@nextredstyle ја читам од почеток, иако немав време многу да коментирам. И НЕМА такво мислење, еве ти викаш има ете најди го. Само едно не ми е јасно. Во темата паради виквте имате дете ќе видите како ќе ви биде, а сега се потресувате оти истото вас ви го викааат? Не сте ми јасни стварно.
Не следам од почеток. Но мој став си имам. Никогаш нема да ми е мака кога ке отидам со добра другарка на кафе да и го држам бебето, па и цели 2ч. Затоа што знам низ што поминува и како и е. А туку така на секое со која стигнам не одам на кафе, па затоа и не ми се случило да држам бебе на некоја која ми е само познаничка. Немам јас време за толку кафиња, кафиња само со најдобрите другарки
Секако одамна темава е отидена оф-топик. Што е конкретно тоа што ние немајките ќе го видиме кога ќе станеме родители? Јас едвај чекам да имам дете. Досега прочитав 42 страни каде мајчинството се претстави во најлошо можно светло. Од страна на мајки! Виртуелен приказ на тоа како изгледа животот после имање деца. Од друга страна, во реален живот имам само примери на супер мајки чие искуство е сосема различно од тоа што се изнапиша тука. Да, никој не порекнува дека е страшно напорно, нема повеќе нормално спиење, нема вистински одмор за родителите кога ќе дојде бебето ама до толку дојде работата што клетва стана да се биде мајка? Навистина не знам дали преувеличувате од инает за да им докажете нешто на немајките или стварно сте толку...еве не знам ни кој збор да го употребам за да не се навредите? Зошто вистински среќен и исполнет човек нема да го пишува ова што го пишувате. Зошто напишаново тука е најдобар аргумент во темата за „абортус“. Односно, еве што те чека ако родиш. Пекол на земјата, очигледно. Затоа, подобро, жити се, не ни помислувај да раѓаш. И пак ќе кажам, среќа што имам другарки какви што имам па што ја имам видено радоста и бескрајната љубов која мајчинството ја носи. Читајќи ве вас, да, делува како проклетство, наместо благослов.
@ocicka2014 Не сфаќаат какви другарки (или други личности) се тие кои нејќат да држат деца. Не им е јасно. Вриштат постовиве од очекувања.
@mariz, целава тема е аргумент за абортус Скоро секое мислење каде опишувате колку е тешко да се биде мајка. Бремена девојка што уште не решила што ќе прави, и ја прочита темава, што впечаток ќе има за тоа што ја чека, особено ако реши да биде сингл мама?
Види ти рече: "другарката мора да биде во секој момент достпна за нив", сега што се мислењава сосема друго како што пиша сега ти во обрлазожение. Две различни работи се. Прво викаш едно, после не можеш да го најдеш па види хаха што најдов не можеле ова да смислат хаха. Никој од никого не може да очекува да му биде секогаш достапен за нешто, па дури и маж. Што се бламираш, размисли нешто пред да пишеш и тврдиш дека има некој пишано. Или само да испаднеш интересна сакаш?
Тешко е не викам не, ама воедно и најубаво е. Јас си имам златни деца, дали е до мене и моето воспитување ама се баш златни, послушни, умни, заедно си играат, заедно си спијат во соба, јадачи се, све јадат, баш деца какви секој би посакал. Мене поради друго ми е тешко, имаме здравствен проблем но не би мн да зборувам за тоа. И јас сум дома со двете веќе 2 години, скроз сама по цел ден. На 200 диети ми беше малиот, на куп боцкања и снимања, 200 трауми и на него и на мене. Но покрај таа тешкотија има и убавини еден тон со нив. Затоа викам наместо девојката да прашува на форум за другарката дека и тупнува на секое дете, убаво ке биде да и каже дека не сака, може таа другарка мака има и ке и се отвори. Мене ми се случи толку изгубена да сум еден период од сите маки што не приметив дека несвесно блиска братучедка избегнував, па лом ме направи, а кога и објаснив што е работата и се плачеше. А не ми се збореше за тоа, а и мислев ако зборувам дека нема ни да ме сфатат. Деца спиеја, јас не спиев навечер и уште не спијам зашто само мислам, смислувам што понатака. Прееска толку бев блокирана што неможев на мм да му зборувам како што треба, блок мозокот, од неспиење. Зборувајте со другарките, за тоа се, прашувајте и да ќутат. Ако и вам не ви е денот, тешко ви е, не сакате дете во рака, кажете си. Не гледам јас причина зашто да се ќути. И уште нешто... Би го заменила јас ова неспиење со неспиење од бебе кое станува на секое, само малиот да ми е добар.
@mariz , џабе се објаснуваш. Не може да сфати некој кој не осетил. Ете пишале погоре, многу очекува ња сме имале. Кога споредија триста други работи, па и собирање на ѓубре со чување на дете, се гледа од авион колку не знаат некои работи. Само искрено се надевам дека кога тие ќе имаат деца,мажите ќе можат да земат породилно, нема да мора да работат две работи на ден оти толку се платите кај нас и ќе можат заедно по цел ден и ноќ да ги гледаат децата. Исто и дека градинките ќе бидат средени и ќе нема чекање со години. Значи од срце им посакувам да растат деца во една поубава држава.
И поубаво здравство! Не по 2 год да неможат на деца да им одредат дијагноза, како и поубави услови низ болнициве, не по 6ч да се чека и лута низ ходници, да дури и по 6 сум дремела, мене лудило да ме фати, а не дете!
Јас досега милион пати отидов офф топик и пак ќе отидам. И нека се отвори нова тема за ова. Очичка сега ја читав, а претходно и друга членка. Сериозно со деца в раце седите на телефон? Не се правам светица, ни ништо, и јас дремам на телефон ама аман те бре, греота се од 1 кг да ги изложувате на директно зрачење. Нема да коментирам дали ги сакате или не, дали сте мајки на годината, но еве чукнете се малку во главите: дома имате ви-фи, тв, компјутер, над нашиот дом минуваат антени на предаватели и тоа нè зрачи на сите. Вие како капак на тоа со телефонот директно му стоите на детето над глава?? Зошто? Толку не ви е мило да го заспиете со ќејф, да се исклучите од светот и тие први месеци, години, да му ги посветите нему? Почитувам ако тоа го сметате за најголемо достигнување. И верувам дека за многумина е така. Но, зошто драгоценото време го трошите на форум, фб, инста што и да е? Пред некој ден една членка пиша дека детето имало температура и таа внимавала цела ноќ да не и се крене, а за тоа време дреми на форум? Лежите еден до друг со телефонот в раце? Луѓе, куче имам и кога лежиме на кревет доаѓа со муцката и ми го турка телефонот од раце за да го галам. Животно чувствува дека иако физички сум до него, со мисливе сум во некој виртуелен свет, мислите дете не чувствува? Не се реторички прашањава, би сакала да чујам разумен одговор. Не ви судам дека сте немајки, само сакам да знам дали моево размислување е погрешно или не. Можда јас сум таа која треба да се преиспита.
Кога очајно се бориш со несоницата и цела ноќ даваш се од себе да останеш буден за на секои 15 минути да го допираш челото на детето или да мериш температура, а не те држи срце да дремеш во дневна додека оно само во спална.... Да, ја сфаќам @mariz . И не, не му свети над глава или во очи. Детето спие на кревет од спална, на метро оддалеченост, или во неговото креветче до оној родителите. Во такви моменти на премореност, па и црна темница, човек е...Ќе навали уморот. Не држи телефонот од мерак за фемина или оти детето го запоставува, се труди да остане будна баш за тоа дете.
Ако за мене прашуваш, мојата спие во креветче и спиеше додека јас пишував тука, а јас седев на креветот карши на другата страна од собата и со дигитален топломер на 10мин проверував да не дигне висока темп. Или поарно ке беше мирно да легнам и да си спијам?
Јас мислам дека нема потреба да се објаснувам зошто во тие два часа успивање на детето сум земала мобилен во раце 15 минути. И не тоа не ме прави лоша мајка туку вие драматизирате и во покушај да се направите паметни од мравка слон правите. Имајте дете па не го зрачете 24/7 нека ви биде моб во друга соба затворете се во 4 зида и откинете се од светот. Боже свашта. Смешни сте се правите модерни и современи, а звучите како мојата 70годишна баба со зрачењево. Следно што е да не ни ставаат дрога во пијачките?
Уште поопасно е во раци да ти спие и да завлечиш од премор, па не дај боже да ти падне од раце. До 4м ми спиеше само стомак на стомак, остави ја одма плачеше. Бидејќи 2 пат прашуваш да ти кажеме дека не сакаме ние да го зрачиме бебето и не е како што си замислуваш врз глава дека го држиме мобилниот. Вие сакате да ве разбериме дека не сакате да држите дете, а не сакате да разберете дека на некоја мајка и е тешко, на некоја не. И споредувате едни со други, а притоа навредени сте кога ние ќе го направиме тоа.
Опаааа и најмајка и ѕвезда водилка иаме Јас мислам додека пораснат децата на другарките да не одите на кафе-мафе пошо баш ве боли патка и за неа, а богами и за бебето нејзино. И волкот сит и овците на број.
Кога ќе пораснат е "бетер" Комшивката со која преку еден ден пиеме кафе има бебенце и поголемо дете( околу 4 г). Де фризури ми прави , де ме кани да си играме учителки , де ми ги покажува новите играчки. Не можам на раат кафе да пијам Кај мене па кога идат 'морам' занимација да му барам, дека немам играчки. Па обично пред кафето го носам кај козичките да ги погали и после седи мирно Уживам да пијам кафе со мајќи и дечиња. Бар не пушам тогаш
@kristina.k ми иди сликата кога бев кај тебе, со двете моите. И требаше нешто од кола да земам, а Кристина остана со едно бебе, и две деца едно 5 до 10 мин. Ги наоѓам буквално сите на неа обесени, таа пее incy wincy spider, лудница принудно ти ги тупнав моите, плус твоето.... Кај си на форум да пишиш дека другарка ти ти ги тупна... Ами кај нас кога ќе дојдиш, кафе дури правам, пак те злоупотребувам