Никој не може со сила да ми/ви даде дете на чување ( т.е. принудно ). Принудно може да биде првиот пат, кога не знаеш дека треба да изиграваш дадилка а незгодно ти е да одбиеш. Се понатака е веќе избор. Си знаеш, штом постапките на мајката не ти одговараат, не одиш кај неа на кафе, одиш и кажуваш дека не можиш/сакаш да го чуваш детето цело време или едноставно бараш некој начин да излезете без детето. А зошто има такви наметливи родители, треба да ги прашаме нив. Јас би причувала некое мирно детенце, но не можам да излезам на крај со разгалени и темпераментни деца или со премногу мали кога не ни знаеш зошто плаче на пример. Не е дека ги мразам, но немам нерви и трпение. Имав случај кога морав на 15тина минутки да ја причувам внука ми, ја зедов без проблем и бебето ме измокри. Се нашаливме на ситуацијата и отидов да се пресоблечам. Добив такви погледи и исмевања чиниш сум направила нешто лошо на детето. Како тоа да одиш да се пресоблечеш, зарем се гадиш од внука ти, аман бе, големата работа, те измокрила, ќе се исуши.
Да да го купиме кога не ви одговара муабетот а не знаете што друго да одговорите. Факт е дека мајката и татко се должни да го чуваат детето и никој друг не е должен освен нив да го чува ако не сака и нема што да се правда затоа што не сака да чува туѓо дете.
Ако сака да го држи,ќе го држи,ако не сака,не сака. Повеќе треба да се срамат мајките кои ги шамараат децата отколку оние девојки/жени кои не се гледаат себеси како мајки. Различни сме и тоа е.
И вие кога нема што да одговорите го употребувате одма мажот во реченица, кај бил он. Во кафана или по жени е според вас.
Жената сама не прави дете,и мажот учествува во процесот. Арно рекле старите кој си го направил,тој да си го гледа. Збориме за мажот оти тој е должен,а другарката не е.
Не сфаќам дали навистина не разбираш што кажувам или што ај прочитај уште еднаш што сум пишала може ќе сфатиш нешто . Ко буквално ти кажувам факти и ти ми реплицираш со нешто тотално бесмислено .
Не се чуди ,знам навикната си и дете сама да чуваш и да му готвиш и да переш на мажот ама треба да сфатиш дека не е кај сите така ,во нормални бракови и двајцата сопружници помагаат еден на друг и заедно го одгледуваат детето. Никој освен родителите не е должен да го чува детето ниту на 5 минути.
Ти за сите знаеш на што се навикнати и како функционираат дома, и тоа со факти. Како се осудуваш да ми кажеш како ние фунционираме по дома и дали мажот ми помага или не? За многу работи не сум должна па сум помогнала и направила бидејќи сум имала разбирање.
Во итни случаи и најголема недечарка ќе покаже разбирање и ќе почува дете,но истата не е должна секој ден да биде на располагање.Ич не е.
Си помогнала на своја добра воља. Секој си има право на избор да одлучи дали сака да помогне или не , еве мене колешката од факултет што проба да ми го тупне детето не сакав да го чувам и готово и кажав директно дека не сакам и не и објаснувам зошто ,ако е уморна што ме бара за кафе.
Па членкава секој ден ли оди и пие кафе со другаркава? Оти ја извртуваш работава дека се жали секој ден на располагање треба да и е?
Принудно можам само на мм да му го оставам кога ми е хитно за во вц. Инаку на никоја другарка не и го трупнувам со сила син ми ниту па сум во план на некого да чувам дете принудно. Бидејќи кога јас можам се сама да вршам со него го може тоа и некој друг. И за кафе да е работата ќе си го јас анимирам нема проблем. А доколку таа/тој покаже интересес дека сака да го анимира дур сме на кафе по сто пати препрашувам дали е сигурно и да не им е напорен бидејќи е такво жилаво дете што чудо е на едно место да седне.
Хаххаха, да на никој не сакам да му наметнувам дете. За разлика од сите вас тука што водите статистика ние мајките/немајките која што и како прави.
Читам страници наназад за мочањето, а што ако ви се прииде по голема нужда ама ептен да ве фати се**а? Ете мене ми се има десено бебе вришти плаче, а јас готово ќе пуштев па си го земав со мене сама бев...
Претерувате. И едни и други не покажувате воопшто емпатија. Она што ми боде очи е тоа што запнувате никој не е должен да го чува освен таткото и мајката. Случај мајката е болна оди на инфузии,таткото е дежурен хирург(пошто за таа професија запнавте) и не може да дојде. Прва опција се баба и дедо, но ако ги нема тетки стрини па и другарки ќе се замолат запомош. Не се должни, но ако имаат човечко во нив ќе дојдат. Стопати се повтори не одете кј другарки кои ви тупнуваат деца за да го испијат кафето без дете в раце. Едноставно кажете и дека ќе се видите кога ќе тргне прваче малото. Само, да знаете никој нема да ви биде толку благодарен колку една мајка на која сте и правеле муабет за друго освен за деца и сте и рекле напиј се кафе додека сум тука, бебе може и легнато да се занимава. Мајчинството е прекрасно не се плашете, ама треба да те спремни на многу ситуации во кои ќе ви треба помош. И не бидете толку злобни. И оние од едната и другата страна.
Абе сто пати го расчистивме тоа дека за таква помош секој би дошол. Девојчињава неколку пати пишаа. И цурата што ја отвори темата, неколку пати потенцираше дека ќе било подобро да ја замолела за помош. Воведниот пост друго кажува, не она кај што забегавме ние со дискусија. Зошто ви е толку интересно да не дочитувате? Па не ти е баш некој аргумент. Има мајки кои освен за пелени, кашички и останати ствари поврзани со бебе не ни зборат за друго. На оние кои не се во тој фазон, секако дека ова не им е интересно и пак знаат да ислушаат. Ама, еднаш, два пати, постојано? И тие имаат потреба да бидат ислушани. Освен тоа, речиси сум сигурна дека тие што немаат деца, прават други муабети. И тоа не значи дека нема да ги ислушаат мајките. За пелените, за кашичките, за столицата, за децата воопшто. Еве и јас некогаш си здосадувам самата на себе, а не па богу и народу. Ги разбирам мајките. Ама не ја разбирам потребата да им објаснуваат на девојчињава колку е тешко, чиниш животот ни завршил. Не прекинал. Напротив. Жими се личи како некој натпревар на кого му е потешко и полошо. И имам забележано дека во вакви и слични теми, секогаш се потенцира колку е најтешко, жалби и поплаки, непреспиени ноќи итн и "ќе видиш ти кога ќе родиш". А во теми каде некоја членка ќе каже дека не сака деца, се истакнува колку е тоа најпрекрасно, па како можела да не сака, тоа бил најголемиот успех во животот. И секако пак, "ќе видиш ти кога ќе родиш".