Ама кој инсистира? Ниту инсистирам , ниту терам некој на сила. Ама кажувам дека би ми било криво кога личност со која сум блиска не би сакала да го подржи моето дете. Нема да прекинам пријателство нормално, ама би ми било криво. И јас не сум којзнае колку голем дечар, ама секогаш би се понудила да го подржам бебето за да ја одменам мајката. Не ми е ама ич тешко и затоа не можам да сфатам зошто толку се оградувате од тоа ко којзнае колку да е тешка таа работа или којзнае колкава жрвта да бара.
Недечарска другарка може да ја замолиш да ти помогне ручек да направи или да ти купи нешто или да зачисти. Ако нејќе со детето, нејќе и точка. И секако, со фокус на *да ја замолиш*.
Мене па секогаш ми е страв кога одам кај мајка со мало бебе да го побарам да го држам ако не ми го понуди, никогаш не инсистирам јас прва да го подржам и слично, а сум гооооооолем дечар, можам цел ден да си играм со деца. Мош па некоја се навредила досега ради тоа. Мојата теорија е дека секој си има свои методи на воспитување, и шо знам, не сакам да навредам некако или да му направам нешто на бебето со коешто мајката не се согласува. Никако не гушкам, не бацувам, не лигавам, не му дишам во фаца, итн. оти според мене, нема потреба некој што не му е мајка или татко да го шлапа. Исто така прашувам дали смее ова да јаде/пие, дали смее ова да прави, ако е бебе дали уште седи или не, дали му е удобно вака да го држам... страв ми е да не згрешам. Имам една подалечна пријателка со две мали деца и кога одам кај нив сум им главен аниматор, жената мислам сака да ме целува од благодарност. Мене не ми смета она на раат да си пие кафе или да отвори Фејсбук додека сум јас таму ама сфаќам дека ова ако се случува редовно, дека може некој да се изнервира. На крај краева, викни си дека ти треба малце помош, јас прва ќе се понудам да дојдам оти ќе се релаксирам неколку саати. А за девојката со принтерот, без коментар. Тоа е себична личност, со или без деца, и не треба такви guilt trip-ови да ти прави за глупости.
@Lolipop23, не инсистираш, ама - „е*ате пријателката“ и тоа на тема каде добар дел се изјаснија дека не се осеќаат комотно да држат туѓо дете. Пишав дека имам другарка која првото дете кое го фати во раце беше нејзиното. А супер другарка е Озбилно! Ептен е најсупер и многу ми е е мило што ја имам во животов. Лојална, трпелива, забавна. Знам дека што и да и кажам, останува меѓу нас. Одлично совети дава и не те штеди ако ти си кривиот. Ја сакам и неизмерно ја ценам како човек. Не знам дали нешто се смени откако стана мајка, ама порано? Немаше да ти го држи детето Се, освен тоа. Ќе ти направеше ручек, ќе ти пружеше веш, ќе ти ја изрибаше кујната. Ама не, детето немаше да ти го држи. Дали таа нејзина бариера треба да ја користиме против неа, дека не чини како пријателка, како човек? Едноставно прифати дека, додека за тебе држење или играње дете е најлесната и најприродната работа на светот, за некои други не е. И тоа е сосема во ред
Мене нема да ми биде проблем да пригледам дете на другарка на 5 минути за да оди она во веце. Еве и 15 минути ако мора да појде до продавница. Но,повеќе нема шанси! Не сум ни должна. Ај,децата на брат ми сум ги пазела и повеќе од 2 часа,но со нив ми беше комотно оти ми се внуци. Туѓо не би можела. Не сум дечарка.
Еве јас обожавам деца. Многу ми се мили и интересни. Но, едноставно не ме бидува со нив. Ниту знам да ги држам, ниту што да им зборувам, ниту како да ги заигрувам. Немам многу блиски со мали деца но и на тие што ги имам и блиски и не толку, јасно сум кажувала дури и ако ми понудат, дека не сакам да им ги држам децата, особено ако се помали од 6 месеци. Ако некој се лути, нека му стои. И не знам зошто кога ќе се соберат другарки бебето мора да биде во нечии раце? Зошто да не си лежи во релаксатор/количка? Океј е извесно време да го подржиш, и долколу некој друг сака да го види и подржи, пак океј. Ако толку е немирно и сака постојано во раце никој не е должен да го држа за тебе, па и 20-30 мин, не, би држала 5-10 и тоа е се.
Јас би конкретно на темава ,,принудно чување на дете на другарка,, Не ми се случило принудно да чувам а и да ме замолила некоја би и направила услуга, зошто да не. Самото тоа ,,принудно,, од другарка не ми се допаѓа и логично ми е да ме праша, бар таков однос си имаме ние издефинирано. Многу е јасно какво е тоа ,,кафе,, кога си со бебе/дете, да се разбереме, тука нема лезет и раат пиење кафе па макар било и најмирното бебе/дете на свет. Со моите другарки кога сакаме да се видиме прво прашање е ,,со или без деца,, и тоа е јасна ствар а сосема друга работа е кога ќе ми дојдат дома или јас одам кај нив. Сите другарки ми се со деца и горе доле тука се некаде генерациски така да јасно ни е и нема лутиш дека куќата се крева во воздух , се расфрлаат играчки, се гледа да нема закачки меѓу нив и сл. е сега колку ние ќе успееме да направиме нормален муабет да не биде тема ,,бебе/дете,, е друга приказна . Често пати дали јас и тие/таа била во ситуација да ете едноставно излезеш од дома и смениш средина или пак некоја е повеќе нервозна, ,,скарана со светот,, а јас или таа сме во ситуација да нема на кого да го оставиш детето и во тој случај ставаш дете во количка и едноставно шеташ со неа и се лофтираш. На крај краева секој си поставува граница кон односот со другарка и тука нема љутиш. Ако се прави нешто што не ми се допаѓа едноставно ќе и го кажам и обратно, очекувам да ми кажат доколку јас нешто правам што не им се допаѓа. Ако некоја ме принудува да и го чувам детето без да ме праша дали сум во можност тогаш и ќе се запрашам дали и воопшто е ,,искрена другарка,, а ова придржување во раце или сл. за да таа ми даде вода/кафе (кога сум кај неа) или нешто заврши, мислам дека нема врска.
А зашто толкав проблем од ова направивте. Другарка моја со близнаци, остана сама дома на неколку дена, маж на пат свекрва и мајка болни од грип, женава се прави храбра не бе можам сама со две 6 месечни деца. Кога ја слушнав на телефон, ми стана јасно колку е саат, запалив кола, собрав уште една заедничка другарка и и се тупосваме дома со наредба: давај деца, ти под туш и во кревет да спиеш. Останав со неа цел викенд кај неа, чував и деца и све . А мои немав. Нит ми падна круната, нит нешто се потресов. Другарка не е само за кафе и на трач партија, другарка е да ти се најде и кога ти гори под нозе, кога не знаеш што со себе.
Во право си, ете супер, си и се нашла кога и требало, дури у кога не барала помош. Темата тука е скроз спротивното, ако ти не се нафаќаш сите овие работи да ги правиш, а другарка ти те заглави да ги направиш. Мило ми што те има за другарка, што си помогнала кога и било тешко, муабетот е дека ако не сакаш да ги направиш овие работи, не треба никој минус да ти пише.
ЗНАЧИИИИ Другарка ви е. АКо ви дала дете и треба помош. Другарките ви се само за кафе пиење? Ахахахахахах Наместо сами да се понудите да помогнете, па уште и им сметало што им го дале 5 минути. Знаете што е другарка? Полноќ, и се јавувам оти паничам за дете, мало 2 месеци, она станува од кревет и ми организира сестра да ме пречека пред клиника, се јавува кај доктор да не прими одма, не да чекаме ред доле! Другарка што ризикуваше работно место за да не умрам. Другарка што 3 саати думкаше бебе у раце за да поспијам на клиника! Друга другарка што 12 саата плус седеше со мене на пред пораѓај! Друуга што облече униформаи ми донесе јадење кога се пофорив за да имам сила да дојам а пред 8 саати сум родила! И тоа у 5 и пол сабајле! Што ви е бе што не сакате да чувате деца? На другарка која мораше да оди у странство да печали, детето и плачеше дење ноќе по неа и единствено кога беше со мене не плачеше, а имаше 3 години. Знаете дека 2 недели патував по 50 км у еден правец за да го гушкам детето додека запсие? А она не ни побара, јас знаев колку и е тешко, самохрана мајка која мора низ светот за леб да донесе! Што другарки сте вие бе? Тешко било 2 саати да думкаш за да одмори другарка.
ако мислиш за мојот муабет од вчера воопшто не си во право затоа што јас го почнав муабетот и во многуте постови додадов дека тие се нуделе сами..Јас никогаш не сум барала помош од никој (освен од бабите нормално) а не па минуси да пишувам таман работа! мене сами ми се нуделе другарки демек ќе дојдеме што и да треба да помогнеме,а баш спротивното се случувало...си пишав убаво ама после почнаа сите да драмат,и да превртуваат муабети... ако не сакале да ги прават тие работи,зошто ондак сами се нуделе? тоа ми беше целиот МОЈ МУАБЕТ
Наместо да помислат: има доверба во мене дете ми дала во раце да и придржам, они леле мајко на кафе и отидов па ми го стави детето во рака. Господе боже, е па ај не и идете додека не матурира малото, ама па сетете се да не и се јавувате за совети кога ќе имате вие ваше дете.
Познавам многу другарки кои се гледаат само во кафич, на кафе сок, без деца,без мажи, дечковци.. Не си одат по слави, родендени, не одат на викенди... не се собираат дома да изгледаат филм, утакмица или да си направат некоја вечера. Ете и тие ќе речат се најдобри другарки. Инаку да, се служувам со тебе, твоево напишано е право другарство. Човек на кој му е тешко да ти помогне, не е прав другар. Не скокајте, под помош не посразбирам да чува дете.
Искрено сум чувала дете на другарка и кога требало да оди на депилација а немало кој да и го причува. И за ред други работи.
Другарка ми нејќе деца, не е дечарка... има едно големко нејзино, туѓи не сака многу. Ама двете моите и ми ги нишала и ми ги заспивала... кога ќе дојде обавезно вика, ај да ти помогнам да средиме, дај јас кафе да направам, ај оди истуширај се... дај јас ќе го заспијам, одмори ти. На кафе кога ќе сме, се менуваме, 10 мин таа го пие кафето, јас го држам малиот, па после обратно. Инаку не сака деца, и ми вика, тебе те сакам, и затоа ти ги сакам твоите како крв да ми се е тоа е другарка... јас секогаш и викам дека не е должна, ама сама сака да ми помогне. Затоа цел живот ќе си ја почитувам, и се ќе направам и јас за неа.
Ова е другарка за бркање дечковци, и не е другарка на млада мајка. Вакви кафе другарки на претек. Најтешко у животот е да си мајка, и ако не ти помогне тогаш, адио
Се прашувам зошто мажите така еден на друг не си ги оставаат децата на чување. Зошто и покрај сите законски решенија и ,,ултра" либерални сфаќања од заедницата, жените (мајки), се сеуште оние кои на крајот од денот треба да го земат детето во раце и однесат кај пријателката на кафе додека нивните сопрузи на раат пијат пива и играат спортска/билјард со нивните другари. Патријархату, вечен да си уште еднаш, љубим те у чело.
Баш тоа сакав да прокоментирам. Испадна за детето у секое време, покрај бабите и дедовците нели, секогаш треба да е достапна и другарката на мајката, секако е вистинска другарка според пишаново.. А каде се татковците, дури и нивните пријатели еве ако правиме паралела ? Реторско прашање, знаеме сите каде се.