Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Принудно чување дете на другарка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annora, 12 ноември 2019.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Поентата е дека не се држи бебе со сила, бидејќи не сме сите со ,,развиен" биолошки мајчински инстикт, исто како што одредени мажи не се створени да бидат татковци, па не сакаат деца. Simple as that.

    Благодариме на грижата. Некои од нас нема да имаат. Еве пример сум лезбејка, и сега што правиме?
     
    На Harper, Annora, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.968
    Допаѓања:
    134.891
    Пол:
    Женски
    Јас кај другарки коа одам земам дете во раце и додека сум таму си играм. Им кажувам дека ако имаат работа слободно можат да си ја сработат дур сум таму, со дете знам да се снајдам. Ако на некоја и треба помош знае дека може да ме викне. И кај мене дома ми носеле деца на чување, на некој саат, дур завршат обврски.
    Ама :!: секој не е ист карактерно, ниту е секој дечар, ниту секој дава дете во туѓи раце, има крајно посесивни мајки, ќе се влечи на колена ако треба ама дете ни на баба не дава не пак на другарка. Видете само колку бунт има во темата за снаите коа баба влегува да подржи дете.
    Многу крајности има. Од такви што не саакаат да чепнат нечие бебе до такви што го земаат и не го пуштаат од раце дур се со него. Од мајка што дозволува секој да го земе бебето во раце до мајка што не го дава на никој. И не е ништо за лутење, секој си има свој карактер, свои сфаќања, свои желби.
    Би чувала дете на секој што ќе ме замоли или ако јас видам дека треба, ама еднаш да ми речи ај остај го доста му е в раце толку ќе биде со чување. Малце и потребите на другите треба да се земат во предвид, не само сопствените.
     
    На Harper, Milobebence, sj *O* и 10 други им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    76.225
    Пол:
    Женски
    Епа пред да и го даде требала да и рече: Извини ама јас не сакам да држам бебе поради тие и тие причини и секако дека ке сфатела мајката :) Тука сама си е крива она што кога и го подава, ќути и го зима.
     
  4. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Taчно. Секогаш се жените криви. Најдобро за нас е да молчиме и зимаме у раце сешто ни се дава. ;)
     
    На sj *O* и nextredstyle им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Бебињата не сакаат само да ги држиш. Тие што се мирни додека ги држи туѓ човек во раце ќе бидат мирни и на кревет, во дубан, релаксатор, на земја...Значи можеш да го ставиш било каде. Штом се бара чување за да може на раат кафе да испие мајката значи дека бебето си бара зборење, песни, драматизација, кловн. Или шетање низ куќа и зборење дури ти е во раце. Не се сите такви да зборат бебешки или пеат или фаци да прават само на бебето интересно да му е и да не плаче. Затоа и избегнуваат. Јас садови им миев, раскревав, еднаш и метев дури другарката го успиваше бебето, ама не барај да пеам и гугам и нишам.
     
    На Harper, sj *O*, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  6. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    76.225
    Пол:
    Женски
    Па така де, сигурно нож под грло не и ставила и и рекла држи го бебево. Ако не сакаш да држиш ке кажеш не сакам и крај, а не ке го земеш ке го држиш и ке ќутиш и после на фемина ке се жалиш дека до другарка ти било, со сила ти го дала. Сама со сила го држи, а немора :D
     
  7. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.642
    Пол:
    Женски
    Пред да имам дете не сакав да држам други бебиња. Едноставно ми беше страв и не знаев како да се однесувам, моево беше прво мало бебе кое имам држено. :D Башка и не сум многу дечар, ако ми дадеа да земам некое бебе тоа беше само за мајката да заврши некоја работа. За моево кога доаѓаа другарки сами го земаа бидејќи јас бев прва која имаше дете и интересно им беше, дури и јас не можев да си го земам детето ќе се потепаа која да го земе прва :D. Мене па ич не ми пречеше, ама да имаше некоја што не сака да го зема немаше сигурно со сила да ја терам или да се лутам.
     
    На Adorabela и mariz им се допаѓа ова.
  8. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    76.225
    Пол:
    Женски
    А како тоа што си лезбејка те оградува да не бидеш мајка? Не е дека си лезбејка, туку не сакаш деца.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Лезбејка сум и неќам деца бе. :makeup:
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    76.225
    Пол:
    Женски
    Е тоа е веќе друго. Зашто мајка може да биде и лезбејка и жена што нема партнер :)
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.499
    Допаѓања:
    201.466
    Пол:
    Женски
    Ако одите на кафе кај другарка што има дете, како очекувате таа да седи со вас да си правите муабет да го пиете кафето на раат, детето да се чува само? Мали се шансите дека ќе седите на маса ко во кафуле и ќе уживате во трачарски муабети, поверојатно е дека 95% од времето мајката ќе шета наоколу со детето, ќе гледа да одговори на неговите потреби, дали во раце ќе го држи, дали ќе оди по него да го пази, вие сами ќе си го пиете кафето. Битно испиено ќе биде, дали ќе се видите, очигледно не е важно. Детето, особено ако е помало, си бара внимание постојано.
    Ако сакате раат муабет, договарајте се да излезете сами. Во спротивно, не ви гине придржување во раце, сакале вие или не.
    И би требало да си кажете што ви пречи. Впрочем, за тоа се другарките, со нив би требало да сме блиски и искрени. Или не?
     
    На sj *O*, Yowannty, Chantal и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Може. Жена може што сака да биде. Сешто и е волја и ќеф.
    Реторички ти харикирам цело време (не сум лезбејка), за да сфатиш дека одговорноста паѓа на двата
    родитела кои решиле да имаат дете, не на другарката. Ептен не еба патријархатот со вакви размислувања, опасен brainwashing. До степен каде нема бегство.
     
    На Harper, slobodka, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Обично мажот е некаде надвор за да "не им смета" на другарките да си помуабетат :D
     
    На Harper и theowndemon им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    76.225
    Пол:
    Женски
    Да де те сфатив дека не си :)

    Бебе од 2,3м е зависно од мајката, мајката е на породилно. И пак ке речам додека не станеш родител, нема да сфатиш доста работи. Да мајката и таткото се одговорни за бебето, но мајката го дои на 1,2ч, мајката е дома 9м. Чим мислиш дека секое бебе може адаптирано млеко да пие, имаш доста работи за сфаќање кои неможе да се сфатат додека не се осетат. Да збориш за деца од 2,3 год ајде де, ама бебе од 2м искрено има повеќе потреба од мајка :) Која патем неможе да излезе ни секунда повеќе од 2ч сама на кафе зашто мора на 2ч да празни гради кои ако не ги испразни сами ке почнат да течат (еве и ова да го научиш), и може да добие воспаление на градите. Таткото во овој случај е на работа можеби или за да се рамни треба и тој да земе породилно и двајцата да седат дома? Или нека дава мајката ад млеко и нека го одбие од цицање на 2м за да го остава на таткото да го чува за да може раат кафе да испие (па и ова дури го има).
     
  15. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    Значи, не е до мајката бе мариз, до таткото било. Тој треба коа ќе дојде другарка на жена му, треба да напушти работно време и да се погрижи за детето.
    Како тоа да каже другарка ти не сакам. На гравчиња ќе гледаш дали сака и што сака.
    Уште и да забранат присуство на бебето додека таа е тука.
     
    На Cka и mariz им се допаѓа ова.
  16. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Не знам каде пишува дека се зборува за бебе од 2,3 месеци, а и не знам кој очекува да кафеџисува со мајка на толку мало бебе.

    Но еве да зборуваме за поголемки деца, од 2,3 години, дали си слушнала татко на толкаво дете да оговара или да се скара со другар зошто не сакал да си игра со детето? Или да се налути зошто детето на другар му не му ја дава играчката на неговиот Илијан?

    Затоа мажите си ги одржуваат пријателствата и по брак, а на мамичките ниедна другарка не им чини, па на крај остануваат да се дружат со жените на пријателите на мажот, не од што сакаат, туку ради реда, ете да имаат со кого кафе да испијат и да свртат некој муабет (кој пак се сведува на суптилно такмичење чие дете е понапредно и попаметно и која е подобра мајка).
     
    На Harper, slobodka, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  17. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    76.225
    Пол:
    Женски
    Истото го помислив бе :D Како он да е на работа, а јас да сум дома со бебето и да не можам кафе на раат да испијам! Па требало да си дојде и да го чува кога ми доаѓаат другаркитеее :)

    @Asparagus имам 4г и 2г деца. Не ти седат во скут повеќе од 1мин, па како сакаш анимирај ги, ниедно не седи така во скут. По самото тоа што не го спуштила на земја, на кревет, туку и го дала на мајката, верувам дека е мало бебе кое не ни седи, а почнуваат да седат на 6,7м.
     
    На Cka и Цвет88 им се допаѓа ова.
  18. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Еден период другарка ми минуваше низ лош брачен период. Малиот имаше неколку месеци и беше многу болен. Еден тмурен ноемврски ден отидов кај неа дома да испијам кафе. Во зградата каде што живее, на приземје има салон за убавина во кој имав уплатено пакет релакс масажи.

    Кога влегов дома кај неа се беше хаос. Хаос она, хаос малиот, хаос станот. Помош нула, ни маж, ни свекор, ни свекрва. Сама со мало болно дете. Само и реков "Спремај се за 10 мин си доле на масажа место мене, ја го зиам малиот на чување, а успат да си земеш и фарба за коса, коренот да го опраиме".
    Оправивме.
    Колку што можевме во моментот.

    Поентата ми е дека не знам за принудно чување на деца, но знам за пријатели во тешка моментална ситуација во која не бараат помош усно, но им гледаш у очи дека им е потребна. У моментот. Исто така не знам какви пријателства негувате и што очекувате од другите, но за сопствените кои со години сум ги градела, сум очекувала почит и емпатија, а и за возврат сум ја добивала.

    П.с не сум дечар. Но на блиските луѓе децата ги сакам. И ќе ги чувам. Сеедно дали во моментот има потреба или ќееф е у прашање. Затоа не ми е својствено тоа "принудно чување деца".
     
    Последна измена: 15 ноември 2019
    На Dadusicka, Harper, Salome и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.042
    Допаѓања:
    21.674
    Пол:
    Женски
    Татковците се криви бе, готово решивме огромен проблем. Хахахах
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.164
    Пол:
    Женски
    Пак не ми одговори дали си видела маж да се скара со другар му или да го оговара зошто не му го играл детето.
     
    На Harper, lovestoneddd, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.