Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудно чување дете на другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annora, 12 ноември 2019.

  1. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    фала богу ме свати некој :) избегавам да,многу нормално
    во секој случај не зборев за должност,туку ако кажеш ќе помогнам и ќе си играм а не го правиш тоа баш спротивното ,не е океј !
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.119
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Ама поарно е така, одколку да ти прави лицемерие некој и да ти го фати бебето во раце колку да ти прави лице. Демек пукнал некој да ти го погали детето. Во таа смисла ти велам. Батали тоа . Не секој сака туѓи деца и не секој сака да се бави со нив. Мене така ми е по фер одколку да осетам лицемерие и некој со сила да ми шљапа дете и да ја “ игра“. Ич бре, нек си бркаат работа. И мене веруј искрено не ми е дојдено до туѓи деца да се замарам со нив. Затоа и ми е разбирливо. И не е непочит штом ти дошле.
     
    На Bella* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    a ako kaжеш дека доаѓаш специјално за детето ДА ГО ДРЖИШ ДА ГО ИГРАШ И ДА ПОМОГНЕШ НА НАЈВЕРНА ДРУГАРКА ?
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    баш е лицемерие во право си
     
    На BabyT* и slobodka им се допаѓа ова.
  5. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.480
    Допаѓања:
    15.617
    Пол:
    Машки
    Мажот сигурно на пијанка некаде,со другарите ја оправа државата :|
     
    На Purplelilac, Someonespecial, Stressed Out и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    божеееееееееееееееееееее

    wowwwwww хаха
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    Еве јас имам дете. Еве дечар сум. Не знам колку бебиња ми поминале низ раце. Ама не сум секаде таква, ниту очекувам секој да е таков со моето дете.
    Пак ќе речам, твое право си е како ти сакаш да се однесуваш. Ама очекувањата што ги имаш од другите луѓе, какви и да ти се, не мора да ти бидат исполнети.

    Не сакав претходно тоа да го речам, зошто секогаш велам децата не се за ништо криви, ама има бебиња кои се напорни. Се витка, плаче, ништо не му се погодува, во раце кај непознат нејќе. Или може гостинот не знае како да го смири или придржи. Што треба, да му падне од раце, па мајката да рече дека е глупав што едно бебе не знае во раце да држи? Или треба да рече многу ти плаче детево, земи си го, па цел живот како некултурен да биде етикетиран.

    Абе татко ми мој не го држи детево. Мајка ми секојпат го опоменува дека малку внимание и обрнува. Прво внуче му е, ама што ако кога нема фат со деца. А ја пипне, одма оваа почнува да мафта и да кенка. Некои луѓе немаат однос со деца, не можете да им замерувате за тоа.
     
    На Harper, Purplelilac, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    не ми се верува што се изначитав ај поздрав од темава
     
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.830
    Допаѓања:
    13.409
    Што се изначита? Ако некој не се сложува со тебе, не мораш да бидеш дрска.
     
  10. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    јас не сум дрска другите се
    одма таткото кај е,немирно дете може имаш,лошо е ако покажеш милост на дете ПОВЕЌЕ од 5 минути итн...нема врска како што кажав не пишувам веќе..
     
  11. LanaDelR

    LanaDelR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2016
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    1.971
    Пол:
    Женски
    Многу е сменето времево од порано.Јасно ми е сите сме различни по карактери ама себичноста почна да препукнува кај секого.
    Имам дете скоро три години.
    Порано кога беше бебе значи ја држев цело време во раце па кога ќе ми дојдеше другарка секоја ќе ја подржеше додека правам кафенце и слично ќе се менувавме по малку сите со бебево и ќе се игравме без на некој да му беше напорно и мене и нив.
    Сум ги чувала и внуците по цел ден порано па никогаш не сум била напната зошто ми ги трупнаа,сум чувала и на другарки да завршат некоја работа и на комшивки,па и сега кога идеме на гости кај некое бебе гледам јас да го држам и играм со керка ми намерно баш за да го испие мајката нараат кафето зошто сум поминала низ тпј период.
    Сме се собирале и по десет другарки па сите најубаво сме си поминувале и со деца, секоја по малку ќе ги заигра ќе гледаме да ги залажеме со нешто,и пп кафани и по природи,па сме биле најрасположени,насмеани па никој не е ниту помислил на трупнувања на принудни чувања.
    Убаво е да се дружиме, периоди се се тоа во животот кои одминуваат, па и некоја мајка да и го дала детето на другарка додека пијат кафе што има врска, не сте секој ден заедно.
     
    На Heidi, Lolipop23, supergirlmb и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Bella*, мора да си свесна дека (можеби) патиштата со другарките ви се разидуваат. Не знам колку сте годишни, претпоставувам дека сте помлади, ама штом викаш дека си првата во друштво со дете, ќе мораш да се помириш со тоа дека интересите веќе не ви се исти. Ти си сега мајка, детето ти е центарот на твојот свет, но за другарките, детето ти е слатко, симпатично...и толку. Муабетите за цицање, кашички и јаде- не јаде не им се особено интересни, како што веројатно и тебе повеќе не ти се интересни муабетите каде биле предходната вечер, кого се виделе и како си поминале.

    Ништо од ова што го пиша мене не ми личи на непочит, дошле да се дружат со тебе. Со тебе! Точно, бебето е сега дел од тебе, ама што можеш да очекуваш од човек на кој во моментот не му се интересни бебиња?

    А ако ти си им побарала помош околу нешто, тие прифатиле ама кога дошле, си седнале и барале ти да ги служиш, тогаш барем знаеш со какви пријатели си имаш работа.
     
    На Harper, theowndemon, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  13. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    И јас сум прва од другарките со бебе. И секогаш сме наоѓале време и за мои и за нивни теми ако е стабилно другарството тоа не треба да е пречка. Тие дури уживаат да ме слушаат како и јас нив баш ради разликите во секојдневието.
     
    На Harper, theowndemon, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.624
    Пол:
    Женски
    ee што убаво...:f:
     
    На LanaDelR му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто е толку тешко да се прифати фактот дека некои луѓе едноставно не сме дечари и не можиме да занимаваме и играме мали деца или бебиња. Па уште наметнувате вина дека себични сме биле.
    Јас еве сакам животни, милениците ми се како дел од фамилија, дали би било фер да наречам некого себичен ако тој не сака да ги гали? Не, едноставно не го интересираат. Така и со бебиња.

    Ако одам кај другарка која има бебе одам главно за неа, не за малото. Него можам да го допрам еднаш, да му се насмевнам, но ништо повеќе. Ако тоа го смета за непочит другарката поарно нека не ме вика ич. Не сакам да правам нешто што не ми е удобно. Единствениот исклучок е кога другарката сака кафе да направи или во вц да појди и нема никој друг во моментот, тогаш не ми е проблем да го причувам некоја минута.

    Вашите деца се обврска на вас и на сопругот, на никој друг. Во ред е да побарате помош, но од некој што сака да помогне и што го бива. Или дадилка евентуално.
     
    На Harper, Someonespecial, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    И непознат човек да ти дојде на гости, можеш да процениш дали е заинтересиран да си игра со твоето дете или не, не пак пријателки и другарки со кои се знаете одамна. Обврска ваква никој не може да ти наметне, ако седи мајката седиш и ти. Ако стане детето а некој треба да оди по него, едноставно е, ти не стануваш. Ако ти го даде во раце а е немирно и бара да го забавуваш, го оставаш на кревет. Ако плаче чекаш мајката да стане, не е твоја работа. Ако упорно се мота околу тебе го игнорираш и само повремено некоја насмевка или збор му упатуваш :D И мајките ги разбирам, некогаш едвај чекаат некој да дојде и барем пола час на раат кафе да испијат, ама ако вас ви е напорно тогаш гледајте си за себе. ТоВа е.
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ја разбирам @Bella* што сака да каже. Значи нормално дека таа не чека некој да дојде за да и помогне со детето, ама мене ми е несфатливо мои другарки да го игнорираат како да не постои кога ќе дојдат на гости или кога ќе излеземе некаде заедно.
    Пример доаѓаат 3 другарки, за дружба,за муабет, колку би било поубаво секоја по 20тина минути да го подржи детето па и мајката (НИВНАТА ДРУГАРКА) малку на раат да поседи и да си направи муабет, отколку тие да седнат на маса да јадат и да пијат и да се муабетат, а мајкава 2 саати да стои со детето во раце и да го шета низ соба. Тие 20тина минути на секоја индивидуално нема и сменат ништо, ама на мајкава тој саат ќе и значи многу.
    ЗНАЧИ, точно е, никој нема обврска да го држи моето дете, доста со тие муабети зошто си го правела ако очекуваш некој друг да ти го држи, воопшто не сте интересни, едноставно не е убаво да се најавиш некому дека ќе одиш да го видиш малото, а да не му обрнеш ниту малку внимание.

    Обратно, ситуацијата што ја спомна @Annora дека ја викаат само за да го причува детето исто така не е во ред и да се најдам во слична ситуација ќе прекинам да одам таму.
     
    На Heidi, supergirlmb, BabyT* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    А едно прашање? Да ви понудат пари за чување дете два три саата. Да вклучува хранење, пресоблакање,заспивање? Би прифатиле? Ете и од најблиска другарка да е. А не сакате да чувате деца, ама ви требаат пари. Онака прашувам.
     
  19. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Искрено мене не ми е јасно какви пријателства имате, ама јас со мојте другарки сме целосно слободни и отворени и јас многу јасно знам кои од нив се дечарки, кои не се, кои би ми помогнале во тој контекст, кои би ми помогнале на друг начин.
    Немам дете, не можам да кажам. Ама најблиску ете шо можам да кажам е за кучето, и не не велам дека е исто ни слично до темата на имање свое дете, секако. Ама се гледа кои другарки сакаат кучиња и го галат и го шетаме, кои од нив се плашат и нејќат ништо со него, на кои од нив едноставно му е грозно.
    Поентата на другарството мислам е да ги прифатиш другарките такви какви шо се, и ако доволно ги познаваш ќе ти е јасно на кој колку би му било пријатно во ваква ситуација. Не сметам дека е себичност од ниедна страна, и треба да се комуницира и за ова.
     
    На Harper, Purplelilac, Stressed Out и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.347
    Допаѓања:
    6.799
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно не. Да чуваш дете е огромна одговорност. Луѓето кои не знаат како со нив или не сакаат, ни под разно не треба да прифатат такво нешто.
     
    На Harper, Mantub, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.