1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудно чување дете на другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annora, 12 ноември 2019.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Добро еве, јас не би рекла дека е аргумент за абортус темава и општо однесувањето на многу од мајките, ами дека лично сум уште посигурна оти не сакам да раѓам кога ве читам. Се надевам тоа покоректно ви звучи.

    Па уште фејк и трол ќе ја направите Лиана, преисфорсирано совршена била само затоа што жената има деца и си ги сака најмногу од сѐ, а сепак и после три родени си го задржала осетот за помладите, објективноста и прогресивноста што ја исмејувате. До таму се очекувањата за тоа што треба да претставува македонската мајка, и тоа од мајки. Неверојатно...
     
    На Harper, Lianna Anna, ivi1987 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.385
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Каква црна објективност и прогресивност?! Дали лицата кои безобразно се мешаат во туѓиот живот, го диригираат истиот, делат најразновидни невкусни епитети, а притоа речникот им е бетер од уличарски ги нарекуваш прогресивни и објективни? Ако е така, мило ми е што сум од тие простите и заостанатите.
    Да нема недоразбирања, мислењево не ми е за Лиана, туку за "прогресивнава" младина што пишува тука.
     
    На fana, Yowannty, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.774
    Пол:
    Женски
    Јас само ќе кажам, секоја чест на мајки како @Lianna Anna @ivi1987 @simonka93 @*Ench@nted* (воедно знам дека сите немаат пишувано на темава, но ги имам читано по други теми) и уште неколку други кои си ја задржале објективноста за светот кој ги опкружува и после станувањето мајки.
    Е за таквите ќе имам наклон до земја, затоа што не го очекуваат а го заслужуваат. :bow:
     
    На Harper, nextredstyle, Lianna Anna и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.051
    Пол:
    Женски
    Леле,леле..,а овие другиве што споделуваа колку им е тешко, живеат во паралелен свет:lol:
    А всушност се реални ама не ви одговара на вас да ги чуете.

    И поради објективното жалење на мајки кои прогресивно ги нарековте "мамички" и ги потценивте нивните тешки моменти во мајчинските денови,вие нема да раѓате.:o
    Зошто кажале дека е тешко.
    Ако кажеа лесно е,не е ништо посебно, вие уште од утре ќе планиравте по 2-3,ама се уплашивте од искуствата на темава.
    (facepalm)
    Ајде вадење розови наочари,филување и малку реалност.
    Да, не се лесни многу работи во животот, мајчинство и родителството не се ич лесни.
    Подобро прифатете ја реалноста,тешко е ,но е предизвик со кој сакам да се соочам,наместо,а тешко било, ке побегнам.
     
    На fana, Bebulleee, Yowannty и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    И што ако некоја не сака да биде мајка зашто е тешко? Крај крајова секој за себе одлучува нели?
    Ако не успее во тој предизвик знаеме сите какви може да бидат последиците.

    Кога сме кај кому му е потешко, сега може да се јави некој што има хронична болест или близок кој е на дијализа па да збори дека да бидеш мајка е полесно отколку животот од таблета или апарат да ти зависи. Па некој трет ќе рече мене ми е потешко и од тебе. И така до бескрај.
    А во тоа ви се гледа другарството, маките што си ги мерите.
     
    На nextredstyle, Annora, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека е лесно да си мајка ама не значи дека ако си мајка треба да ти се клањаат. Темава отиде у скрос друг правец .
    Не значи дека ако некоја родила дете и мајка станала дека е којзнае што и дека сите мора да и го сакаат детето. (facepalm)
     
    На Harper, nextredstyle, Mrs. Lovett и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    82.051
    Пол:
    Женски
    Точно.
    Од тешко има потешко,а и најтешко.
    Но некои работи не се споредуваат.
    И да во ред е некој да не сака да биде родител.
    За мене е сосема легитимен избор.
    Ама дека некој ќе донесе таква одлука поради пишување на форум,малку тешко,да не речам смешно.
     
    На Yowannty, SummerGirl, danichap и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.008
    Пол:
    Женски
    :l:Неколку пати имам спомнато дека од млади како тебе и други девојки на форумов може многу да се научи.
    Темава почнав да ја читам и се откажав искрено на пола некаде, затоа што од сам старт знаев дека мајките ќе ги нападнат девојките и ќе почнат дури и со навреди.
    Јас сум мајка на две деца, и само ќе кажам дека мајчинството не е најголемото достигнување во животот. Да, јас живеам и дишам за тие две деца, сами со маж ми ги чуваме и растеме ама не очекувам дека секој што ќе ми дојде на гости треба да ми ги чува децата и да изиграва циркузант за јас да одмарам. А имаме друштво, поголем дел од нив се уште во врска и без деца. Дур беа бебиња, јас и маж ми си го подававме бебето, а гостите си седат, си муабетиме и тоа е тоа. Никогаш во живот и немам речено на ниту една другарка да ми го држи бебето за јас да одморам. Имам другарки што се дечарки па сами сакале да седат со нив, да ги држат во раце и да ги поиграат. Имам другарки што се плашат од држење бебе во раце, груби се пример или самото бебе се плашело од нив. Што требало, да се лутам и замерувам дека моето дете не и било као битно и не сакала да го држи за да ми помогне?
    Не очекувам помош од никој, маж ми е тој со кого ги делам сите обврски по дома, а вклучени се и децата.
    Прочитав поназад, другарка била за тоа, да помогне со детето за мајката да одмара, да се избања или да преспие работава. Не, ако немам јас време или сум преморена оставам за друг ден да ја викнам другарката дома.
    И не знам зошто го правите мајчинството како да немате време да се исчешлате да речеме. Две имам, сами живееме, помош од никој па имаме време за буквално се, дури и да им се посветиме на другарите и другарките.
    Или моментот: Немам време за ништо, а цел ден на форум во сите теми активни и пишуваат дека немаат време :mm:
    Мора да разберете дека децата на вас ви се најбитни, а дека пријателите не се должни да ви думкаат дете за вие да здивнете.
    Колку пати сум оставила деца на маж за да отидам со другарки на кафе или јадење и да си направиме муабет без прекинување. Затоа ги сакам другарките и другарите, за да се видам со нив и да поминеме квалитетно време заедно а не да ми изиграваат дадилки.
    И не, не сум совршена :D
     
    На Harper, VoodooGirl, darcy и 22 други им се допаѓа ова.
  9. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    :bow::bow: предобро кажано.
     
    На Harper, VoodooGirl, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Кои работи на пример не се споредуваат?
    Дали нешто се споредува можеш за себе да збориш, не за друг.
    За тебе мајка е најтешко океј. Ама има луѓе на кои им е уште потешко и можеби сонуваат да бидат на местото на некои мајки од темава. Не мора да е некаков напор за понатамошен успех, зборам за секакви маки и проблеми што може да го снајдат човек.

    Да имате другарка без деца, а со здравствени проблеми, дали пак ќе речете дека лесно и е дур не роди?
    Мешам упорно други проблеми за да би доволам дека сешто може да те снајде ама некои мајки пак ќе тераат со истото - ќе видиш кога ќе родиш.
     
    На VoodooGirl, Annora, Someonespecial и 4 други им се допаѓа ова.
  11. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.706
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    Многу убав совет им дадовте, браво :clap: Утре кога ке имаат бебе, а ке бидат некои и први во друштво со бебе, ако имаат мака ќе ќутат и траат, собираат во себе бидејки ќе немаат другарка со бебе која може да ги ислуша, зашто работава морале само на другарки со бебиња да се пожалат.. зашто само тие може да ги сфатат. Ги поттикнавте кога мајка другарка им се пожали, да се пожалат дека и нив им е премногу тешко. Па немора да и се помогне секогаш на мајката, доволно е и да ја ислуша. Баш поради тоа што неможе од никој да е сфатена, па тоне во себе. И уште аплаузи за ваквите совети :!: И после не бил народот поладен. Чувства само за себе, за друг никако. Секако дека и мајката другарка со бебе треба и другарката без бебе да ја сослуша и да биде тука за било каков проблем (дали е здравствен, со факултет, со работа, со дечко, со родители)... Ама со ќутење ништо не правиме и цел муабет почна од тоа ќутење.
     
    На fana, Lolipop23, mssuniquee и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Вие освен лесно ти е дур не родиш, што совет би дале?
    Пак на крај ќе речете вашето е најтешко.
     
    На VoodooGirl, nextredstyle и Sejfullai им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.706
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    За другарка добра ке направам се што треба, ако ми побара помош нормално дека ке помогнам. Нема да и се јачам дека мене ми е потешко. Вас ве советувам дека можеби има другарката поголем проблем и дека треба да ја сослушате, без разлика дали е со дете или без дете, може проблемот не е ни за детето. Исто и она вас. Во двете страни не треба да се ќути.

    Лајк удирате, а поима нема на што удирате лајк. И Лиана и други кажуваат дека е потешко, и дека додека не дојдете на нашето нема да сфатите како е. Додека вас ве сфаќа затоа што била на истото и ќути дека ве сфаќа. Истото го зборувам ама поискрено и за тоа моите совети не ги бива. Само што јас не мислам дека жените од кога ке станат мајки треба да ќутат на другаркиве без деца, со тоа не се согласувам.

    Каша попара темава, а се што треба е само една искреност меѓу сите.
     
  14. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски

    Какво сега сослушување?
    Ниту иви1987 спомна дека не требало да те сослушаат другарките, ниту па ти некаде имаше спомнато такво нешто.
    Твојот став беше дека не можеш да сфатиш како тоа некоја може да не сака да го држи твоето бебе, а сега ретерираш и им импутираш на форумџиките ставови што не ги искажале.
    Ниту иви1987, ниту било кој друг не ти рекол да ќутиш и да собираш и дека само мајки требало да те слушаат, си го измисли ова за да испаднеш пак ти жртвата.
     
    На Harper, Lianna Anna, lovestoneddd и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Тоа, па тоа, ко расипана плоча.
     
    На Harper, VoodooGirl, Annora и 4 други им се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.706
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    Така испадна на крај. Затоа што нема зашто никој да ќути. Ке си кажеш дека не сакаш да држиш и крај.
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.920
    Допаѓања:
    32.538
    Пол:
    Женски
    А кој кажува дека е тешко? На мене не ми е тешко. А тоа ќе видиш кога родиш....Поголема е одговорноста со дете. Не им ги давав децава на другарки освен ако сами не побараат да си поиграат со нив. А да им давам да ги чуваат за јас да уживам, не фала. Ако ми беше целта да уживам и шетам, немаше да раѓам.
     
    На Annora, lovestoneddd и mariz им се допаѓа ова.
  18. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    7.747
    Пол:
    Женски
    Како бе не ти е тешко???
    Ауу ти си сигурно фејк профил!

    А најголемата иронија е што мариз ти кликнала лајк на мислење дека не им даваш деца на другарките иако до вчера тврдеше дека ќе и се скара на другарката ако не и го држи детето.
     
    На Harper, VoodooGirl, Annora и 5 други им се допаѓа ова.
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.706
    Допаѓања:
    72.605
    Пол:
    Женски
    Така де. Они сите едно исто не направија. Сите дека не сме можеле да мочаме. И дека се испожаливме од децата како мислиш нешто најлошо на светот се. Дека убавина немаме во животот после децата. Едно збориме, друго сфаќаат... Уште за абортусот кога го прочитав крај. Колку треба да си незрел, па тоа да влијае на одлука за дете? Тема на фемина да влијае за таква одлука, свашта. Па и деца не сакале после прочитаното тука, а што лошо кажавме за децата? И тука во темава еднаш не сретнале и готово се најлошо за нас мислат.
     
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.920
    Допаѓања:
    32.538
    Пол:
    Женски
    Јас фејк профил??? Таман работа. И ова ми е прв пост на темава.

    @mariz сум била сведок на секакви случки. Не ми е јасно како може некој да те принуди на нешто што не го сакаш. Ако не сакам да го земам детето во раце..нема да го земам. Ај причувај ми го да одам да се шишам...ај причувај го да пијам кафе...ај еднаш, два пати, три пати...ама некогаш се претерува. Си закажуваат обврски и баш им е гајле дали другата страна прифаќа.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.