала, фатило шише не фатило, претопло било млекото или мн ладно било.

    Работите изгледаат едно кога си девојка а сосем различно кога си мајка, кога ќе имаш свои, ако си сама без помош ќе видиш колку со душа ќе го чекаш другарското кафе и некој макар и на пола саат да ти причува дете.
     
    На supergirlmb, Annath, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.242
    Допаѓања:
    76.256
    Пол:
    Женски
    Кој кажа дека за себе зборуваме? Кај кажав јас дека јас не сум можела да мочам? Зборувам општо и искуства од другарки и познанички со бебиња. Можев и можам јас да мочам :)
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.242
    Допаѓања:
    76.256
    Пол:
    Женски
    Ова го збориме цело време ама кој да сфати. Лоши сме што и даваме совет да разговара со другарката за тоа.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.