Па ако ми каже не сака и зашто несака и причината да не е дека од 20мин раце ке ја болат, нема да и се наљутам И никогаш не сум давала и јас бебе во раце на некој освен ако не ми го побарале. Неможам ни да го замислам тоа како изгледа со сила да тупнам бебе на некоја другарка да го држи 2ч. А неможам ни јас да се замислам мене да ми тупнат бебе 2ч да го држам со сила. Такво нешто во реален живот не постои.
Околу мене тоа го нема, ни еднаш во мои 5г со деца, ни една не се пожалила на вакво нешто... и затоа ми изгледа и невозможно. Затоа викам дека не треба да се ќути. Не се ќути во мое друштво за ништо, па може затоа и не сме дошле во такво нешто. Човек не треба да е наивен.
Јас знам да земам деца за да си поиграм. Некогаш и сум ги чувала. Ама не сум дозволила да ме искористат.
Абе и сум држела бебе и со саати на другарка во депресија, сум ги чувала и по цел ден со моите деца нивните деца, ама со сила не сум држела. Куп ги имам околу со мали деца и бебиња и ни една никогаш не се обидела да ме искористи, а да пробала.. немало шанса да ќутам и траам и упорно истото да се случува.
Ајде Мариз така е, во право си, иако немам веќе поим ни што тврдиш, ни кои ти се ставовите (а мислам дека веќе и самата не знаеш, сто пати ги смени), битно ете ти си во право, очигледно е дека тоа е единствениот начин да се заврши дискусија со тебе. @SummerGirl , знам дека не си фејк профил, само бев иронична затоа што кога една друга членка исто кажа дека мајчинството не е толку тешко како што го претставуваат, мариз инсинуираше дека е фејк профил.
Муабетот не е дека треба да ќути мајката и да не се жали ако има проблем или и е тешко и е исцрпена, туку дека било кој што ќе и дојде дома мора да и го држи бебето и да го занимава, инаку не е права другарка. Јас пример бев прва од цело друштво што се омажи и роди дете. Бев изморена, ненаспана ама среќна што имам другарки што ми доаѓаат за друштво и муабет. Многу често и со количка излегувавме па дур спие бебето ние шетавме и се муабетевме и за мои маки и радости и обратно. Многу погрешно си го сфаќате поимот другарство. Па дури и баби и дедовци не се должни да чуваат и држат ваше дете постојано за да ви докажат дека се ок.
Јас кажав со мои зборови дека е потешко, Самер кажа дека одговорноста е поголема. Па како и да е, без дете животот е сепак полесен. А не дека не е убав, поубав е милион пати повеќе!!! Сфаќаш или тешко?
Не се споредува работа и воспитување/одгледување дете. Ниту еднаш не реков дека мајка е најтешко Но болест не се споредува со родителство,не поради тежините туку зошто едноставно не споредуваат. Незнам зошто толку драми правите од тоа "дур не родиш"?! Тоа е вистина колку и да скокате. Некои работи се јавуваат отпосле. @ivi1987 И добро Иви,што е поголемо достигнување од правилно и здраво одгледан и воспитан човек? Како мајка на две ќерки тинејџерки ,сметам дека доколку успеам да бидат квалитетни луѓе, тоа ќе биде моето најголемо животно достигнување. Тоа што во моментов сум една од ретките Македонци како автор /илустратор на Amazon и сум во моментот на некој врв на кариера надвор,не ми значи ама баш ништо во споредба со другата цел што ја имам,а тоа е квалитетен,културен воспитан и здрав човек!
Прво се напаѓаат девојките кои размислуваат различно од вас, па потоа се обидувате да дискредитирате мајка која не се согласува со вас со изговор дека била лажен профил и на крај ги напаѓате оние мајки на кои помладите се воодушевуваат затоа што се пример за карактер и однесување на форумов а и надвор од него. Честитки, достигнавте нов степен на мизерија и очај во обид да се докажете пред луѓе кои не ги ни вреднувате, а од друга страна очекувате да ве вреднуваат. Крај краева гледајте вие да сте добри другарки, а за нас уво да не ве боли. Може? И сите фрустрации кои ги имате не треба да ги адресирате кон мајките кои ги споменав во мојот пост, туку лично и персонално кон мене. Слободно хејтајте ме. И онака и јас немам високо размислување за вас. Ајт.
Погоре беше спомнато дека најголемо достигнување во животот е да родиш. Ова ти што го пишуваш е поразлично. Не е само да ги родиш и да се маваш во гради дека си го достигнала врвот. Па уште навреди кон младите девојки, ќе виделе кога ќе роделе, ништо не знаеле. Моите растат, и не сакам во иднина никој да им рече дека немаат врска од животот зошто не родиле. Секој период од животот носи и проблеми и потешкотии, бар ние што сме го поминале нивното треба да ставиме кочница и да пазиме што им кажуваме.
Никој не треба да ми се клања. У живот се шо сум станала сум станала за себе. Но ко што има у темава мајки од кои да ти прсне п*чна жила така има и без деца кои идат у вакви теми само за да велат - ти ме напаѓаш зашо немам родено. И од нив ми е истото чуство со жилата. Глумење жртви на нивоу, вака у школо за 5ка плачеа коа немаше да научат. Темава не се чита. Бзди.
Има луѓе со патолошка потреба цел живот да кукумјавчат и да се претставуваат како жртви. Во било која ситуација, било кои околности, во било кое животно доба, тие се секогаш напатени великомаченици и секогаш тоа што го прават во моментот го преувеличаат и го ставаат на пиедестал како највеличествено човечко достигнување иако милиони други луѓе поминале низ истото, па и низ потешки работи. Во школо секогаш нив им е најтешко, тие најмногу учат но не ја добиваат заслужената оценка, затоа што професорите ги мразат, им се паднале најтешките прашања, нивното средно(факултет) е најтешко, нив им се паднале најтерсене професори (во случај ако им се погоди некој што учи во истото школо па рече дека не е тешко). Другарките, а и сите останати секогаш им љубоморат затоа што се најубави/најпаметни/најдотерани, секогаш некој од страна им ја расипува врската, нивните љубовни проблеми се секогаш најтешки и најкомплицирани. На работа иста прича, увек некој им љубомори, увек им праат сплетки затоа што се најспособни и највредни, помладите колеги не знаат ништо, уште газот мајка им им го брише, постарите па дабетер, треба внуци да чуваат. Свекрвата увек е олицетворение на злото, ако сака да помага околу домашните обврски и детето значи се меша кај што не и е место, сака да ја заземе позицијата на мајка, ако не се меша, незаинтересирана е и мрзлива, не си ги сака внучињата. Јатрви, золви све се тоа расипани, подмолни и алчни и главна мисија им е да и го загорчат и онака тешкиот живот на нашата напатена хероина. Бременоста увек најтешка на свет, иако гинекологот и рекол дека е нормална (но и тој е сигурно дел од светскиот заговор), никој не знае како и е, пошо она е првата жена со бременост во историјата, претходно бебињата од јајца се испилувале. Што се случува бебето кога ќе се роди делумно видовме и на темава, се нема време за мочање, мочниот меур ги побива сите биолошки законитости, иако се има време да се пишува на форум како се нема време, исто како што и се има време за постирање на фб стотици и стотици слики и видеа од малиот Григоријан во најразлични пози како и најразлични а ла семе синапово мудрости од типот "мене не ми требаат пријателки, мојата ќерка ми е најдобра пријателка" или сподели го ова ако ги сакаш твоите деца. Другарките и нивните животи и проблеми се сосема небитни, нивната функција е да и го креваат егото на новопечената мајка со муабети како тоа е најнајнајнајцаканото бебе што го виделе и да ја слушаат како педијатарот и рекол дека толку напредно бебе нема видено во цела кариера, па после како во градинка сите воспитачки исто се чуделе колку е напредно и паметно детето, па како на Зорица малиот е иста возраст ама не збори ништо, а Григоријан може да земе награда за најдобар оратор... Е после коа коа ќе пораснат децата и коа ќе стапи на сцена новата генерација мајки и кога тие ќе почнат да кукаат за нивните тешкотии,за великомачениците тие се распрдени, размазени, не виделе мака, сега е лесно да се биде мајка, во нивно време било потешко, иако во нивно време тврделе дека порано било полесно.
Има уште доста работи кои сакам и треба да ги направам па да кажам дека нештото ми е најголемо достигнување. Ама дека самото тоа што сум родила две деца сум го достигнала врвот, не. Пишувате за мајчинството како да сте освоиле нешто, како да е трофеј или награда. Пишував погоре од тебе пошто истово прашање ми беше поставено, ама толку читате. Има луѓе кои не се гледаат како родители во иднина, има и луѓе кои не можат да имаат деца. Сакаш да кажеш дека немаат најголемо достигнување во нивниот живот? Од што напаѓате не помислувате дали некого ќе навредите или повредите. А и далеку одите со прашања, и бегате надвор од темата. А зошто? Затоа што не размислуваат сите како вас.
Достигнување бе, и тоа со мали деца уште. Ај да разберам пораснало, возрасен човек е и ми се заблагодарува постојано за среќното детство, за поддршката, грижата, поттикот, мотивацијата што сум ја дала, како станал човек каков што е, во голема мера благодарение на мене, на нас, како е горд и среќен што ме има како родител, кога и на постари години ќе ме почитува, сака, ќе сака да сум дел од неговиот живот, итн итн... Не дека и мало дете не може да ти рече -фала мамо, ти си најдобрата мајка на светот, ама што знае дете од 5 години Рано ви е уште да се расфрлате со „достигнување".
Имаме различен став и мислење, поделени сме и тоа е нормално. Секој со свој став и мислење може да биде, но никој нема право да навредува лично со навреди: кокошко, оток, напорна како посер итн. 100 пати го пријавив мислењето и не го избришаа. Далеку се отиде. Океј е да размислуваме различно, ама ова тука стана веќе стварно хаос.