Таман си е, она си отишла изгледа да се исприча како било у саботата у диско, кој и се пуштал, со кој си отишла а оваа бебе и тупнала. Таман си е.
Што убаво, уште една мајка го илустрираше тоа што останатите немајки 40 страни на темава се обидуваат да го кажат Баш така, држење/ чување на туѓо дете е екстремно одговорна обврска. Незнаење или невнимание можат да остават последици по многу животи. Затоа, многу неискусни девојки не сакаат таква одговорност.
Па поголема последица има од тоа да го држам со една рака додека варам кафе и принесувам мезе за другааркава од тоа она да го земе на 10минути да го подржи. Од држење во раце на ниедно дете не му станало ништо, подобро од колку да го малтретираш држејќи го во една рака, да го оставиш на кревет да зајде од плачење или ако оди да си ја падне/лапне па да му стане нешто? Добро еве го оставам бебе на кревет да вришти додека јас вас како другарка ве испоштувам кафе да сварам. Бебе вришти, воздух не може да земе. Нема да ви дојде да го земете да го смирите додека јас завршам?
@ocicka2014, не ти беше тоа поентата на муабетот А мора ти да вариш кафе? Другарка ти ќе стане кафе да свари. Кафиња сите знаеме да вариме. А бебе што вришти ТИ ќе си го смируваш, со двете раце. Бебе што зајдува, исто ти ќе смируваш. Падне/ лапне? Исто твоја одговорност. Ако не можеш и бебе да гледаш, и другарка да дружиш, ќе си кажеш. И мене другаркиве ми кажувале дека имале лоша ноќ, дека бебето е нешто раздразливо и само плаче па сме се предоговарале. И види чудо, уште се дружиме
Кога имало лоша ноќ нормално дека не ми треба никој, а најмалку кафетисување. Зборувам за нормалнц ситуација, бебе може да вриска од чиста мира и ништо да не му е, може сака само внимание и некој да му траска со траскалце над глава. Доволно е да го гледаш детето и нема шанси да лапне нешто или да одиш по него да не се тресне негде. И да не си дечар не разбирам што е толку тешко тоа да го подржиш/причуваш на кратко. Некои работи се прават и без допир само да теаскаш тропкалкаа на пример. Оваа е исто како не сакам старци (како вие што не сте дечари и не сакате деца), гледам пред мене паѓа старец и не може да стане и јас да не му помогнам да го одминам бидејќи не е моја работа и што не си седел дома кога знае дека е немоќен и може да падне и да се повреди.
Да беше родителството нешто нај-нај за сите,тогаш сите ќе стануваа родители. Но,не е за секого.Некој поминал низ тежок период и страдал и веројатно се одлучил да нема деца за да не страдаат и тие.Или не му е својствено.Не може ниту да се замисли како родител и готово. Не го ставајте родителството на пиедестал.Сè си има своја тежина. Некои факултети се многу захтевни. Еве,на пример хирурзите уште на факултет заборавиле како изгледа квалитетен сон,а потоа на работа по цели денови плус дежурства,уште и кога фали персонал во болница,па повеќе работа имаат тие неколкумина... Градежните работници се мачат на плус 40 и на ниски температури,но немаат избор.Мора да донесат леб дома. Не им е лесно ни на оние кои прегледуваат 1000 документи дневно. И не треба да осудувате недечар/ка.Ако нејќе да ви држи дете,сигурно ќе сака да ви помогне на друг начин.
@ocicka2014, ти ја прочита темава? Од сам почеток? Или вака ќе биде со секоја тригерирана мајка што ќе се убаци на последна страна и ајмо-јово-наново со истите муабети од првата страна. Сакаш да ти ја сумирам досегашната дискусија? Накратко- 5, 10 минути причувување не се воопшто проблем, додека мајката да заврши некоја пократка работа, се истушира итн. Модерни, свилени и „е*ате“ другарки се оние немајки кои не сакаат да се нафатат да чуваат бебе додека мајката спие. И да се разбереме, никој на темава не кажа дека не сака деца.
Се прашувам дали и на луѓето кои се борат со неплодност и се боцкаат секој ден во одредени саати, идат на безброј инвазивни прегледи и минуваат низ психички пекол за да имаат дете им велат ама чекај тек допрва те чека тешко. Ова сега е така-така, после е тешкото. Чекај да го имаш. Ама од кај знаат они без дете, мајка им ги пере уште. Демек знаете вие зошто некој нема деца. Најбитно да испаднете во право на форум. Нека се воведат награди некои за најдобар камбек, и онака само тоа се гледа на форумов.
Вие со три деца па што изводите, навикнати сте веќе, башка второто во го чува третото, првото ви го чува второто, едно да имаш да видиш која мака е.
Девојчето сакаше само тема да отвори за да кажете што би правеле вие во некоја ситуација, а вие сте се запнале да и солите памет, просто не можам да поверувам. Па уште и кај замина темата, не биле вредни жените дур не роделе. Глупости во боја навистина. Дури да помислиш дека тој што го мисли тоа нема многу високо мислење за себе или нема со што друго да се истакни, па тоа што е мајка е врвот. Ок, за некој е врвот тоа, ама постојат ситуации и не секогаш да се биде мајка е најтешкото и најдоброто нешто што и се случува на една жена и не секогаш тој што го нема тоа не е вреден. Ако си по некој случај неспособна да имаш деца убиј се зошто нема смисла веќе да го живееш животот кога си ја фејнала мисијата? Ако јас сум жена која живее во лускуз, јаде од златна лажичка, газ си брише со банкноти од 1000 евра (да речиме, не знам дали има, ама да замислиме) и раѓам дете без мака со триста доктори околу мене, имам дадилки за секоја активност по една, моја работа е само да се дотерам и да фигурирам во семејството,а нон стоп се жалам како е тешко да си мајка, тежок е животот, мачен, а ти си жена што станува во 3 сабајле, оди на тутун, црнчи таму до 8, па после оди и копа на нива, се грижи за свињи, крави, ги молзи, носи млеко до другото село, пешки, се враќа, ја бања неподвижната свекрва, сама ја крева, ја облекува, прави ручек за неа, за мажот, свекрвата, свекорот и деверот, после тоа чисти се генералка, од куќа, од двор, штали, остави... Пере алишта, теписи, патеки, ќебиња се на рака, плакне, преплакнува, ги цеди, мие тањири, тепсии, тави, па спрема за спиење за четворица, цел ден ги служи им слугува, последна легнува и утредента пак по старо и не се жали за ништо и секогаш е вредна и насмеана и позитивна, а нема деца, тогаш како е можно да имаш здрав разум а да мислиш дека јас, т.е првата жена во примеров повеќе вреди од вторава и таа е таа на која треба да и се поклонуваме и восхитуваме само затоа што родила, покрај оваа другава што е борец, супер херој и жениште? Нема смисла, сигурно и вашите ќерки не ги учите каква сакаш биди ќерко, само роди дете, така ќе бидеш само вредна и достојна да живееш.
Јас ја прочитав темава ама се измешаа работи и од вас, од мажи до факултети. Без врска муабети. Не сакаш да му помогнеш да го смириш детето значи не го сакаш, друго објснување немам.
Кога имав едно, не одев на мочање. Сега, ми порасна уште една бешика. Спремна сум и за четврто. Оно ќе ми средува по дома и ќе бидам чекор поблиску по недостижното кафе.
Може не знае како? Може се плаши дека несакајќи ќе го повреди бебето? Може во живот нема фатено бебе и не ни знае како правилно да го држи, не па нешто повеќе? И да, веќе неколку пати во темава е одговорено на истиве овие прашања. Едит- веќе имам пишано, бебе што плаче не смирувам, туку веднаш го давам на мајка му. Јас сум тука да помогнам, ама мајката е таа што ги знае потребите на нејзиното дете.
Темата е замината во неповрат дефинитивно. Измешаа и баби и жаби, од што не знаат повеќе како да ги извадат своите фрустрации од секојневието, па ајде ќе се расправаме на форум. А баш беше добра тема за да се развие дискусија, да се споделат различни мислења, да се извлечи нешто поучно од се тоа. Никој не е безгрешен и секој може да извлечи нешто само доколку сака. Ама измислувањето на ситуации за да се долови поента е едно големо НЕ. Каде прочитавте дека некој би оставил дете да плачи, а да не го земе? Каде прочитавте дека се работи за држење од 20 мин? Бидејќи гледам сте се запнале за тие 20 минути. Каде прочитавте дека мајката нема помош и е толку преоптеретена што не може да отиде во тоалет? Каде прочитавте дека другарката не сака воопшто да го пипне детето? Каде прочитавте дека некој НЕ САКА деца?? Она што го раскажав беше СОСЕМА поинакво. Се додека измислувате работи нема поента да се продолжи да се коментира. Срамота навистина. Баш бидејќи сте мајки не очекував мислења полни со злоба, навреди и осудување. Ама вие си знаете. Се одјавувам од темата, не планирам во иднина да коментирам бидејќи очигледно ретко кој прочитал што сум напишала. На прво место не ни побарав совет, отворив тема за да размениме мислења а не да ми солите памет што и како треба да правам. Фала ви, ама возрасна личност сум и знам да се носам со ситуации во животот. Единствена мана ми е што премногу давам шанси на луѓе кои не го заслужуваат тоа. Ама самиот живот е една голема лекција. Поздрав.
Јас сум мајка... И ни сакам да чувам туѓи деца, ниту некогаш сум сакала. Сум чувала, не - да не.. Како услуга на многу блиски луѓе.. Неколку пати. Ама да уживам, не уживам во тоа воопшто. Обврска ми е, одговорност ми е. Исто, не сакам да држам туѓи деца кога сме на гости, или излезени некаде. Сакам да ги подземам на некој минутка, да ги позадевам, и да ги вратам на родителот/родителите. И скроз разбирам, ако на некој не му е мерак да ми го чува или држи моево.. Додуша сега е големо, ама кога беше мало, не очекував ништо, и не барав ништо, што не ми било понудено од другата страна.
И пак истите муабети... Таткото и мајката се тие кои мора да сакаат да си ги чуваат децата. Сите останати - ако сакаат, ако имаат време, ако имаат желба
Па и да не сака ,никој не е должен да и го држи детето ,работава мажот ако не и помага другарка и и е крива.
Ама видете, не мора ни да има легитимна причина за да другарката не го држи бебето. Едноставно не сака. Не мора ни да да се плаши, ни да е уморна, ни ништо. Не сака да држи бебиња и тоа е тоа. Зошто постојано велите дека би разбрале ако од некоја икс причина не сака да го држи вашето дете, ама ако не сака јер не сака, тогаш е проблем? Да извлечам заклучок - има супер мајки кои работат, студираат, патуваат, одржуваат дом чист, готват, имаат секс со маж им и нормално, чуваат дете, а има и мајки кои не мочаат без да има некој да го чува бебето... Ја не разбирам или како?