Не реков дека се немајки,туку само дека го ставаат родителството на пиедестал,како да е единствено тешко нешто,како да е најголемо достигнување.
Па е најголемо достигнување! Споредбено со сите други претходни животни достигнувања, мајчинството е најголемо достигнување! А може дека откако стануваме “мамички” затупуваме, па така ни се чини? Who knows?
За девојка/жена која станала мајка е,за девојка/жена која сака да стане мајка е,но за личност која преферира кариера не е.
Најголемо достигнување за една мајка е да го израсне правилно детето, не да го роди само. Некои што станале мајки а врска си немаат од воспитување, всушност ништо не постигнале
Се додека не стане родител, не е. Кога ке стане родител, тоа е неговото најголемо достигнување. Еве дома имам моќни луѓе кои многу постигнале во животот со многу труд, но им го поставив прашањево моментално и одговорот беше нивните деца, па после се друго.
Она што е најбитно го прескокнуваат, како и за се друго така и мајчинството за некој е достигнување, за некој не. Кариера може да е достигнување. Пат околу светот може. Се може, само мајчинство не. Пошо за нив мајчинството е само цицка и пелена. Воопшто не е дека треба да го израснеш во здрава, права особа. Секој си има своја цел во животот. Некој мисли дека тоа треба да е кариера. Некој мисли дека е дете. И секој може само за себе да каже не за друг. Не може мене никој да ми каже, дали ми е детево достигнување, посебно зошто не знаат како сум го добила. Ниту можам јас да кажам дека градење кариера не е достигнување само зошто мене не ми е. Исто како да сака некој југо, а ја да му кажам, е шо доживњај ти е југо, ауди треба да е на прво место... Ама ако една жена има дете, и тоа ја исполнува, одма испаѓа дека се велича самата себе. Достигнување е ова дете што го гушкам сега за мене, зошто баш се борев за неа, баш тоа ми беше целта, да имам дете еден ден. Достигнување е се што ќе си зацртате во животот дека сакате да си го исполните, доживеете. А каква мајка ќе бидете(оние што сакате да бидете, оти тоа р многу важно да се нагласи, јер не смее да се збори општо овде) не може да знаете. Исто како што не се знае ни кој студент каков работник ќе биде во таа струка, оти уште не е работник и не се покажал на дело.
А да се отвори нова дискусија? Пошто пола од мислењава тука се само мамички vs. немамички. Некој да сака да чита за другарки што нејќат да држат деца скроз ќе се изгуби.
Па можда и тие овде шо пишаа дека нејќат да држат деца, уствари сакаат ама глумат на форумов за да им одат контра на другите, а?! Шо не ќе измислите само по ваше да е...
Може може, на анонимен форум се може. Затоа и не се бара совет за другарка тука, а ние непознавајки ја другата страна на приказната не можеме совет да и дадеме. Може само наш став за истото да дадеме, општо, а тоа никого не го прави лош или најдобар. Зашто почна веќе тука натревар која каква сакала да биде и како кој.
Многу грдо изгледа целава дискусија. Факт е дека никогаш нема да се разберат меѓу себе оние со деца и оние без деца. Кога ќе добиеш дете светот се менува, гледиштата се менуваат, животот веќе никогаш нема да биде ист. И паѓаш од умор некогаш, ама си среќна. И ти фали дел од себе кога не е до тебе. Клише, неверојатно клише сум, ама вистина е. Џабе ги вреѓате мамичките и извртувте постови. Тоа што Јованти го пиша "ќе ве стигне" не е клетва, туку еден ден ќе сфатите дека муабетиве не ви држат баш вода. Каде е таткото цело време се вергла? Тука е побогу, на работа, а жената паѓа од умор додека тој не може да и помогне никако. Во тоалет се оди, со бебе до тебе можеби, ама се оди. Дај му адаптирано некој понапред рече. Кога ќе осетиш на своја кожа доење, ќе сфатиш што значи адаптирано. Далеку од отров да се разбереме. Ама ете тука гледиштата се разидуваат. И тоа е сосема нормално. Еднаш ми било битно да положам испит, да излезам на кафе, да подработувам додека студирам да си платам трошоци. Како растам созревам и приоритетите се менуваат. И гласна си да го промениш светот за себе. Со доаѓање на детето гласна си да создадеш подобар свет за неа. Превртувајте очи колку сакате, ама сега едноставно не можете да разберете некои работи.
Точно, не знаеме како е да бидеш мајка и врска си немаме од деца и бебиња. И епа ете токму од таа причина јас не сакам да држам и чувам туѓо дете за да не се случи нешто немило за кое ќе одговарам јас. Едит- јас не знам каде некој рече дека на една мајка ѝ е многу лесно. Туку вие упорно велите дека сме биле за у три лепе ако не сме сакале (а треба и да знаеме) да подржиме бебе.
И ти па сега... Не сме ти познати за да можеш да тврдиш дека ќе сфатиме дека муабетите не ни држат вода и дека гледиштата и приоритетите се менуваат. На некој ќе му се смени мислењето,на некој не,никогаш!
Ако барам стари мислења сум копала и сум се замарала многу вомдруга тема прокомонетиравте, а сега барај си ми викаш. И вие не знаете кај терате за само да се докажете. И мислев дека ќе ги памти жените што тоа го рекле и ќе потенцира кои го рекле тоа. Ама знам дека нема такви како по обичај си извртувате и наддаваате мислења што не постојат.
Време е Мариз која жустро ја следи дискусијава од почеток, да пише уште едно мислење после моево како последно и Реин да стави клуч на темава, за конечно уморниве мајки кои испишаа дури 40 странички ко од шала да можат да легнат да спијат на раат.
Сигурна сум дека не очекуваш од мене, да го негирам ова што го напиша. Ама, не му е местото овде. И полека. Баби и жаби измешавте, таму каде што не им е местото. Темата не е тоа. Пишував и ќе пишувам во склоп на првичниот пост. Отиде темава во неповрат уште на првите страни. Кога почнаа објаснувања како и е на една мајка. А да биде уште поинтересно, никој не негираше дека е тешко. *** Абе, не знаете вие што е умор. Моето спие од 3 до неверојатни 10 минути. Мислам дека го имаме победникот. Да, децата ми се најголемото достигнување и не постои ништо и никој на светов поважен од нив. И уморна сум. Имам модри подочњаци. Не ги покрива ниту една пудра. Ги носам гордо. Обожавам кафе, ама не пијам оти дојам и паничам да не му направам дополнителни грчеви на бебето. Не јадам што сакам, поради бебето. Веројатно премногу се смарам, ама ете, таква сум. Има денови кога не знам главата каде ми е. Бебето плаче, средното паднало, на првото му се јаде. Не ми ги чува децата никој. Баби чувале во екстремно ретки случаи. И двете се во работен однос, едната не е ни тука. Сама сум со 3 деца 8 саати дневно. Ама, мочам на време и нека бидам најголемата немајка. Ми се има десено, ради страшен притисок, од доење дете да прекинам за да идам у вц. А често се дешава и со деца да идам. Али битно идам. Оти со таков притисок јас не можам ниту да дојам. И тоа не значи дека јас не си ги сакам децата и дека не би направила се за нив. Ама нема со ова и се останато што минувам во еден просечен ден, да им се расфрлам на девојчиња кои во животот имаат поставено други цели. Апсолутно не очекувам никој да "падне" на мојот умор и да ми се клања на мојот успех како го преживувам денот. Никој не ни го деградира мајчинството, ниту улогите како мајки. Барем јас не се осеќам загрозено. Имаат време да го искусат нашето, ако одлучат да станат мајки. До тогаш, е сосема во ред и легитимно, да уживаат во своите цели и идеали. Нема потреба на никој да наметнуваме ставови. Никако не можам да го разберам надмудрувањето на мајки со девојчиња што не родиле. Вие сте тие што се натпреварувате и споредувате. Со млади девојчиња, еј. @mariz Спојлер Здраво @mariz. Си го измислив животов. Од пуста досада. А чекај, може сум и таа другарка ти. Имам бебиситерка и куќна помошничка. Секој викенд сум на Рила и Златибор. Не дека немам финансии, ами ете, демек поблизу. Оти годинава и со бебе сме. (Чекај да размислам да не го измислив и него). Иначе, на далечни дестинации идам секоја година. Минимум 2 пати во годината. Спијам на пари. Охрид, Маврово и сличните, не ги познавам. Тие се за обична раја. Свекрва ми башка, секој ден кај мене, оти не работи, па си нема друга работа во животот и ми помага заедно со жениве. Сакам да кажам, од модерните е она и не се смара. Ама, само за млекото ме прашува. И покрај тоа, си стоиме одлично. Мајка ми работи 24-ки и не е тука. Татко ми почина кога имав 12 години. Брат ми беше бебе. Од тогаш знам памперс да мењам. Прерано имав серизони обврски, јбг. Е мене нема да ме снема ниту ако ме препознае некој. Таа сум што сум. Ќе се запознаеме ако сакаш и кога сакаш. Шо убава сум, (ако ми ги занемариш подочњаците, а мајка си и очекувам да разбереш) а и интересна за дружба. Ја нема комшиката шо ме фалеше. Се пресели, па морам сама. Значи, страшно! Се што сакав да кажам уствари, е добар совет. Серизоно. Ама извини, се внесов во приказната. Клуч на темава и треба.
Па од кеиф да не седиме на форум. Еве јас два саати држам во раце дете и успивам шро да правам за тоа време?
Не е тешко да пролисташ 41 страна,можеш да ги читаш мислењата само на мајките и ќе видиш. Мене лично може да ми се смени само мислењето за станување мајка кое со години ми е 95% не,5% да,здравје. Но,за други не можам да тврдам дека ќе им се смени.