Па имаме скоро исто мислење, муабетотама повеќе ми беше што постојано запнуваат мажот каде е та мажот каде е. Некој мора да оди и на работа. И она епа кој те тераше да родиш дете сега снаоѓај се,мене ми е исто со ќе видиш кога ќе родиш. Наместо да се покаже почит и кон мајка и кон девојка, бар како жена кон жена. Убаво прочитав негде не е чудо што ммашките другасрства се потрајни. Секоја страна си е во право. Џабе се разглабаат тешки теми, кога пак секој тера со своето.
Ај сега по 1000000000000000000000 пат, работата не го оправдува мажот јер не работи секој маж 24 часа. Плус,мажот го направил детето заедно со жена му и врти-сучи,должен е колку што е и жена му.Мажот само не може да го дои бебето,ама може да го храни со шише и подоцно со лажиче. Од другарка може да се бара помош само кога нема никој друг на помош.
Абе нема поглуп изговор за не држење дете од “не можам” и “немам фат”. Освен ако не можеш од здравствени причини. Ќе ти каже овде едната рака, овде другата и толку е. Не, држење дете не е научна фантастика. Деца испородија деца и ги издигаа, еве слушам костозглобно е полно со бебиња поради другарки што немаат фат. А легендата вели дека некоја другарка некаде, немала фат и му наштетила на бебето на другарката. Едно е да ти е страв и да не си сигурна, сите сме го прошле тоа а не дека не можеш. Кат да крап и кажете си не ве боли патка за другарките. Едноставно нејќеш е зборот и крај. Мене тоа не ми е дефиниција за другарство, ама нека ви биде. А дека има другарки без осет, што ќе тупнат деца, охооо има. Ама тие се обично без осет и за се останато, тогаш треба да се запрашате самите, зошто се дружите со луѓе без осет? Околу мочањето, првите денови не мочав со саати кога бев сама со бебе. Ништо не праев и само седев и ја гледав. Не дека не можев да мочам, спиеше по 4 часа, ама тогаш мислев ако се поместам милиметар подалеку којзнае што ќе и се деси. Башка што тазе породена веќе ништо не притиска на бешика и немаш ниту осет дека ти се моча на почеток, што е олеснителна околност. Ама затоа кога ќе почнеш да мочаш, крај не се наоѓа. Потоа сфатив дека морам да мочам, па мочав со неа во рака, а кога потпркна беше во количка со мене. Сега веќе ја ставам во креветче или релаксатор и мочам и јадам и чистам и алишта пружам и се. Ама има и такви ситуации како ете денеска, се зачистив и не стигнав да мочам. Кога завршив таа веќе плачеше за јадење и спиење. Можев да мочам уште минута работа, ама таа ми беше приоритет да ја намирам. Па си потрпев. Мислите кога ќе станете родители мочањето ќе ви биде пред се? И јас еднашка така си мислев. Ме пречекаа и мене поискусните од мене овде на темава, па и јас ќе ве пречекам вас, бар оние што ќе се одлучат да имаат дете. Тоа што се жалиме од обврски, а го користите против нас ќе ве стигне да не се секирате. Сум била таму, сум го напраила тоа. Дека е тешко, нема потешко од имање мало човече кое зависи од тебе и ти треба да го одржуваш во живот, при тоа и да правиш се останато. Напорно е и исцрпувачки е ама истовремено е и најпрекрасно на свет. Ќе се сретнеме и таму оти знаете.. оној кој рекол дека неговата чаша не се крши, прв ја испуштил од раце.
@Yowannty Не е тоа глупо.Знаеш што е глупо? Тоа „ќе видиш кога ќе родиш“ е глупо,а воедно е и тврдењето дека „ќе се премислиш и ќе те видиме во темине за пелени,за тантруми и слично“,од мајки кралици. Видовити се,демек. За да издржиш повеќе саати без мочање,не треба да пиеш течности цел ден. Без течности може да ти се слоши. Плус,мочањето е минута-две работа.Големо чудо ако бебето полежи само во кревет 1 минута. Ако мајката се грижи да не заплаче,може да проба да го заспие,па да моча. Точно е дека мајката не може да иде во веце на 2 часа,но не е дека нема ич време. И да,верувала или не,има луѓе кои не можат да држат бебе/дете ни минута,дали поради нивни трауми од детството,дали едноставно не им е својствено,битно не можат. Таа другарка недечарка не е лоша поради тоа и сигурно ќе понуди друг вид на помош.
Пак вие за мочањето? Теоретски љубав лепо звучи, малчице је друкчије у пракси Во пракса, со бебе не можеш да мочаш кога ќе ти се примоча. Пример, ти виси на цицка. Циститис се праи од тоа, ако не одиш на мочање кога ќе ти се моча. И тн. Ова за мочањето, за темата тупнување дете, кажав што имав да кажам. Кој, кога и дали ќе сака дете, не зависи од тоа колку страшни приказни за немочање ќе прочита, од друго зависи
Е ова. Овде во темава кога ве чита човек (не тебе лиана, другите мајки) стварно да помисли дека ама ич не ви е мило што имате дете и само како терет гледате на сето тоа. И тешко е, не викам не. Ама ова ќе видиш кога ќе родиш уште малце фали баш како закана да го сфати човек зашто до тој степен го прикажувате тешко и болно. А во други теми - абе убавини е. Искрено, колку и да е тешко, на крај воопшто ли не уживате во сета таа мака знаејќи за кого го издржувате сето тоа?
Ете ова. Овде се разиденуваме оти на истите работи гледаме различно. Некогаш бебе спие цела ноќ и јас сум наспана. Деновиве се буди на 40 минути. На цицка ќе заспие ама јас сум будна. Некогаш сум само со 2 расцепкани часа спиење на ден и просто се воодушевувам од себе си како сум спремна да ја пресоблакам, дојам, презаспивам одново и одново успат и да зачистам нешто и да заперам и да сум најсреќна на свет. А пред неа не функционирав без неколку часа спиење. Минатата недела бев болна труп. Во нормални услови немаше од кревет да станам, а сега немав време да мислам на мене. Се мислев како ќе го преживеам денот ама тоа го помислуваш само во секундата потоа веќе немаш време да мислиш на себе. Пренапорно е. Од самата бременост па уште повеќе откако ќе родиш. Ама е истовремено најпрекрасно. Никој никогаш не рекол дека е лесно. Исцрпена сум, а има само 3 месеци. Ама толку сум среќна што би поминувала низ истото уште минимум 2 пати. Тоа што вас сега ви изгледа како жалење апсолутно не значи дека децата ни се товар. Да биле, никоја немало да раѓа второ или да планира други. Ви изгледа клише, смешно и глупо, ама како и за секоја ситуација во животот па така и за дете, додека не искусиш на своја кожа, како поинаку би знаела? Сега може ќе превртиш очи и на моево, ама е со добра намера пишано. Нема зошто да се плашиш да имаш дете само затоа што некој се жалел на форум. И од факс се жалевме па завршивме. И од дечковци сме се жалеле па се омаживме. Од работа сите се жалат па уште работат. Она што го сакаш не значи дека ќе биде лесно, ама ако го сакаш, апсолутно ќе биде прекрасно.
Да и јас имам забележано дека оваа тематика често се провлекува,но,што е всушност,неточно ? Дека е тешко,и тоа е вистина, некому повеќе, некому помалку. Точно е и дека имањето дете е апстрактно за девојка која не е мајка , многу чувства се појавуваат откако ке се роди,значи однапред додека не роди,никој од нас не знаел. И на крај и тоа е вистина,кога ке успееш на многу полиња,а поготово на професионален план доаѓаш до сознание колку е тој успех неважен во однос на раѓањето на нов живот или дете.
За болдираното станува збор кај повеќето од мајките. Супер што успевате сето набројано да го правите, супер и што тоа ве исполнува, супер и што си се воодушевуваш на себеси, но не очекувајте дека и другите ќе паѓаат во несвест од тоа што успевате да се снајдете со новата улога. Особено не на почетокот. Да, еден ден ако воспитате деца со размислувања и однесување за почит, секако пофалбите ќе одат и на ваша сметка освен за самото дете. Но, до тогаш раскажување за тоа дека вашето е најтешко а милијарда жени се оствариле во милијарда други полиња и имаат милијарда други достигнувања, е многу себично и најнефеминистичко нешто што една девојка/жена може да го каже. Зошто?! Сетете се на сите жени кои не можат да се остварат на полето кое вие сте се оствариле по природен пат и може ќе ви текне зошто. And also, сериозно?? Школата на Баба Рада а? Уствари, школата +/-40 I guess. Ватевр, штом си се пронашла таму.
Не знам за друг, мене раѓањето(и покрај еден претежок пораѓај) ми е најлесениот дел од сето ова набројани.
Раѓањето е само одлука,крај на сопствениот егоцентризам,но е почеток ,ова второво, воспитувањето е многу поважно доколку е успешно.
@Purplelilac никаде не реков дека други личности ќе останат неисполнети и неостварени и несреќни и не знаат што е тешко. Ниту пишав некој друг треба да паѓа во несвест за некоја што родила. Целата поента беше дека е многу тешко, ама истовремено неверојатно убаво и дека едното не го исклучува другото, за сите оние што пишаа дека се исплашиле од коментарите во кои има жалење. Толку. Па нема потреба да ми ги извртуваш зборовите, уште повеќе се што си додаде сама. Сум се пронашла во +/-40? И што ми пишува сега на етикетата само што ми ја залепи?
Еднаш реков кога ќе пораснам сакам да сум жена како @Lianna Anna , сега сакам да сум и мајка како @Lianna Anna
Тоа е субјективно. Успехот е субјективен и различен за секого. Некои жени се совршено исполнети без да бидат мајки. Не е се' во животот раѓањето.
Прочитај си ги болдираниве реченици. Јас не знам како поинаку да се сфатат освен како што објаснив и погоре. Изразот кој ти го болдирав го имам прочитано само од тие кои се во темата +/-40 и токму на тоа ти укажав. Ништо повеќе, ништо помалку.