1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудно чување дете на другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annora, 12 ноември 2019.

  1. EuHenIa

    EuHenIa Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 мај 2017
    Пораки:
    2.359
    Допаѓања:
    72.930
    Пол:
    Женски
    Абе дајте луѓе, на секое ниво во животот има достигнувања, како воопшто можете да си помислите дека раѓањето дете е врвот.
    И да ова го кажувам јас, која искрено мислев дека ништо, ама ништо повеќе нема да ми биде потребно откако ќе добијам дете.
    И добив дете и уште едно дете, па добив и постпородилна депресија и напади на нервоза кои никогаш претходно не сум ги имала, имав периоди кога молев, буквално молев, да дојде некој и да го земе бебето бидејќи се чувствував надвор од сопствената кожа и тотално неспособна за функционирање.
    И не за џабе викаат дека, потребно е цело село за да се одгледа дете.
    А за најголемо достигнување, до сега, ми е тоа што успеав да се соберам себеси, да дојдам до здрав разум за да можам да бидам добра мајка, жена, домаќинка и работник. И сеуште се губам себеси во одредени моменти.
    И да, девојките кои не сакаат деца, не треба да бидат замарани од одредени глупи сфаќања дека "секоја жена сака да биде мајка". Тоа ми е глупост на исто ниво со, неможе жена што родила да нема млеко. Абе ајде....
    Не сум најмајка, не сум ни од тие средните, ама мајка сум, многу често истоштена, со подраснат корен, искршени нокти, и се мразам себеси поради тоа.
    Децата сакаат среќни родители. Ајде сега признајте си, дали сте среќни ако немате ништо повеќе во животот освен децата.
    Оти децата ќе пораснат и ќе ве откачат, што е и нормално, после нема да биде сеедно ако тоа што сте добиле деца ви е најголемото достигнување во животот.
    Ако секоја жена на овој свет, врвот на своето постоење го доживее со раѓање на детето, овој свет би бил и ќе биде посиромашен за многу голем интелектуален капацитет кој реално е многу потребен.
    Конретно на темава: никој не е должен да го чува ТВОЕТО дете, ама ако некој со одредени постапки го гледаш дека бара помош, ред е, ако го сметаш за близок да се потрудиш да помогнеш, колку можеш
     
    На Neda997, bibiiii, LanaDelR и 20 други им се допаѓа ова.
  2. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    15.690
    Допаѓања:
    72.588
    Пол:
    Женски
    Се сложувам до некаде со тебе. Но не кажавме дека раѓањето е врвот, туку без разлика дали е 1, 5, 16, 22 год, тие се врвот кој не води, а после се друго. И да среќна сум што ги имам децата, без нив неможам да се замислам, се трудиме и успеваме и други достигнувања да имаме, ама врвот се децата. Бар за мене. И не треба децата да ве откачат кога ке пораснат... Ако ве откачат, нешто како што не треба сте направиле.
     
    На Цвет88, Cosmi и EuHenIa им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Скроз сте забегале од првичниот пост, темава ја дотеравте до најмајки, немајки, па се до тоа како некои се жалеле од децата, па млади девојки тоа ќе го прочитале и ќе го сфателе како оправдување за абортус|(
    Да де, на Митра и Стојна тоа ќе им дојде на ум, само дека ја прочитале овде Петра дека не можела да оди 1 минута до WC, мислам дека никој не е до толку лесен во умот|(
    Факт е дека на некои жени најголемо животно достигнување им е да се остварат како мајки, додека на други не, и двете страни имаат сосем легитимно право да си се држат до своето мислење.
    Немам деца, и не верувам дека ќе имам некогаш, не сум ни младо девојче кое во себе си мисли дека се што лета се јаде:D но, ете во реален живот често ме тераат да се мажам, и тоа ми е мешање во штипки и некогаш сум навредена од безбројните коментари, но тоа не значи дека кога ќе ми речат "ќе видиш кога ќе имаш дете како е" дека треба тоа жустро да го сфаќам и да влегувам во вербална војна со мајките|( бидејќи и реално, не е некоја клетва тоа, со денови се натегате и двете страни, како кој знае што е тоа што ви рекоа ќе видите кога ќе родите.
    Искрено, не е дека не постојат мајки кои ги релативизираат проблемите и потешкотиите со кои се справува денешната младина, на која ама ич не и тече мед и млеко, ама и младите малку претеруваат со мајтапите на сметка на мамичките:D
    Јас разбирам да не сака некој деца, и не секој е створен да ги игра и држе во раце, и јас лично додека не ми се родија внуците страв ми беше да кренам бебе во раце, додека поголемките деца секогаш ги занимавав.
    Колку и да не ве бива со деца, мислам дека не е тешко на другарката да и го подржите за таа на раат да испие едно кафе, точно е дека не и сте должна, но сфатете го тоа како обична услуга во чест на другарството, како и што всушност сте правеле други услуги, пружање помош, и жртви за да опстојува едно другарство, доколку не можете, по се изгледа нема да сте на иста бранова должина повеќе, иако има исклучоци...
    Па јас некогаш колку и да немам мерак и желба за туѓи деца да држам, никогаш не ми е тешко ако ми тупнат дете во раце, како да ќе го држам цел ден, сигурна сум дека не се гледате по цел ден, и премногу често со другарките кои се со бебиња, бидејќи обврските си го прават своето, нели.
    Не е ништо трагично, па другарките мои со ќеф ги држеа внуците кога ќе дојдеа кај мене дома, сега јас ги држам нивните внуци, и мислам дека нема да ми се изедат рацете ако ги подржам накратко, и тоа ќе речеш "помош" не за наши сопствени деца, туку за децата од нашите браќа е тоа.
    Не знам, јас вака гледам на работите, може сум старомодна, ама другарката сега ја гледам во пакет со бебето, и исто колку што би и угодила неа, би му угодила и на бебето.
    Мислам дека претерувате со тоа дека никој освен таткото не бил должен да помага за децата, да точно е, но што правиме ако таткото е излезен од дома повеќе од 12 саати, зарем ни тогаш не треба да постои грижата од тетка, баба, дедо, дури и од другарка, нормално во граници на нормалата, бидејќи сите ние имаме и свои животи....чудно е колку многу станавме модерни, далечни и ладни едни со други, за жал...
     
    На Heidi, Lolipop23, Elenpelen и 6 други им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.640
    Допаѓања:
    116.322
    Пол:
    Женски
    @Rama Не е ладно да нејќеш да држиш и/или чуваш дете,ладно е да го родиш,па да го маваш и ладно е да го тупнуваш на некој без прашање.
    Да,другарката не е должна и поради тоа од неа не треба да се очекува подготвеност да држи и/или чува дете.
    Има луѓе на кои тоа им е незамисливо и тоа треба да се почитува.
    Тоа дека таткото е должен не е претеризам,туку е принудното држење/чување на дете.
    Не работат сите 24/7.Таткото може и треба да си го држи/чува детето кога е слободен,а за истото може и да земе слободен ден или два,а и мора.Другарката не мора.
    Очекувањата на некои им се нереални.
     
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ама зошто не ми ја сфаќаш поентата?
    Не реков никаде дека по секоја цена секоја жена мора да роди дете, исто не реков ни дека другарката е должна да чува туѓи деца, само спомнав дека нема да биде крај света ако еднаш на неколку дена 20 минути и го подржам бебето на другарка ми, сигурно со мажените другарки не се гледаме постојано како со слободните нели? бидејќи овие првите имаат еден куп повеќе обврски од нас вторите.
    Исто спомнав дека и на денешната младина не и тече мед и млеко во животот, тоа значи дека и тие си имаат свои проблеми покрај обврските, ама како што правиме и сме правеле разни услуги и жртви за да опстојуваат другарствата, треба колку што можеме да им излеземе во пресрет на другарките со бебиња, бидејќи сакале ние или не, сега тие две работи одат во пакет, не зборувам за постојано чување за таткото да одмора, аман, не ни мислев да ги оправдувам татковците, ама навистина има и такви кои по 12 и повеќе саати се отсутни од домот, наше е колку што ни дозволува нашето слободно време да бидиме другарки во секоја смисла на зборот.
    Реков дека станати сме ладни и некако модерни, гледам како насекаде се плукаат мајките и етикетираат, не дека не заслужиле некои со нивните пренемагања, ама сепак мислам дека се претерува.
     
    Последна измена: 28 ноември 2019
    На mariz, ocicka2014, BabyT* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    135.217
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека 46 страни опфатила темава |(
     
    На edna_malecka, TKelly, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Обожавам мали деца.
    Не ми претставува никаков проблем.