1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудно чување дете на другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annora, 12 ноември 2019.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Чек, дигај рачна.
    Сега веќе ама баш ме заболе дали ќе јадам и бан.
    Која си ма ти да спомнуваш што е причина за абортус?
    Дрндате дали сме биле себични. Помисли ли ти пред да пишеш дека овде има некои што едвај останале трудни?
    Која си ма ти да кажеш дека ако некој кажал дека е тешко, дека не е среќен со своето дете(викам дете оти моето дете сега е мојот живот).
    Мајчинството е многу повеќе непроспиени ноќи ради тоа ши детето не спие. Ама вас некој ако ви спомне било што, одма испаѓа мајките се жалеле.
    А треба да де кажат, сите причини поради која една мајка не спиела.
    Еве денес ми е денот нај убав.. конечно се разбуди весела. И сето неспиење 2ипол месеци, сето втиштење по цела ноќ, готово се заборава... зошто грижата не ми беше да спие, туку да е насмеана.
    Тешко е што не спие, ама потешко е да го слушаш како вришти а да не можеш да му помогнеш.
    Ти велат од страна само гушкај, гушкаш и гушкаш 4 саати, а тоа плаче, после следуваат долги ноќни разговори со таткото(дека ве интересирашр кај е тој цело време), каде и како сте згрешиле.
    Па од плачење ќе поврати, па после го гледаш дали и како дише, оти едвај дише...
    Качило тт, пак не спиеш дежурајќи со топломер.
    Има доста примери.
    Не секое дете е такво, и од моето има потешко. Не би сега да зборам да која мајка и е најтешко, оти ќе отидам во друга крајност.
    Но мора да прифатите дека никој не знае што го чека.
    Тие што сакате деца, дај боже да немате такви тешко предизвици и ситуации, и пак не ради вас, туку ради детето.
    Детето и мајчинството не е само цицка, пелена и бањање...
    Грчеви, тантруми, заби, па како ќе прифати градинка, па болести, па имунитет, па школо, па плачки по симпатии, ехее
    Ама вас се тоа ви е клише, што е реалност за скоро секоја мајка. Дете така расте сакале ние или не.

    Убаво што твоите другарки се совршени...
    Ама дека е така не е...
    Секоја мајка што си го сака детето е среќна и исполнета, колку и да збори дека е уморна.
    Ама дека тие твои другарки никад не си рекле епа ќе си пукнам више, дека никогаш не им било тешко или дека не се пожалиле не верувам.
    Станете мајки, па ќе видите колку е се битно во животот.
    Знаете зошто? Сечив живот си има свој пат. Секој поминал низ некоја борба. Некој потклекнал, некој се борел како лав.
    И секој треба да се бори.
    Епа на тој некој тоа дете му е желбата за борба.
    Не знаеш и не суди.
    Не е тежок само самиот чин чување дете.
    Гледај го општо животот на човекот и цени го.
    Доста се фаќате за глупи ситници.
    Уште абортус ќе спомнува тука....
    Срамота
     
    На candy.cane, An-na, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    Не ја имав видено темава, инаку ќе се пожалев. :D
    Се шалам, срцки ми се тие, да ми ги "тупнуваш" стално. :D:inlove:
     
    На candy.cane, TutiFuti и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Само ова ќе кажам. Ако не пишувам јавно на форумов за тоа што ми се случува во реален живот, не значи дека не се случува. Што знаеш ти за мене и моите предизвици? Затоа, гушкај си го детето што го имаш и не скокај многу, ок?
     
    На Harper, Someonespecial, Tan4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Нема ти да ми кажеш, оти претеравте.
    И ти ништо не знаеш за мене а збориш.
    Истото го правиш ама не сакаш да признаеш.
    И тоа се дрзнувате многу повеќе да осудувате него ли ние вас.
    И да, ме заболе што мислиш...
    Гајле ми е како ти е... зошто јас не ти реков доста се жалиш...
    Пак не сакаш да разбереш и цитираш само сегмент, а за она каде кажувам дека секој си го знае животот ќутиш..
    Да да у реду е...
    Гледам кој кого суди.
    Тоа што си ме цитирала е прашање поврзано со зборот абортус.
     
  5. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Па ако не ти е гајле што мисли за тебе, шо туку се објаснуваш 40 страни?
     
    На Ruzica00, kalinaka, Harper и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020

    Кажа една мајка на друга жена која веројатно нема да може деца да има, а тоа и е најголемата желба на светот. Ама во ред е, тоа е таа фамозна емпатија што неколку пати се спомнуваше. Во ред е, нема грешка.

    Јас престанувам тука, едноставно нема цел повеќе да пишувам.
     
    На Harper, candy.cane, nena2010 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Јас се објаснувам само 40 страни??
    Јас го кажав своето мислење, кое беше повеќе во однос на другатството, после се е оф топик од сите...
    Еднакво се криви сите овде, ама кој да признае??
     
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    21.136
    Пол:
    Женски
    Абе жено.... неќеш да прочиташ се.
    Како, како да те сфатам, кога викаш дека тоа што некоја рекла дека и е тешко, било аргумент за абортус??
    Јас ти кажав животниот пат на секој е тежок и не смееме да судиме... ама тоа го скокна.
    Не смееш да кажуваш такви демек аргументи.
    Ај сега што да мислам јас?
    Кажи како треба да те сфатам? Да не згрешам.
    Ми кажуваш индирекно дека боље абортус него ли да кажам тешко ми е? Ете така јас го разбрав, а сум се борела да добијам дете.
    Рипате дека е клетва да се каже некому дочекај си дете.
    Зошто е клетва??
    Не е клетва. А тоа што е тешко секој ќе го помине.
    Сакаат да ви кажат дека ќе ви се смени погледот кон се.
    Сакале или не, детето не менува.
    И јас не сакав и не верував во постпородилна депресија. И викав еее како не бе, како може една мајка да е таква. Имав друга замисла за таа депресија. Мислев дека таа депресија е да не си го сакаш детето.
    Многу мислев, многу се удирав у гради, ја така нема, ама ме снајде.
    Викав никогаш нема да кажам дека сум уморна. Ама и тоа ме снајде.
    Ете мислев, јас сум дома не работам, срамота е јас да зборам за умор.
    Ехеее колку сум сменила мислење.
    Затоа ти викам, тебе и на сите.
    Дај боже да си постигнете тоа што сакате и ви е желба.
    После ќе збориме друго.
    Ама јас нема тогаш да ви кажав, ви реков.
    Јас пак ќе ве ислушам.
    Колку и овде да се препираме.
    Ама вие секој збор, кажан од нас во темава, за вас р навреда, а од вас за нас, не смее да е.
     
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Себични, саможивни, егоцентрици и фалбаџии. Мајки, помајки и најмајки. Секоја ви чест на соврешеноста. На префиксите и суфиксите што самите си ги барате на "мајка". Баш сте си залепиле етикети и си мислите центарот на светот се врти околу вас. Да ви кажам, светот го имате дома. Го гушкате со само две раце.

    Млади деца треба да ви се клањаат, зашто сте родиле и не сте спиеле. Ним им објаснувате зошто не сте спиеле. Предлагам да ви подигнеме на сите по еден споменик, во чест на вашиот умор и вашите жртви. За вашите деца, еј. Ќе се поклонуваме сите на секое минување.

    Па и натаму селективно читате, фигуративен пример за абортус не разбравте. Зини земјо.

    Не сте само вие уморни, о совршени олицетворенија на мајчинството. Вие не се жалите. Вие се фалите, вие се натпреварувате со млади деца на кого како му е, без ни малку да размислите дека тие, никогаш не биле на ваше место. А вие сте биле на нивно и причина плус за разбирање, имате деца. Го пресликавте најлошото од мајчинството и најдоброто, не дека не, ама во тема која нема врска со истово.

    Ами, темата е за искористување. Како е, да имате потреба да ве ислуша некој, да ве утеши и поддржи, да ве посоветува, а наместо тоа да добиете одговор, а ништо не е тоа ќе видиш ти кога ќе станеш мајка. И дај подржи ми го детево, побитна сум.

    Таму некаде, има самохрана мајка. Нејзе и е дупло потешко. Таму некаде, има мајка со едно, ама дете кое вреди за десет. Нејзе и е уште потешко. Таму некаде има мајка која е физички и психички малтретирана. Нејзе и е уште повеќе тешко. Таму некаде има мајка која совршено функционира со "една рака". Има мајка која не функционира ниту со две. Таму некаде има мајка со болно дете во терминална фаза. Таму некаде има деца без родители кои никој не ги сака. Ним им е најтешко. А вие барате другарките, познаници, рандом членови, гости, да ги сакат вашите деца. Абе сите мора да ве разберат и сите мора да ги сакаат вашите деца. Ајде мерете ја сега тежината ваша повторно. Мајки, со 30+ па и 40.

    Кои сте вие да барате разбирање, а да не разбирате никого. И од носот подалеку не гледате. Членките ако стигнат на нашето, утеха и поддршка ќе им треба. А не, е сега ќе видиш ти јас што ти зборував.

    Ајде сега, пофалете се како успевате во се. Објаснете им на младиве што значи куќа и деца да гледаш. Како ви е ручекот секогаш зготвен, играчките секогаш средени, алиштата секогаш испрани. Зошто ви се ноктите секогаш средени, фризурата секогаш направена. Та нели живот завршува со раѓањето и се нема време за ништо.

    Вие што сте сами и сами чувате деца, објаснете им на младиве како го проверувате ручекот во рерна додека доите бебе. Дали никогаш не сте ги оставиле децата во оградица?

    Сите знаеме за што се е способна една мајка. Сите знаеме дека мајка за дете планини ќе помести. Пружување алишта и готвење со една рака, е нула во споредба со она што други го поминуваат. Мајка, е многу повеќе од алиштата, од куќата, од ручекот.

    Скроз сте совршени и имате куќи во кои никогаш не се нагазило на играчки и лего коцки. Никогаш не сте ги заборавиле алиштата во машината за перење. Оти вие успевате се. Пресраќна сум што не сум во ова категорија на совршенство.

    Девојчињата нема да разберат. Нормално е. Се чудам како вие не ги разбирате нив. Вие сте биле на нивни години. Приоритети ви биле други и проблемите што сте ги минувале ви се чинеле најтешки на свет. Секој е со својот товар на плеќи.
    Зарем не сме надминале многу нешта од детска градинка со раѓањето, со одговорноста за мало битие кое го носевме под срце, со болката која ја доживуваме кога се болни, со среќата која ни се чита во очи што ги имаме?

    Сигурна сум, сите вие, да можете да бирате пак, пак ќе го изберете истото. Не станува збор за жалбите, станува збор за разбирањето што го барате, а го немате за други. Станува збор за натпреварот што се можете и колку сте вие подобри од младите. Не ви е јасно? Затоа што од превезот на очи дека светот се врти околу вас, не можете да видите.

    Кој претерал да слушнам?
     
    На Ruzica00, Harper, darcy и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    81.990
    Пол:
    Женски
    Леле @Lianna Anna цел реферат ,драма и навреди за мајкиве што се жалат на реални животни ситуации,ништо не те разликува од тие што претеруваат.:|
    Аплауз ти е потребен од младиве девојки(facepalm)?
    Се жалат ,тешко им е,па што сега,треба да филуват дека е многу лесно и да лажат нели?
    Младиве девојки имаат други приоритети сега, кои ке се менуваат,ама има нешто што нема врска ни со мајчинството,туку со другарството.
    Дека карпа ќе поместиш ,во оган ке брцнеш рака и ке слушаш 234587 муабети за бебе каки и кашички и нема да ти смета,за и од другарка.
     
    На Yowannty, M.B., ocicka2014 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.504
    Допаѓања:
    144.206
    И двете страни претеравте. :)
     
    На ocicka2014, mal.ecka, TeddyGrey и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Реков не пишувам повеќе, ама ајде, за да дообјаснам, да не ми бидат вадени зборовите од контекст.

    Сметам дека е јасно во кој контекст е абортусот спомнат - бремена девојка, особено ако нема друг избор освен да биде самохрана мајка, и се мисли што да направи, кога ќе ја прочита темава, што ќе си помисли? еве, како го претставивте мајчинството? Нема што јас да кажувам, 40 и кусур страници кажуваат сами за себе.


    Исто, @Цвет88, најдобронамерно? А да не дозволуваш темава толку при срце да ја земаш? Зошто за тоа твоето „галје ми е“, реално, можев и имав право драматично да реагирам :) За многу помалку имало експлозии на форумов. Зошто на темава претежно општо се дисктутира, ти реши да го направиш лично. Можев и јас да ја свртам работата на карање и драма, да пишувам срцепарателни приказни за патот кој го одам и предизвиците со кои се соочувам, ама не, доволно се тие две, три реченици што ги напишав па тој што сака да разбере- ќе разбере. Толку од мене на таа тема, се што можат да кажам- посакајте ми дете :)

    Само мора да се признае, малку лицемерно делува тоа што, од една страна „леле, мисли на оние кои не можат да забременат“, од друга страна „галје ми е“, за истото, само затоа што не ти се допаѓа тоа што другиот го кажува.
    И затоа сметам дека нема потреба повеќе да пишувам на темава :)
     
    На Harper, candy.cane, John Snow и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Не доаѓам јас на форум за аплауз Козми. Дефинитивно треба да се вратиш на коментарите и да видиш кој бара аплауз. Јас не сум од совршените. И се жалам и јас. Се жали секој жив човек од било што. Разликата е во тоа што јас разбирам. Го поминав нивното.
     
    На Harper, candy.cane, Rebecca_R и 11 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.640
    Допаѓања:
    116.326
    Пол:
    Женски
    Никој не напиша дека не ви е тешко.Тешко ви е,знаеме,сме ги гледале нашите мајки како жонглираат повеќе обврски одеднаш.Вие не разбирате дека и на немајките им е тешко во животот.Кога спомнувавме факултет и работа,одма реагиравте дека тоа е неспоредливо,но и тоа е тешко за некого.
    Сите живееме во различни животни околности.
     
    На candy.cane, Spidy, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.690
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    A каков совет ке и дадеш на членката? Што да направи? Такво мислење од тебе не прочитав.

    Зашто врти сучи сите со истиот одговор сме, да и каже дека не сака да го држи :)
     
    На BabyT* и Цвет88 им се допаѓа ова.
  16. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Членката не бара совет. Вратете се назад и ќе прочитате дека членката има пишано дека темата не е за неа. Нејзиното е наведено како пример. Неколку пати го потенцираше тоа.

    Чим те занима, а не дека не се изјаснив. За другарка рака во оган ставам, па и жива ќе горам. Дечарка сум, со деца и на непознат без проблем ќе помогнам. Па и во било која друга ситуација каде што можам.

    Не би дала дете на другарка/познаничка/пријателка, сеедно, за која со сигурност знам дека се плаши и не знае како. Освен ако самата не побара. А другарките си ги читам како букварче. :D И ич не би се налутила што некоја не го сака тоа.

    Ако јас бидам во ситуација во која била членката, ќе го чувам детето. Ако се осетам искористено, ќе разговарам со другарката. Нема да прекинам другарство. Верувам дека би се нашло решение. Ама познавајќи се, јас не би се почувствувала така. Напротив, со тоа што сум дечарка, мене ми е задоволство.

    Ама, не се сите како мене. А неретко не се ни оние кои немаат родено. И тоа е легално. :D
     
    На Harper, candy.cane, Tan4ence и 9 други им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.196
    Пол:
    Женски
    Кој бара аплауз, жити се?! Темава почна (како и многу други претходно) со директен атак врз “мамичките”. Ниту е прв, а ниту последен.
    Се прашувам само како едуцирани, современи, паметни итн. девојки имаат време, нерви а богами и интерес на секоја тема да напаѓаат мајки, деца итн... И не само да напаѓаат, етикетираат, туку и да се мешаат директно во животот на истите диригирајќи им како да го живеат?! Ова не ми личи дека потекнува од современи, еманципирани личности, повеќе од малограѓански, ограничени лица.
     
    На Yowannty, simona_baby, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.640
    Допаѓања:
    116.326
    Пол:
    Женски
    Нападот почна од мајките-она не сфаќам како не сакаат да држат дете,па она не било чување,држење било,па таа која нејќе да држи дете не е другарка,па не биле тешки факултетот и работата...
    А,бе,ајде... |( :rofl:
    Сигурно нема да молчиме на тоа.
     
    На Harper, candy.cane и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  19. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Actually, баш обратно е.

    Треба да се прашаш како тие напатени, ненаспани и неизмочани мамички имаат време, а и нерви да реплицираат на секој што ќе пише на темава со став поинаков од нивниот.

    Нивната ограниченост се гледа во фактот дека не се во состојба да сфатат дека не секој сака или може да се занимава со бебиња, и дека тоа не е показател за тоа колку добар човек или пријател е.
    Упорно и упорно се повторува дека тоа не е ништо и дека е несфатливо како една жена (потенцирам жена, никој од маж не очекува да му го држи бебето), не сака / не и е пријатно/ се плаши да си игра со бебиња.

    Нивната компетитивност и потребата да бидат сметани за најнајнајанајмами4ки е видлива на начинот на кој се обидоа да ја дискредитираат LIanna Ana која отворено им плесна да смањат доживљај, а притоа има три деца, со инсинуации дека измислува или лаже. (пошо тука не можеа да ја употребат фразата, еее ништо не е тоа, ќе видиш кога ќе родиш како е)

    И на крај е нивното преголемо ЕГО, поради кое не можат да сфатат дека нивното бебе не им е препрепрепренајслатко на сите, и мислам дека тоа е главната причина за нивната навреденост и огорченост, не можат да разберат дека нивното бебе е центар на нивниот универзум, но тоа не значи дека е центар на универзумот за сите останати.
     
    Последна измена: 22 ноември 2019
    На Harper, candy.cane, dayla и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Сите овие што се фалат колку добри другарки се и би чувале дете на другарка со задоволство се кладам дека нема да чепкаат во струја ако им рече другарката зашто имало некој проблем со струјата кај неа (а притоа благи везе немаат од електричарство) и нема да поправаат нејзина кола со нула познавање од коли. Зашто одредени луѓе стварно појма немате од двете работи. И немам ни јас, ни од деца немам појма. И нема да ризикувам да му се случи нешто на тоа дете од мое невнимание.
    Фората за абортус знаете што беше? Бремена девојка во рана бременост во ете да речеме среќна врска/брак е малку исплашена од тоа дали ќе успее да биде добра мајка и се двоуми. И замислете ја отвора темава и шо ќе помисли? Леле ќе немам време да мочам, ќе се запустам до немајкаде, ќе треба нон стоп Трпана и Трајанка да ги тормозам да ми го чуваат детето. Уште маж и' ако е шофер и патува често или друга професија кај што работи ноќна смена, ќе треба пелени и за неа да си купува и нека се збогува со спиење и јадење за неа. И на крај си вика - ај остај, не раѓам. Звучи глупо ама на млада неискусна девојка во таква состојба може толку сериозно да и влијаат овие претерани, претерани жалења. Ама упс извинете. Поделбата тука е мајки и девојки. Бремена девојка оксиморон му доаѓа некако. Или уште попатетично девојчиња. Колку слатко звучи ова девојчиња, како зелени мали гревчиња што благи везе немаме од животов,

    А во други теми ќе ве сретне човек - ене ме мене, три деца изразнав, па супер сум, може секој.
    Ако е мајчинството најтешко нешто, не знам како тогаш е секој за родител и секој му мисли добро на детето, кога и за полесни работи не е секој.
     
    На Sejfullai, Annora, Asparagus и 3 други им се допаѓа ова.