Да, ладни луѓе сме пошо не мислиме дека детето твое е центар на светот. Луѓе од камен. И не дека не се свесни затоа што немаат дете. Едноставно не сакаат да го занимаваат твоето дете. Не се реди ниво над нив ти се молам. Ќерка ми никогаш не сум ја дала на некого без осет да ми ја чува. Ниту јас сакам да чувам нечие дете кога одам некаде. Впрочем многу од овде што пишуваме сме со деца.
Ne bi prifatila. Jas ne sakam da rabotam so deca i ne bi ni rabotela, pa i da bi bila vo idnina vo najgolema finansiska kriza.
Најдобар коментар во темава. Сите сакаме сите други луѓе да се прилагодат на нашите желби и потреби. Ако не се прилагодат, не биле добри другарки. А они што не се добри другарки затоа што не ги прифаќаат такви какви што се, тоа нема везе
Прашањево ти е многу глупо сега ќе ти кажам зошто , значи еве и келнериве и ѓубреџиите и чистачките и многу други да не набројувам не верувам дека ја работат работата од што сакаат туку се знае ја работат за пари па не гледам како е ова поразлично .
И луѓе верувајте никоја мајка не би наметнала со сила да чувате нејзино дете како што замислувате дека е. Е добро де ако сте се нашле во ситуација да држите бебе а не сте расположени за тоа ок е вратете го назад. Принудно чување(чување) е широк поим да чуваш дете.. Значи не мењате каки,не бришете мрсоли,не бањате,не готвите за детето,не перете,не го храните,не го успивате,ништоо од тоа, дојдени сте еден час на кафе муабет кај другарка ви и океј е да бидете во контакт со бебето и немора да значи дека мајката е смор што ќе прича за забот на детето,за доењето,за неспиењето и бла бла мајчински приказни и ќе ве замара све околу детето.Значи тоа е саат,два не е цел ден не е недела или месец. Малите деца се непредвидливи не се програмирани да седат молчат и прават како ќе и наредиш тука има плачење трескање од земја па му се спие па му се јаде му се кака и све тоа, нормално тоа е одговорност на мајката,па и таа сака да ги продолжи другарствата и да се гледа со пријателките или по вашиот муабет детето оставај на страна па тогаш може да се видиме,да пиеме кафе и да седиме нараат. Не се сложувамсо многу од вас.
Постојат мајки без осет сум видела веруј очигледно е дека ти е неудобно и не и текнува да ти го земе. И не се работи за колку време. Се работи за тоа дали сакаш или нејќеш. Некои луѓе не можат ни 5 минути. Нејќат деца, се осеќаат неудобно, страв им е и нема потреба да ги редиш во таква ситуација.
@Mantub ако некој воопшто неможе да поднесе дете ни пет минути нека и каже на досадната мајка смор искрено како се чуствува и нека прекине контакт со неа воопшто нека не се гледат веќе или само кога мајката е без детето да седнат на кафе или крајно да се видат за едно пет години кога ќе порасне детево и ќе може само да се гледа игра. Друго чаре нема
Не е муабетот дека не може некоја да поднесе дете ни 5 минути. Муабетот е дали е во ред кога одиш на кафе тие два саати да очекува другарката дека ти ќе трчаш по детето а она ќе се одмори. Ако те замоли и прифатиш е во ред. Ако ти рече дојди да се видиме и ти го тупне детето и ти го држиш се дури рацете не те заболат е некултура.
Дали знаете колку и значи на една мајка која е тазе породена, чии хормони се пореметени, која можеби страда од постпородилна депресија, која по цели ноќи е неспиена, која поголемиот дел од времето го поминува дома со детето и социјализацијата и е сведена на минимум... некој да дојде и пола саат да и го придржи детето, а таа да седне па макар и да здивне само за момент. Е*ате пријателките што сте ако не можете тоа да го направите за вашата пријателка која толку многу ја сакате. Сачуј Боже леле, не биле дечари, ќе си го прекршите светиот принцип!!! П.С.Пред да го спомнете таткото, колку и да помага тој сепак е на работа до 16-17ч, значи практично жената е цел ден сама со детето!
Мене не би ми било проблем да чувам дете на другарка нека ми го остави и цел ден ако сака. Обожавам деца, поготово бебенца, ако немам обврски цел ден би го чувала
@Lolipop23, ама не е тоа тема на муабетов тука, така? Не збориме уморна мајка да се јави и да побара помош па „недечарот“ да одбие, туку самоволие на себичен човек кој гледа преку финта да си го истера своето И озбилно прашање, навистина би сакале да доверите грижа за мало дете на „недечарка“, за која знаете дека не ја интересираат деца и која врска нема од грижата за нив? Од сите други другарки, баби, братучетки, комшики, баш таа девојка мора да ја викате да ви ги чува децата?
Те молам со срцепарателниве коментари. Може и тие пријателки имаат некакви проблеми во животот што не можат да ги стават на пауза. Може и они страдаат од депресија. Секако дека пријателите се тука и во добро и во лошо. И секако дека ќе помогнат ако сакаат. Ама не да му редиш обавеза, ја раѓам дете за еден месец подгответе се заедно да го чуваме. Ако не тогаш да знаете дека постпородилната депресија ми е заради вашето непомагање. Како лепите чувства на вина толку лесно
А и ова ме интересира. Ако уморната мајка на раб на постпородилна депресија и се јави на друга мајка, и оваа ја одбие, дали и тогаш важи „е*ате пријателството“, или ова „е*ате“ се однесува само на оние девојки кои уште не родиле, зошто немајките по дифолт ништо не прават, немаат никави свои обврски, немаат никакви проблеми во живот, и треба 24/7 да бидат на располагање?
Коментарот ми беше за оние кои по никоја цена не придржувале дете зашто не биле дечари. Немој ќе им се срони бисерот! Никогаш не сум подала дете на некој што не побарал да го држи. Ниту пак сум се јавила на некој да дојде да ми го причува (освен мајка и свекрва). Зошто преувеличуваш??? Кој збори за чување бе??? Збориме за придржување додека заедно пиеме кафе, или сме излезени на ручек.... И да не ти доаѓа природно само од себе, ако ја видиш другарка ти изнемоштена зар нема да го подземеш детето да го подржиш за таа да си го испие кафето на мира или си го изеде ручекот?
Lollipop, pa i mene me fati depresijata, ama ne cekav bratucedi i prijateli da mi doagjaat da mi drzat dete, a i iskreno osven majka mi nikoj ne mi trebase togas da mi sozdava guzva. I da, doagjale otposle rodnini, ana jas samata im rekov deka ne treba da go drzat deteto.
Ебате пријателката која ќе ми дојде на гости, ќе ме види уморна со подочњак до сред образ и ќе седи со скрстени нозе со телефонот во рака и нема да рече - дај малку да го подржам испи си го кафето на раат. Ова со јавувањето и со чувањето пак ќе кажам не го практикувам и не го коментирам. Блеки не сум чекала ни јас некој да дојде и да ми држи дете, зошто погрешно се разбираме.... Зошто не сакате да признаете дека понекогаш ќе ви годи некој да дојде и да го подземе малку додека вие се истуширате набрзина или му ја направите кашата на бебето...?
Не е за тоа дека ќе им се срони бисерот. Едноставно не сакаат деца, не знаат како со нив, која е поентата да се преправаат? Нели баш пред најблиските треба да сме свои? Некогаш премногу очекуваме од другите. Некои пријатели можат за едно да ти се најдат, некои за друго. Не можеш да очекуваш од секој да се прилагоди на твоја ситуација. Барем според мене. Треба да се прифаќаме онакви какви што сме, ако навистина сме блиски.
Имам една другарка, врска нема со деца, ниту да држе, ниту да занимава. Не ги сака, едноставно викаше дека бебињата и се грди (знам нема смисла ама ете) кога се породив се труде најмногу што може да ми помогне. Од страна изгледа смешно како ја држи цела искривена, незнае да и зборува ниту па беба и се смее ама ете мене ми е доволно да воздивнам. А она се класира самата за најдобра тетка
Ок ја сфаќам донекаде поентата на муабетот, ама не се работи за којзнае што што треба да жртвуваш, да преминеш преку некоја фобија и сл... се работи за придржување бебе побогу! Ако на тој начин направиш за таа да се чувствува подобро зошто да не го направиш, баш поради тоа што сте блиски. (општо зборам, не лично за тебе)
@Lolipop23, а толку ли е тешко да се прифати желбата на тој другиот? Кога другарка јасно и гласно кажува дека не сака да држи дете, мора ли да се инсистира по секоја цена на тоа? Што добро ќе излезе од се тоа? „Недечарската“ другарка може ќе те ислуша најтрпеливо на свет, ќе те теши, во секое време ќе биде достапна за тебе, ќе ти биде рамо за плачење, ќе ти биде поткрепа ама не, по кратка постапка ќе оди во категоријата на „е*ате другарката“ зошто не сака дете во раце да држи. Извини вака, ама е*ате критериумот за другарки едит- сега гледам дека @Annora го пишала истото.